Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    :hai: Не си единствена, а не сум ни јас очигледно. Цела ташна ми е преплавена со паломи, а ништо помалку не е поштедена ни работната маса. Срамови живи ако дојде некоја странка, ќе помисли сме почнале со производство на паломи да се занимаваме.

    Туку надвор е ужасно топло,а ние имаме еден вентилатор од времето на Тито кој дава таков звук кој ни на хорор филмовите не можеш да го слушнеш. И единствено убаво ми доаѓа кога си ги гледам аранжманите што ги нудат туристичкиве агенции. А бре милина, цените исти, изгор и уште парички да имаш на сметка и веднаш да си уплатиш. Убаини.

    Ехх, а ги гледам она рекламине за подобрување на туризмот кај нас... Си снимаат филмчиња со наши пари, ги боли стојко. Демек така се подигнува свеста кај народот ?! Само ни го подигаат притисокот. Преголем акцент се става на таа работа,а цените ги занемаруваат. Ми нудат езеро каде што ако сакам да си ја оладам треба да платам. Па ова го нема ни во Монте Карло.
    Улав народ.
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Се воздржувам да не ги избркам простиве дечишта од дома. Се е испорастурено, во дворот не може да се помине. Ама многу се воздржувам. Мајка им којзнае кај е, пладне, нема кај да одат, а мојата несеЉачка култура ми вели - диши, издиши, диши, издиши. Толку проста дечурлаана нема никаде.

    А да, како ќе знаеш дека машкото уште од мало ќе порасне во типично сељаче? :devil:

    -Татко му го учел дека сите машки го растат ноктот на малиот прст, па сега и тој го растел. Има 7 години, чичко му го учел да пцуе и да свирка по женски. А на мобилниот ќе си ставел позадина од гола женска на мотор.

    НА ЕБАН МОТОР БЕЕЕ!!!!!!!! :@

    Значи ќе ги избркам, ја трујат сестра ми, не сакам со вакви дечурлании да се дружи. :devil:
     
    На LilBaby, sweet-cherry, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    собата ми е лом :!: а јас никако да се тргнам од ком :devil: си викам треба да ја исчистам собата,оти може да загинам во неја :D а да си станам од тука :!: и да си фатам работа не ке е лошо :talk:
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Моментот кога внука ми носит мои фустанчиња... абе абе абе ќе ја изедам колку ми е слатка! :l:
    Мама и сестра ми се смешкаат и коментираат: Абе како Брајт мала да си ја гледам пак!
    А јас 20 години да ми ти имам, а внука ми скоро 3 :lol:
     
    На Pelikuna, JoxyTheFreak, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  5. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    И конечно. Конечно дојде денот.
    Слобода.
    И ја отворам сезоната на гледање хорори, фала Богу.
    И секако максимално уживање на секое друго поле.


    ПРИЈАТНО, ВТОРА ПЕКОЛНА ГОДИНО!!!! :hai:
     
    На anabel-a, Cynthia и Dulceee им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Зошто го комплицирате животот!?
    Ви недостига некој? - јавете се
    Ви се допаѓа нешто - борете се за тоа
    Сакате некого - дајте му до знаење
    Времето тече , не чека !
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Боки 13 се повлекува од сцената
    Да не му се верува на човек дека го чита ова. Мислевме дека славата на Боки 13 е вечна, но тој, сепак решил да се повлече од јавниот живот и од телевизиите, ако успеавме добро да преведеме од српските медиуми кои ја пренесуваат веста.

    Боки требаше утре да одржи концерт во салата Борис Трајковски, но концертот нема да се одржи заради слаба продажба на карти. По ова, очигледно на Боки му пукна филмот и изјави дека комплетно се повлекува од сцената.

    „Секогаш сум ја зборувал вистината па така ќе биде и овој пат... мојот долго најавуван концерт во Скопје е откажан. Причина за тоа е слабата продажба на карти. Заради тоа, моја лична желба е достојно да се повлечам од сцената...“ - вели Боки во изјава за медиумите. Тој меѓу другото вели и:

    „По 11 години макотрпна работа и активност во медиумите се повлекувам во тотална јавна и медиумска изолација“.

