Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк,

    Една од омилените.
    „..........Не ти е лесно знам.
    Мислиш светот се распаднал.
    А секое лошо за добро е.
    Што и да е, ќе помине.
    Болката не значи да се предадеш, затоа не плачи.
    Ме имаш мене и гушни ме. Што и да е ќе помине!....

    http://www.youtube.com/watch?v=Bfpvu14E ... re=related

    Додека дишам, не се штедам. Ќе се давам безрезервно.
    За Тебе, за сите :l: !!!
     
    На Elenuskaa, kate21, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  2. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Čitav život brineš kako se drugi osećaju i na kraju shvatiš da si zaboravio kako se ti osećaš !
     
    На bluegirl7 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    За ова, никогаш не е доцна. Секој човек е дете во срцето, ретко кој го пушта тоа дете надвор, да живее.
     

    Прикачени фајлови:

    На Smilly, BeYourself, anabel-a и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Имав совршено детство. Можеби немав детска соба, но имав соништа. Не патував и немав егзотични авантури, но најголема авантура ми беше шетањето со дедо и слушањето на неговите приказни. Можеби немав доволно пари да бидам принцеза, но добивав таков третман.

    Некогаш бев неблагодарна и дрска, и нема нешто за што повеќе се каам. Секогаш имав топол дом, топла прегратка од мама, непрестајна поддршка од баба и дедо, поттик да станам човек. Секогаш имав кому да ги кажам своите проблеми, да се исплачам, да се израдувам за некој успех.

    Не можам да бидам поблагодарна за тоа што имам семејство. Фала ви.
     
    На fashionista, Breezy, Shelea и 38 други им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Некој детински период ме има зафатено ,не можам мирно да седам и правам палавштини кои само и само му се препишуваат на детенце.

    Му се сокрив под биро на билдеров мој и го чекам да влезе и да му напрам БУ :lol: чекај , чекај се скичмив во простор од 50 сантими :@ каде е си викам ајде нека влезе.....али како за малер го нема. Го слушам си гледа кошарка в дневна јас ифрит лута си викам на себе си вака можам два саати да чекам .....чантата ми беше во близина морав да најдам занимација патем ,ај го зедов фотоапаратот си буљам во сликите .....пак го нема .
    Морав да го испровоцирам зедов да свиркам и ете го запале по некоја минута` доушка `дека некој му вика и влезе се џари ме бара ме нема , испробана финта -веднаш зад врата ме побара кога виде не сум таму, остана сигурно зачуден кај ли сум ........мене стомакот ми се превртува од смеа , стискам ли стискам да не пуштам крик ,али не можам кога во моментот ќе се упатуваше кон терасната врата сватив дека сум ја неје....ла сум ја оставила вратата на кипење, а тоа значи не можам да излезам и патем така д а ја оставам така ......и ооооп ку-ку ме најде ......пола саат се смеев наеднаш ми дојде чувство како да веќе глумам во некоја куклена претстава .А патем бевме скарани лути бевем еден на друг :rofl:
     
    На la-chicka, JuLleE, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Која апсолвентска :rock: Се надевам дека нема видео записи од вчера :D Затоа што буквално си го искинав фустанот од играње :$ и ја одлепив едната штикла. Во секој случај си поминав најубаво, со оглед на тоа што паничев и купував штикли и фустан два саати пред апсолвентска :lol:
     
