Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Дечкиии,конечно бидна и моето запишување во средно! :D Многу сум среќна денес ги предадовме документите со мајка ми па во понеделник ќе видиме дали сум влегла или њет! :D
     
    На Libera, srcekrsacka и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  2. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Прво, сакам на сите да ви се заблагодарам за честитките. Ми значи тоа што сте одвоиле време да пишете, без оглед дали некогаш сте прочитале мое мислење или не. Ми значат сите весели сликички, со тортите ме настрвивте, а уште не беше стигната...

    Второ, сакам да се пофалам :D Морам да признаам дека многу избрзувам и се откажувам кога работите не ми одат по гз. Се изназборев за него, му бев лута што дозволува други да му го планираат животот, а тој ми подготвувал изненадување цел месец.Ме распрашуваше кои другарки планирам да ги поканам, со кои сум блиска, чепкаше во мојот телефон барајќи нивни броеви, зборуваше скришно додека го правел планот, а јас глупача не сфатив.

    Мојот ден на раѓање никогаш не бил за мене посебен ден. Не паметам да ме ограничеле од дома за пари, за број на гости, за местото на славење... Никогаш не ми рекле дека правам голем трошок, дека е многу гласно, дека сум поканила некој што ним не им се допаѓа. Се` ми било дозволено, ама некако со годините се навикнав моето друштво да ми биде доволно. Се навикнав роденденот да ми помине како и секој обичен ден, другите да се трудат да ме расположат, а длабоко во себе да не бидам среќна.
    И сега после толку години, кога ги одбројував часовите додека да заврши денот, ме изненадија. Ми ги собрал другарките, се појавија пеејќи, насмеани, со торта и две свеќи. А јас збунето ги гледав и се чудев. Никој не направил такво нешто за мене. Никој не направил да се чувствувам толку значајно. Посебно бидејќи не е близок со моите другарки и којзнае колку се намачил за да им ги најде броевите. И само го гледав и си се чудев на сама себе. Како можам толку лесно да кренам раце од таков човек? Како можев да помислам дека би испуштил толку битен ден? Побитен за него, отколку за мене.

    Ви посакувам на сите, ако веќе сами не можете да ја создадете среќата, да најдете некој кој ќе го направи тоа за вас. Ќе ги најде сите работи кои знае дека ве веселат. Ќе се труди и кога нештата меѓу вас нема да одат во поволна насока, ќе вложува труд уште повеќе за да успее. Додека сте во друштво, тивко ќе ви шепне "Те сакам." Кога гордоста и инаетот кај вас ќе преовладе, ќе ви се појави на врата и ќе ве насмее.
    Најдете некој што вистински ќе ве љуби и секој обичен ден ќе ви се претвори во нешто посебно :) . И најбитно, дајте шанса на некој што не мислите дека ви одговара, зашто можеби ќе бидете пријатно изненадени од исходот и ќе го најдете сето она што сте го барале во него.

    П.С. Ако пак изедам бурек за него, ви давам дозвола да ме банирате. :D

    Сакајте, бидете сакани, бидете среќни и насмеани, од срце ви посакувам.... :)

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, The.Crab, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    ОК, верски фанатици, љубителки на патетични жалопојки и активисти кои дефинитивно го тупат со слики на кучиња, чао - хајд!

    Јас разбирам и љубов и се, ама сто пати на ден да се постираат слики од кучиња кои можат да се спасат, не разбирам. А од дома не мрднале да направат нешто. Е - е, таквите активисти про форма ме нервираат.
    Мислам, сакам кучиња и се тоа, ама тупење е, сериозно е.

    Порано се викаше живот кучешки. Какво време дојде, кучешкиот живот е за 3 левели поарен од оној човечкиот. Живот човечки ќе џавкаат џукелите од сега затоа што на човек во невоља рака никој не му подава денес, ама правата на животните - е тоа ти е нешто малтене ко библија.

    Е така, крај на мрчењето за денес. Оп стоп, ќутам веќе :wasntme:

    Отидов јас во бољи живот, и ништо не ме занима.

    Црвено - жолтааааа тоа е бојаааа...како беше де, але але!
     
