Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    104.884
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе ја синоќа си легнав трезна ко шо памтам, или нешто не е во ред со мене или не бев само јас таа што ги слушна сабајлево во 5 авионите кои прскаа против комарци, од памет ме извадија едно 5-6 пати квалитетно, ко под прозор да ми поминаа ебате. Како и да е, денот почна со убаво, сега идам во шопинг па на генералка. И да јас ќе бидам таа која што ќе попушти овој пат, не е мој стил ама многу ми фали бебушот :(
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    СДК во последено време многу полесно е да се расплачам отколку да се насмеам |(
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    9.031
    Пол:
    Женски
    СДК морав да го редактирам ... Знаев дека никогаш нема да бидам доволно среќна и дека секогаш ќе се најде нешто што ќе ми се испречи на патот...Знаев дека не е за долго.
    Не знам што правам но ги туркам луѓето далеку од мене...
     
    На Adi888, Wild.Child, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    "Не перам пола од алиштата во перална, ќе ми се исчупкаат, на рака е најубаво.
    Не ја користам машината за садови, не сум задоволна од неа, јас поубаво ги мијам.
    Не готвам во Делимано тави, подобро да готвам во стара тава, зошто оваа ми кажаа испуштала отровни материи.
    Не користам клима уред во кола, можеби ќе се разболам. Подобро е да се испотам.
    Не пијам апче кога ме боли глава. Подобро да ја искажам нервозата на околината и три саати да болувам, отколку да си го расипувам желудникот."


    Некои луѓе се невозможни. :x Попусто технологијата оди напред, кога човекот сам се уназадува. И после истиве луѓе споменати во ова погоре, се жалат дека немале слободно време за ништо (особено оние од првите два случаи). :|
     
    На antonina, La.Reina.Del.Sur, Eleonorastrumica и 13 други им се допаѓа ова.
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Во склоп на браншата, во сектор во кој практично пораснав, со искусни ментори и многу одговорност.

    Само да бидне интервјуто кон средината на месецов. Се очекува одличен период.

    Нештата ќе почнат да се остваруваат.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес ми е преку глава од се и од секого
     
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Немам поим што се ,не ме ни интересира само не можам да ги гледам да ми висат на WALL веќе овие квадратите....

    Прошетка по кеј, мирис на липи, сливи , кајсии и црници како трудно женче сакав од се да пробам,ако ми излезеше некој дедо (сопственик )некој ќе го кркав стапот :D и епитетот за крадла.
    Зезнато е што некогаш мораш д а поминеш дел од денот со луѓе со кои немаш ништо заедничко ,WTF си цело време,си викаш мајке ми јас нема шанси вака,јас не ова , јас ова поинаку го прам :?: Не се сметам за нарцисоидна, ама често ми се дешава да си помислам 3930494пати повеќе носам култура во и со себе од нив, јебига небитно .

    Не отидов таму каде требаше , и онака знаев што може да се дешава оставив кафе за подобро друштво во подобро време и подобар амбиент.Ако отидев повеќе ќе беше тоа за моите, одколку за себе , овој пат и тоа го прегазив :) ништо страшно.

    Црвена и прдлива ....денов го докмплетира пмс.
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      20,2 KB
      Прегледи:
      216
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Добро утро :yawn:
    колку порано си легнувам, толку покасно станувам |( едната половина од денот ми поминува спиејќи а другата расонувајќи, и борејќи со самата себе да станам да фатам нешто :?:

    [​IMG]

    Арно ми беше кога одев на работа, стани во 9.30 и денот цел исполнет... си се навикнав на тоа време и веќе 2 недела не ми беше потребен аларм да ме разбуди..

