Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ејј нова тема..мм?
    Не сум шкртнала ни едно постче..шејм он ми!
    нАли треба да биде нешто посебно? Да,бе ќе биде посебно...карма љуѓенца!

    Само да видите каков ми е видикот,да се обидам да ви доловам делче од него..
    Жолтата зграда,која ја поминувам секој ден брзајќи,без воздух,со надеж дека нема пак да висам пред влезот на школото..истата таа која и не ја забележувам, сега убава.Обвиткана со портокаловите лисја,кои ги има во голем број и под моите стапала.
    Да таа е сликата од прозорецот..до кој моментално ми е залепено носето.
    И ајде да почнеме со промени на ситни вкусни нешта..истата шолја овој пат со страшно добар мирис..не од ванила како оној претходно,туку во фино виолетово пакување со натпис од кој пече срцето..милка,познато ви е,нели?
    Е така си седам со мустаќи од пења,вкусна есенска напивка.

    Вторник.Велат дека е полош од првиот ден во неделата.Можеби,а можеби не.
    Не дека ми цветаат рози во денов,ама пак заљубена сум во животот околу мене.Секое кошенце од собава денес ми изгледа посебно испиративно.
    Боже,добро ми е?

    А,да карма!
    Ве читам феминки,велите дека се плашите од карма.
    Damn..незнам дали јас сум толку лоша личност,(знаете уморна сум чекајќи кармата да стигне некои идиоти) решив јас малку да замешам прсти..треба да се забрзи процесот. :wasntme:
    Ја вежбам веќе препознатливата иронична насмевка со оној неодлоив поглед--оops I did it Again!
    и секако вешто прегризени усни од кои многу лесно можете да прочитате--Who's Laughing Now?!
    - :evil:

    Е така!Додека ви пишувам тука невлегувам буквално во Coldplay - Paradise,и да ,риплеј едни 6 пати.
    љубим вас.. :hug: Уживајте ми во Вторников. :f:

    [​IMG]
     
    На Springy, Barbie-mwa, Annie.mk1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Веројатно не се лутам на другите зашто одам по она: „Никогаш не суди предвреме, мора да има причина за секоја постапка.“

    Некој ќе каже нешто, а јас после си тупам памет што сакал да каже со тоа, и се обидувам да не избрзам и да не се налутам. Милион вакви мали примери можам да набројам, ама си мислам дали вреди, повеќе да мислам на другите отколку на себе си? Моментално ми фучи главата, ми паѓа, ужасно многу ми се спие, ама ќе останам, само затоа што треба да довршам нешто, и не сакам да разочарам некого. Ако не ми се обрати во скоро време, мислам дека ќе биде стварно глупо, и ќе си залепам сама себеси шлаканица, зашто се обидувам да направам од ништо - нешто.

    Mи се разглабаат теории и слични теми, ама у моментов толку ми се спие, што не глеам ни што пишуем.
    At least, македонски си ја напишав подготовката.

    Сега, чекам.

    Жарче.
    Искриче.
    Надеж.
    Љубов.
    Мал дел посветеност.

    Се мислам, дали јас сум гладна за леб, или гладна за внимание и љубов?
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    сдк ептен ми е криво на една форумџика што и се дешава тоа што и се дешава а така е предобра.
    али јбг секад на сцена настапува непишаното правило дека само добрите го папаат на крај, и пробуваме утеха да најдеме у кармата али пиши пропало и понатака добрите ке си страдаат и како да се осудени да ги плаќаат маките на оние злобниците
    уффффф абе да ми е тој пред очи @@@@@@
     
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Стално се повредувам себе си сакајќи правда и ред да воспоставам,
    како не сватив дека во ова денешно време најголем просперитет имаат оние луѓе кои најмалце тоа го заслужуваат
    (фала богу има и исклучоци но на прст на жал се бројат )
    Грда вистина ,ете тоа
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Што да ви кажам. Дали да кажам или да си молчам. Или да се водам по она-Подобро молчи си и да мислат дека си глупав, отколку да отвориш уста и да ги отстраниш сите сомнежи. :wasntme:
    Нејсе. Пикам јас се диво и живо во машина и си ја пуштам онака лепо фино. После перам на раце и гледам ме прска нешто по нозеве, онака баш ме лади. Кога да се свртам што да видам, си тече машинава од вратичката. И ја исклучив. Арно ама, со сиот памет(кој памет?)ја отворив вратата. Знаете кој ефект го добив? Ефектот на пукање на водењак. Пљассссс!!! И? Да се правдам дека сум(речиси)плавуша или дека не сум спиела повеќе од 24 саати? Битно на него му реков дека од што толку добро ме растресол не сум знаела главата кај ми е. Па попливавме малку и така.
    :tmi: :wasntme:
     
    На Adi888 и Bright им се допаѓа ова.
  6. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    RainBow ме изнасмеа со машинава :rofl: Сличново ми се деси кога мртва ладна си ја отворив машината за садови да си земам чаша иако многу убаво слушанв дека работи :wasntme:

