Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.391
    Допаѓања:
    286.873
    Текстовите на песните најлесно ја опишуваат мојата моментална состојба.

    Во моменти на неизмерна среќа или тага не можам ни да зборам, или можеби не сакам.
    Во онаа прва ситуација не се ни смеам....си уживам сама со себе, се радувам сама во себе, ги пренесувам новостите без фамозни фанфари и еуфорија.
    А во онаа вторана немам сила или енергија да изустам ниту збор. На некој чуден начин зборовите почнуваат да ми се развлекуваат....тепкам.
    И така на никого не му е гајле, и на тие најблиските што им е, гарант не им е толку колку на мене самата.
    Вечна потрага по оној внатрешен биланс, хармонија.
    А кога конечно ќе го најдам не си дозволувам да уживам во него, си го барам со кандилце или од досада што би рекле и се враќам пак на почетокот и повторно со слушалките на уши и еден исти репертоар.
    Се барам, пронаоѓам и идентификувам низ едни исти текстови по стоти пат на стоти различен начин.
    Со нив се радувам, тагувам, патам и сеќавам....
    Во својот свет, кога нуркам длабоко низ сопствените мисли, сопствените сеќавања и најголеми грешки исправам криви дрини.

    Таа па таа.

    Кога ти се чини дека конечно си ја поминал онаа фаза на ged over it, доживуваш флешбек на се она што си се обидел да го заборавиш толку долго време.

    Се враќаш чекор назад.

    Ги прифаќам лиѓето такви какви што се, несовршени. Ги познавам и прифаќам сите слабости и јаки страни на секој мој близок.
    Ги познавам и сопствените но никако да ги прифатам.
    Никако да прифатам дека сум згрешила и јас. Дека не сум најпаметно, најдобро и најпоштено створење, дека сум just human.
    И така то, ве поздравувам со една песна која некогаш некој ми ја посветил и се зарежала во моето срце. Песна чиј секој збор предизвикува забрзано пулсирање на крвта низ моето срце....песна мог живота.

    Вечерва ќе си пасам малку трева, а од утре поново со книгата у раце и ќе работам на делот со посебното створење.


    http://www.youtube.com/watch?v=0jPBVK0O ... re=related
     
    На blond и marama им се допаѓа ова.
  2. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    Пред да извреѓаш некој изброј до 10 може ќе ти текне уште нешто.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк страшна работа е интуицијата :x :geek: а интересна е и од помош за подлабоко согледување на работите, па дури и на тие кои намерно или ненамерно се сокриени, без разлика на причината за нивното сокривање.Најмалку е важно колку ќе е точна, колку што е најважно да се нагласи истата.Можеби е таа која на некој начин ги остава луѓето без зборови и ги тера да се прашаат „ како некои работи се знаат предвреме“ без некој друг истите да ги потенцира.Убаво е да се раководи човек спрема неа, бидејки може и никогаш да не згреши во својата проценка за нештата, а може да е и страшна за некого истовремено. Затоа е добро човек да биде секогаш отворен и искрен, бидејки и да не е спрема друг, другиот на ете ваков начин ќе знае дали е отворен или искрен или не, а или пак има задни намери.А веројатно и дека многу нешта зависат токму од неа.Секој човек ја има, само треба да знае како да ја слушне.

    Реалноста е сурова, но и убава ако на правилен начин истата биде претставена.
     
    На Divinebutterfly и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ако е точно дека секогаш треба да им помагаме на останатите. Тогаш, што прават тие, останатите?
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    22.989
    Пол:
    Женски
    Kaко ви се замара бе...како ви се замара бе не ми е јасно...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.036
    Допаѓања:
    123.901
    Не знам што ми стана вчера да се занесувам со музика од средно,да ми летаат милион спомени низ глава,и на крај да ме фати голема носталгија.......
    27 год :o ,зар стареам :lol:
    Средно-колку убав период.Па симпатии,па погледи,ме погледнал-го погледнав,па пуштања,па дали ќе се видиш вечерта со него,журкања,глупости.......
    Факултетот ми носеше многу обврски,жалам што испуштив некои работи....
    И сега си велам,па што ако се мажам? Зарем нема да излегувам? Ама сепак не е тоа тоа.Тие денови си имаа некоја магија. Денови кога си слободен ко птица ,во се.
    Ах,спомени,кога ќе надојдете наеднаш,не знам како да се справам со вас ....
    Времето си лета,со големи крилја.....Зема поголем замав,дури се свестиме,поминал денот,поминал месецот,годината......А си велам ај утре,ај другпат.......Нема,никој не чека.
    Синоќе ме израдува звезда на небото.
    Излегувам на прозорец,на воздух,кога нешто падна пред мене.Откога немав видено звезда што паѓа? Бев онака :o
    И брзо си велам,требаше да си замислиш желба!
    Порано сакав-да завршам факултет,да најдам работа,да имам пари,да имам кола,да ме сака тој што го сакам,а вчера се слушнав како си кажувам-Јас и моите само да сме здрави и живи........
     