    пробав и сега така да станам... нооо тешко ќе изгвони аларамот, јас ќе го исклучам и си продолжувам |( |(
     
  9. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Додека сите лудуваат по повод летниот распуст јас седам дома со чајче во раката |( .
    Зошто стално се разболувам на вакво убаво време?!
    Таман почнав да си вежбам, малце да го затегнам телово се разболев.
    Нека иде више све кај шо не треба :@
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ех мој тато. Со 0,5% никел у крвта за неполна година работа у таа проклета фабрика. :swear:
    Бидете ми вие живи и здрави со мама, да почнам сама да печалам и ќе ви купам едно станче за кога ќе сакате да одите и да си одморите душа. :)
    Да знаете само колку ве сакам и почитувам, колку се трудам да не ја изгубам довербата во вас..

    aбе да ви донесам од ние другине деца има да плачете по мене да се вратам назад :geek: :rofl:
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    "Животот е ТЕАТАР,претстава чудна,
    отвори очи,остани будна,
    животот е апсурдна трагикомедија
    модерна и класична во исто време
    радост голема и тешко бреме.

    Те фрлаат на штиците што живот значат,
    те ставаат под рефлекторите што немилосрдно зрачат,

    едноставно и просто без школо и академија
    ја играш сопствената монодрама,
    се препотуваш збунета и бескрајно сама,
    ги криеш солзите, го голташ срамот.
    Велат пробај снајди се,велат пробај најди се,
    играј не застанувај,играј не престанувај.
    Животот е ТЕАТАР, сите ти (го) режираат,
    сценарија чудни ти сервираат,
    тешко разбирливи,лошо напишани,
    понекогаш препишани и неизводливи…
    А ти се трудиш да ја одиграш улогата,
    најдобро што можеш,а не е една…
    Улоги разни,најчесто споредни, поретко главни, и безброј маски и марионети
    премногу шминка,и косими туѓи,тесни,
    зборови празни и дилеми тешки
    „Да се биде или не?“,

    да се биде галеб ,да се лета ли в место,
    или да се пропадне во црна дупка,
    да се продаде ли вишновата градина,
    да му се верува на Дон Жуан,
    да се чека ли Годо, или да се замине?
    Животот е ТЕАТАР, јас предолго глумам,
    поклон пред вас публико драга,
    аплауз,аплауз, молам…"
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ако врне лелеее како доврна бре :!: ако е топло време аман не се дише :!:

    никаква со лугево..
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку ми текна дека заборавив да пишам дека едната од курсистките со која бев во група Италијански, ми позајми една книга-патот кон успехот-4 книги се, па деновиве ке почнам да ја читам
    инаку да, тестот заврши, и го проверувавме сите заедно, а наставникот ни помагаше, ама се нешто околу мене се плеткаше, и кога проверувавме исто срце ти па ти па ти-што му стана на човеков :^) следниот Петок сите заедно на пица да прославиме
    а нешто што ме запрепасти-женава со книгава има 56 години и е немажена, и отишла во игротека-незнам што барала таму, и сопственикот и рекол АКО МИ ДАДЕШ , ке те вработам :fubar: што сме бе ние, сексуално загрозена нација :| иако искрено мене не ме чуди ваквото однесување воопшто :shake:
    понекогаш дури и се прашувам како не ми е страв сама да се движам-преку ден и навечер, ама храбра сум јас 8) -и една докторка од медитација што ја познавам и таа е ко мене само што таа шета преку ден не и навечер
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    ^Срцекршачке јас мислам дека ти имаш доволно материјал од твојот бурен живот да напишеш книга. Вакви работи секојдневно на секој не се случуваат.
     
    На bittersweet, Aleks96, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    СДК дека сум изморенааааааааа :( Два дена не сум спана салам,вчера од земјотресот што ме разбуди во 5 и 45,а денес од брчењето на машината за сечење на дрвата кои што се еден тон :( Ама јас демек да не седам така па и да набијам некој мускул :muscle: кревав и јас дрва,односно ги ставав во количка,па и тоа е помагање де :lol:.А,сега е премногу жешко,па одмарам тро ама поручек пак ме чека потење:sweat: :whew: и билдање :muscle: :muscle: па ај барем не мора да вежбам денес, тоа е олеснување :lol: :clap:
     
