Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.264
    Допаѓања:
    140.771
    Девет дена поминаа откако се вратив од одмор, а во тој период бев на десет детски родендени, една прослава по повод веридба, една целодневна седенка со лепо друштво кај нас во викендица, една забава по повод вселување во стан, и едни мекици кои повеќе личеа на свадба. И се тоа се заокружи со гледање фудбал со лепо друштво кај нас дома вечерва, од која куќава се уште се трудам да ја вратам во првобитниот ред. Плус стандардно - два часа логопед и два часа балет.

    Е многу сакам луѓе, многу сакам да се дружам, многу си ги сакам другарчињата, ама сега се што сакам е една мирна недела исполнета само со неопходните обврски. А како, кога морам децата да ги подготвам за долгото топло лето, да изнакупам креми за сончање, нешта против комарци, костими за капење, лежалки, сандали за плажа, и не знам уште што се не...

    Барем почна распустот, па можам сабајле да поспијам еден час повеќе. Ехеее... мераци.
    А летната облека ми е само делумно извадена. Се прашувам дали да ја вадам сега за малку, што вика Лилит, еве го септември...
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Оу нееееееееееееееееее! :(
    Немој. немој, немој, јас се решив да не мислам на оваа гадна навика, се наеднаш да си набројам и да ми летне набрзина, и да, точно е, ама нееееемој, во депресија ќе паднам, а сега баш летото планирам да достигнам нешто најголемо, па се надевам дека ќе потрае повеќе од секогаш....
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Знаеш дека навистина си го увредил Боки 13 кога ќе ти избрише коментар што го лајкувале 324823948 луѓе :D сепак не бил недопирлив гадот :rock:

    Денес иста песна, смачкав повторно цело кутиче фереро рочер додека чекав автобус. А таков убав дожд ме фати на Ѓуро Ѓаковиќ што си направив добро филмче па ни Пузо не ми е рамен. Чекорам во бел фустан, лелеав и лесен кој се обликува според ритамот на ветерот. Јас со чантата во едната рака и чоколади во другата лесно и со замислен поглед чекорам. Топло ми е и се потам, ги вдишувам липите, се молам да заврне за да се освежам малку, и одеднаш се смрачува над Скопје, почнува да роси. Јас наместо да брзам чекорам уште побавно. Сите почнуваат да брзаат со наведнати глави, а јас ја исправувам кон небото за да ме милуваат капките (среќа имав водоотпорна маскара). Уживав се додека не стигнав до Партизанска каде почнаа да ме маваат градчиња по глава и да фрчат коли кои прскаат без осет. Заврши филмот и идилата. Бек ту круел риалити. Искрено немаше да изедам 16 рочерс да не чекав автобус 45 мин :angel: Добрата вест е што ништо освен тоа немам јадено денес и гес уат, не сум ни гладна :)
     
    На glow, LilBaby и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Боже Боже,шо нема да прочитам на форумот...Па и ќе почни да личи на Гламстик...
    Делумно невина,полуневина,друго што ли ќе измислат? :D
    Па да не сме се чуделе дека имало невини и на 20,23...Не се чудиме,во некои случаи можи има,не дека не.Ама целосно да се непипнати,тоа ти е невина...А на тие хормони,мајка му стара,тешко дека ќе останат и тие невини...
    Ама џабе,не е работата до годините,туку до неинформираноста и правењето на приглупи...Жалосно,кон што оди светов :tmi:
    И дефинитивно треба да се воведи сексуално воспитување,и тоа од порано.

    Ај тоа добро,ама очигледно некој сака да не нервира и да си поигрува...

    Јас утре ќе се спремам за пат,се надевам веќе се да се заврши и таму.Можи и ќе намалам,ама пак ќе ме има.Знам дека неможам без Фемина,затоа така велам :) Имајте убава ноќ и не се замарајте со глупости :)
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Станувам едно сабајле и се гледам ваква у окото

    [​IMG] :D и си викам WTF ме изело? Тоа слон-комарец да ти било, изгледа ваков
    [​IMG]

    Они мене....Се заинатив и цело сабајле сум ковала шајки за комарникот на прозор и сега ми иде да им ставам знак од внатрешна страна
    [​IMG]
     
    На Ann.94 и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cдк можеше ли оваа недела да биде полоша? |( Tорнадо,невреме,ветришта што однесоја покриви,дрва по пат испопаднати,пола ден без струја,укочување на вилицата,плуски по устата,друго што?
    Cигурно заборавив нешто,друго што сакав да кажам,времево брзо си поминува,како вчера да се спремав за Mакедонија и досадував на форумов што да купам за сестрите :D

    E тоа беше пред една година,а како вчера се чуствува :doh:
    Mразам кога некој ме бара само кога им треба нешто,цела година не ми напишале порака,сега само кога немаат на кого да се обратат :envy:

