Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Вечерва и покрај тоа што многу ми се шеташе си седев дома.
    И не зажалив,ич не ми е досадно,се зафркаваме со другарка ми,ко малите деца сме,си праќаме линкови од игри со облекување,ама што да правам,интересно ми е да испробувам нови и нови комбинации :D
    Ми ја прати песнава,ми развлече насмевка на лицето и уште еднаш ме потсети дека животот без другарки е ништо,кога немаш со кој да споделуваш среќа,тага,на кој да му плачеш на рамо,и со кој да правиш глупости.
    Затоа вистинските другарки чувајте си ги и немојте никогаш да ги изгубите.

    http://www.youtube.com/watch?v=yJYXItns ... re=related

    [​IMG]
     
    На CharmedGirl, Primavera, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Вистинските вредности мораме да ги задржиме негде длабоко во нас,не смееме никому да му дозволиме да не присили за да ги заборавиме,а ние секако многу малку ќе ги користиме !
    И да плачете,ќе плачеме уште многу пати кога неправдата ќе се сруши над нас и ќе постапиме онака како што никогаш не сме ни помислиле дека можеме !
     
    На Primavera му/ѝ се допаѓа ова.
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Некои луѓе стварно не си ја знаат вистинската вредност, а затоа се преценуваат во секоја ситуација.

    Се мешаат кај што не им е местото и никој не ги побарал, бараат цела рака таму кај што добиле прст, и пак не се задоволни.

    Некои луѓе стварно немаат осет да не замараат кога е друг нервозен и да не му долеваат сол на раната.

    Некои пак се ситат на туѓата мака.

    По не знам кој пат, моето песимистичко мислење за луѓето. Со секој поминат ден, се повеќе станувам мизантроп. Мислам дека со право.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК убаво е да се читаат книги, книгишта од по 600 страни па и повеќе, ако веќе ги мериме според страните, но не и книжулиња од по 100/150 странички, кои веќе и немаат толкава битна содржина од која нешто би можело да се научи, па затоа и се тие толкацки странички.Важно е која е нивната поента, која би не научила на нешто, не само механичко читање колку да се прочита.Од некои книги може да се научи, не велам не, но некогаш книгите ги немаат сите одговори кои ние ги бараме со цел да знаеме повеќе за животот, некогаш животот е тој кој ни ги дава тие одговори кои не можеме да ги најдеме во книгите.Не секогаш истите можат да ни се најдат при рака за во кризна ситуација, некогаш и во таа кризна ситуација ќе мораме самите да се снајдеме како знаеме и умееме, па дури тогаш ќе видиме дали нешто сме научиле од истите.
    Некогаш мора сами да опстојуваме без ничија помош, а дури тогаш ќе знаеме да се снајдеме во секоја животна ситуација, спремни да се соочиме со нешто/некој.Помошта е потребна за да не насочи, но не и за да ни биде постојано при рака.Се додека имаме нешто на кое се потпираме, ништо не правиме.
    Важно е што сме научиле, не што знаеме, секој знае колку-толку.
    Животот секогаш не става на тест и ќе мора сами да го решиме.Бидејки некои го поминале, а некои допрва го решаваат.
     
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Нема појако нешто од расправање со полуписмена раја што пробува да те исправи.
    И упорно ги нагласуваш зборовите за да сфати како се, а оно ко теле те гледа „Аха, мислиш инфракт.“
    Мислам, јеботе. Ме просветли. Мора јак фалкутет да имаш завршено.

