Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    12.088
    Пол:
    Женски
    Ова мое Скопје е токму тоа- мое.
    Ова мое Скопје ме разочарало многу пати. Покрај Врадаров што го дели, ми се случи голема љубов. Сега не останаа ниту сеќавања за неа.
    Ова мое Скопје ме усреќува во квечерините како оваа, кога во долниот дел на хоризонтот има розеникави нијанси.
    Го проколнувам ова мое Скопје во деновите слични на овој, кога асфалтот се топи од жештина и ме мирисот ми го дразни носот.
    Некогаш дури и го мразам ова мое Скопје, затоа што се е изгор скапо, а платичките се скромни, ниски скоро па до глужд.
    Кога врне тивок дожд пак, се испозаљубувам по не знам кој пат во ова мое Скопје.
    Мешани чувства ми создава Скопје. Мое..

    http://www.youtube.com/watch?v=lJj0L9rb ... re=related
     
    На CharmedGirl и Hipster им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.142
    Допаѓања:
    67.311
    Пол:
    Женски
    Јас феминки сум за частење. :)
    [​IMG]
    Земете си нешто блашко за така да ми тргне работата.
    Некое коктелче за освежување од горештините.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, velesanka, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК Дека го мразам градов..
    Го мразам оти нема никаква еуфорија..
    Го мразам оти се ми е изживеано...
    Го мразам оти луѓето се никакви, сите оговарат, а никој не гледа за него. |(
    Сакам да се преселам во некоја нова средина, со нови луѓе, стварно ми е преку дојдено се. :doh:
    Разочарана сумм.......
     
  4. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Е трагично е кога ќе се скапеш од учење и нема да го биде испитот, трагично е што ја изгубив желбата за учење и сега додека да се мотивирам ќе ми отиде сесијата во офсајд, па уште потрагично е што плановите за дипломирање ми се изместија, не е за џабе кажано дека не можеш да си планираш во врска со факултет.

    И да, да си ја затворат устата дотичните дека подобро ми било на факултет отколку да стажираш и да се бориш за наредно скалило во животот... е ми се :puke: од таквите, вчера излегоа од факултет, сега ќе ми прават бабини муабети |(
     
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Го обожавам мирисот на липи. :)
     
    На sweet-cherry, 1209, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам во најнеблагодарната состојба во историјата на човештвото.Според мене,убедливо и дефинитивно тоа е состојба на мизерно,нервноуништувачко чекање.Знам дека ваквата претстава е прилично застапена на репертоар,ама по милионити пат не научив да се снајдам во улогава.
    Јас сум ужасен чекач,и не ми е срам да си признаам.Ѕвонам,титкам,пишувам,се јавувам,трујам,досадувам на невини жртви.....
    Трпеливоста ја сметам за доблест,али не кога станува збор за човечки фактор како причинител за нејзино развивање.Оправдани причини се дискутабилни,или нема такви ако не ги видам во писмена форма.
    И јас овде преживувам душевна траума,па никому ништо.
    Времево си тече,а јас снемувам идеи како да ги напнам одговорните.Аман веќе. :devil: Испразнив некоја молекула бес со пишување овде,инаку ми доаѓа да скршам нешто.
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Знаеш какво е чувството кога правиш ХИВ тест, сакаш да го знаеш резултатот за да бидеш сигурен, ама истовремено се плашиш од исходот?
    Незнам ни јас, ама така ми е.
     
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И така...
    [​IMG]
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.702
    Допаѓања:
    253.488
    Нервозна сум, тажна сум, во ист момент ми се плаче и смее.
    Неможам ни самата да се поднесам, ги жалам оние околу мене.
    Бесна сум на самата себе.
    Да, тоа се оние денови во месецот, ама тие стануваат претешки ако сте напнати и ви висат обврски над глава.
     
