Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Изгубив многу борби,знаете? Секогаш кога мислев дека ми фали уште малку за да исполнам некоја цел животот ме враќаше на почетокот за да ми докаже по 100ти пат дека тој го има последниот збор.
    Го знаете она чувство кога сте среќни се радувате а кога ви е лошо тагувата? Е кај мене не е така.
    Кога мене ми е убаво се плашам,се плашам бидејќи стравувам дека секој момент може животот да ме однесе пак на почеток за да ми покаже уште еднаш дека по убавото доаѓа лошото.
    Е кога ми е лошо се надевам,и знам дека кај и да е ќе биде подобро,тогаш го молам животот да ме донесе на чекор до убавото,не сакам на крајот бидејќи се плашам дека пак може да започне лошото.
    Кај мене овие работи одат во ваква насока.

    И не,не верувам никому,не сакам а не ни знам,верувам во самата себе бидејќи јас одговарам за сите мои постапки,подобро да се лутам самата на себе,подобро да се обвинувам самата себе отколку да се разочарам во некого.

    Ех кога би го знаела овој живот напамет,знаете понекогаш сакам да отпатувам во иднината за да видам каде ќе бидам после 10години. Да знам дали вредат овие мои постапки. Ако не вредат и ако не се вистинските барем да не си ја трескам главата.Но ако вредат да се трудам уште повеќе- барем ќе бидам сигурна дека еден ден ќе ми се исплати трудот.
     
    На Juicy03, julie77, calliope и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ким шо убо :) ај де порфавор прати навака еден пакет песок од убавите плажи таму, сонце не мора, секаде го имат :D , еден пакет сладолед и едно млекце за тело :emo: Оти немат смисла вака да читам и да замислувам :D :wasntme:

    Не,немат поубав од Охрид наш :!: знам јас и тоа со тапија :!:
     
    На Annath и k.i.m им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Ммх. Моментон кога ќе си застанеш на вага и ти покаже 3 кг помалку од последен пат.
    Добро де, јас последен пат се мерев пред еден месец, ама ако. :D
    Ме израдува бре мамето, само јадев деновиве и целата сум подувана поради црвената тетка, а сепак се приметува. Адиос спојлерчиња. :lol:
    Да мине теткицава па кога ќе му ја опнам уште поинтензивно на фитнес, има да га будем љепотиц!
    Мускуливе на нозеве ми се во распад, ама се исплати бре.
    Уште една радосна вест: другарка од Шмрицварска ќе дојде за нешто повеќе од две недели, па си ги бројам деновите. Душа една наивна бре, ми фали, само еднаш годишно ја гледам. Ебати туѓината.
    Таа е всушност најдобродушното суштество што може да го сретнете. Кротко и наивно. Никогаш никому не помислила лошо. Интересна ми е. Западнион менталитет ја отупавел, и сега кога ќе дојде постојано прашува најобични, банални работи кои мора по три пати да ги објасниш за да ги сфати.
    А јас со мојов фитил и љубовта кон мрчењето, уште на вториот пат ја отерам до онаквото, па кога ќе ме штипне со тие канџите, цели раце ми се модрици од неа.
    Ко оган и вода сме на речиси секое поле, а пак ми е ко сестра.
    Ќе ја опнеме и неа на фитнес, да ги крши пак педалите, па да писка наоколу да не кажуваме.
    А после идеме сите заедно на заслужен одмор.
    Обожавам позитивно-ненадејни планови.
    Само нека гледа нека посере некоја на крај... |(
     
    На Lepaaa, Buttterfly, Magnolija и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Само најдобриот! Барем да знам дека сум заебана од некој што вреди!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Од една страна постои една широка патека, која води до една длабока бездна. Се гледа, колку е сурова, колку е тешка и мрачна.
    А пак од другата, постои една тесна патека, скоро и невидлива. Преполна со трње, преполна со маки и страдања, а сепак на крај води до едно убаво и спокојно место.

    Се прашувам, зошто никој не ме разбира? Зошто никој не може да го види она што го носам на срцето, она за што копнеам, живеам, дишам?!
    Зошто никој не ме сфаќа и мисли дека се тоа е само некоја фантастика, која никогаш нема да се оствари?!
    Ќе се мачам, ќе страдам, можеби ќе останам сама на тој мачен и тежок пат, ама нема да дозволам да паднам.
    Ќе се исправам секогаш, кога нешто силно ќе заболи, можеби ќе капне некоја солза, но не се предавам.
    Ќе го умножам тој талант и никогаш нема да го сокријам во земја!
    Никогаш!!!
     