    Си ги гледам врсничкиве. Поарно да не ги гледам. Школски од основно со кои до вчера делев играчки и клупа, сега ги гледам со толкави стомаци прават свадба или пак со деца во раце.
    Па кога ќе ми текне дека имаат по 20 години, ми иде да ги постројам, па со еден прут по гол газ да ги мавам, ко Том што ги беше построил оние лоши мачиња што му ги оставија да ги чува.
    Заштитете се бре, самите уште сте со детски фаци и зависите од родителите, па вие ќе ми сте биднувале родители. Така е тоа, направи го, искози се, роди го, па фрли баба и дедо ќе го чуваат.
    Јас себе не можам уште да се гледам, се чувствувам зелено и детски, не пак да преземам кротко, наивно животче во мои раце оти сум се прцала без да мислам на последици.
    Ах, секој за себе. Јас прст пред око не гледам од умор, ебати денот. Уште би ми фалело да имам детенце да ми церека навечер желно за љубов и храна. Аха, уште малку па ми успее.
    И да, на денешно време под „Помогни ми“ изгледа се подразбира ти целата работа да ја завршиш место нив. Оти вака ќе се мрчи не си помогнал доволно.
    Добра ноќ. Отидов во подобри сни. :sun:
     
    На CIA, CharmedGirl, slavica999 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Понапната во живот не сум била. Не знам каде да ја исфрлам сета негативна енергија, ке збеснам дома.
    кој сељак, уф!
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ај што ме стегнаа бубрезите, ајде, веќе и навика е кога ќе им прдне да задаваат напади, ама па ме стегна и романтично расположение, а и страшна желба за благо, а дома нема ни една бисквита, а не па нешто друго човек да си касне така да ја излаже душата.
    Ова интернетов џанам неограничен, еден ќор филм три саати се симнува, ајде веќе, сакам да легнам да гледам филм и да го исклучам мозокот затоа што знаете веќе дека цело време турбо ми работи :D
    Денес божем барав работа за летово, ете месец два да земам некој денар, греота се стариве се исцедија, бар одморот да си го платев, и замислете, еден човек кај што се јавив ми вика а госпоѓице дали сте слаба? И јас ... поќутев па му реков, да слаба сум и перфектно градена ама со вас не би седнала ниту на маса а не па да работам за вас, пријатно, се најубаво. Господе огласот беше за садови миење ... што треба, да имам ким кардашијан газ за додека мијам да уживаат во погледот? Страшно. Им кажав дома дека било што би работела, па се бунат, не ме пуштаат немало потреба дрн дрн знаете родителски муабети, ама јас сакам бре, и се надевам ќе најдам нешто корисно. Додуша, најдов како дадилка, баш во мојава населба, ама тие бараат некој за постојано, а греота е да ги лажам луѓето за некој месец па да дадам отказ нели... и така, сега чекам одговор од една игротека и се молам. Ако не бидне ништо, ојде планот во вода :)
    Светов, ништо светов ...
    Случајно на телевизија начекав сексот и градот, баш кога кери кажува демек, дали е некој способен да знае што се случува во врската измеѓу некои двајца? Не. Е така де, тоа е вистината. А уствари сите сакаат да паметуваат за туѓите животи не гледајќи си ги своите срања, извинете на израз.
    Мајка ми има една толку глупава карактеристика, ама мече... што ќе помислат луѓето, ама мамо ме заболе бре што ќе помислат да ти кажам најискрено. И секогаш ми се чуди, ама жено џабе се чудиш, јас на комшииве на сите им велам добар ден, на сите сум им се нашла за до продавница или за торба носење или било што, и сега ако тие сакаат за мене да зборуваат, нив нека им служи на чест, мене ми е гајле. Баба ми па ја поддржува, ама мене навистина, ич не ми чуе.