    На anabel-a, kravce и marama им се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес како што ми тргна денов незнам дали да се нервирам или просто да си се изнасмеам на сите глупости кои ги направив.
    Прво ми избега автобусот па морав да чекам друг,потоа кога полагав по првиот предмет јас спремна со ливчиња за препишување и како за беља ме седна напред пред очи да му бидам. |( ,одам на вториот предмет и ги гледам прашањата си се мислам од кај испаднаа тие,се враќам дома и на врата ме пречекува една шокантна вест поврзана со мојот стан која секако не ми е во прилог,и последното (барем до сега) се јавувам во Авон за да ја одложам порачката од 1000 денари бидејќи ми ја откажаа и и таму ме дочека шок кога ми рекоа дека таа е веќе порачана и ќе си стигне во петок...така да работава снајди си се сега па продавај си ги производите како знаеш и умееш. :@ :rofl: Ке збудалам ако до вечер има уште нешто. :lol:
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК ех не е лесно на денешно време да си уметник :!: гледаш дали е рамномерно нанесена пудрата, па дали еднакво се насликани очките со сенка, па дали еднакво е нанесено моливчето за очи, маскарата дали е добро и фино нанесена, а не дај боже да мрдне раката :D отиде и маскара и молив :D Па после па од поново, бриши, пиши... :rofl: не е лесно, не е... :!: :geek: Нели сум у право? :geek: :wasntme: Никако у криво, само право... :D :wasntme:
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    и јас како времево |-) поспано и болно..
    навистина сум била како времево :?: ццццц
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... односно да прашам ако некој има одговор да каже, што деца овие денешниве?? :^) Или поточно какви родители имаат овие деца што се толку неразбрани, нервозни, агресивни, повеќе имаат во нозете и рацете него во главата, да се нема страв или страм од друг човек ... повозрасен?! Немирни до бескрај! Сите сме биле деца, ама денешниве се некое чудо и тоа погрешно на природата. Сакам деца, има исклучоци ама се многу ретки. Да кажеш денес ех мирно и паметно, разбрано детево, тоа е се потешко. Родители во права смисла нема. Дете е одговорност, а не постигнување. Дете е за воспитување, а не лигавење и константно удоволување. Треба да научат што значи НЕ, а не да прифаќаат само ДА. Родители вие треба да ги научите. Знаеме се им е пред очи, се имаат во рака, ама мора да се има граници и разбраност. Тоа се постигнува кога нема да го оставиш детето само да се учи туку ќе се ангажираш околу него. Посебно кога е немирно и неразбрано. Ама не е секој за родител.

    Се извинувам ако некој се увреди, има тука мајки ... ова се однесува на децава од мојата околина и пошироко кои ги среќавам често, а едни такви ги имам над мене ... од кои немам мир ни еден ден. Тоа се Бог да чува од деца.
     
    На HardSex, Look, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи кои тролови постојат-немогуче!

    [​IMG]
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    СДК дека сум мнооогу возбуденаааа!!! Само што си ја направив косата (тре кјут!) , сега ќе ручкам, па ќе почнам да се средувам! Цел ден ми е некако набрзинка, само се брзам! Бат ај лов ит! :dance: :party: :rock:
    Спремна за полуматурааааа!!!
     
    На anabel-a, bluegirl7, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Никогаш не им замерувајте на луѓето какви се..Само заблагодарете му на Бог што вие не сте како нив .. :)
     
    На blond, faye, Look и 4 други им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Стварно не знам зошто блоговите излегоа од мода.
    Кога бев во оние најчувствителни години, многу често знаев да се вклучам на блогерај и да читам интересни колумни со часови. Беше убаво чувството да знаеш дека не си ти единствениот со такви проблеми, а воедно да научиш многу нови работи. Да ги прошириш хоризонтите на знаење, да го отвориш умот и да се инспирираш од туѓите приказни.
    Имаше тоа време неколку познати ликови од блогерајот кои редовно ги читав. На врвот ми беше Симпл, и еве ако случајно го чита форумов - јавно ја замолувам да пишува почесто. Не знам дали ги излечила љубовните рани за кои често пишуваше, ама се надевам дека е среќна. И нека знае дека многу често се навраќам на нејзините стари текстови. Лифтот ми е на листата со омилени.