    На lunicka, stylishh, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Никој не ќе може да ја замени другарката која била со тебе во време за твојата прва љубов, а при тоа ја доживеала и својата, и тоа пак за другари :lol:
    Си ја видов денес мојата Ели, онаа што ми го поклони срцето и кога бевме најдалечни. Онаа која што секогаш ме уверува дека можам да и верувам и ниеднаш не отстапила! Луѓе, колку си ја сакам, денес само се потсетив! Неколку саати заедно ги поминавме, се изненадив дома ко дојдов и сфатив дека поминале минимум 3 саати! Се си кажавме, срцеболки и разочарувања, смешки и легендарни одмазди! Ех, ама како ми се исполни душава.

    Инаку си го видов тој дечкото, онака случајно по улица. Бомбата ;)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Го мразам. Го мразам со цело мое битие. Кукавица - најголема до сега сретната у мојов и така беден живот со него. Се заколнав дека повеќе никогаш нема да му прозборам.
    Пу, без'рбетнику. :puke:

    Многу е бедно кога се гадиш од сопствениот татко, верувајте.
     
    На Lepaaa, cinderella5, glow и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=0bF7f6A_IcQ
    Не ми се брза, не! Ќе си уживам сега!Ама ќе си дојде и тоа! Ќе видат после тие што ми се праат големи! Ако си завршил основно не значи дека си пораснал! |( А богами годините не се мерило за паметност и зрелост :?: .

    Поздрав до сите што учат во моето одделение. :D 8)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Шубо ми е....
    Плажа и сонце, сум заборавила на оваа комбинација. Опуштено, топло....фоки на обала.
    И ролери. Од коа не сум возела еј. И таман после возењето, сладолед. За џабе не возев, не изгубив калории. Да надокнадам морам.
    Сеа чипс ми се пријаде. Лето е. Леле лето е еј. Планови планови планови. Ако ги исполнам сите зацртани работи, ќе имам бајаги зафатено лето. Ама ако. Не е тешко да си зафатен во лето!
    Возбудена сум еј. Биче нешто шо не било досеа.
    Ќе се шишам. Не ми е гајле дали на некој му се свиѓа или не, моја е и јас ќе си ја носам. Ми се исполна желбата, ја пораснав косата, убава е и долга ама малце промена нема да повреди никој. Радикална промена, да се разбериме.
    Одам да ја слушам мајка ми како ми мрчи за хаосот во плакарот. А ме мрзи, многу ме мрзи да го средувам.Утре. Шо можиш да завршиш денес, остави за утре....
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Тешко ми ее...
    Гледав стари слики размислував и се потсетував, враќав спомени...лоши спомени...
    Што е тоа со што заслужив ваков живот? Зошто од најблиското семејство осеќам дека ми остана само мајка ми, покрај живи татко и брат. Што не е во ред со мене? Каде грешам? Зарем плаќам туѓи гревови или можеби свои?
    Немам сила да ја гледам мајка ми како се раскинува за да постигне се и како и враќаат за тоа. Откако паметам немаше ден а да не слушаа викања, навреди... Доста ми е од предрасуди и малоумност! Преку глава ми е од завидливи особи. Брат ми не е онај кој јас го познавав, скроз се смени. Се осеќам отфрлена и од него, а не е лесно воопшто.
    Срцето ми се кине по не знам кој пат...
    Сакам нов живот, сакам среќа со мама, сакам ДОМ топол ДОМ...
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Утре ме чека најтешкиот ден. Ќе одам на забар. Мислам, и денес бев, не знам што ме швркна, ај викам рутинска проверка, одамна не сум била а сигурно ништо нема, никогаш немало, и дааааа, нема еден, туку три заби имам за правење. Како да ви кажам, ама СТРАШНО! Јас проблем со забите сум немала никогаш, апсолутно никогаш, и сега побудалувам. За разлика пример од брат ми, тој од мал трчка по заболекари и гајле нема. Додуша бев еднаш и јас, осмици кога ми растеа едно лекче ми ставија и толку, крај на приказната ... а сега, ај леле ај леле ај лелеееее, цел ден цвичам.
    О леле држ ме мајко ќе се посерам ќе биде утре, така да ви кажам, ако воопшто соберам сили да отидам.
    И уште јас му викам ама не ме болаааат, не им е ништо, си ги мијам, а бре ми вика доаѓај утре да не те седнам одма, зуби се прават додека не почнат да болат, после е страшното.
    Абе ајдеееееееееее, не зезај.
    И кога ќе ми текне дека моите сакаа јас заболекар да бидам, ај леле не, јас само кога ги гледав тоа инструментите хорори во глава ми се исподесија.
    Уф со помин нека ми е, првиот пат е најтешко, после се полесно и полесно ќе зинувам :D Мислам, се надевам :rofl:
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Ај држете ми среќа. :wasntme:
     