    Ете прост пример, неколку дена по ред сме излегувале и сега еднаш тој ќе земе кола, еднаш другар, па тој од татко му ќе ја земе колата, и ете, до татко ми стигнале муабети, што е ќерка ти секој ден од различна кола се симнува, нели има дечко? Тој сирот само им рекол јас си знам што прави ќерка ми со животот, нема потреба да ве интересира и вас. А бе тато бе што не им рече да бе, ќерка ми секоја вечер се работи со различен, како инаку мислите дека имаме олку многу пари. Епа така де. глупости.
    Друго, на улица сме стоеле, и сме викнале нешто со ова волов, и ајдееее на мајка ми муабети и кажувале, што е оваа ќерка ти се тепаат со дечко и на сред улица? И мајка ми ми урла на мене, леле таа кавга никогаш нема да ја заборавам, ми се дере а врска си нема бре... после кога и разјаснив ми се извинува, е не мамо, треба да си како тато, да си го знаеш детето, дека јас би била со некој насилник, па уште на улица би се тепала, Боже скраја да е, ама луѓево немаат граница понекогаш, и тоа од само зборување што сториле. Па ние кога одиме по улица да не видат како го сопкам или мавам по грб, или како ме штипе или бушави по коса, овие кој знае што ќе замислат, во полиција ќе пријават бре. Додуша, овие се стари примери, ама ете ми дојде тешко и да ги мавнам од душава, ми дотежија некако.
    Луѓе, тоа е, сите сакаме да си нагаѓаме, а како уствари навистина е, секој сам си знае. Додека можам мирно да спијам јас, ич не ми е гајле за стојна или рајна или па што ќе рече истата за мене. маааарш бре.
    Не ни знам што точно сакав да кажам, ама ете се си кажав.
    Брат ми не е тука, на некои си припреми е, тој денес акосува со другарите, ама навистина, без чувтсва се, па кого да замарам и гњавам? Ова другаркиве се со проблеми до гуша и како да кажам а да не грешам душа .... ај бе нека побрза филмов.
    Матка да ви кажам тип топ ја средиле, ако видовте некоја крава како со две деца трча и се будалее наоколу, да де јас бев.
    И на улица со пиштол на вода си се прскав, ај многу ми е гајле.
    и со сукња возев мотор, фиу фиу, мислам, моторче, знаете томос, срамота, ама и за тоа ми е гајле, да видите само како фаќам кривини, ма перфекција. :D
    Е така, се кажав или ништо не кажав, нема врска.
    Си бев прееска и во црква, не оти и вас многу ви е гајле за работиве што ги мелам, ама ако де, јас да си кажам док се симне филмов.
    За крај да ви кажам, ги сакам баба и дедо со целоооо срце и душа. Кога дедо го гледам како едвај оди а ќе се довлечка до мене и ќе ме баци, ма јас знам дека се ќе биде во ред.
    и ги гледам двајцата како функционираат, и си викам ех, и ние вака на стари години, па баба ко да ми ги чита мислите, ќе ме баци во чело. А тато и мама божем ќе се лутат зошто повеќе баба и дедо повеќе ги сакам, а нема врска, сите исто ги сакам, можеби брат ми најмногу од се и сите, ама другиве буквално исто. А тој, добро тој, на посебен начин најмногу го сакам.
    И така, живот луд, луди луѓе, луда фамилија, ама тоа е миа фамилија и ми е се на светов.
    Ај имајте убав ден, ете петок почна, последен ден од школска година, а мене ми е обичен ден во кој требало да спремам испит а не сум спремала веќе две години уназад.
    Ама како викаат, живот иде даље.
    Ај чао 8)
     