    Tака,друго немам и не знам што да кажам,расеана сум како и секогаш :tmi:
     
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Дојде денот кој со нетрпение го чекав. :D Уште малку и заминуваме за ****** 8)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    многу ми е мило кога ке дознаам дека некоја другарка се вработила т.е. се вратила на старото работно место искрено и од срце :)

    а таа другата со која се видовме вчера , нема никогаш да успее во ништо-премногу е затворена во себе, ниту се дружи со луге, ниту комуницира-освен со една другарка која е во Америка, уште во осмолетка учеле заедно, па може таму да отиде на некое време-како вчера што ми рече , не сакам да се запознаам со некој Турчин :^)ама дискриминаторка, а како што е невработена и навистина нема кој да и помогне како и јас не се знае кој може да помогне за било што во животот.малку повеке девојкава ми оди на нерви, ама преку пријатели и одвреме-навреме се дружиме, а најглупаво од се беше кога ми рече вчера дека не може да ме најде |(:!: таа е таа што секогаш времето е проблем, метеопат :fubar:
    треба некои работи да и се разјаснат на неа, ама не сакам јас да бидам таа што ке и ги каже, оти ке ме замрази а како другарка е ок :)

    реално, имам многу поголеми шанси за успех во животов, само срека нека ме послужи, и здравје секако
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    на светов навистина има луѓе што не сакат да работат.

    навистина, вие ги вработувате му давате шанса, плата, слобода во текот на денот, ги тушкате да работат и како ви враќаат? никако. едноставно некои луѓе не сакаат да работат сакаат да кукаат подоцна дека државата не чини.

    а тие самите чинат?

    мразам да отпуштам луѓе ама некои со сила си го бараат.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.722
    Допаѓања:
    104.916
    Пол:
    Женски
    Коа е ќе станеш сабајле и у целиот занес на ставање маскара ќе се шинеш у буквална смисла на зборот ич не е забавно. Епа да, си гошинав десното рамо, мислам дека под плешката имам собрано тон мускули и тегне ме боли воздух не можам да земам, па мајка ми одозгора ми вика, дојди си дома ќе те однесеме на Шинка, ма немој, у оваа фудбалска еуфорија јас да доаѓам онаму каде освен фудбал ништо друго на светов не е битно? нема шанси, не сум некое мрчало против фудбалот ама да го гледам не љубам, боли рамо мое, боли с ти, ќе пиеме дијазепамчиња против болка и ќе протуркаме некако. А комарциве, па добро бе, нели прскавте, нели во 5 сабајле од памет ме извадивте...све по список еј....овие мутанти ми иде главите да им ги одгризам, жими се, нозете ми се цели искасани, изгледа дојде време на пазар по босилек да се иде, да ги активирам сите препарати на Раид и да се снабдам со Аутанче. И вчера дождон, кој му беше филмот, шо убаво се печевме на сонцето, шо убаво се топевме, шо му требаше да заврне ко лудо. И уште еден момент за запазување од целиот викенд, знаете она ќе си купите нови хеланчиња и ултра тесна маичка до под гз, бели ко снег и ќе ги ставите во машина за перење каде претходно е заглавен тегет чорап у филтер, епа да го имав моментот, сега немам веќе бели хеланки и маичка, имам беби плави...гррррр....
     
  11. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Ќе биде ова долга и лоша недела! Да. Чувствувам по тоа како започна неделава понеделнички, а 10 часот уште нема. :( Не сакам!
    Прва и основна причина, ПМС. Проклет! :@ Времево претешко(нема да мрчам дека не се диши и слично, ама како беше до вчера шо се вика а како е денес).Многу брзи промени ич ама Ич не сакам па затоа сигурно и тешко го прифаќам фактот дека летово почна. Е така! Школо официјално нема, утрово непотребно станував од 7, и да напоменам око не склопив цела ноќ. |( Следни на лист се луѓе со неарткулисано однесување( да не издавам,ама школскиве ми се! Веќе и сфативте колку ги хејтам ама многу малку се разбирам со некој што почнаа да доминираа! нооот) Следни на листава *најдобрите другарки* ахам..кхм,кхм.. :^) Ма какви другарки. Ме изневерија тотално вечер ќе ги барам да се разбереме какво е ова однесување кон мене. Не разбирам ама сварно :( ,ниту им згрешив ни ништо.Вечер ако сакаат да излеземе ќе решиме се,па ќе ги коментирам понатака.А врв на тортата беше заминаа на кафе со едни фуфли од клас и не ме ни прашаа.А ја па да не останем покуса, викам ако одите си ја имам други работи до библиотека. ИИИ, да не ја заборавам библиотекарката..Мајко моја како таа дојде да работи во национална установа. Па таа нема ни средно едвај. Три пати и ја кажав писателката и на крај бараше да и ја напишам.Па што ако е албанка,нели се еднакви со нас во државава. Јас разбирам успани и нерасонети ама оваа е таква. Ме иритира секој пат.