    На Adi888, lunicka, glow и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Има денови кога мислиш дека цела интима си ја изнесол ко на бувљак - елајте дојдете, земете, изедете, купете, продадете. Ничија вина, само сопствена. По која основа имаме потреба да се отвориме ко школка пред плима на еден виртуелен вештачки свет? Не знам. Мислам дека тоа ми е тезата што никако не ја завршувам со мојата дипломска. Дека имаме потреба од воајеризам, низ клучалка одамна не, ами низ цела врата, директ кон себеси. Егзибиционизам и потреба да не’ популаризираат, а демек не сакаме. Ма немој да ме знаш, оно. Сите што кажале дека не им годи, лажат. Длабоко во себе, си се лажат. И се жалиме дека не’ преплавувале информации, дека луѓето се вакви или онакви. Па исклучи компјутер бе. Сади дрвца. Мижи кон сонцето, и ништо нема да те допира. Реалноста е друга или барем сака да се преправа дека е друга.

    Колку пати сте прочитале нешто што ве иритира, и наместо да го игнорирате, вие реагирате, како вам да ви е посочено? Јас, еден куп милион пати. И си се прашав, зошто? Зошто си ја имам мувата на капата. А цацко ми е крив што си имам нерешени дилеми или трилеми по многу работи.
    Ме нервираат кози, што за скршен нокт, прават мелодрама, ги бацуваат подовите на Бершка и Страдивариус во Солун трошејќи пари од тато и мама, а не работеле еден сјебан ден во животот.
    Ме иритираат фејкери што ги знам какви се во душа, уствари се локални педерчиња што со пуштен далиевски брк и хипстерај фаза, пробуваат да си се најдат себеси. Жалосно но реално.
    Се вадам од такт кога гледам како креативци тонат во административни бари, а некадарни квазиуметници го какаат небото.
    И куп други нешта што реално, го заболе некој дали ме нервираат или не. Ама знам дека нашиов свет околу е апатичен, крајно невоспитан и безобразен. Ако мене ме учеле да почитувам постари и се труделе да не бидам недоделкано битие, некому тој сегмент од животот му пролизгал низ раце.
    Убаво баба ми викаше - кај и да одиш во светот, ќе ти ја намирисаат душата каков си. Знаењето секој може да го има, ама не секој може да го примени!

    И какви сте? Какви сме? Се нервирате. Нормално. Ве иритираат мажи, жени, ситуации, храна, диети, стрес. Си викам, дај бе да замижам а да не ме печат очи.
    Ама нема.
    Навистина сум тажна од сево ова. Уморна. И презирам кога ми кажуваат - зрееш. Абе седи! Ко да не знам какви срања приредува животот и претходно, па сега ова ме јача. Егзистенцијални глупости.
    Да не е Љубовта, мислам дека немаше да имам никаква мисија овде.
    Мала дигресија - Скопје е под целосна опсада на замки и дупки и со точак е невозможно да се појде на работа.
    И така, сакав да си се олеснам. Тоалет хартии секаде.
    И така во циркуларен круг.
    Да сме живи и здрави, други деца ќе дојдат, други генерации. Само да не им оставиме премногу дупки и лажни вредности...
     
