Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Грешка си! Последното дете треба да касне за да престане.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Марамке...абе...поим немам како може да се побиваме за ваква небитна ствар,ама веројатно верувањето потекнува од различни краишта на земјава,па различно е. Во Источна Македонија така е верувањето,а и скопскиот регион, искачам надвор го гледам комшијата со шлем за на точак собира нешто од дворот,а гол цел,а и сите првородени лапаат град ко да се бонбони,еве и родниниве до мене,ми се дерат,јади,касни,комшиката ми вика Лилит прва си,касни,мојов грло го боли... :D Мене исто ми се фаќа,јал прво,јал последно и прва и последна сум,па каснав.

    Ненормално времиште. Не можат ли некоја ракета овие токмациве наши да пуштат да ги разбијат облациве,зошто и стакла почна да крши и ролетни,а за земјоделциве искрено многу ми е жал...многу!
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Заборавив да си употребам смајлиња :D се затрчавме со сестра ми да каснеме :lol:
    Се шегувам, да најверојатно до краиштата е.


    Него мене денов ми е ама многу убав. Легачам цел ден, сестра ми чисти, мајка ми убаво ручече мх, мх
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК Дека Среќата не ја чинат победите... и трофеите собираат прашина...и аплаузите брзо стивнуваат...Среќата ја чинат луѓето кои влегле во нашите животи и собрале храброст да останат тука :)
     
    На Divinebutterfly, AnaKarenina, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Дали овојпат упорноста ќе се исплати? Искрено, преку глава ми дојде да ги слушам само желбите на другите... Овојпат ќе го направам тоа што ЈАС го сакам, тоа што мене ме прави среќна. Не ми е проблем да се прилагодам на барањата на другите, ама треба барем еднаш да постапам така како што е најдобро за мене. Па и да згрешам, ќе знам дека точно тоа сум го сакала во тој момент, и ќе нема каење. :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Смешно е колку се лоши копиите,кога доволно го познаваш оргиналот.Стварно толку многу,што ми создава и нервоза,па да плеснам в лице..али не вреди да си негативец во нечија приказна,зошто секој има право на своја.А жално ми ме кога слушам кај што мрчат и се жалат од обврски зошто му се плашат на времево.
    Трошење зборови залудно,ама луѓево се страшно..алармантно се ограничени.
    А мојава приказна,од секој аспект е полна со љубов па спремна секој ден да е темен.Има денови..на кои не сакам да заборавам никогаш.Овенаа неговите 19 ружи без да знаат колку значат не материјално,туку доказ..за денови,за исполнување желби и соништа и делење насмевки и љубов.Не е исто кога се имаме за да плачеме,да се смееме,да пиеме..за век и векови.И било каде..било кога ќе сакам пак да го видам него.Не друг,туку него.
    Интересно е кога не е се лигавење,туки имаш и пријатели кои ќе ти украдат од денот..за цигаре,за муабет,било шо.Ама тапа е кога ти маваат рецки..јас ти се јавив два пати,а ти еднаш.Ете ги,пак ограничени..замараат,место да уживаат во животов,таков каков шо е.
    Денес по дома..се мајтапам со татко ми дека е папучар.Малку со него,малку со мајка ми..и смешни сме,зошто тие се интересен спој..а јас нивно дело уште незрела се гледам само со еден во таков спој.Лудости.
    И така..ми влетуваат на чет другарчиња,па ред два муабет..барем да не ми е криво што си го трошам времето виртуелно.
    Е,мир.
     
    На bittersweet, JoxyTheFreak, La.Reina.Del.Sur и 4 други им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    ...не можам да го опишам чувството кога прочитав еротско првенство, наместо европско :rofl:
    Колку еротично звучи еротско првенство. Еротика. Еуротика. Еурека.
     
    На thinkerbell, starfish и Adi888 им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Dream on! Полека се спремам за мојата наредна изложба во Келн. Полетувам за неколку часа и да ви кажам вооозбудена сум. До коска.. Срцево полно ми е убавини, телово умор.

    Многу е тешко да опстанеш на планетава. Си ја работиш работата и некој со подбив те гледа. Од едно фотостудио ме изнервираа премногу. Бев повикана како момент фотограф.. додека другото фотостудио ме гледаа како конкуренција. ДО толку ми зовре умот што му кажав на фотографот- ало не правам експресс фотки не се грижи. Кај ми ги украде и ги сликаше композициите кои јас ги имав осмислено и направено дур ми се закачија во чаршија, место да ми речат благодарам- игиграваат мртви пувала. Ко што заработуваш ти леб и јас.. Мороидни форми на луѓе постојат. Нивната несигурност за квалитет ги убива, епа брате мене не! Знам што сакам..