    Мојот морбиден лифт.
    Секогаш ме полазуваат некои морници кога се возам сама во него. Светлото е ужасно, лифтот е 10 години неискречен… Како во некој хорор филм.
    По неговите ѕидови испишани се цели истории. Над вратата изгребано со клуч стои: ИСУС Е ЖИВ!!
    На местото каде што би требало да стои огледалото , со пенкало е напишано: И ОНАКА НЕ СИ УБАВ, ШТО КЕ ТИ Е ОГЛЕДАЛО, а малце под него 6то Б – УСТАВ!!
    По ѕидовите од страна се потпишани скоро сите станари, нивните омилени групи, и уште неколку генијални изреки.
    А таму, некаде горе блиску до таванот стои Н + Д. И секогаш кога ке го видам ми се извлекува некоја насмевка. Се сеќавам како вчера, стиснав на копчето ,,стоп,, , две другарки ми направија индијанска, а јас се качив и со црвен маркер не обележав. Мислев дека така вечно ке траеме.
    Се случиле многу работи во таа мала кутија.
    Како мала, не сакаше да ме носи затоа што не бев доволно тешка. Морав да чекам да наиде некој комшија за да се возам со него.
    Сум се заглавила милион пати, ми се скинала сајла, еднаш дури останавме заедно со мојот комшија кој ми беше симпатија, цели 45 минути заедно измеѓу 4ти и 5ти кат. Јас, третооделенче со вцрвенети образи ги преседов сите тие минути со спуштена глава без да кажам збор, додека тој ме тешеше дека се ке биде во ред. Сега е женет и има преслатко детенце.
    Првата тепачка со мојата другарка- исто се случи во лифтот. Се случија и уште многу после таа.
    Се кажаа многу тешки зборови, се случија многу разделби. А сепак, најтешка беше тишината, и оние зборови кои не се изговорија во моментите кога возењето од 6ти кат до приземје изгледаше како цела вечност.
    Паднаа и многу бакнежи… Први, последни… Се започнаа и многу предигри…
    Денеска го окречија лифтот. Ставија три сијалици и ново огледало.
    Спремен е за нови спомени, за нови тепачки, среќавања, збогувања, бакнежи и предигри.
    И додека секојдневно продолжувам да одам нагоре и надоле, со погледот по навика ги барам Н + Д.

    А тие, остануваат таму во минатото, прекриени со свежата боја на сегашноста.
     
    На Elena69221, Buttterfly, Divinebutterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Како си ме потсетила...
    Мене блогот на Симпл ми е уште во букмаркс. Знам да си ги читам нејзините текстови чат-пат, кога ептен сум избегана со паметот.
    Денес е модерно да имаш блог за мода, да ги штракаш своите комбинации и по можност јадењето по рестораните. А не, да седнеш и да напишеш што ти лежи на душа, нешто комично, трагично, иронично...
    Многу убави блогови имаше, младината ми се чини повеќе пишуваше, имаше ставови, лични приказни, истории, совети. И после каде отишла креативноста?

    А јас имам премногу слободно време.
    И да бев со подлабок џеб, веројатно немаше да имам проблем со наоѓањето солуции како да се победи досадата. Пошто немам, премногу размислувам.
    Којзнае каде се не ми лета паметов, си се исклучувам на моменти па се уклучувам во досадава.
    Од премногу мислење глава боли.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Да се биде или не..прашање е сега,јас сакам хамбургер.
     
  17. khaleesi

    khaleesi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Повелеле сите на подварок! :puke:
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Каренинке красна, има блогови и тоа премногу, а полни глупости. Станаа политички издувни вентили, мода, игрици, хејтање, се изгуби смилата за она вистинско блогирање, кои беа полни со секојдневни судби, емоции, поеми. Искрено и мене многу ми фалат такви. Премногу ми се овие исфурани, направени за да бидат во тренд, или копи-пејст.

    Туку денес цел ден средувам фотографии. Очиве ќе ми излетаат. Четврток е денот за мојата втора поголема тетоважа. Бев кај Симон пред некој ден и ме врати, ми рече не ти давам на прст. Почитувам што не е од оние што се прават само за пари. Денес како да се подоткрија некои личности со нивните цели. Убаво е кога на време ќе ти се подразјаснат некои работи и ќе можеш да ги смениш. Зошто животов ми праќа толку предизвици.. не знам сериозно..некогаш не сакам да прифатам дека се реални, знаат да заболат, ама се. Нема бегање, има само соочување.
     
