Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ^ Ах бре Мендо, вие биковите сте чудни створови, :D многу сте пицајзли, се скаравме, сега да кажеш извини и зошто се извинуваш и вети ми дека другпат нема да го повториш тоа.
    Ама ти како да не го мислиш ова искрено?

    :^)
    Ааааа, не бива, уште сме лути.

    :D
    Смешки сте, живеам со една дома, фали само уште транспаренти и парада со балони да и организираме кога ни се лути. :lol:
    Немој да се замараш, ако така очекуваш за секоја кавга длабока анализа и дискусија, животот во чекање и плачки ќе помине.
    Уживај, свари им по едно кафе, насмеј им се, ;) намигни им, ајде на здравје Скопје. :lol:
    И другпат немој да плачеш и да се косиш половина ноќ, па никој не е дотолку вреден.
    :)
     
    На srcekrsacka, teddybear и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Леле ме потцети вчера со друштво се смеевме , во кафич седат дечко и девојка за време на натпреварот Русија-Чешка и ситуацијата е девојкава едно добри 5-40 минути му збори му збори се и сешто на дечкото , а дечкото буљи и буљи во екранот и не мрдна со главата цела утакмица
    :lol: :lol: :lol:

    *Или пак другар и вика на девојката , учам јас срце за испит а дреме со нас и гледа фудбал :D


    Euro Football makes woman jelaous :rofl: , се шалам во право си ова сепак се посебни моменти кој се случуваат секои 2 години и треба да се ужива во нив ....


    Затвори ги очите

    Длабоко во мислите пронајди еден убав базен ....
    Вода млака исполнета со зеленкасто-плава боја...
    Од страните зелена трева скоро ишишана ...
    Од една страна коктел кој очекува да освои твоето тело за момент и да те впушти во летните авантури
    Згоден дечко(во твој случај) од друга страна кој ќе ти ги исполни сите желби и фантазии

    Малце подалеку од базенот , плажа ...полна со луге , полна со забава , полна со жешки и пожешки мажјаци ( во твој случај) спремни да те дочекаат и освојат .....
    Морските бранови спремни да те заплашат и гаките да ти ги соблечат

    На сето тоа еден голем сладолед спремен да слатко ги уништи твоите забчиња ....

    Ах лето ....

    Отвори ги очите....


    TIME TO STUDY :!: :!: :!: :!:
     
    На rossonerka, CIA, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Шта је бре мишеви, шта сте се усрали?!
    Баравте сонце за да облечете фустанчиња и да шеткате низ Скопјево, еве ви го... Ама некако наместо шетање седите дома и се жалите :D
    Колку тажни и срцепарателни глупости се изначитав на фејсбук за сонцево...
    Тражилистегледајте.
    Problem?
    [​IMG]

    Туку, фората е што не дојдов во темава да го пишам тоа туку да се пофалам..
    Со мачорот конечно ги решивме сите проблеми. Во петок ќе си славиме две години.
    Само кога ќе се навратам низ нив, ми изгледаат како цела вечност. Толку кавги, смеа, шетање, глупирање, љубов, хејтање.. Двајцата дечурлаана, учиме еден од друг, созреваме, заедно растеме.
    Ех.. :inlove:
     
    На mims-89, EleMental, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк многу е топло и ме мрзи се , да се бањам , депилирам , лакирам џабе зборам кога сето тоа морам да го направам , се чувствувам изморено а ништо не сум направила . ОЧАЈ!
     
  5. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    СДК.. додека беше ладно баравме топло, сега топло неможе да се живее, бараме ладно..

    Од што е премногу топло.. ме мрзи да се бањам.. исто како spell, над мене!
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Ма нека врие бре. Не значи дека не можам да бидам продуктивна.
    Море сум можела и тоа како.
    Конечно се решив да полагам за возачка. После точак ќе си возам, ама ако, барем сум откачила гајле. Потребно е бре, треба овие рефлекси да се покажат на дело. Демек рефлекси.
    Во фамилија имаме смешна „традиција“ со првите автомобили.
    Дедо ми кога прв пат купил кола на времето, бил фаца у граду, оти тогаш ретки биле, не ко сега по три коли во двор, а се жалат немале за леб. Јади гумите ебаго. |(
    И така дедец си отишол во село да се пофали на тамошните роднини, ама оти колата од оние постари, со пластика правени, му ја нападнале свињи и му ја изгрицкале. Грев бре!
    Тетин ми пак си имал тако звани Спачек во дреч зелена боја, за нели, да е поприметлив за џемцките, и се шепурел младич низ града Охрида, ама оти Охридон ет стрмно место, а тој, млад муто, се паркирал на удолница, не кренал рачна и отишла колата, пољубила дрво.
    Е сега мене ми е редот да продолжам традиција. Ветувам дека ќе е humiliating. :D