    На chocolate.chick, Johny, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Ух, помина и тоа, денес си бев во ЈБТ и си се запишав. Јас си мислам ај одма ќе ме примат сите петки ми се, али децава не се заебаваат! Сите петки,дипломии, некој врски еве гледам се гушкаат се поздравуваат со професорите |( Утре одам да видам дали ме примиле, држете ми среќа ситеее :) :worried:
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Не не не,значи испив кафе и нема никаква реакција,пак би се вратила назад во креветот.
    Ете поради тоа ме нервира летото мене,ако ме остават би спиела и би спиела, со душа го чекам денот што ќе го зграпчам уште од сабајле,а денес требаше да биде таков ден,добро де го зграпчив ама пола :D

    Сега ќе склопам една торта,хопла и бисквити за тотално уживање во денот. Мислев дека денот ќе се одвива на друг начин,денес славам,еден месец откако сум без него,јас би рекла да ми се множат. Ете гледате и торта ќе направам за денот.
    Повелете бе ќе има за сите 8)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе гледам темата општи прашања сте ја затвориле, па јас
    ќе си кажам, наместо да си прашам :D
    Cдк, дека сега со ногата моја стиснав едно копче на тастатурата, и ми се смалија буквите, ама не знам кое копче е..
    и сега Kое копче е? :D дај кажете, ништо не можам да читам, ептен се ситни буквиве :D
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Како прво сакам да ви се заблагодарам на сите за честитките, иако роденденот ми беше пред 2 дена :)
    Второ, сакам да се пофалам малку самата себеси, да си кажам дека сум задоволна од тоа што постигнав предходната година, од тоа што постанав, и се надевам дека и оваа година ќе продолжи да оди во иста насока. За жал, ова значеше дека ќе се оддалечам малку од фемина, што не значи дека не поминував да прочитам понекогаш по нешто. Ама ви ветувам девојки, ќе се обидам да најдам време да ве дружам малку почесто :*
     
    На ana-banana, Serafima, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Кликни ctrl и + од тастатурата или со тркалцето на маусот.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    СДК дека сум најголемиот идиот што постои. Си пратив сама на себе ЛП. Сама бе. :fubar:
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да заминам некаде со мајка ми сами. Сакам да и го покажам светот. Никогаш не видела ништо од Европа освен Србија каде што е родена. Цел живот се трудела и создавала за мене и сестра ми, ги преживела сите наши падови, издигнувања, болести храбро стоечки, сум ја видела многу пати скршена, многу пати и среќна.. ама секогаш во нејзе има некој страв и нешто што не дозволува да биде опуштена. Затоа сакам да ја фатам под рака и да одиме на два дена во Париз, или негде во Италија.. или пак на некоја моја изложба за да ги види лично успесите на ќерка и.. Ја сакам енормно многу, и некогаш се плашам да ја гледам во очи и лице, зошто знам дека многу од оние брчки се поради мене колку и да сум сакала да ја поштедам од некои работи не успеав. Но сепак сум горда на себе затоа што знае дека се ќе сторам за нјезе, како што направив кога и беше потребна крв, и ја направиме онаа акција заедно со Ливинка, допатувајки за еден ден од другата страна на Европа, за да бидам покрај нејзе.. денес мисливе ми се насочени кон нејзе и ќе пробам да ја натерам да одат со татко ми на планина викендов во нејзиниот роден крај во Србија. И треба мир.. и треба да престане да се лишува поради мене и сестра ми. Ќе ја натерам да мисли на себе, и да почнат да прават убави работи со татко ми, вечери, одмори. Не се сеќавам дека некогаш биле заедно и на одмор. Затоа ветувам дека наредните пари кои ќе ги спечалам ќе бидам посветени на неа, или јас и таа некаде сами..или ќе им платам да одам негде покрај вода со татко ми.. заслужува многу повеќе од она што го има, и што и даривме и јас и сестра ми. Ретко се раѓа човек со такво срце. Хуманист е има помогнато на многу луѓе на многу начини чисто заради спокој во нејзиното срце. Знае да цени и морам и јас да почнам да ја ценам повеќе. Ми удрила шамар со зборови и се случило да не се избори за мене, ама ќе и простам и ќе си речам така требало да биде, моја судба е.. ама ќе ја сакам и ќе ја мотивирам последните децении од животот да ги ужива..