    На bittersweet, Strumfeta93, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Уште една учебна година помина, денес последен ден за мене у школо.
    Ќе ми фали мојот цимер и уедно школски, знам дека не си искажуваме многу другарство и слично, ама вчера кога ми рече да не си легнувам, да поседам уште малце, дека последна вечер сме у интернат, срцето ми се разнежни. Уствари знам колку ние би направиле едни за други, преку ситни, мали работи полни со внимание. :)

    Годинава поминавме многу. Многу работи се случија. Минатата година Џинџер не беше ова што е денес. Денес сум посилна, поодлучна, похрабра, и преку целата година научив една важна работа :

    Секогаш да го кажувам она што го мислам, цврсто да стојам зад тоа и да не се плашам дека не сум во право, оти ниту образованието, ниту парите не го прават еден човек поголем од друг. Она што луѓето ги прави големи е храброста својата маленкост да ја држат при себе.

    Лето, добро ми дојде, за мене пред време почнуваш!
    Време е да си посветам време себеси, имам толку планови кои сакам да ги реализирам.

    Чао Велес, ми беше задоволство! До следната (и последна) година, аривидерчи! :D
     
    На Adi888, Divinebutterfly, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    1 година БлекСвон на форумот :party:.
    Леле бре и Фемина роденден почнав да дочекувам :D.
    Пред точно една година во касните ноќни часови се регистрирав во ова женско катче. Признавам, повеќе да читкам, не дека планирав нешто да пишувам ама интересни ликови најдов овде. Повеќето не ве знам кои сте и што сте ама обожавам да ве читам. Можам слободно да кажам дека најпаметните и најкреативни девојки се собрале овде :). Ај поздрав до сите вас.

    [​IMG]
     
    На Adi888, Sparks, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... Интересна статија за вечниот проблем, вечната цел, желба, вечниот мотив или обврска (за некого) ... Барање на вистинската личност ... ;)


    Животот, тоа е процесот на потрага и наоѓање на љубовта, а секој човек кога и да е ќе ги сретне во својот живот своите судени „четворица“…

    Првиот, тоа си самиот ти. Вториот е оној што ќе го сакаш најмногу. Третиот е оној што ќе те сака најмногу. А четвртиот е оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот.

    Во животот прво ќе се сретнеш со оној што ќе го сакаш најмногу и ќе научиш што значи да си вљубен. И бидејќи веќе знаеш што значи љубовта, ќе можеш да го сретнеш оној што ќе те сака најмногу.

    Откако си сакал и те сакале веќе ќе знаеш што ти е потребно. Тогаш ќе го најдеш човекот кој е вистинскиот за тебе и со кого ќе можеш да го поминеш остатокот од твојот живот.

    Но за жал, во вистинскиот живот тие тројца не се еден ист човек.

    Тој што го сакаш најмногу, тој не те сака.

    Оној што те сака најмногу, не е оној што го сакаш.

    А оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот, не е ниту тој што си го сакал најмногу, ниту оној што те сакал најмногу.

    Тоа е човекот, кој бил на вистинското место во вистинското време. Ти кој си во животот на другите луѓе?

    Нема човек што може свесно да си ги менува чувствата. Кога те сака, тој навистина те сака. Но и кога веќе не те сака, тој навистина не те сака повеќе. Кога те сака може да се прави дека не те сака. Истото се случува и кога не те сака повеќе, може да се прави дека те сака, ама од жал!!! Таквата жал ќе е она што најмногу ќе те заболи!

    Љубовта не е желбата да поседуваш. Ако ти се допаѓа месечината, можеш ли да ја задржиш за себе? Но нејзината светлина повторно ќе те грее. Со други зборови, кога сакаш некого е убаво да најдеш друг начин да го имаш. Дозволи му да се претвори во незаборавен спомен.

    Која личност ја пронајде до сега? Во овој голем свет, кој од четворицата ги сретна? И кој тебе те најде?
     
