Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Готово е. Сите се радуваат што е распуст, а јас тагувам по Шведска.
    Толку многу се приврзав таму за 8 дена... ;(
    Ај некој нека ми најде карта до 200-250 евра за Шведска :angel:
    Ќе бидам многу благодарна.

    И јас решив да читам книги летово, но до сега не сум пипнала ништо. Е добро де само што почна распустов :lol:
    Некој ќе ужива, а некој ќе полага матура и испити :lol:
    Се шалам. Уствари така е, но немојте да ми се лутите :!:

    Ајде да уживаме 8)
    [​IMG]
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Дојдов до точка во животот кога ми се смачи од тоа да бидам никој и ништо во оваа земја. Поминувам низ период кога единствено што излегува од мојата уста се погрдни зборови, гнев и нервоза упатена према управувачите, раководителите, носителите, или со други зборови законот и неговите штитеници. Оваа недела постанав лик кој најмалку што сакам е да го погледнам во огледало, а камоли да сум друг и да седнам со него. Онаква како што е и поголемиот дел од народот кај нас, нажалост. Сега сфаќам зошто луѓето се сé помалку насмеани, ладни и резервирани, предвреме остарени и нервозни. Овде едноставно немаш шанса да бидеш нешто спротивно на тоа, ќе те исечат во поим. Тука си само овца во стадото и ќе одиш кај што ќе те носат, кога ќе им притреба млеко и волна ќе те молзат и стрижат, а кога нема да имаат потреба од тебе едноставно ќе те шутнат или во најдобар случај игнорираат.

    И така, по волја на судбината или неправдата, јас се најдов во овој обесправен круг на "овци" и тешко дека ќе поминам подобро. Тешко ми е да се помирам, ама тоа е, овде немам право на ништо. Оставам на времето и на (не)среќата да го видам конечниот исход, но не очекувам ништо.

    Сакам само да си заминам од овде, што подалеку и што побрзо, толку подобро.
     
    На Trnche, Shelea, glow и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    За у овој свет да успеам да преживеам со сешто,ќе си ја купам книгата Како одгајати домаче биљке!!!

    Све рурални карактери бре! Абе тоа е животот,ако не кажете дека имате секс,ко да сте го немале,а поверојатно е дека го немате... ама мисли дека си набацува сексапил... Види,можеби тоа дејствува на некој пијан дечко у Дион (кој е фасциниран од изгледот на Скопје 2014),ама паметен,амбициозен дечко,со основна култура,ти сестро не пролазиш! Мислам онака,често си замислувам што муабет праат со таквите дечки. Само за секс?! Ама она има врска битно,он можда и е малце постар,ама нема врска,зрел е тамам за неа и нејзините потреби... Ох хооо... муко. Како да ти кажам,а при тоа да ме сфатиш дека коефициентот на интелигенција и не ти е баш наклонет?!

    И жени,споредување една со друга е една од најглупите работи кои си ги правите на себе. Во однос на некоја ќе имате убави нозе и убаво тело,поубава коса,ама немојте да бидете сигурни дека карактерно сте подобри од неа,па и интелектуално и духовно,во однос на друга можеби делувате дебело или премногу слабо,имале лош гз и гради,ама поверојатно дека имате убава аура и харизма,нешто кое што ќе привлече за трајно. Замислете се,дали сакате да бидете секому пролазна страст или сакате секому да бидете желба за конечна дестинација,а вие ќе бидете уважените госпоѓици кои одлучуваат за тоа,а при тоа ја задржуваат почитта.
    Ако имате над 20 години и се уште го правите тоа,да ви кажам нешто,ју ар соу 2000 енд лејт! Зошто едноставно не си живеете за себе и својот,својот гз,со или без целулит,вишок или не. Што е тоа што ве прави тооооолку несигурни,па и го вадите душичето на колешката од карши или на тн твоја другарка која потајно ја мразите зошто има подобри нозе од вашите?!
    Мислам ок,сите ние го правиме истото,ама кога ќе ви продре во психа и ви е опсесивна мисла ми оди да ве шамарам и да ви најдам црнец да си ја решите хистеријата!
    Е така!
    Петак дан за метак!
    Почнува европско. У моја околина се навива за Холандија и Германија! Машки хормони на ниво!

    Ја-борба со целулит - 1-0! Нау уи ар токинг! Е не,у салон,лежи лебу да те...месам! :D

    Почнав и со сончање у двор! Фучат негативни јони и енергија! Да можам би си го бубнала сонцето... А и возење ролери на стаза во приквечерие! Мх!
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, glow и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Што е полошо од тоа да најдеш црв во цреша?
    - Да најдеш пола црв :lol:

    Одиш на пазарче и застануваш кај тезгите со овошје.
    - Чичко, прскани ти се црешиве?
    А тој: Какво прскање девојче, ова се чисти, еколошки цреши!

    ...