    Негоо јас сакав да си кажам дека неможам да дочекам кругов да се сврти... Не мо жам!!!
    Па добро бе толку да не размислува некој, толку да праи глупсот по глупост, божееее :@
    Чудно е како после 8 години сваќаш дека таа, најдобрата другарка што најубаво ја знаеше уствари не ја знаеш уопште :x
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    :|
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, KrystalTears, Ragazzina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    сакам да кажам дека сакам масажа! патем, rainbow и јас перев на раце некои блузички, една по една си ги бесев над када (на жица) и си продолжвам да си перам и кап кап кап по главата... добро е шо не изметив со косата по кадата :^) :lol: ама во споредба со твоето, моево е ништо :lol:
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Денешново мое филозофирање ќе биде на тема: благи патетики и воспев на мојот еден и единствен пес.

    Никогаш не сум го однела на изложба. Никогаш не би дозволила да го оценуваат. Никогаш не би го земала само да го покажувам на другите. Го сакам со цело мое срце и душа зошто знам дека таа љубов ми е стопати повеќе возвратена.

    Кој би рекол дека со 50 евра ќе купам љубов што ќе ми трае вечно, очиња што невино светкаат, мустаќ натопен во млекце, јазиче што се оближува и опавче што мафта? Одамна го немав доооолго прошетано, денес му се оддолжив. Му ги извадив ѕрцките од шетање, на крај сам ми рипна во раце домче да си одиме.

    Дишевме есен заедно. И куп запалени лисја у паркче, ама тоа е мање - више битно. :rofl:
     
    На Theodora, ines.h, MissSpark и 6 други им се допаѓа ова.
  10. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сдк дека ми се гади од романи кои изобилуваат со небулози дека може да биде се што се посакува.
    А,и од психолошки книги полни со техники за подобро живеење.
    Се тоа теоретски звучи прекрасно,но ајде де..на дело.

    http://www.youtube.com/watch?v=8UVNT4wvIGY

    Продолжувам да бидам во пмс и да се курчам и муртам,ама простено ми е..не се правеле брчки во пмс.
    Брчките им ги оставам на луѓето околу мене кои само кукаат,цепидлачат и ме замараат како животов спрема нив е неправден.
    Да,како не.
    Јас впивам сончеви зраци и љубов,пијам чајчиња со многу мед и се гушкам. Гајле ми е дали е вторник,среда,петок,недела.
    Зима бе,зима!
     
    На Phyramide, Divinebutterfly, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно, како може да кликнеш reply и да си ја испратиш кај тебе |(
    Ричи, цуро, дека паметот ти попушта не е ништо ново, но дека почна самата себеси да си пушташ пораки е тоа е веќе загрижувачки.
    А, ми е гајле бе, тоа е знак колку си се сакам и си се поштувам :emo:
    Гоу Ричи гоу 8) :party:

    И да, преку глава ми е што веќе и светов преку фејсбук почна да функционира активно (за рекламиве каде што и бабиве стискаат лајк не ни коментираам). Лајк, лајк, лајк, лајк, лајк, лајк, лајк, лајк, лајк, лајк.. да му се плукнам овој лајков по ценет стана од самиот Господ.
    Нај трагични се молбите на чет "Лајк плс". И тука на Фемина започна да преовладува таа еуфорија, па секоја чест на присутните кои единствена цел им е повеќе лајкови. Еве еден Лајк од мене :up:

    Ма колку сака нека е мрчаторски постов ич не ме интересира. Тоа го мислам-тоа го пишувам! Зз
     
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Преморена сум...ми се одразува и на здравје, немам сила веќе за ништо...
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас сум ФЕНОМЕН! :!: И во позитивната и во негативната смисла на зборот! Ете само тоа сакав да го кажам. :D
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК 2 немам намера да молам таканаречени пријатели да ми зборуваат.Од денес е секој слободен.Никој не заслужува да ми биде пријател.Секоја чест на исклучоците.Од утре ке се шетам во Милано а кој сака да ми збори нека ми збори.Јас немам намера да барам никој. :|
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ќе полудам! :@

    Распоредот за четврток:
    1. Македонски. Испрашување за се‘ што имаме учено до сега, а посебно за години (кој, кога, каде и која книга ја објавил). |(
    2. Историја. Испрашување на 3 лекции, една лекција 4 страни, милион години. |(
    3. Англиски писмена.
    4. Биологија. Испрашување на две теми, една лекција 4 страни. |(
    5. Физика. Госпожата пак ќе ни даде тест. На 6 лекции од кои половината не ги сфаќам. |(
    6. и 7. Техничко. Му се молам на Бога да не ни даде наставно ливче, зошто стварно ќе полудам! :devil:

    Денеска учев, утре пак ќе учам... Ама најверојатно четврток ќе имам температура. Или грлото ќе ме боли. Или нешто болна ќе сум. Исто како и две третини од мојата генерација. Која случајност, овој четврток ќе има опасна епидемија, школото полупразно ќе е. :emo:
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    СДК1 Се пресмеав на таа рекламата.. И клик канал, и клик канал, и клик канал. Ајде сега малце да сурфаме, и клик лајк, клик лајк. (Како и да беше). :D И второто на што се пресмеав беа „Прељубниците“, леле кома беше бабата. :D Иако не гледам, ама некогаш е доста интересно.
    СДК2 Ова беше, прв вторник, кадешто јас стигнав прва во школо, уште пред 13 часот, па чекав да ѕвони, за да ми го отклучат влезот. :fubar:
    СДК3 Денеска, во школо, другарка ми, со ногарката од столот, ми го згази прстот, што си го шинав од ногата. И почнав ко улава да скокам, среќа што беше празен час, па немаше професор. А еднаш така, сама си го седнав прстот, и ми се продупчи патиката. :o И со скината (патика) одев до дома. |(
    СДК4 Добро е, се стишија малце овоа испрашувањава, тестовиве, иако имам прилично можеби слаби оцени, ама ова веќе не се издржуваше, се мрднав. Ама за некое време, пак ќе почнат, ама што е тука е..
    СДК5 Јас отидов, да си легнам, утре порано да станам, да научам музичко, да падне и втората петка веќе.. х) И нормално, ноктите да си ги залепам, прееска два и пол саати што ги шарав. Ќе ги сликам, и за некој ден ќе ставам слики во темата. :angel: Поздрависимо. :hai:
    СДК6 Неам поим што ми текна на песнава, ама ај ќе ја турам тука. :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=6iNBI78qtxo
     
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Многу сум уморна луѓе!! Од 8 до сега пишував состави за писмена и се изморив веќе.Сега само сакам да си легнам и да си заспијам.Да ја одморам главата од се.Да се одморам од се.Толку ме заморува оваа школово,тоа е чудо :|

    Мамичка и татичко си ги сакам највеќе.Денес донесов дома пофалница што сум пишувала состав на тема "ако можам да го изменам крајот на книгата".И моите,секако,среќни и поносни ми изнакажаа еден куп убави и топли зборови,а мене ми дојде многу убаво на душичката.. :lol: 8)


    Многу сум уморна јас.Немам веќе што да ви кажам.
    Добра ноќ.Убаво одморете се,. за да не се жалите по форумов како мене...Уморни сме,ке сме одмориме..и утре ке сме како нови.Со нови сили,во нов ден. хххххх :lol:

    :*
     
  19. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Овие мисли мене ми се бајаги одамна у главава, али оваа вечер (кога око не ми склопува а утре ќе ролам очи кога ќе спишти алармот), запнале да се репродуцираат на blanco, па си викам ај нека им биде.
    Кој ја измисли бре еманципацијата на жената?
    И ај што ја измислија ја измислија, ама па зошто одма моравме да се залетаме да се правиме кариеристки, факултетлики, демек што ќе правам неучена, ќе се мажам и ќе чекам маж ми да ми даде 5 денари (ако сака нели де).
    Па ај си биднала факултетлика, па се удараш после на барање работа, па друга може подобра, па дообразување, унапредување, бла, бла, бла...
    Нервози, непроспиени ноќи, милион мисли и прашања во глава - дали ќе ја добијам работата, дали ќе ја задржам, како ќе се снајдам.
    И се само да се биде ИН. Можеле мажите, што па ние ќори и сакати да не сме?
    А што им фали бре на девојчињата што и не се баш така ИН, мислам што не се така заразени со ова сложениот збор на Е што почнуваше?
    Завршува средно, си бара маж (по могучност гастарбајтер), раѓа едно две-три деца и ужива.
    Втора варијанта ти е, ако веќе не даде Господ таква среќичка да е у странција, ти да го пратиш после свадбата. Ал ќе е шоферче, ал по Авганистан, натаму-наваму битно пара ќе се врти.
    Следното е исто. Раѓаш дете, го ставаш у колица, ставаш цвикера, идеш у шопинг со пријателките, после на ручек, па на кафе, се стемнува, легнуваш и утре отприлика пак истото.
    Брцаш картица пари си има, мажот го гледаш еднаш во 2-3 месеци, никооој тапан главата да ти ја прави секој ден. Та гладен бил, та не бил испеглан...ма какви бре. Нека си ја тера работата таму, ако не бил способен да печали, да не се женел :D .
    Ееех, сега кога ќе размислам, што ќе ми фалело? Ум во главата ми фалело, на време да си ја направам математиката и убавини да си терам :wasntme:
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Не ми се јасни некои постови. Поточно не ми е јасно како ги пишуваат и што им значат :^)
    Еве ќе се потрудам со пример: Користам крем за лице од Нивеа :rofl: :rofl: :rofl:
    Не ми е јасно зошто се смајлињата на крај? Што има смешно тука? :^)
    Или: Кафе пијам два пати во денот :rofl:
    Или: Може ли некој да ми каже каде има високи чизми? :rofl: :rofl:

    Ова најчесто го прават понови членови, и најчесто цел пост им е само од таа една реченица. А што е смешното уште не знам :D
     
    На kate21, crazylady, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.