    На Adi888, blond, glow и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Има 4 личности , не ги пронаоѓа

    [​IMG]



    (Шала :lol: :lol: )
     
    На julie77 и kate-the-great им се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    СДК ,а и да се пофалам дека мојата малечка направи 6 месеци и го извади првото забче :D
     
    На Adi888, Strumfeta93, BeYourself и 20 други им се допаѓа ова.
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Викаат уште рано фати го денот и искористи го максимално, кај мене обратно е денот мене ме фаќа
    и ме искористува .
    Бев на пазар уште од 8 часот и носев многу многу кеси , ми беше и тешко и жешко.
    Гледам еден дедо со уста како срце ,со крем шеширче и крем лаковани чевлички ,лицето набрано ама многу беше смешен.Дека моите дедовци починати пред да се родам јас ми фали дедова прегратка ,кога ќе видам некој стар смешен дедо сакам да го гушнам. Кога бев мала еден дедо имаше викендица блиску до нас и стално бев таму , јас не памтам ми кажуваат за ова : еднаш ми кажувал тој како внуците не го посетувале и јас сум му рекла :-Па секако јас немам дедо биди ми ти дедо :D
    И ми беше како дедо ,за жал не повеќе, сега е починат...
    И зборот ми беше за дедото со уста во форма на срце ме праша по колку оделе доматите на пазар и му кажав .Го изваде кесето си ги преброи парите и замина ,ставајќи го кесето му падна едно ливче .
    Јас зборувам на телефон и гледам ,дозборував викнав по дедото но не ме слушна ,се затрчав да му го дадам ливчето ама па новиот плочник многу се лизгал бе ,па и влажен беше уште одсабајле и така се испружив со сета моја должина ,тежина и ширина :rofl:
    Сега се смеам ама прееска :$ И му го дадов ливчето на дедото, не го стасав но бев во близина кога паднав па дека тропна се сврти . Ливчето не било ништо важно не му требало .
    Ах бе дедичко ливчињата кои не ти требаат за во канта се, за да нема инциденти :)

    Имајте убав ден :sun:
     
    На Adi888, blond, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Женски
    Сонце тераса и кафе ти е нешто како ракија и салата :lol: дефинитивно 8)
     
    На kravce, Lepaaa, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Yesterday was the best day of my life! 'Nuff said :rofl: ;)
     
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Среќна сум поради моите 3 најдобри другарки.Сите три се среќно заљубени и со радост ги слушам кога ми зборуваат за нивните дечковци.Што направиле за нив,и како се чувствувале. :wasntme:
    Едната сега во сабота треба да излезе и да се види со дечкото кој го мерка многу време.Многу е возбудена и интересна ми е.
    Втората веќе некое време се гледа со дечкото кој секој ден се повеќе и повеќе ја освојува и ја размазува.Долко време беше разочарана и сеа и е баш топ.Среќна е.
    Третата е во долга врска.Никогаш не била позаљубена и луда.Го сака премногу,а тој ја чува и се труди околу неа на многу очигледен начин.
    И така,кога ке седнеме и ке фатиме таква тема,со мерак ги слушам и се смејам..
    Среќна сум :)
     
    На Adi888 и Shelea им се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека времево многу брзо ми помина.Ги враќам спомените наназад во тоа време кога бев малечко детенце кое играше со барбики и количиња,и по цел ден беше надвор и играше мижаница.Ми фали тоа времето кога изгребаните коленици ми беа едниствена болка,а не денес се грижам баш за се'.Најголемата болка ми е од луѓето.Се чудам како помина толку брзо се',се како да беше еден убав сон,кој наеднаш се претвори во кошмар.Сакам да се разбудам од кошмаров и да го вратам времето,или пак можеби иднината што доаѓа е многу поубава.Незнам.Ми недостасува детството.Не дека сум нешто сега поголема,но сепак не сум веќе толку малечко детенце.Сега кога е веќе крајот на учебнава година ми се чини како вчера да седнав во клупите,се толку брзо помина.Се'.
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК си се радувам шо имам некаков нет,иако не е најбрз :D Кафенце со Фемина,најубавиот почеток за денот :D А потоа и шеткање в град.Сакам да си најди мајка ми нешто за на свадба да си купи,па ќе и правам друштво :) Па нека се дотера еднаш,не само ние да купуваме :D Можи и ќе части нешто ;) :D
    Ајде имајте и вие убав ден! :*
     
    На Adi888 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.463
    Пол:
    Женски
    СДК срекна сум :)
     
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    СДК Понекогаш прегрнуваме погрешни личности незнаејки дека во својата рака држат нож спремни да ни го заријат во грбот!
     
    На cigarce, Gordana10 и danniela5 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.