    На srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Секогаш сме полни со желби, со барања, од кои некои се едноставни, други пак сложени, и кога се исполнуваат желбите и остваруваат барањата, произлегуваат нови барања, и повторно, и повторно се така се врти во круг, или пак можеби расте ненаситноста......И тревата, и растенијата бараат вода која им е неопходна за да преживеат, ама некогаш немаат избор, зошто освен што немаат уста да кажат тие се немоќни и неподвижни. А ние само бараме, пребаруваме, и пак не сфаќаме дека некои работи по кои копнееме не ни се неопходни во животот. Животот е премногу краток кога на крај ќе си го поставиме прашањето: Зошто сме живееле? - Сме живееле за сегашноста или за ништо. Тој е одговорот. А што ни било најпотребно за да поживееме? Здравје се разбира. :)
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    СДК дека сите што уживате во топлово време, ако може да ги споделите тајните со мене, зш еве, јас, очигледно, не знам да уживам. :^)

    Не знам да уживам додека ако забрзам во одењето, капки пот почнуваат да ми се цедат.
    Не уживам да не можам асално да се нашминкам, дека морам пешки да одам или евентуално со автобус а не со климатизирана лимузина, па таму така убаво ќе ти се лизне шминката од очите.
    Ете, кај што одам морам да бидам пристојно облечена, значи долги панталони и поприбрана блуза, тамански како скафандерче за сало-губење, читај потење. Чувал Господ да облечеш некоја посветла боја, веднаш картата на светот ти испаѓа под мишките. Со сите континенти и островчиња.
    Па како одиш со скафандерчето, та'кмчето, така нозите ти се лепат по скопскиот асфалт, чекор, по чекор, по чекор... ПУФ! :devil:
    Косата ти се мрсииии, ти се лепи, и врзана, и пуштена, и секаква, не бре бате, никако не ја бива.
    Јаготка на шлагот, си идев со едно превозно средство, надалеку прочуено како воз, во кое никој не чул за вентилација а камоли клима. Еее, двапати годишно ќе се излажам да одам со него, и во тие двапати еднаш се разболев, еднаш се сварив.

    Мразам снег, ама мразам и пеколни горештини. Јас би најрадо да си биде како што беше пред недела-две, да си врне, да си биде ем топло преку ден, ама не како во Африка, а свежичко навечер.. Ако знаете каде на Земјината топка има такво место, плиз, контактирајте ме. :wasntme:
     
    На JuLleE, CharmedGirl, L-enna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Овој месец, нашето колаче ќе наполни 5 години.
    До пред 5 години, имав ужасна фобија од кучиња и толку многу се плашев да им се приближам. Како мала додека возев точаче ме бркаа затоа што имав најразлични ѕвонци на бемиксот и веројатно тогаш ми се створи голем страв од тие мили суштества.
    Пред 5 години, сосема случајно и непланирано, во нашето семејство дојде едно малечко, пуфкасто кутре старо еден месец. Ми беше страв и да го погалам, а тоа цело време цифкаше по мајка си. Стоплив млеко, го ставив во шишенце со цуцла и го ранев. Го избањавме, го исчешлавме и првата вечер спиеше со мене во кревет. Толку ми беше страв да не го смачкам, што око не затворив. А тоа, измрцварено од напорниот ден, спиеше цела ноќ.
    Никој не веруваше дека ќе продолжам да го чувам, со оглед на мојот голем страв од кучиња. Ама откако им ја сфатив филозофијата на овие суштества, и откако увидов дека тоа нивно трчање и рипкање околу мене им е знак дека сакаат да си играат, премногу ги засакав. Не знаев ништо во однос на чувањето куче, па истражував на интернет, се консултирав со ветеринари, луѓе кои со години чуваат миленичиња и научив толку многу работи.
    Нашето колаче ми донесе многу радост, смеа, но и загриженост кога си го повреди ноџето, кога беше болна, кога паѓаше во депресија откако ги подаривме нејзините мали кутриња, кога настина, кога беше нападната од поголеми кучиња...