    Како и да е, ги занемарувам минималистичкиот ум на некои, нека си живеат во сопствениот јадеж јас одам напред!
     

    Прикачени фајлови:

    На Hayley, Divinebutterfly, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Животот, тоа е процесот на потрага и наоѓање на љубовта, а секој човек кога и да е ќе ги сретне во својот живот своите судени „четворица“…
    Првиот, тоа си самиот ти. Вториот е оној што ќе го сакаш најмногу. Третиот е оној што ќе те сака најмногу. А четвртиот е оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот.
    Во животот прво ќе се сретнеш со оној што ќе го сакаш најмногу и ќе научиш што значи да си вљубен. И бидејќи веќе знаеш што значи љубовта, ќе можеш да го сретнеш оној што ќе те сака најмногу.
    Откако си сакал и те сакале веќе ќе знаеш што ти е потребно. Тогаш ќе го најдеш човекот кој е вистинскиот за тебе и со кого ќе можеш да го поминеш остатокот од твојот живот.
    Но за жал, во вистинскиот живот тие тројца не се еден ист човек.
    Тој што го сакаш најмногу, тој не те сака.
    Оној што те сака најмногу, не е оној што го сакаш.
    А оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот, не е ниту тој што си го сакал најмногу, ниту оној што те сакал најмногу.
    Тоа е човекот, кој бил на вистинското место во вистинското време. Ти кој си во животот на другите луѓе?
    Нема човек што може свесно да си ги менува чувствата. Кога те сака, тој навистина те сака. Но и кога веќе не те сака, тој навистина не те сака повеќе. Кога те сака може да се прави дека не те сака. Истото се случува и кога не те сака повеќе, може да се прави дека те сака, ама од жал!!! Таквата жал ќе е она што најмногу ќе те заболи!
    Љубовта не е желбата да поседуваш. Ако ти се допаѓа месечината, можеш ли да ја задржиш за себе? Но нејзината светлина повторно ќе те грее. Со други зборови, кога сакаш некого е убаво да најдеш друг начин да го имаш. Дозволи му да се претвори во незаборавен спомен.

    www.popara.mk
     
  10. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Добро значи, кога ќе сфатат луѓево дека чипкаста маичка не се носи само со прслук одоздола? Па стаи си сестро маиче по прерамки во иста боја ко човек, а не гола ми излегла да се шета... :^)

    Иначе временцево денеска ми се погоди, таман за спиење :*
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК,

    Пари?!!!
    Обична хартија, која неминовно е бескрајно потребна за живот. Но, колку е потрагично да ги имаш во изобилие, а сепак да бидеш празен?!
    Сите се трудиме да ги имаме, да живееме, но жалосно е што тие, најважното не го купуваат.
    Не ја купуваат вистинската љубов.
    Ќе ги имаш, ќе бидеш можеби над сите, сите ќе гледаат нешто големо во тебе, но што вреди кога душата е празна?
    Темна и жедна за една трошка љубов, за една вистинска љубов, за еден искрен збор, за една искрена личност, која нема да прави само лице, заради она што го поседуваш.
    Подобро со малку, отколку со многу пари, кои се само товар и болка за душата.

    И онаа народната:
    Кога имаш, живеј како кога немаш. А пак кога немаш, живеј како да ги имаш.



    СДК,

    Си се мислам и си се радувам.
    Колку добри душички запознав на оваа Фемина :l: !!!
     
    На stylishh, Fearless, Adi888 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК страшни, па дури и истовремено смешни се недоразбирањата, изгледа како луѓето на различен јазик да зборуваат.Само ете кој,како толкува...не е битно вистинското значење, битно се толкува... :D фитнес за мозокот.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    СДК дека луѓево се болни, ама сериозно БОЛНИ.
    Си одам покрај кеј најнормално со другарка во наша лента и еден со точак почнува да ни се дере како не се пешачело таму, туку се пешачело горе |( . Кај пишува дека несмеам? Или јас сум слепа или нигде.
    До каде стигнал светов и какви будали шетаат по него...

    СДК 2 ке трубам на форумов цело лето ]:) .
     