    Се пријавив и ко волонтер за летни курсеви за странски јазици. Ми дадоа да си бирам група која би ја подучувала доколку ме примат, и си ги избрав најмалите. Сонциња бе, и по 5-6 годишни душички има. Тоа едвај Македонски неколку букви знае и се мачи, тие го донеле и други јазици да учи. Од мали нозе ги влечат тука, ама со каков жар, интерес и мили очиња пратат се’, абе да се стопи човек.
    Дефинитивно би можела цел живот да бидам со такви. Сакам! Сакам! Сакам! :sun:
    Сега ќе си мавнам една салата со сиренце и секој можен зеленчук што ќе го најдам дома, па една бања за освежење. Абе шта да ти причам.
    Човек само треба да го мрдне газот. После, тој сам си мрда во ритамот на животот.
     
    На mims-89, srcekrsacka, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК јас се вратив :D Скопјето ви е пеколно! :sweat: А и лудници е... Ама преубаво си поминав : ) Свадбата на брачеда ми преубава,малечка но убава,и јас таква сакам! Брачеда ми блескаше,срцка таа,многу си ја сакам!СЕ изнаигравме,се видовме со сите роднини,се сликавме,убава торта имаше,се тип топ! Дури се видов и со дечко ми :inlove: ЌЕ одам Ск и нема да се видиме,е да бе :D Им викам на моите,ќе прошетам јас малце :D Ќе дојдам за 40-тина мин. И го изнагушкав! Иако е жешко : D Љубави :D Хахах дури и го усрамив,со татко ми да се поздрави :) Абе ќе ги решам сите :D Пресреќна бев! Мило ми е што се се средува,се ќе биди во ред : ) Сега и со факултетот ќе средам : ) Ете,bateries full,I'm loaded : D Накратко,тоа беше.Со сестра ми се шминкавме,и правев фризура,се беше супер.

    П.С. Погодете кој го фати бидермаерот? :D
     
    На Aleks96, Libera, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК кога човек има работа, нема време да се замара со работи кои се небитни, пример: кој, како и зошто кажал.Апсолутно не битни и не вредни за човек да се замара со истите, тоа е всушност само губење време, а и непродуктивно, ништо друго.Човек што не се познава доволно себе си, ги критикува другите, а човек што се познава доволно добро себе си, нити ги критикува, а нити има потреба од нивната критика. А критика се знае каква.
    Што фајде би имал човек ако се направи попаметен од другите? Зарем очекува орден да му дадат? :^) Мислам со намера да се направи паметен.А зарем не очекува дека може да се најде некој попаметен од него? Ако се прави нешто што е со сила, значи не е ништо всушност од тоа што се прави.Ако човек има нешто навистина, нема потреба што да крие.А чим крие, тогаш има причина зошто крие.
    Едноставен е животот, само премногу го правиме сложен.
     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Како што си претпоставував.
    Нов живот-ќе започнам.
    Нов дом.
    Ново место.
    Ќе ја свртам страницата и ќе почнам да пишувам на една сосема празна и бела страна.Ќе ги заборавам и ќе ги избришам лошите спомени.
    Ма не,подобро ќе биде да почнам се одново во нова книга,која нема врска со стариот живот. И да,ветувам дека новата книга ќе биде испишана со безброј прекрасни моменти.
    Љубов до сите,еве ви една блага насмевка. :)
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Шарена сабота, шопска и ракчиња. Каетано Велосо, денс мрзлив и гушкања под клима. Го сакам. Бевме заедно на пазар, купивме тоа што ни требаше и се радувавме ко мали деца дека го привршуваме денот полни енергија.
    Јас си купив шешир со огромна настрешница, црн со Софија Лорен атитуд. Вечер театар, хаљина боје лила, среќа под прсти се допира.
    Надвор, се топи асфалт, испаруваат лица и пудри. Со Анушка договоривме фотосесија наредна недела, да олабави малку временцево. Викендот, Охрид и шлапкање газиња по вода. Друштвово вчера, во кикирики и фудбал муд беше. Музиче и Менада. Се поздравив со Иван, оди за Грција деновиве, му посакав да бере ум и маслинки и да се врати црн ко ќофте изгорено!
    Пратив автобиографија и неколку поеми на конкурсот, а со Андреа договоривме состанок со менаџерката од Култура, да видиме што ќе речат. Премногу ми е топло да мислам што, како.