    На bittersweet, AnaKarenina, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    :tmi: ах тааа менструација ме убива и физижки и психички, брее болка неподнослева, хормони кој на дека нервна сум ко куче, ауфф колку е тешко да се биде женско...И онака си бев у некое меланхолично раположение оваа недела депресија ме утепа некој страв, некој немир и сеа баааам :@ менструација болки нервоза еееех не е фер бе :fubar:
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само сакам да кажам дека покрај паниката и стресот што го имам од матурава, одлична вест е дека 3000 дечиња ќе добијат бесплатен одмор, е многу се израдував! Конечно и на нив да се помисли. Ми дојде некое тешко чувство за сиротите, ама радосна вест е! Се почесто да им организираат секакви работи што ќе ги радуваат и ќе им помогнат да не се почувствуваат поинакви и другчије третирани од нас останатите. Се надевам ваквите радости ќе се множат постојано :clap:
     
    На srcekrsacka, Primavera и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе едноставно имаат дарба да ломотат со безброј зборови, да вртат до бескрај и на крај ништо да не кажат. Не можам да престанам да се чудам.
     
    На Peppermint и Magnolija им се допаѓа ова.
  11. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Јас сакам да кажам дека ми е многу мило што си направив акаунт тука на форумов, и се изначитав се и сешто, се утепав од смеење на некои коментари и муабети, и утепав некои си 10 саати без прекин...Ама колку мило толку и немило бидејќи таман се уходав во ова, и ми текна дека имам неколку испити месецов, и дека треба да почнам да учам, а јас никако да се одлогирам од ова чудово. Како ли ќе се учи, јас не знам...Ма и да се исклучам од овде, пак нема да можам да учам, ќе ми се моткаат низ глава милион мисли, шо да правам за роденденот што ми е многу блиску, па како да се натерам да спотрувам нешто, бидејќи физичка активност неам никаква, ко пумба сум се направила по цели денови пред компјутеров со сите можни грицки мицки од кои уште имам опаковки насекаде по бирово, под бирово, лево десно.. Ајде ќе биде тоа да станам од овде, и да ослабам, ама пак нешто ќе ми го одвлече вниманието. Љубов на пример. Да појаснам, Недостаток од љубов. Дури и мајка ми пред некој ден ми кажа (најконзервативната личност што чекори по земјава) да си најдам некој дечко, пошто ме осеќа некако дека сум разочарана по малку...ама кој да и објасни дека нема нормални дечковци веќе, не дека нормални ме привлекуваат ама ај. Не знам веќе што со себе и пред да почнам глупости да пишувам, да се вратам на читањето теми по форумов, бар да се орасположам малку, онака, пред учење :D
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Да им кажам нешто на сите оние кои држат диета :wasntme:

    Кога шетањето би било здраво, поштарот никогаш не би требало да умре;
    Китот плива цел ден, се храни само со риба и пие вода па пак е дебел...
    Зајакот трча и скока, па живее само 10 години;
    Желката не трча, не скока, не работи ништо а живее 350 години;
    Заклучок: Заеби диета и најади се како човек!­ :)
     
    На anngelique, blond, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Ама ни едно од овие не одат на плажа на лето и не носат кратки пантолончиња, тесни блузички. :)
    За слекување пред дечко мечко да не зборувам :D

    Не ми спомнувајте јадење во овие доцни часови ве молам! :bow:
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    4.908
    СДК на кој што му е досадно, нека дојде на чат. Свечен дочек ќе има :)
     
  15. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Reading this and continuing with eating :D
    Нема надеж :)) :tmi:
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Ми се бљутка во стомаков зошто се повеќе имаме квази уметници кои не знаат ништо...ама баш ништо. Наводно создаваат некоја евтина уметност,сфатена ко модерна,а нема у од уметност. Ќе коментирав една изложба од прошлиот викенд,ама толку беше ништожна што дури не заслужува збор од мене. Ама битно бизарноста и ексцентричноста,идејата да не се биде сфатен,а при тоа да нема ништо под тоа се зема за уметност. Што вика господин Ристо Стефановски- медиокритетите го расипаа кантарот! Лесно е денес да се биде несфатен,не има милијарди,ами сфатен?! Кој ќе каже малку,а ќе биде многу сфатен?! Кој?!

    Познавам еден дечко,тој ми е исклучок,уствари тројца се,ама овој е исклучителен. Лишен е од убавини, но видете ја единственоста-од што е генијален е луд...а потценет. Види ја ти таа мера...а?!