    На крајот, како резиме за она што се случи во Скопје и неговото повлекување, тој вели дека секој пораз во животот е пат кон поголем успех, па затоа и тој се радува на овој неуспех со високо крената глава. А ние во нашите моменти на неуспех, смотани, веднаш помислуваме каде сме згрешиле и дали можеме да се поправиме, но од сега ќе го следиме неговиот пример, бидејќи изгледа поговорката „со сила убавина“ не важи за 21. век.
    Извор - Бркај работа

    :party: :d:
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Од кај почнав да губам ориентација со датумите,деновите,саатот,последнава недела ако не и повеќе,се мислам дека сме 2011 година |(
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.321
    Допаѓања:
    158.406
    Господин правосмукалка ми затропа на врати. Го одбив,сакам помлад! :D
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074

    Кажи кога ќе најдеш да одиме и ние :lol:
    Барав и јас у Хилтон ама нема, се е скапо :^)
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Не се сакам себеси моментално.
    Си ја мразам новата фризура, 1000 пати сум пишман оти ја исеков, и сега што се вика ни коса немам. Можеби ми стои, али јас не ја сакам, во огледало не сум задоволна што гледам. :|
    Не знам што да правам сама со себе, досада ме пука, а никој немам покрај мене. Некој уште учи, некој нема време, некому не му е ни гајле ... Кучка сум, тоа да, луѓето ме нервираат, не знам да задржам никој до мене, али пак секогаш сум наоѓала време за некому кога му било тешко. Не се враќа се еднакво.

    Се гушам во овие 4 ѕида. Надвор ако излезам, не знам што ќе биде. Сакам само да си се затворам во една соба и да мирувам. Не сакам никој да ме замара, никому не сакам да се правдам зошто и како правам.

    Нему би му рекла да ме остави некој ден на мира. Сеуште апсорбирам од сите работи што ми ги изнакажа вчера. Излезе дека јас сум некоја вештерка што му го загорчила животот. Тоа уште повеќе ме дотолчи. Мислев дека барем тој ме познава, а тој не ме ни сфаќа, не ме ни разбира. А што е врската без разбирање? И почит, што јас сум ја немала за него? Ништо.Љубовта ја има, али ништо од ова нема. Затоа сме осудени на пропаст. Јас сум себична, невротична, само за себе си гледам и не сум курва во кревет. Тоа се особините што мене ме опишуваат според него.
    Али добро, негово мислење. А да, не го почитувам, го ставам учењето пред него, го навредувам и се истурам секогаш кога ќе ми дојде. Фали уште да го натепам.
    Многу ми е жал што не можеме да се разбереме никогаш. Али јас не се заљубив во ова што сега го гледам ко негова страна. Не, пред се се заљубив во оној што ме сфаќаше, а сега гледам дека само му требало малце поттик за се лошо да ми изнакаже. И не само тоа, туку и веднаш да бара друга замена за мене.
    Како да продолжам со некој кому му викаш дека се осеќаш осамено, ранливо, тој уште повеќе те повредува и навредува? Сфаќам дека и јас сум крива, али тоа искажување наеднаш и таков шок не заслужив. Јас никогаш не сум била сурова. Никогаш намерно не сум сакала да го повредам, иако очигледно сум го направила тоа многу пати. Али можел тогаш да ми каже, нели? :(

    Тој што би требало да ме сака, тие зборови ми ги кажа. Немам никаква самодоверба во моментов и сакам да сум сама. Али никој да не гледам и никој да не повредувам повеќе. Очигледно на сите околу мене тоа им го правам. Омилена личност во моментов ми е баба ми. Бар иако знае да ме искара, секогаш ме капира и е тука до мене. Само со неа сакам муабет да си правам, на кое ниво дојдов :)