    Минатава непреспана ноќ ми дозволи да размислам за се околу мене. Листава за месец јуни е прилично кратка. И тоа гласи,
    1.продолжи ја диетата и вежбај-Ќе ти се исплати
    2.реши ја загонеткава со другаркиве
    3.искочи на кафе со стара другарка
    4.немој да пропушташ ниту еден викенд во град да се изнажуркаш
    5.редно е да се вљубиш и фатиш дечко. Ама најозбилноо!!

    Е тоа од мене за денеска, а денов ќе ми биде насловен *филмски ден* (покрај глумциве во околинава :D , планирам да гледам цел ден филмови), и да прочитам фина книга,а дури вечер да излезам па и по цена сама да го вртам градов ако немам друштво за прошетка.
    Останете ми поздравени сите, и убава недела да си имате :*


    ПС: Очигледно сум очајна за љубов. :x
     
    На Elennaa, CharmedGirl и ana.ubavkata им се допаѓа ова.
  12. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Денес го полагам државниот медицински испит, се надевам ќе се здобијам со уверение :) посакајте ми среќа :)
     
    На bittersweet, zhap4e, kate21 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Сакам да си отворам мачкарница. Кафуле, Мјау. Влегуваш, нарачуваш чајче, кафе, сокче, галиш куп мачурки и си одиш. Попуст ќе има за мачкољупците и специјални привезочиња со шепи. Идејава не е блокбастер, видов дека во Виена ја спровела една Азијатка (многу јасно!), ама мислам дека може да профункционира и кај нас.

    Лабав понеделник, мачкест. Рум штангли и сон за Струга. Даде ме масира со Адел уште од сабајле, а тате пече пиперки. Да, ова е оној премин од јуни кон јули кога веќе секој ден ќе се печат пиперки, ќе се прави пинџур за со доматче и сето тоа како главен оброк ќе се мези со сирење. Ако де. Фантастична е летнава исхрана. Кајсии за ручек, тиквички за вечера, цреши на уши, јагоди у образ. Мекости. А па уште и сладолед... Саде храна да фрчи!
    Денес ќе морам да решам која од седумте книги што сум почнала да ги читам, да ја завршам. Срамови. Во половина од нив, сум оставила молив, книгообележувач, скинато ливче, што ти ја знам. Си се тешам, немам време. Како да не. За книга секогаш треба да имаш време! Макар еден час. И да средам еден куп книги што ми се меткаат под кревет. Практично, јас спијам врз книги. И буквално и метафорично. Така, случајно додека си менував постелнина, ја најдов Малиот Принц, меѓу душекот и долниот дел од креветот. Сум спиела со него може две недели. Улаво зар не. Малку и језиво. И веднаш се сетив на оние дебилно продуктивни емисии за луѓе што чуваат спомени по дома, не можат да се отарасат од вишокот нешта, па стануваат анксиозни, нервозни... Епа јас студирав книжевност, каде да ги носам сите тие книги кои мене живот ми значат? Три полици пуни, две кутии во подрум со скрипти, уредно наместени и цврцнати со селотејп, половина век ќе мине, нема да можам да ги распределам. :x

    Важно, циркулирам како што сакам. Вчера гледавме фотки од две три свадби, и сфатив - па јас на ниедна не отидов, а на две бев поканета. Не сакав да се натурам. А може не ни имав желба да отидам. Чуму сиот тој стрес потрес, кога не ги знам луѓето така блиску? Иако колеги, блискоста не ја преферирам со нив. И дојдов до заклучок дека ако се мажам, ќе се мажам во ниски бели старки. За свој атер, и за да ме оговараат роднините де. Не од некој инает, ами зошто знам дека така ќе денсам до бескрај и нема да ме болат стапала цело време. Ќе си рече некој тинејџерски - можда. Ама ни ја не разбирам зошто мора да е секогаш шаблонот важен. Се менуваат нештата, нели. Барем индивидуално.
    Лабав понеделник, како не. Книги, мачки и свадби.
    Сум забегала, а башка што сонував како прскам графити во воена база, и се дерев ФАШИСТИ, ФАШИСТИ! А не знам кому.
    Ете, не чини многу да си умен понекогаш. :lol:
     
    На Strumfeta93, la-chicka, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Колку го сакам ова чувство кога конечно во животот ќе сватам дека не ми е потребен никој за да се чувствувам убаво. Добро не баш никој,туку правам муабет за оние луѓе кои се плашев дека еден ден ќе ги изгубам а веќе одамна ги нема во мојот живот. Подобро што е така ! Бидејќи токму со нивното заминување стапи на сила мојата храброст и правење на работи кои мислев дека никогаш не би ги направила,ама ете никогаш не вели никогаш.