    На AnaKarenina, JoxyTheFreak и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Учи сине на мајка, учи, ќе завршиш факултет, знам ќе учиш со години ама ќе се исплати. Па после може и ќе магистрираш, па и мама ќе се гордее со тебе. Убави на мајка завршиле факултет, ние не сме имале услови не сме завршиле, ама вие деца завршете!

    И?
    Што фајде?
    Ах бре мајки, татковци, тетки, стринки, ах бре да ми е овој памет пред 10тина години. Гимназија па факултет? Па мачење 5 години па постдипломски ииии... за што? За некој работодавец да ме искористува со години? За никој во државава да не ми го чита моето ЦВ? За огласите да се пуштаат заради законски потреби и сите примени мејлови веднаш да се делетнат? За што учиме факултети? За владата да ни ветува нови фирми и вработувања, а колку што помнам тоа не е повеќе од 1 голема фирма годишно. Годишно алооооо. А 10тина илјади луѓе дипломираме секоја година. Секоја година. Секоја година 10тина илјади мајки имаат нова диплома во витрина. Прашина за да се брише.

    Ех да ми се вратат годините ќе си се запишев у влахов и ќе си бев козметичарка ил фризерка ил шминкерка сеедно. Ќе си печалев, од 18 години ќе си печалев свои пари. А не млади луѓе со над 25 години и диплома на ѕид у живот немаат добиено плата.
    Си ја гледам мојава козметичарка стандардно си ја прчи вонзезона у Грчка, после си иде со авионче негде си шеткара низ светот, а зимување обавезно. Работи она од јутра до сутра ама си заработува секој ден, секој ден од полнолетство.
    А јас еве толкава краветина си работам за едно тапшање по рамо и оп лето доаѓа и јас ги молам мама и тато да ми дадат пари за одмор.
    Дал да си удрам шамар, дал бокс, дал да си ја подизбришам дипломава, дал да кулирам, не знам едноставно не знам.
    Ама знам дека ме боли, ме боли :@
    Ако ме прашаш што ми е желба ќе ти кажам да се вработам и да платам дома еден месец сметки. Значи стварно сакам да платам! Да знам дека сум придонела за нешто, дека може нешто да допринесам за еден дом.
    Ако немаш блиска фамилијарна фирма за да се вработиш и ако немаш некоја среќна ѕвезда тогаш ќе се мачиш и мачиш и ќе рикаш ко магаре дома зашто си несреќен и невработен а си учел и учел и пак ќе си плачеш и пак.
    Па уште ми вели познаничка аплицирав за Америка во неколку фирми, сите ми одговорија на Цв-то, повеќето позитивен одговор се мислам кое работно место да го прифатам.
    А јас тука прво се тешев дека не се јавуваат за пратените огласи зашто немам искуство, е сега го имам. Сега па го проверувам ЦВ-то да не сум згрешила бројот или мејлот па ме бараат на погрешен број.
    Патетика, да си го проверуваш цв-то дал ти е точен бројот.
    Патетика...
     
    На Sweety-Tweety, Sanniii, wolf4e и 37 други им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Полека но сигурно, почнувам да се повампирувам.
    Во неделата спиев 6 часа, во понеделникот 2, а денес само 1 и пол.
    Не, не е заради учење. Незнам што е со мене.
    Не можам да спијам, наутро кога ми ѕвони алармот, расонета сум, ко да сум спиела 12 часа.
    Одкако не водам сметка, кога сум во пмс, секој втор ден кога ми се јаде, си се тешам, дека за некој ден ќе дојде. А длабоко во себе, знам дека си се лажам, и дека е рано. Ама кога ми се јаде, се водам со поговорката: Што можеш за денес, не оставај за утре.
    Oд средата, имам само безбоен лак, за прв пат, после незнам ни јас колку време, не се лакирам.
    Нешто изгледа озбилно не е во ред со мене.
    Се напнав и со школово, и покрај тоа што немам ни едно „б“ од бубалица.
    И сфатив... Ти ако сакаш мисли му ја, секогаш ќе се појави некој што без малку труд, ќе помине полесно од тебе..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.