    Да ме прашавте пред 5 години, ќе ви речев дека кучињата имаат само инстинкти. А сега тврдам дека имаат чувства! И не можам да ви опишам колку исполнето се чувствувам кога ќе видам како ми се радува. Кога одиме на семеен одмор, секогаш ја оставаме на роднините да ја чуваат, па тие мака мачат со неа затоа што одбива да јаде. Дури неколку пати им избегала, па сама си дошла дома. Моите помали братучеди како споулавени ја барале по цела населба, за на крајот да ја најдат кај нас дома, како си седи пред врата и чека некој од нас да и отвори.

    И јас ветив - ако здравје ја доживее мојата свадба, ќе си ја земам со мене.
    Затоа што јас не ја чувствувам како домашно милениче, туку како пријател.
     

    Прикачени фајлови:

    На antonina, BoaVista, Stoimenovska и 27 други им се допаѓа ова.
  19. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Се присекам на времето кога незнаев ништо за животот, навистина убави спомени.
    Секогаш се секавам на мојот дедо, кога бевме малечки не земаше секогаш со брат ми и сестра ми и не шеташе во Парк, поминувавме таму часови и часови.. трчавме, игравме , се лулавме на лулките.. што ли не правевме.. Иако мојот дедичко беше стар али ни пристанување, не чуваше како капка роса, секогаш ни раскажуваше разни приказни, беше паметен човек, интелигентен.
    Имаше и денови кога неможеше да оди толкав пат за да не шета, а ни пак 3, на кој да внимава... Со брат ми и сестра ми кога и да не сакаше го брлавеевме, тотално, му пеевме во наш стил,
    „стани дедо да прошеташ внучињата„
    „стани дедо да ги израдуваш внучињата „ и така очињата ни беа секогаш полни со сузи, па на крај пристанување. Убави времиња беа тоа, јас и тој често си правевме муабет, имаше денови кога бевме и двајцата бебиња, деца.. и двајца старци кои си прават муабет.
    Пијам кафе уште од многуууууууууу мала, па така заедно си правевме кафе и си пиефме, си думавме па на крај секој во своја соба да се одмори малку.
    Ми недостигаат тие времиња, дедо ми секогаш велеше, секоја епоха од животот има свои убавини. Можда је тако...

    Незнам дали сум себична или не, ама да можам би се вратила во тоа време , со мојот дедичко. Имавме и едно милениче, куче. Се шетавме и со него, ама тогаш веке бевме потпораснале малку...
    Заедно одевме на ветеринар, заедно го бањавме, заедно се.
    Многу го сакав, едино тој ме разбираше, едино со него се правеше асален муабет.
     
    На Aleks96 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако постои нешто што ме вади од такт тоа е кога луѓето со кои имаш некоја кавга или недоразбирање, наредниот ден се однесуваат како ништо да не било.
    Е па не може така!
    За да е уште полошо оваа проклета особина ја поседуваат и татко ми и дечко ми.
    Во рок од 2 саати вчера и едниот и другиот живци ми искинаа, абе човек да си помисли договорени дека се да ме пореметат.
    И ти ќе се нервираш цела ноќ, ќе се трескаш, ќе се замараш да не си рекла нешто што не требало или да не си ги повредила или да не си претерала, и денеска татко ми меченце вака така ова она како вчера да не беше хаос низ дома бре, а тој ми врти муабети како вчера да не сме ни зарчкале воопшто за ништо.
    Не можам бре не можам.
    Јас сакам да ја решам секоја работа, секое проблемче, се што ми смета, се што може да ме нервира, буквално се, да навлезам во сржта на проблемот и кавгата, да видиме што е причината за истата кавга, а не така како нив, било па поминало, било да, дека тие двајца тиквари не плачеа половина од ноќта вчера.
    Леле леле и леле.
    Господе дај ми само здравје и трпение, ништо друго не ми треба...

    И ми недостига брат ми премногу...
    ајде уште утре.
     
    На Aleks96, cinderella5, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.