Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека се случува повторно!
    Зошто секогаш кога му требам сум тука за него, а кога ми е најмногу потребен - тогаш е со некоја друга. Морам да сум малце потфатена за да се искажам и ќе си кажам се што ми лежи на душа.
    Прво ми пушта водичка, а потоа го гледам со друга. Ненормални сигнали ми дава, ми пишува, ми ѕвони, одиме цел пат за рака, сами за на крај да го видам како се лапа со некоја трета - не можам едноставно. Ми се плаче како пишувам, никогаш не ми било вака, ама баш никогаш. Јас ко што сум мутава нон стоп по кејф му идам, што и да ми каже...
    Зошто толку сум затрескана? :( :( :(
    Нешто како реторичко прашање, невермајн, не ни очекувам одговор. Колку што ме нервира - паралелно толку и го сакам, во тоа е одговорот. Сакав вчера да му кажам, ама ќе излезеше дека ја користам ситуацијата зошто е пијан, али кај е сега? Мочко.
    http://www.youtube.com/watch?v=QF08BPb5wqY
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    583
    Пол:
    Женски
    Тажно е ...
    Кога поминуваш покрај некого... како тој никогаш да не бил дел од твојот живот... и знаеш дека некогаш со него си поминувал саати зборувајќи, а сега неможеш ни да го погледнеш...
    Не разбирам како... можеш да се смееш цел ден, а да заспиваш со солзи во очите...
    Како сликите никогаш не се менуваат, а луѓето во нив, ДА.
    Како можеме да сакаме толку невино, и како тоа може да се претвори во мразење толку брзо...
    Како најдобриот пријател може да биде и твој најголем непријател и како твојот најголем непријател да биде твој најдобар пријател...
    Како ЗАСЕКОГАШ се претвора во само неколку кратки месеци, за кои се би дал да се вратат...
    Како можеме да пуштиме некого, за кого некогаш сме рекле дека неможеме да живееме без него...

    Како луѓето кои посакувале да го поминат целиот живот со тебе, сега мислат дека и неколку минути се доволни...

    Како луѓето можат да ве избришат од својот живот само затоа што тоа е поедноставно отколку да се обидат да ги поправат работите!!!!!
     
    На starfish и Idonea им се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Денес освен што цел ден сум гладна и јадам друго незнам да правев. :D
    Ааа и за прв пат годинава пробав лубеница. :)
    Го сакам мирисот на лубеница...
    [​IMG]
     
    На Anna-Banana и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    И уште сакам да кажам...

    Не знам зошто, ама додека сите сакаат да поминат поубаво во животот, мене ме привлекуваат луѓе со тешки животни приказни.
    Ако веќе правам споредба, би заменила едно можеби не толку разгалено синче, кое чека мама да му сервира во чинијата, со некој кој знае како е да се нема родителска љубов. Некој на кој му кажуваат дека немаат пари за да го прослави роденденот. Живее во караници, најголема желба му е мирот и се задоволува само со тоа неговите да се добри. Да не мора татко му да работи во друг град, за да се избегнуваат конфликти. Да има девојка на која ќе и пружи се`, а за возврат таа ќе го изневерува.
    Можеби зашто овој вториов нема да се кара за ситници, зашто видел и пострашни работи во животот. И кога конечно ќе почувствува малку љубов и внимание, не би ги изгубил за ништо на свет. Се задоволува и со малку. За таков би била спремна да создадам хармоничен дом, да создадеме семејство полно со љубов и да му го пружам сето она што му недостига.

    Изгледа сум толку очајна што сакам некој вистински да ме цени и да има потреба од мене. Или па предизвиците повеќе ме привлекуваат. Ме тестираат, ме обликуваат...

    Од пријателски аспект, кога моите блиски имаат некој сличен проблем, посакувам да ги донесам дома и да им речам- "Повелете, моите родители се и ваши. Подобри нема да добиете. И да немаат денар, нема да ве одбијат за било каков каприц." Посакувам да ја почувствуваат таа љубов, да живеат во дом без викање, да се навикнат на нивните саркастични шеги, кои во никој случај не се со лоша намера. Ген е. :D Да можат да доведат кого сакаат и кога сакаат. Да видат што е брак без посесивност, љубомора, давање отчети... Од нив да се бара само учење и одговорност, а за возврат ќе добијат ако треба и два одмори на море. Со жива заинтересираност ќе ве чекаат да им кажете како ви поминал денот.

    Не, не ми беше целта да се пофалам какви родители имам. Само ми е жал што не можам да им ги "позајмам" на други и што немале сите среќно детство како мене. И затоа трагам по некој што немал можност да го доживее сето ова, зашто знам дека имам толку многу да му дадам. А на овој мојов.... па премногу е самоуверен и горделив за да признае дека му треба нешто. А јас... само сакам на некој да му бидам пријател и партнер во исто време. Да започне со стекнување доверба, отворање, да се чувствувам значајна што ја споделил со мене несреќната приказна и да се развие во нешто убаво.

