Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.749
    Допаѓања:
    105.006
    Пол:
    Женски
    Поминаа 10 години, и по десет години би си рекла сакам пак назад, да имам пак 14, да почнам пак одново, ма нека имам и 12 само да врати тоа време. Викендов очекувам многу а хороскопот ми вика да не го правам тоа, знам дека кога и да очекувам многу останувам со прстот во уста па затоа решив, ќе отидам на старото место без очекувања, без претходни планови и само со една идеа, да видам дали работите се смениле, дали истите луѓе останале лузери и дали фините девојчиња успеале во животот. А што ќе им кажам јас, дека дипломирав, дека живеам сама, дека работам веќе година дена на фино работно место, во канцеларија, со плата два пати во месецот, со мањак 15 кила од пред десет години, со стабилна врска во животот ама не мислам на род и пород, не дека не сакам, он не сака, после 5 години он е незрел, неспремен....Ма не им кажувам ништо, дека они па не знаат, маливе места се страва, се знаат за тебе а ти се трудиш да им оставиш слика на изградена личност, зрела, спремна за real life што би се рекло и од нигде негде ќе ти плеснат, ајде бе што чекаш, нели се мажиш, па со дечко ти си 5 години :o , тоа ти е, ти си мислиш си избегал од прикаските а тие уште те предупредуваат дека знаат се за тебе, абе ајде.... Но се чувствувам убаво, дошле дома да ме поканат, Да не помисли да не дојде, рекле....Хм, којзнае какви им се плановите, осеќам ќе биде интересно а? И сега вака од оаа перспектива, во рани 30 што ми рече колешката прееска, па и не сакам да се вратам назад, убаво ми е вака, кога секое сабајле се будам во 8 за на работа, во 7ипол да ги соберам алиштата од сушара да не ги фати сонцето, кога се лишувам од пиво во кафана за генералка на станот, кога си приуштувам два пара кондури во еден месец....Ех, убав е и овој самостоен живот, не дека не, што па јас сум запнала да се вратам у школски клупи... :D
     
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас и моите сонови..
    Абе девојки,постои ли збор шпагетели или шпаргетели,зборов у сонот ме пукна, тоа шпагетелите биле тестенини нешто измеѓу макарони и шпагети :D
    Денеска дефинитивно ќе јадам макарони,решенена е дилемата :D

    Иначе пред некој ден ми гледаа на кафе,многуу ќе сум била среќна,женава ми кажува лле девојче многу ќе ми бидеш среќна јас овака ја гледам |( и си викам wtf јас среќна?
    Ајде дај боже барем половина да ми се оствари од тоа шо ми го кажа,доволно ќе ми биде.
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Денес е посебен ден за мене. Иако сум многу тажна, и се` ми е срушено над глава го сакам овој ден. Денес му е роденден на мојот покоен дедичко. Човекот кој секогаш ме разбираше, кој ме сакаше повеќе од се на светот, човекот кој со својата блага и наивна насмевка го решаваше секој мој проблем. За жал повеќе не е со нас. Јас останав без најдрагата личност во мојот живот. Сега нема кој да ме насмее кога ми е најтешко, нема кој да ми рече „Дојди да те гушнам.‘‘ Тешко ми е, душата ми плаче, ама истовремено сум среќна дека знам дека во мојот живот сум имала некого кој ме сакал со сето свое срце, човек кој ме сакаше до својот последен здив.

    Среќен роденден дедичко, каде и да си.

    ТЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ОД СЕ НА СВЕТОТ. :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На Adi888, Doozy, Juicy03 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Убав сончев ден.Весело,хармонично.Абе милини <3 .
    Ми се оди некаде на плажа,на море...кај што има забава до зори и бранови.
    Да шетам боса по ситниот песок и да собирам школки.
    Да пијам коктел во најблискиот бар и да се смеам со друштвото.
    Тоа ме исполнува.
    И да,и тоа ке го сторам неделава.

    Имајте и вие убав ден :hai:
     
  5. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Сакам да кажам убаво ми е! Ете така баш убаво си се осеќам.
    Поминаа испитите,сега ке се ужива во летото... излегувања навечер,денски кафиња,сладоледче, шопинг,трчање ....гледање филмчиња,серии ,читање книги... супер ке биде.
    Доста беше замарање со книгите,доста беше замарање со работи кои поминале,со луѓе кои веќе не се дел од мојот живот... сега ќе си се посветам на себе,ќе си уживам..
    Добро е, ќе биде и подобро :) :mm:
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.413
    Допаѓања:
    287.223
    Е значи кога немам обврски најголема недомаќинка сум :$ .