    На kate21, BeYourself, teddybear и 14 други им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    [​IMG]
    Jас ќе ти пуштам Душе, нема да ја држам :*
     
    На Smilly, Artemission, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Долго време барам некакви знаци околу себе...
    Нешто што би ми потврдило дека моите предпоставки се точни...
    Имав до сега неколку малечки знаци но јас упорно сеуште трагам по повеќе,и денес мислам дека добив нешто навистина неочекувано...доаѓа он кај мене пред врата и ми подава плико од една жена што ми плаќаше...а на него испишани неколку букви кои не беа поврзани со ништо околу тоа што требаше...
    Тие букви за мене беа иницијали кои многу значат.И тоа една буква па точка па уште три заедно
    (односно пола од името)
    .Да,конечно добив некаков одговор. :rofl:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк едвај чекам да дојде јули .. Oвој месец сум препуштена сама на себе, овие двајцата волови дома ќе одат во туѓина по работа, и јас сама ќе си бидам. Cмрт ќе ми биде, не дека не сакам сама да бидам, ама па и не сакам од една стана :D

    Aли ајде ќе преживеам :)
     
  16. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Нервозата ме нагризува како `рѓата старо железо во отпад, истото е толку многу рѓосано што и таа веќе нема што да нагризува. Навикнав бе!

    Јас се навикнав на неа, ама незнам дали таа ке се навикне на мене.

    Овој наш потценет ,насушен живот ни нуди премногу неограничени можности и/или шанси со доста привилегии и доста поволни услови.
    За истите сум размислувала незнам колку пати. Колку повеке размислувам толку повеке се нервирам, а во ист момент пак сум и среќна, која Иронија....

    Се сеќавам на пропуштените шанси. -
    Се сеќавам на некои чекори што не ги презедов па веке е предоцна.
    Се сеќавам дека премногу промолчував... жалам за тие премолчени зборови, жалам за небакнатите усни, недопрените прамени.
    Жалам што бев наивно девојче и дозволив да си поиграат со мене.

    Утринска ерекција е сеќавањето на пропуштените шанси, непреземените чекори, премолчените зборови итд... да не бидам до тој степен.. безобразна. :$

    Покрај се, се обидувам негативната енергија да трансформирам во позитивен импулс бидејки тоа е тајната на мојот успех, само тогаш можам да станам натпросечна.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК дека обожавам црковно пеење, некако возвишено делува :angel: не е обично пеење, ако човек знае да го разликува начинот на кој се пее.

    Чудно е колку бргу минува животот.
    Чудно е што мислиме дека некои работи остануваат не променети, а всушност се менуваат.
    Се лажеме ако мислиме дека ние сме тие кои влијаеме врз нашиот живот, да биде онаков каков што ние сакаме.Некои работи се случуваат без ние да сакаме, всушност кога се наоѓаме во ситуации кога немаме каде, па мора истите да ги прифатиме, без разлика дали тоа нас ни се допаѓало или не.И после сигурни ли сме дека сме господари на сопствениот живот? Најверојатно не.

    Лошите работи се тие кои ни ги отвараат очите, за поправилно да ги согледаме нештата, а не добрите, тие уште на самиот почеток, ја оствариле својата цел.
     
    На anabel-a, Serafima, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК на кратко дека утре патувам за Бг,па ќе се читниме кога ќе имам време и нет :) Компјутерот грев ми е да го оставам,изгледа ќе си го земам :lol: Ако не ви пишам да знајте дека не сум го зела. Во ред сум иначе,само посакајте ми среќа за до крајот на месецот :) И бидете ми расположени и позитивни :* :hug:
     
    На Mrs.Cuper и Adi888 им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Менувам полагање матура со испити на Јустинијан.
    Контакт преку лп.
     
    На MandyLane, Adi888, Breezy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    23.140
    Пол:
    Женски
    Се плашам многу.
    Се плашам да не згрешам со одлуката.
    Се плашам да не ги изневерам сите оние кои веруваат во мене.
    Се плашам од тоа што не знам како да постапам.
    Се плашам од ризикот.
    Од секогаш играв на сигурно, со точни детали за речиси се што ме очекува, и обично - така и било на крајот на нештата. Денес не можам да сум сигурна за ништо. Чувствувам огромен притисок, а не кажувам никому што ме мачи.
    Всушност, сите различно ми кажуваат. Ама додека не видам сама - нема да знам.
    Е токму од тоа најмногу се плашам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.