    На N.Kety и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ах колку сме невнимателни ние возрасните. Како само знаеме да направиме безброј грешки, а со тоа и да ги осакатиме дечињата за цел живот.
    Денес постојано ми врти тука мислата.
    Што правиме?
    Бизнис, пари, работа; сиромаштија и капак алкохолизам; отсуство на љубов, невнимание...
    Прочитав денес еден труд на една видна лекарка, психијатар, која на сите нејзини прашања на адолесцентите претежно до 14 години, тие даваат крајно жалосни и крајно очајнички одговори. На прашањето, што значи слободата, еден одговара дека тоа било кога бил во присуство на мајката; на прашањето, што е целта на животот, тоа било да украдеш; или што значи радоста, тоа било кога укадеш нешто, да бидеш радосен дека нема никој да дознае и да имаш пари за се. На прашањето на една девојка, која потекнува од ситуирано и видно семејство, што за неа е слобода, тоа значело да има се, да пуши цигари, да пие алкохол, никој ништо да не и забранува, да и даваат родителите пари за сите нејзини хирови...
    Колку е трогателно се ова?
    Колку ние возрасните грешиме од самиот старт?
    Малечко е, ајде да му дадеме ова, ајде она. Потоа направило годинка, ако не му го дадеме тоа што го сака, хистерично плаче, мава со што ќе најде, се нервира... на крај за во поодминатите години и покрај сите наши совети и можеби и ќотек, тоа ништо да не разбира.
    Мислам дека ние си грешиме многу. И кога ќе видиме поубаво тие и воопшто не се виновни, ние така сме ги научиле. Постојано со работа, а тоа невино суштество нема време да си ја види мајката или таткото. Не ја чувствува мајчинската љубов, топлината и родителскиот совет кој ни бабата, ни дедото ни воспитувачката не го даваат најискрено како родителот.
    Иако сеуште не сум станала родител и знам дека и можеби не заслужувам, зашто би била премногу строга, но ве молам мајки, идни мајки, не ги оставајте дечињата без вашата љубов. Знам дека се потребни финансии, но подобро помалку да ги имаме, отколку да си го уништиме најсветото, семејството. Да не ги оставаме нашите дечиња да бидат сирачиња и покрај своите живи родители. Тие само тоа го сакаат, само љубов и друго ништо. Да го искористиме секој миг од нивното детство, зашто само тоа останува чисто и никогаш не се заборава во животот.

    Се извинувам на мојата преголема чувствителност, но дечињата ми се слаба точка. Жалосно е како пропаѓаат во тој лавиринт на динамичното време, без вистински да ја почувствуваат љубовта. А таа е само она што прво се посејува во таа невина душа и од нас зависи колкав плод ќе даде.
     
    На sweet-star, Elenuskaa, slavica999 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК си го сакам назад предходниот живот. ;( ;( Животот кога никој ама баш никој не ме познаваше,и можев слободно да си шетам по улица и да си се возам со такси.Последнава година тотално ми се промени животов,сите скоро ме препознаваат и ме прашуваат : Еј ти не глумеше?! Воопшто не ми е лесно ;( Ете баш денес си се возев со велосипедот,и двајца другари во кафиќ разговараат поминувам јас и викаат: еј ене го она девојчено што глумеше,ај да е прашаме кога ќе имаат пак претстава. Другарките ме задираат ми викаат,што е ова бе?! Со еден збор ми љубоморат,а мене ни највеќе не ми е лесно.Па несакам да биде вака несакам! ;(
     
  12. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Си ја скратив косатаааааааааааааааааааааааааааааа !
    Од кога ми беше спремна, само стравот владееше. Сакав да си ја скратам драстично, до подбрадата некаде или подоле, но ми беше страв дека нема да ми стои.
    Си велам денес, може да не ми стои или може да биде вистински погодок. Се или нешто ?