    Т.С мамо...
     
    На Adi888, Divinebutterfly, EmGreen и 38 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ова вака не бидува :x
    навечер неможам да заспијам, наутро неможам да се разбудам :worried: па не можам да функционирам нормално, ко заспаната убавица сум :D
    како пред малку кога не ја видов едната од вратите за да излезам од Рамстор, па се удрив во неа :lol: ко за беља ме виде еден тип, па сакаше да ми помогне-ко издрогирана сум а пијам капучино, течности, сладолед за ко божем да се освестам ама џабе :worried:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    9.060
    Пол:
    Женски
    Се што сакам да кажам...
    [​IMG]
     
    На L-enna, marama, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Лоши вести... трет релапс!!! :(
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Me напнаа на фб со кој ти го гледа профилот ! Не сакам да знам,фала ви !
     
    На patika19, sweet-cherry, Pelikuna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И мене исто, значи многу се досадни |( |(
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ај шо напнаа ама навистина ли веруваат на тие апликации |(

    Туку денов се погоди онака,да не речам здодевно.
    Ми се јаде ми се пие...и ми се спие.
    Ај нека помине овој ден |(
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.276
    Пол:
    Женски
    Ух, се надевав на поинакво нешто... секој ден те читам и се надевам, се молам дека ќе биде успешна борбата со болеста... ама знам и дека ти можеш!
     
    На lovemebaby, Buttterfly, calliope и 29 други им се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ама навистина незнам што ми е...толку да се мислело секојдневно па ова не е нормално веќе...
    Некои работи навистина ми недостигаат,и се би направила за да ги добијам барем на момент...
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Се има ли некој друг најдено во ваква ситуација, или само мене ова нешто ми се случува....
    Колку и да ме игнорираш, колку и да престанеш да ми се јавуваш и да ми враќаш на безбројните СМС- пораки јас ќе продолжам, знаеш дека сум упорна се додека не го добијам посакуваното, се додека не те видам повторно... Зошто толку детски, ладно и неодговрно се однесуваш спрема мене... Не дозволувај некој што го знаеш неколку дена да те спречи да контактираш со некој што го знаеш 2 години... еј две години... зарам толку сакаш одбивен да ми станеш и да престане секаква комуникација меѓу нас... имаш ли срце да се правиш дека не ме познаваш... зошто... зошто мора така да се однесуваш... си ја сакам твојата стара личност назад... веднаш! Тоа само глумење беше ли?! Не верувам... не се глуми толку долго... одвај чекам да дојде другата недела за сериозен разговор... барем јас ќе бидам сериозна, а ти знам дека ќе се однесуваш како мало разгалено дете и знам дека ќе го слушнам тоа НЕМАВ ВРЕМЕ... како може да немаш време да ме прашаш како си поминав за матура, што полагам и како сум... зарем изговор е тоа ... Знаеш можеби убаво ќе биде моето заминување во Скопје... можеби тогаш по втор пат ќе сфатиш колку вредам и ќе правиш глупави индиректни работи за да ми го докажеш тоа, ама тогаш ќе биде многу касно... Вразуми се те молам и сфати дека не заслужувам вака да постапуваш со мене... соочи се со мене или што не можеш? Веќе не те познавам .... :d:
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК незнам што човек ќе да бев, пречувствителна, ако друг е повреден, мене ме боли....Зборам за јога, техники за дишење, диши-издиши, ама јок бре, а се вознемирам, се заборавам и јога, ма и диши-издиши, ко изгубена сум...
    Па и топлово време, некогаш знае и да го дотолчи човек, да го онеспособи да функционира ко што треба.
    Од крајност во крајност, ако е ладно, ладно до неиздржување, ако е топло и тоа исто |( Се жалам и јас, знам,а и дека некогаш ми годи да е вака пекол, ама ладното не го издржувам баш.Тоа е, нема по нарачка :D И времево побудалело, измешало брзини :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.