    Или многу копам по минатото, или сакам комплицирани работи, или тресам глупости. А можно е и трите заедно.
     
    На Theodora, teddybear, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Полна чинија макарони со сирење, ретро музиче од памтивек, кафе мубает со мили луѓе и многу, многу гушкање со внука ми. Цел ден со нозе во вис, конечно што би се рекло јагнињата ќе стивант. Ух, лакше се дише со помалце обрвски.
    Туку се поретко имам вакви денови и добро е што е така, боље исполнет ден до даска, него цел ден безделничење дома, без никава работа, кукање и од се незадоволни. Скраја и аман од такви луѓе.
     
  6. Wooden

    Wooden Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    38
    Сакам да кажам дека сум родена за пакос на направам :D
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Е богами, и кај мене пмс-от се поврза со хороскопскиот знак девица. :wasntme:
    6 фиоки со книги, сум пречистила. Ма уште крокодили да искочеа од нив. Што се не најдов..
    Детска пошта, состави од 4 одделение, тетрис, чипичан, книга за забавачиња, автограми, 2 штекери, календари од 2009, лексикони, касета од нинтендо, абре се. :wasntme:
    И на крај, повторно се набутав. Ова за ова да не притреба, ова за ова..
    [​IMG]
    Ете помина и првиот ден од распустот. Па фино било вака распусташки да се ужива. :wasntme:
     
    На Ann.94 и starfish им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    За прв пат после толку време си ја приметив локацијава на профил.
    Стоела без да и’ придавам важност, а кога ја погледнав, сфатив колку само ме опишува таа песна.
    Нема ниту еден збор, а зборува, мајката. Чиниш толкава уста отворила и ми го издава секој чекор.
    Од мирни, досадни периоди, до бури, искачувања и падови. Чиниш го собрала секој мирис на секое ќоше од секое место кај што сум била, и сега, со секоја нота испушта по една воздишка.
    Во овие ситни саати, гитарана ми изусти многу повеќе одошто човечко суштество би можело за цел живот. Не вртете очи, не зборам со гитари. :D
    Туку...
    Не сакам кога ми ги користат слабостите.
    Тешка сум на тие работи. Ако отворено сум ја покажала слабоста, значи дека верувам и ја ценам личноста бре. Не очекувам ништо за возврат, ама немојте молим ве да го користите тоа за свои цели.
    Ме чукна денеска. Уз рандом муабет со другаркава, која веројатно сакаше да постигне нешто со кажаното, јас всушност се изанализирав себеси. И ми се разбуди сета самосвест.
    Па јас бре себеси воопшто не се ценам. Ми иде да си плукнам во одразот во огледало.
    Сум спаднала на толку ниско ниво.
    Комплетно би прошла ко јавен клозет: непожелна, заземам безвезе место и се сеќаваат на мене само кога се има потреба некаде да се остави какачката. Баба Сера. :D
    Морам да се навратам назад, за да сфатам од која точка во животов сум тргнала во погрешна насока, а еднаш штом откријам, за час ќе свртам за 360 степени па ќе биде „Леле мајко.“
    Ако сум направила добро, не сум глупа да го повторувам пак ако видам дека само ме користат.
    Море, ко закана во Шпанско-Турско-Индиска серија сум.

    One sentence: Наскоро ќе е потребен еден декодер од иднината.
    Ќе добие реченицава смисла со тек на време.
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас отидов. :hai:
     
    На Adi888, kate21, K.e.ll.y и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    За вас незнам ама јас денес сум си на свадба :) Чао, пријатно одам на фризер и на шминкање :hai:
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.270
    Распуст а јас во 8 ипол станав. Ама добро не ми се спие, рано си легнав. Додуша уште не ми се верува дека е распуст бе. Има време натака ќе спијам повеќе, барем така планирам де.
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека многу се каам за тоа што сум зборела вчера и кај кој сум ѕвонела, ама поминало...
    Инаку најверојатно ќе треба да вежбам кардио со гипс. Зошто само мене вакви ср*ња ми се случуваат?
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Па недела е :)
     
    На Gordana10, Anna-Banana и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  14. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Сдк дека едвај го дочекав летниов распуст,ова лето не мислам многу да скапувам прет компјутер и да денгубам,туку ке ја развијам мојата креативност..Ке се обидам сама да направам накит и да „реновирам" некое блузиче. :) Исто така ке пробам да организирам некоја забава слично на пижама парти.. :) Повеќе дружење со пријателките и така тоа :lol: :lol:
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Луѓе на кои се’ им пречи - фатете воз за Сибир и олабавете.

    Мислам, ајде бе.