    Одиш следниот ден кај истиот чичко, кој очигледно те заборавил.
    - Чичко, да не имаат црви црешиве?
    А тој: Какви црви девојче, 17 пати сум ги прскал, не давам ни црв да мрдне!
    :^) :^) :^)

    Туку, мене ми се јадат охридски цреши. Најсочни се!
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, glow, Miss.Ricci и 7 други им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.038
    Допаѓања:
    123.911
    Сите знаат како треба,ама никој ништо не прави.
    Ова треба вака,ова онака......ај направи го ќе му речеш и ќе почне да муца !
    Све паметни луѓе,кои да биле на чело ќе не оправеле.
    Директорица ќе ми збори за култура,а децата не знаат Добарден да кажат.Бре,бре! Многу грешите бре родители! Што ако е ваше дете,се знае дека утре тоа ќе биде нивно,ама малку од малку разграничете ствари.Мразам кога некој ќе почне да го меша приватното со професионалното.Ова почнува да ми создава слика каква не сакам на работно место.Ама,шта чеш........Имаш ли избор?
    Собирај трошки,до кога ,веќе ми е мака :sweat: Оптимизам за џабе,се е за џабе.Утре ќе биде подобро,утре ќе биде,ама нема......
    Барем имам утеха дека нешто сум постигнала сама.
    Не знам за вас,ама мене ова ме радува.
    Да,некогаш сакам да сум директор во фирма наследена од мама и тато,да живеам од нивен џеб и слично,ама пак задоволството кога од ништо ќе постигнеш нешто,таквите мамини,татини нема да го осетат никогаш.Трудот,исплатливоста,резултатот мене ме исполнува.
    Се ќе беше полесно да,да имав грб,ама пак вака станав личност на која можам да кажам дека сум горда.Самоснаоѓање,тој збор немаше да го знам инаку.Сервирање на чинија или сам сервирај си па јади,го избирам второто,посигурно и послатко е :P
     
    На glow и Hayley им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Еливс Бајрам полу-матурирал - со ваква младина,државата не треба да се плаши за својата иднина.
    Честитки до младиот господин од цела фемина,со желби поскоро да му стане асистент на Латас.
    Ајмо,живо,живо!
    http://www.youtube.com/watch?v=ZLbn6--Z-2A

    Oд оваа гледна точка,сега сфаќам зошто Латас зановеташе по вести. Дел од практичниот дел за спрема за професор. Бојо ако не пропадна до сега,од септември ќе пропаднеш скроз!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Бре бре еуфорија,распуст,одмот од факултет .. Јас не се чувствувам толку еуфорично што знам можеби бидејќи ќе ми недостасуваат неколку личности кои и да се врати времето пак би им дозволила да ми се вовлечат под кожа,драги ми се,прекрасни за муабет. Се гледаме другари повторно !

    А лето ко лето,жештини,пекол,мамурни ноќи,копнежи,мирис на убавина.
    Никогаш не сум го сакала летото,ама сега ми е убаво што доаѓа.
    Не сакам многу топлина,ама повеќе ги сакам ведрите лица во лето отколку намуртените во зима.
    Време е за нови доживувања,време е за нови моменти кои пак ќе ми останат како спомени.
    Време е да го пуштам мозокот на пасење !
     
    На Justice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Помина и апсолвентската. Не си поминав ни приближно така како што очекував. Се чувствував како да сум отидена на бал каде што само јас не сум разбрала дека треба да се носат долги фустани и да изобилува со кичерај. Жими се мислев дека никој не се замара за тоа, ама излезе дека пуфлите кои упорно правеа инает дека нема да дојдат дека апсолвентската вечер е чиста глупост, први ги сошиле долгите фустани. Битно си носев римјанки со мене во кесе за да не се мачам со неудобни штикли. Се прибрав дома во 5, од местото каде што беше апсолвентската отидовме на едно диско, па на друго, и си отидовме. Добив тон комплименти од колеги и колешки дека изгледам убаво а јас не гледав ништо убаво на мене. Косата ми спласна, целулитот ми се покажуваше како луд, фустанчето ми се дигаше нагоре цела вечер, неможев едно оро да изиграм на мира. Еден колега ме покани на танц, жими таму се помина добро. Тој пак и пијан, ми изјави љубов како цели 3 години ме сакал искрено. Алкохолот зборуваше од него :rofl: Ке оди за Германија некое време и ке сум му недостигала. Бог да чува, а никогаш не сум дала повод за да му недостигам бидејки никогаш не дружев со него до толку. Али ајде... помина и тоа, ке помине и уште многу. ;)
     
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Развив нова техника за метење со металче ,знаете оние пластичните со две четчиња и рачка?
    Епа рачката е сувишна :!:
    Значи со едната нога го држиш металчето а со другата ја контролираш насоката и брзината ,за максимум 2 минути нема ниедна трошка на тепих . Исто како да се засилуваш при возење скирол :D
    Нема да клекнуваш на колена да лазиш и да се потиш ,ниту да се наведнуваш.
    Логика бе . Кога со лазење би било полесно и побрзо цел живот би лазеле ,немало да се учиме да одиме,нели ?
    Што не прави човек кога му е досадно :wasntme:
     
    На zhap4e и Serafima им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    :D Не знаев дека се вика металче. Знаеш со брат ми како го викавме тоа кога бевме мали? Гр-гр. :D
    И остана, уште така го викам... гр-гр. Мајка ми е крива, не знаеше некои зборови и си измислуваше глупости. :rofl:
    "Ливинг, дај ми го гр-гр."
    Си се посмеав сама.
     