    Ќе пишам кога ќе се почувствувам подобро, негативнава енергија никому не му ја посакувам.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.321
    Допаѓања:
    158.406
    http://off.net.mk/bavchi/jana/skopje-ljubov
    Кхм...девојко,зошто?! Како да ти се објасни дека заземаш квалитетен простор со глуп муабет?
    Кажувај ми за тоа како оваа твоја приватна случка има врска со Скопје...и нашето неразбирање на хендсфри. Ми се случило истото и тоа што мајка ми збореше зад мој грб,на цела ебана слушалка,па мислев дека мене ми збори. Нзс у делов?!А?
    По бајата прикаска сестро од оваа,не-по-сто-и! Сите го сакаат Скопје од еднаш,сите пишуваат некаква си бљувотина за Скопје,ал оваа маестрално ги навреди луѓето од внатрешноста. За луѓе толку поетски и љубовно исполнети од еден град,многу злоба има искрена да бидам. И јас го сакам Скопје заради истите клишеа,ама како не можете да сфатите дека се КЛИШЕА?!
    Дај бе некој нека и каже дека не ја бива,ама сериозно не ја бива за пишување. Ова може да го напише полу матурант (а тоа му доаѓа ко и син му на Амди!). Ни концепт,ни поента.ПОЕНТА!КОНЦЕПТ!Сфаќаш?!
    Оваа е од оние кои коа ги гледам у чаришија се чудам кој кур бараат тука?! Па уметнички израз е пентарење ко дива коза по калдрма у штикли,не викам не. А ние останатите сме отишле на 6 литри пиво, мезе, музиче,дружба и едноставен сексапил више кога инсистираат на нешто со секс.
    Скопје,не те сакам ради ваквите.
    Ама она пак ќе си оди у Грчка.
     
    На pink4ever, Shelea, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ^ во контекст на горниов муабет, ова off.net е како некое лошо задоено бебе на претходната on.net.
    Трендо никогаш не ми бил синоним за посебност и квалитет, се додека со сарказам и иронија + шабански сеир и гомнојадење во духот на македончето не се (само)прокламираше во урбано и интелектуално градско типче. |(

    Врв на глупаштилаков од оф сајтов, пред некој ден кога ја пишаа жалната вест, како најшеруван и најтвитуван пост бил оној со бугарските матурантки, па жалат уреднициве, демек - еве колку е плитко македончето.
    А они први го објавија и поставија, побогу.
    Парадоксално, до коскена срж.

    Пред некој ден исто, случајно сум се забуљала во DaVinci learning, некаква емисиичка за дечиња до кај 10-12 години, прават изуми на прост начин, со топчиња, шишенца, ластичиња, и на тој начин учат за Архимедовото тркало (спирала), за енергијата... си викам, зошто побогу нема вакви емисии кај нас?
    Со што ние ја едуцираме и забавуваме младината? Дечињата?

    Не, кај нас фраер си ако мрчиш, јадеш гомна, пукаш сеир и хејташ преку "колумни".
    И така стануваш урбана градска фаца. Со вакви квалитети. За восхит.
    |(
     
    На pink4ever, lolyta777, Shelea и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Колку само мириса на лето... Направив два букета за во дневната и си зедов малку лаванда за да ме пијани на бирото. Вечери со Малибу и Русинката во ирскиот паб или овошна салата пред ден. Шеширче и ај ќе коваме планови за одмор.

    Против главоболка лимон и чај; чајче за смирување од корен од валеријана, цвет од лаванда, лист од нане, босилкок, хмељ и кантарион ( се по 20 грама, само 70 коренот); корен од рен и вински оцет за алергиска кијавица, имела против висок крвен притисок... а познавам луѓе кои скоро па се лечат со - оптимизам!

    Сакам да плукам семки од лубеница. Стрв ме фати...

    [​IMG]
     