  14. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Е што цега. Мслам дека го навредив, ама знам дека летот е во петок или во вторник.
    Сега неможам јас да чекам три дена, сакам да си тргнам петок сабајле и ај чао холандијо!
    Добарден Македонијо!
    Ќе пукнам веќе, сакам да се вратам и да си уживам во Скопје!
    Неможам на 9ти да одам,мора на 6ти сабајле!
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Како знам дека го имам најдобриот родител,татко на свет?! Така што ми се јавува дур ги гледа ѕвездите во едно запуштено селце,да ни пренесе дома колку е прекрасно и да го чуеме тажниот звук кој го испушта срната додека си го бара малото срнче во мракот. Така што никогаш никому не му се наведнал само заради титула. Така што се стекнал сам,така што никогаш не излажал никого за лажна почит или да предизвика завист,така што молчи и умно слуша. Ги дава најсмешните коментари на светот кога некој изведува глупости со себе.Куси и остроумни,не можеш да не се изнасмееш. Така што на моите другари,дечковци секогаш им се обраќал со сине,синко...
    Ако мене ме прашаат што треба да биде мојот татко,веројатно сметам дека треба да биде во некоја вила во Ница,да појадува мед и путер,да чита фајненшл тајмс зошто сака да прави сатира од светската глупост,да ја мрази својата јахта ако уопште ја има,за ручек да побара грав и колбаси и да се изгуби во наједноставната меана,ако воопшто постои таму таква. Не зборува за себе, ама затоа познавам такви примероци на татковци од кои јас сум почувствувала срам за нивното однесување. До тој степен да се влечат по ходници по професори само за да се ракуваат со истите,сервилно,ниско и патетично, фалбаџии кои се фалат со невистинити работи,а мене сепак нивните деца не престануваат да ме изненадуваат со нивната злоба и комплекси,тамам кога ќе помислам дека е тоа врвот,тие прават уште нешто поспектакуларно...ужас. Па тогаш ми текнува од какви луѓе потекнуваат и дека немале од кого да учат...живот.
    Можам само да кажам благодарна сум многу што имам татко кој никогаш не ме посрамотил, секогаш ми предизвикувал гордост,а и мајка ми исто така.
     
    На glow, bittersweet, Buttterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Долго ми фалеше ден како денешниот...
    Трактор, ниви, зеленило, комарци, патки, гуски, маалски кучиња
    Дури и возев трактор после толку години, не сум заборавила :D ...
    Малите патченца ми јадеа од рака :sun: . Јагодите во бавчата се толку вкусни што неможев да прекинам со јадење...
    Си фатив и боја, онака како „селски туризам“ и ^_^ сум, интересно ми е како на мало дете со нова играчка...
    А да, чисто да се пофалам, мерцедесот е мерак за возење... Господска кола, иако сум навлечена на оние тркачките...
    И вечерва пак во селска атмосфера, Богу иза леџа, сама во двор и со тањир полн домашни јагоди...
     
    На Divinebutterfly, blond и CIA им се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Гулабицо мориии шо ни направи,не да грмеа громови,страхотно беше,прееска 20 мин стоев на тараса,ми беше страв да се симнам,сите дома ми се изнасмеаја,ама шо да праам кога ми е страв :sweat:
     
  18. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    СДК преубаво поминат ден.Доста ми беше од оваа средина од кафичи,од прашина и гужви на секаде ! Од изутрина патот под нозе и право на прошетка впланина.Малку природа,чист воздух ,скара.... се на се топ ден :D
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ова беше ден за паметење.
    Ден кога 6 другарки од средно, после толку канење се решија да пијат заедничко кафе.
    Си помислив нема да ми треба ни чадорче, затоа што не сум од шеќер, ама гадно се излажав. Затоа што денес од небо не паѓаше грат, туку паѓаа камења! За цела среќа не ни ја скршија шовершајбната.

    А ние 6, стуткани во кола, не се осмеливме ни да претрчаме до кафичот.
    Во глава ни се мотаа идеи за пици, палачинки, кафиња, лимонади, за на крајот да завршиме дома кај една од нас и да пиеме црвено вино. Од трагично, нашето талкање низ невремето испадна комично. Па убаво си заседнавме, се поднапивме, се смеевме и си раскажувавме случки додека средувавме коси и сушевме алишта.
    [​IMG]
     
    На glow, bittersweet, Adi888 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... првиот комарец од ова лето, замина во легендите :muscle:
     
    На ines.h, Adi888 и Butterfly15 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.