    На Strumfeta93, AnaKarenina, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека луѓево стварно се мрднале од паметот,или се будали или пак со сила будали се прават.Застанале пред зграда земале столови и што бараат,им кажале дека ќе имало силен земјотрес па го чекаат надовр.Господе прости им.Не им е арно на луѓево,НЕ.Па уште замислете столови си земале и си седат долу :) хахахаха :rofl: :rofl:
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Конечно дечко ми денес со сета своја жар ја увиде `убавината` на ПМС и на The Red Day. :hai:
    Mислам стварно, работава е: `Не збори, дур не осетиш`.
    Ваљда сфати дека е виша природа цела таа нервоза и неспокој околу банални работи, и дека не ми е до ништо, чак и до обработување. Али ми нисмо ми, ја нисам ја, ако не се нафрлам. :!:
    Осети га јако! Ај довиѓења, стварно ми се луди деновиве, ко да сфати!

    Мислам погледнете, дал је могуче! :rofl:



    :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На manja666, julie77 и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Значи која иронија е кога вашата мајка е загрижена поради тоа што сте сингл. :D
    Знаете сите ваши другарки во врска и тоа демек сериозно е а вие самии... Хаха и уште малку требаше да се почувствувам ко FOREVER ALONE.
    А вие имате дууурррии 19 години, одлично се забавувате, добро ви оди факултетот и не планирате нешто сериозно во љубовта за скоро време а и нема со когу да планирате оти сите машки околу вас моментално се... (без коментар подобро)
    Фала мама! Ама неможам да се фатам за озбилно со првиот тапчо што ќе ми се пушти... :emo:
     
    На Hayley и CIA им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    си фантазирам како мало дете :$ :D :D а што има лошо во тоа,ништо,понекогаш тие фантази знат да те смират без разлика на што и да се случило 8) најубави фантазии 8)
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Хахахаха,и јас не знаев дека се викало металче,дури се чудев што е жити се па тоа,ама Ливинг кога напиша гр-гр,одма ми текна што е,и богами мачно е со него коа зачистуваш,целата ќе се здрвиш додека клечиш :D
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ни тргна со земјотресиве, ама мене ми тргна и со наградиве. Алал да ми е. Најдобра сум била и на 15 ќе си одам во Охрид да си ја подигнам наградара. Е така де, мене никој не ме фали, па мора и сама. 8)
    Официјално почна и распустот, сезоната на цреши и има цел ден да играм со децата од маалото. Нема повеќе тесотви, испрашувања, лектири, писмени, бар за 90 дена, нема да ви досадувам со тоа! :angel:
    Пресреќна сум, денот ми е бонбонка. Лап-топот во скут, слушалките и музиката, сонцето е тука, а садот со џрешни е при крај. Ми се чини никогаш не сум сакала олку цреши. Како ги јадам, ко да не сум видела, бреј!
    Пааааааааа, почастете се и вие.
    [​IMG]

    СДК2 дека сакам што побрзо да ми дојде роденденот, па да одиме на одмор некаде далеку, па и јас заслужувам одмор, после толку учење, а кој не сака барем на неколку дена да си замине од државичкава и да си се изнаужива, се надевам дека и тоа ќе биде, цел распуст е пред мене! :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=X-77txuiVXs
    :geek:

    Имајте убав ден. :hai:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Значи сум станала свињаа,буквално ( не во тежина туку,нечиста,несредена,собата хаос.Да ти се згади кога ке влезеш)И се немам време да си ја средам собата,да си се средам.Еве сега баш си викам ке средам,ке правам генералка,а оно другарка ми ме викна точак да возиме и пак ништо.Пак дома свињарник.Ама ајде утре ке чистам..
    Сега ке возам точак.Вечер на кеј ке трчам со братучедка ми.
    Убаво си живеам..
    Со јадење намалив и тоа многу.И се познава на мене..
    Цуцка сум станала.мх мх мх :lol: :lol:
    Така,ве поздравувам 8) :)
     
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Ако има некој за излегување вечер од Велес, нека пиша лп. Незнам што ќе правам вечер.. :|
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Изгледав два филма поврзани со холокаустот и.. ;(
    ебате монструмите што се раѓаат и газат по планетава..
     
    На anabel-a, Peppermint и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    немам ништо посебно само ке кажам Денот е Прекрасен ,сончев, крај на школо , воедно разделба со школските од подалечните градови , но се на се јас сум среќна ..Летово немам ама баш никаков план некој одмор ке падни кој август а дотогаш ке читам спијам шетам .. :) ;) http://www.youtube.com/watch?v=7oKPYe53h78 поз со песната :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.