    Одамна сакав да направам некоја драстична промена. Денес имав шанса и ја направив.
    Си ја скратив косатаааааааааааааааааааааааааа и знаете што ? Преубаво ми стои !!!
    Сега ќе си ставам некои разигранки шаренки праменчиња, да биде поинтересно или сепак ја обојам половина црвена. :emo:

    Сакам да ви кажам нешто со ова. Ако се двоумите помеѓу да или не, секогаш бирајте ДА.
    Ако изгубите нешто, секогаш има подобро.
    Ако добиете нешто, ќе стане уште подобро.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Зајачето ми роди 18 зајачиња 8)
     
    На sweet-cherry, teddybear, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Машала, да се живи и здрави. Душички, колку сакам зајченца, многу ми се мили.
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Зошто е премногу мејнстрим да користам Мозила со Македонска поддршка, самиот ми се апдејтуваше со кинеска,па сега и фемина на кинески у знаци знам како е...или нешто такво. :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Само што изедов цело пакетче Chipsy XL. Сама. Па згора на тоа и 20 грама гратис ставиле. Изгледа и јас ќе преминам во големина XL, како чипсов.
    Не, нема зезање. Од утре активно почнувам со Орбитрек. Два пати дневно, по 15 минути. И онака немам ништо попаметно за правење и џаболебарам по цел ден.

    И така. Забележувам постовиве во СДК или ми се жалење/негодување, или копнеење по минатото. Кога ќе подразмислам, и во животов не правам нешто друго. Мрчатор-носталгичар, мило ми е :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Прекрасно помината вечер со прекрасни пријателки.. се знае, ЖИВОТ ВРЕДАТ.. :angel: :wasntme:

    Е ај .. отидов јас |-) |-) .. добра ви ноооќ :*
     
  18. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Преку глава ми е од незадоволниве старци!!! се што правам не им чини, и уште ме споредуваат со брат ми, шо е 100 пати поголем лузер, али нели, постар е, башка машко, и по дифолт ја сум дефектната а он е најпаметен и све остало. да можев досеа сто пати ќе се отселев, и нон стоп си праам планови за тоа, ама се има по некој голџиев чвор кој смета за сето тоа да биде како што треба... кога ли ќе можам да си го живеам животов како што треба, без нив??...
     
  19. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Да знам дека на крајот ќе биде добро, нема да ми е мака... :doh:
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Може некој ќе ме помисли за ненормална некој за будала но јас морам да си кажам.

    Знаете од кога го изгубив татко ми се преродив во животот. Со неговиот излез од нашите живото започна мојата фаза на вистинско созревање.
    Тој е единствениот маж после кого станав посилна.
    Добро,не е тој буквално маж бидејќи маж не е човекот кој ќе направи 3 деца и ќе ги напушти туку оној кој ќе ги одгледува и ќе знае да ги извади на вистинскиот пат. Во денешно време нај мала работа е да направиш деца а потоа да отидеш кај некоја 25годишна која "ќе те сака" е богами ќе лебди во пари од љубов. Неможам да се правам челичната Цигарче,но од како се случи тоа имав период на депресија која што морав да ја поминам за да се изградам како личност.
    Знаете колку ноќи плачев? Колку пати се воздржував да не го разбудам брат ми бидејќи спиеше со мене?
    Ништо не ми остана од сето тоа,лажам,ми остана,една длабока лузна во животот која никој и ништо неможе да ја избрише.
    Никогаш не сакав никој да ме сожалува,не давав отпор..
    А знаете што добив? Спокој. Веќе не се плашев дали додека сум надвор ќе ми се јави мајка ми или брат ми за да ми кажат дека одма морам дома. Таму знаете што ме чекаше? К О Ш М А Р.
    Сега тоа го нема,излегувам од хармонија се враќам и затекнувам мир.

    И преку к*р ми е да слушам "Совети" од видот "Еј немој така да збориш за него татко ти е"
    Молам,молам не ве разбрав добро !
    А дали тој некој имаше право да го направи тоа?
    Уште еднаш кога ќе добијам некој ваков "совет" ќе има на вести дека Цигарче од форумот Фемина дотичната особа ја пратила од каде што дошла ,
     
    На JoxyTheFreak, thelittle17, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.