    Нема широка култура,нема широки знаења. Од што толку се фокусиравме на ценети работи,станаа преценети,па дури и ја губат смислата. Мајка ми ми вика дека потсетувам на мангупскиот лик од Норвешка шума (слаба сум со имиња,особено па јапонски) што не читаше нови дела...не е вистина. Читам, со доза на резерва,а ко што велеше тој, тестот на времето...дали ќе го преживеат?! И ... муабетот ми беше,да...имаме се попроста младина,а врутоци на знаење. Кој од нас вистински ги користи?! Речиси никој! Освен пропаганда ко ДЕНЕС МИ Е РОДЕНДЕН НАНАНАНАНАНАНА! ПОСЛЕДЕН ИСПИИИИТ ЈЕЕЕЕЕЕ! ДИПЛОМИРААААААВ УУУУ!!СЕ ОЖЕНИВ,СУНЕТ НАПРАИВ,СТАТУС/ТВИТ ЗА СОСТОЈБАТА У ДРЖАВАВА,АКОНИЕДОКОГАТАКАИНИТРЕБА...за повеќе и не. Иронија е што уопште се протестираше против АКТА...смеја! Мене ми беше благо ... ретардирано,особено од луѓе кои знам што тоа прават у животот. Го читаат Спаркс,докторираат мода,мрсат муда,вода у очи немаат, се коџоперчат со лоши поезии. Не знам кој од нив ја читал поезијата на Јаневски или на Андреевски,освен прочуената Денција или Ангелевски,Коневски,Шопов?! Кој?! Останаа изгледа како лоши спомени од средно кога *таа ненормалната не тера да читаме некои глупи песни*...

    Мислам дека се повеќе ќе има квизови со отварање на куферчиња,него ли квизови на знаење... Па нема повеќе знаење...
    Викендов ми падна смешно. Седевме,во услови каде ни се стопли водата,а немаше избор и реакцијата од една мома,еее а сеа?! И викам,сега ќе ја натопиме маицава и ќе го замоткаме шишето и ќе го ставиме на сонце. И се искези,ти си ненормална,ќе се стопли... Па... не знаев дали да и удрам една и да ја вратам во седмо одделение да повтори физика!!!

    Живот...

    Татко ми ми ја напиша Ако од Киплинг на еден лист кога ми беше најтешко во животов... Веројатно тука некаде ги поставив стандардите и ми се јави првата ароганција,но и големата почит кон постари...
     
    На LivingGlam и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    се чувствувам заробена...во својот живот...како да има таму толку многу а јас во мојот мал свет....и незнам дали ова ќе трае можеби таква сум по природа секогаш сакам уште повеќе и повеќе или мечтател сум...којзнае која ми е ујдурмава ама не сум среќна а имам се за да бидам...ама не сум.....имам се за да бидам...ако ме гледаш од далечина.....до мене ќе да е...одбивам да пливам оставам на брановите да ме носат...а знам и машки и женски и делфин и кучешкиии упорно го одбирам кучешкото.....одам по некој ...кој незнам ни дали постои додека ризикувам се другоо....
    и да ..по ѓаволите се најадов прејадов за без везе решко ќе спијам дембела...што ако вежбав денес :) се ќе биде во ред...знам
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Да не постоеше оваа Америкава, ќе требаше да ја измислат. Се печам на сонцето како гуштерче, си се бањам секои 5 минути во базентче да се разладам и веќе вака 3-4 дена боичка фатив прекрасна. Ми мириса на млеко за сончање, ах колку го сакам тој мирис :inlove:
    Убаво, преубаво, ма најубаво ми е.. Доста беа стресови од испити редно ми е да уживам. Добра книга и коктелче , сонце и базент. Тоа ми е повеќе од доволно во моментот ..
     
    На SimplyElegant, Strumfeta93, blond и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Многу ме нервираат луѓе што ветуваат, а не си стојат на зборот! Па добро бре не ветувај ако не можеш тоа да го исполниш!

    *Ајде уште 5 дена во подобор живот, потоа правец Скопје :( назад во реалноста. А баш ми е убаво вака :wasntme:

    :hai:
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    На Serafima, blond и CharmedGirl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.