    Вчера на Медеа поминавме сјајно. Мрачна, полна автодеструкција и полна живот претстава. Личен печат остави актерката, на многу високо ниво. Обожавам кога ми прави неудобност уметноста. Она, кога сакаш да си побегнеш, а нема каде и како. Костец кој значи љубов кон едноставните, чисти нешта.
    Во Дамар, љубовна прикаска. Мачорот и се пушта на Дивна, оваа бега и му праи фори. Бештија. Најубави бебиња имаат. Сакам таква љубов. Да се породам у диџеј пултот. Да пеам заедно со калдрмата. Си се фурам де. Ама важно ми е забавно. Коцки лед и лимон, спас! Потоа, кај водолијата на пиво у дворче. Мешколење по трева и мирни сијалици. Бебињата навечер стивнуваат. Виртуелниве мрежи се како канализација низ која течат фрустрации, неебитис, оставени парови/во процес на смирување, еготрипераи, безвезни ликови и сето тоа мене ми е инспирација како НЕ треба да се замарам со внатрешните нивни инфраструктури. Башка што сето тоа отмено е лажирање. И потреба за внимание. Го добивам, го добијаш. Крај на причата.
    Има нешто во Скопје во ваквиве горештини. Строга душа. Мирис на липи и ЕКВ во воздухот. Пар години за нас, мед во очи и усни. Претопло е за на точак, преглупо е да се потам. Ама може да се потиме, зар не.
    И да не вртиме кругови као киша око Крагујевца, него да си кажеме директно што ни е. Нам, и на градов. Пошто Баскерфест е равен на нула со кец. Ретко некој да пушти денар во тие шапките. Саде раја и никаде смисла за уметност и вредност. Ама што друго може да се очекува?
    Дожд од аплаузи, секако.
    Мртви погледи за живи соништа.
    И така до бескрај.

    Не би си отишла, никогаш, колку и да е одвратно, овдешно е. И мириса онака како што сакам јас.
    На Нас.
    И да. Не слабеам бе. Не сакам и не можам. Ме мрзи! Облина је врлина и точка.
    8)
     
    На blond, Cynthia и pamelche им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ме обзема тоа чувството дека е недела, и се ми е прекрасно.
    Отчукувањето на часовниците не постои, тежината во воздухот е пријатна, една нежна згруткана милина на срцето тежнее и ме вика сосема да се препуштам на денов. Така и ќе направам. :wasntme:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    СДК дека се чувствувам прекрасно.Само тоа. :)
    И да,почнав да се подготвувам за на одмор :angel:
    Едвај чекам да заминам,и да се одморам барем за 12 дена !
     
  18. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    СДК дека ми е многу убаво на распуст и дека одвај чекам да отидам на одмор и незнам дали сум се поправила. :D :D
     
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Вчера бев кај братучед ми на матурска,и таму собрани пола од моите симпатии,си исплакнав очи :lol: .
    Најважно таму беше другар му.Ме седна,ми рече јас и ти муабет треба да правиме за М.Уште веднаш знаев што е работата,дека и он иако му е другар ќе ме советува да стојам што подалеку од него,ми рече ако, ти можеш да се интересираш за постари,само немој да се затрескуваш,многу се заебани машките,ќе те повредат.Добар пола саат правевме муабет за тоа,дека машките прво ќе ти ги симнат ѕвездите,но всушност на крај ќе те удрат со месечината по глава.
    Ми рече,они на почетокот ќе ти тераат романтики,ама запамти дека тоа ќе биде само на почетокот,за да те освојат,после тоа многу ќе се сменат,дури ќе се зачудиш кај заминал дечкото што си го запознала.
    И знам,знам дека е вистина секој збор што ми го кажа,ми рече те советувам како сестра,можеш да се плеткаш со постари,ама не се затрескувај,ќе те заебат!
    И знам дека пола од муабетот кога ми го зборуваше,мислеше на тоа да не се затрескувам во М,дека ќе се зафркнам многу,всушност тоа сите ми го баеа уште од зимото,али јас твдоглава,не ги послушав,па сеа...абе ајде,има и други мужи,не сум јас толку затрескана во него :D

    И другар му,овој со што го правев цел муабет,па и он е убав бе и него си го свиѓам уште од минатата година,плус водолија е бе,ама има женска и плус се другари така да ништо :D
    Ајде ќе се задоволам што вчера се фанавме за рака,мх мх,тие 5 секунди,најубави од цела вечер ми беа мислам,иако вчера после 2 недели се видов со М,сепак овоа другово повеќе ми се бендиса :tmi: :D
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека у изминативе девет месеци живеев за недела во која ќе станам и нема да ми ја тупат главата цел ден да учам и навечер да ме фаќа паника зошто треба да станам рано, а немам ништо научено. :D Ми иде да легнам на земја со превртен, модар и отечен глужд, да се тркалам и да се смеам од радост што не сум у школо. Фааааааааааааааааааааак јууууууууууууу професоре по математика, нема ни јуни, нема ни август! :rock: :rock: :rock:
     
    На Elennaa, sweet-cherry, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.