    На Libera, anabel-a и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Зошто бре не си ги знае народов границите?
    Јас сфаќам дека сите не разбираат странски јазици и се’, ама малку човек ќе ти раскаже и ќе ти преведе, па уште со попрости зборови да било, па ова, па она. Кои попрости? Тарзан Инглиш?
    Потрудете се сами малку. Најлесно е така, преџи бриго другоме и чекај на готово, па уште и другиот да ти е крив што тебе не те бивало да се снајдеш. Какви се бре, маме му ебам.
    Со прст да не се мрдне. Јас сум тука за било што, ама ебаго доста ме користат само по нивна потреба, имам и јас свои желби, сакам во некои работи да успеам и ми треба помош оти не можам сама, ама од никого не барам и не очекувам. Ако доволно се свесни, ќе мрднат, ако не - сам па како знам, и после не одговарам и ич не ме интересира за последиците.
    А ако јас сум се понудила да помогнам, не значи дека треба се’ на мој грб да се остава.
    И еве го. Стапи на сила вториот чекор од мојата преобразба: Not giving a fuck и оставање на цедило.
    (Ова ко политичка кампања сум: Оствауваме, чекои за пеживување.)
    Ќе заебам сега се’, па ќе ја бараат старата „јас“ назад. Ветувам. Ама јас одсега ќе се понашам ко пубертетлија и газот нема да ме боли, па лутете се и молете до миле воље.
    Па и јас пораснав пребрзо ебаго, сега ќе бидам живо дете и на онаквото не ги ставам.
    Од кој црни курац ЈАС да знам кој текст ТЕБЕ ќе ти е полесен за учење?!
    Утре знам дека јас ќе бидам крива што не испаднало според замисленото и иде „Ама ти ми рече.“ |(
    Ајт у пм, неблагодарна, готованска раја.
    Од денска и јас ќе чекам се’ на другите. Супер начин да им стапи на дело она чукање у груда „Ее, јас секогаш ќе сум тука за тебе/Нема што не би направил/а.“ Е баш да видиме кој колку ќе се покаже.
    А знам дека ќе се бројат на една рака и тоа ќе има и слободни прсти, ама ако, подобро ќе си дознаам за кого колку вредам и навреме ќе ги шутнам сите такви од животов.
    Let the games begin.
    Чистењето започнува за 3...2...1...
    Game started.
    Интересно ќе биде.

    Ах, да. Барем да се пофалам дека си рашишах 5-6cm од ова толкаво косиште, си ја опнав најубавата црвена боја и ми стои бре! :!: 8)
    Решила душа од корен да се менува, шта чеш. :D
     
    На JoxyTheFreak, Trendafilka, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Денес секој можел да пишува колкумни бре :D Дури и полуписмената раја :D

    Он, квари,све,вечито ...

    Дак фејс уз пут, ма немој молим те :D :D :D
     
    На thinkerbell и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    6.652
    Уште од пред еден месец си правев планови како ова лето ќе биде најдобро, незаборавно, најубаво... Мхм!
    Гледам уште од почетокот дека ќе биде такво. Осеќам дека ова е едно од најдосадните и најнеисполнетите лета што сум ги имала до сега!
    А верувам дека не е толку до мене, јас колку-толку се обидувам да го искористам времево најбоље што може, ама не го бива бе, и не го бива. Точка.

    И кој ѓавол ме тераше да се мувам со него? Убав беше да, ама што ако. Зашто за џабе да си ја зголемувам листата, леле сега фраерка ќе бидам зашто имам повеќе..
    И знам што правам, знам дека не е убаво тоа што го правам ама пак го правам. Е ај сега.

    Незнам уште колку ќе ја трпам ситуацијава дома и моиве.. До каде со нивниве плитки размислувања и ограничувања? Глупави се ако мислат дека така ќе постигнат нешто.
    Е нема. Сега неможам ништо да направам, ама нема да ме видат кога ќе наполнам 18. Па после ќе зборуваме. И ќе заработувам, и парите во фаца ќе им ги фрлам! На ви ги, ете сега не зависам од вас, заработувам МОИ пари, имам МОЈ живот и ќе правам што сакам со него!
    Ќе излегувам со кој сакам, каде сакам и до КОГА сакам. Да бе. Исфрустрирана сум. Изреволтирана.
    До немај каде. Ама со мирна душа кажувам дека се они кривците.

    И да.. Оној филмот, три метри изнад неба.. па мислев дека е типичен тинејџерски лигав филм, ама не. Ме трогна, срцево ме болеше, дури и заплакав на некои места.. И барем мајка и на Баби си ја споредив со мајка ми. Оу ем џи! Зар се толку слични? ;)
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^Блу, да не ти се мешам и да не те разочарувам, ама ништо не се менува кога ќе направиш 18. Имаш само лична карта плус, а поткрепа од твоите ќе ти треба уште многу време :)

    СДК Не ми се верува за која глупост се мислам :x |( Морам малку да се олабавам.
    И најмногу го мразам ова - ќе ставам нешто важно на место каде што брзо ќе го најдам (барем така си мислам во моментот), и сега никако не ми текнува кое беше тоа место :devil:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.