    Важно ми е да сум здрава и среќна со деновиве што ми везат случувања.
    Имајте врела ноќ и бидете свежи.
    Гушкам.
    :*
     
    На mims-89, srcekrsacka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК се осеќам како птица, слободна... Без обврски, мозокот го пуштам во лер и сум ќефој бидејќи овај прв ден од распустот веќе долго го очекував :wasntme:
    Имајте убо лето феминки, исполнето со незаборавни моменти и доживувања. Знам можи досадвам, ама среќна си сум денес многу :rofl:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сериозно мислам дека некои луѓе никогаш не го надминуваат разочарувањето што не биле фраери или шмизли во средно, па им се влече цел живот оваа себеНЕреализираност, во облик на потреба постојано да импресионираат некого на било кој, а тоа е пречесто лош начин...

    Се изнасмеав со извесен коментар како сум била фина и културна, ама без ексцентрични ставови :D ...
    Мојата мисија на земјава не ќе да е да импресионирам никого, ни била, ни ќе биде, така да, џабе некој мисли дека ексцентричноста е ин, а и не знам кој би бил пожелниот степен на поседување на истата :^) ?! Да променам име во некое што го нема никоја друга во Земјава или и републикава е доволна, да ја поддржувам теоријата на Ајк како сите светски лидери се претвараат во рептили, да одам да живеам во Данска во анархистичките комуни, да тргнам без пари да го обиколувам светот, како тој Германецот од пред некое време, да изградам мала лабораторија за производство на нови синтетички наркотици, кои ги претвараат луѓето во канибали, што ли?!

    Луѓе, канализирајте го вишокот фрустрации од тин и адолесцентскиот период со време и балансирајте низ светов со стабилизирани ставови на возраст кога тоа од вас се очекува, за ваше добро и добро на вашите блиски... Сериозно :!: ...
     
    На Shelea, mims-89, Aleks96 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакав да ја кажам вистинава, ама еве ја имало и сликовито. :) Да не не'така?
    [​IMG]
     
    На Aleks96, srcekrsacka, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Сакам да кажам држи вода сликата и за мене се тоа си беше така се додека не забегав од патот и сега не знам кој со кого владее.... така ми почна денот - така и ќе ми заврши веројатно... беше тоа once upon a time кога Дарја владееше ама и избегаа конците од рака |( :(
     
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Некои луѓе никако да сватат дека работите во животот не се поистоветуваат со американските, турските или шпански филмчиња... :!:
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Оваа е спонзоруша, онаа трча по пари, таа гледала кој каква кола вози... ЗОШТО само за жените се збори ова?

    Денес имаш еден куп машки што трчаат по пари, гледаат од каква фамилија е девојката, на што функција е татко и, што работи мајка и. Па уште и јаки се прават, велат Јас со к**от, леб вадам. Значи на нас некој ако ни плати пијачка ние сме Спонзоруши, а тие на наш џеб што живеат се јаки к*рајбери. Моооре мрш :@ :@ Итно најитно да се воведе во македонскиот јазик збор СПОНЗОРУШ :D
     
    На Aleks96, chocolate.chick и sadangel им се допаѓа ова.
  17. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Го знаеш чувството кога ќе свариш макарони колку што ти се јаде? Ни јас. :?:
     
  18. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК дека ова жешково време денеска ме уби ВО ПОИМ!
    А јас пак упорна да ослабам пола ден го поминав на орбитрејков врти ли врти ххаха :lol: -да се надевам ќе се исплати! :D
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.402
    Да бев постојано под дејство на 3 кригли пиво,животов ќе беше далеку,далеку полесен у секоја смисла.:D ( и не мислам на таа смисла ко што повеќето ќе помислат! ;) )


    П.С. Освен ако не сте во соба со оптимална температура,немојте на ова лудо време да ви оди на ум да вежбате орбитреци или не знам што по дома. Чекајте да залади! :!:
     
    На MandyLane и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    А што е смртта? Таа е точка на крајот од некоја реченица, ако претходно претпоставиме дека таа реченица била нашиот живот... :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.