    И не,не сум мамина галеничка и не ми става се на послужавник,не ми вели ќерко мила еве ти земи уживај, знам да ценам за разлика од некои,кои за жал ќе си останат подолу од тоа што мислев. Се знае пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата ! Ама се помалку луѓе се придржуваат кон ова.

    Понделенички се чувствувам како странец во пустина,и да сакам да се пронајдам себеси.

    Не сум совршена,ниту пак сакам да бидам,не се ни обидувам да го достигнам тоа замислено совршенство.

    Гледам европско во фудбал и уплаќам :D Јбг досега немав среќа
     
    На thelittle17, marama и lovely91 им се допаѓа ова.
  15. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    СДК шо е со моиве сонови у последно време? Прво сонував како со дечко ми сме се удавиле у базенче (длабоко 2 сантиметри) додека сме јаделе зелки :lol: :rock:
    После како со мајка ми сме отишле на Survivor и сме станале финалистки ама пази молим те јас сум победила ( :rock: ]:) ) и за награда ми дале дозвола да убијам дива свиња на островот иако тоа било забрането ;)
    Врв на се беше сонов од коишто се разбудив пред 2 саата:
    Сум била јас во некоја си шума во Нов Зеланд кога одеднаш од позади дошол некое згодно типче 8) :lol: и ми понудил да одам до кај него дома да се стоплам со чај (било зима) и сме отишле до кај него на ролер коустер и кога конечно сме стигнале мајка му и татко му вечерале морковчиња и не поканиле и нас ама овој рекол не фала,ќе одмие до гое до мојата соба.И пази,само што сме стигнале до неговата соба мене ми текна да се разбудам.И тоа баш на најдобриот дел од сонот ;(
    Како и да е,ако не прекинам со овие сонови веќе,ќе полудам,сериозно ви викам.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам, е*ем ти светов!

    Стрес, работа, пари, нормално - ако не работиш, не можеш да живееш, не можеш да си дозволиш да не работиш, да немаш прием. И после, оп куршлус.

    Што ќе ви се парите ако го изгубите здравјето?
    Ме прашаа. И се расплакав.

    Немаш здравје, немаш ништо. Си го велиш тоа онака, постојано, но никако да сфатиш дека стварно треба да си го чуваш.

    Скратив нечии животи несакајќи заради грижа, и мака ми е. Најмногу за солзите на мама.
    Ќе биде све у реду бе мили мои! :*
    Не се предаваме, мислиме позитивно.

    И така, тоа сакав да кажам, дека во трка со времето забораваме некогаш на основното. На себеси.

    Чувајте се, јас сум пак тука негде. Се надевам нешто поздрава од вчера. А уствари, кој е денес здрав? :^)

    Нејсе.

    Него дечки, коктел нешо? Без алкохол за мене 8)
     
    На ana.ubavkata, glow, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  17. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Лето :tmi:

    Не го сакам , ниту тоа ме сака мене.

    Ма , нема шанси да се навикнам јас на ова премногу слободно време што го поседувам :)

    Anyway скоро една година откако го напуштив форумов, ќе бидам тука засега , треба (итоа како) да го подобрам изразувањето :D

    Поздрав до сите феминки ! 8)
     
    На Glossy-girl, CharmedGirl и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Она Шпанцине измислиле кревет кој сам се раскрева :o .
    И онака немам желба секогаш да го местам креветот и убаво би ми дошол еден таков :lol:.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... rWEenI_ozM
     
    На Elennaa, thelittle17 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  19. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Време време ти е да се стабилизираш, вчера грмиш трештиш денес пекол :^)
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Подготвував изговори и изговори како да го одбијам за утре. Како да му кажам дека не сакам да го видам, дека е подобро да завршиме како што завршивме.
    И знаете? Директно не ме ни праша. Вртеше ко киша околу Крагујевац, а јас вешто го одбегнував прашањето. На крај се исклучивме со Поздрав и не знам дали приказната ќе заврши.
    Вчера другарка ми ми влепи неколку шамари, не беа вистински, но болеа. Ми кажа каде грешам, што правам лошо. На крај се извини затоа што таа била онаа што морала да ми го каже сето тоа. А јас со солзи и се заблагодарив. Не ги виде, не знам ни дали знае дека ме расплака ама благодарна сум и многу.
    Денов вети убав почеток и крај. Ќе се пикнам под туш, а потоа црвените очи ќе ги оправдам со водата. Ќе се средам и ќе излезам, а утре ќе гледам да преспијам до подоцна.

    Имајте убав ден.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.