    Кога знам дека морам на работа, уни, да учам,...или не знам што психава не ми дава мира. Цела ноќ се будам ко бог да чува и зјапам у предходно двата навиени аларми (чат пат и у тел.).

    Дури и се будам некоја минута пред зазвонувањето на алармот, и ко некој фрики пак зјапам :^) .
    Капак на се и наспана сум, иако јас око не сум склопила или два саати без прекин не сум мижела...али тоа е. Си знам си имам работи за вршење цела ноќ сум ококорена и во мугри пут под нозе.

    После исцрпните неколку месеци со обврски, учење, неарноќи...конечно пак можам да си дозволам да се досадувам.
    Да се тегнам во кревет со лаптопот во скут, нес кафето во рака и листам низ нетов, сите пропуштени епизоди од некои заборавени филмчиња да си ги изгледам...
    Досадата е луксуз кој го обожавам.
    Ај за среќа до недела можам да си го дозволам и ќе гледам да излежам што поголем дел од него оти од понеделник почело е почело.

    Што убаво што не живеам со свекрва и гости само на предходно закажан термин ни идат.

    Спијам до кога сакам, чистам, перам пеглам кога сакам....ако сум уморна(не деновиве де, не се уморувам од лежење) ќе му подвикнам на малиот он да готви или и он ако имал лош ден ќе си нарачаме :$
    Постов го започнав со грижата на совест дека спијам до пладне и недомаќинка сум станала, ама еве до крајов се предомислив :rofl:
    Не сум будалче сама да си се косам :lol:
     
    На MacenceEna и thinkerbell им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК едно големо браво за мене!! :D :party:

    Денес сум горда на самата себе, мило ми е што бев причината за насмевката на личностите кои ми значат се во животот.

    Вчера и денес навистина сум позитивно изненадена. :clap:
    Кога не очекуваш тогаш се случуваат најубавите работи. :)

    Сакам да има повеќе вакви моменти... :inlove:
     
    На ana-girl, Libera и Serafima им се допаѓа ова.
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Кога некоја ќе си фати нов дечко немојте со муабети од типот на: Можеш ти и подобро, или, Ти си премија за него, или, Треба да е среќен што те има.
    Нејзе ова нема да и смени ништо, (он секако е среќен), само вие лошо звучите. ;)
     
    На Breezy, ljubam, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека со уписиве во средно е страшно. Секој гледа да се пикне некаде каде што само полесно ќе помине година, каде што има врски и сл. Потрагата по добро образование и поголема можност за на факултет воопшто ја нема. Сите во едно школо се пикнаа, и шуто и сакато 5.00 заврши, сите ќе бидат правници и економисти, а нивите ќе ги ораат магистри што немаат богати родители со фирма, за да се пикнат на работно место.
     
    На Monna.Monna, CharmedGirl, IndieGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Модератори дај фатете се за работа,само нешто дупло и без врска се отвара. :x
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Да одам негде само за да бидам "видена" боже боже. Одам каде што јас сакам без разлика дали таму се движи некоја "елита" или нема жив човек.
    Да се облечам за на кафе по најнова мода ( а уствари тоа да ти бил фустанот која си го носела за викенд) тоа го нема кај мене !

    Не ми се јасни денешниве девојчиња бе,не не и не. Како може да постојат такви исфустрирани ликови мене не ми е јасно,а што е најболно глумата им е во преден план.
    Уствари заборавив,јас малку проста сум,тоа ви се нај јаките пи*ки во градот бе,како можев да заборавам.
    Оноа занесување до лудило види ме која сум. Која си мори ах дојди да ти покажам.
    Уствари жално е некој да живее за тоа само да биде виден бе,да помине покрај некој кафич за да привлече внимание,ама сега заборавиле изгледа дека Европското е во прв план па ни фризури ни солариуми ништо не им помага.
    Вие сте тие што пиете виски бе,је је је,а јас обична смртничка,што е тоа виски? Море смешни сте ми и тоа како.
    И на крај гледаш влегуваат во некоја јака кола,ги собира некој знаете одат им даваат услуги дали за парфемче дали за штикли,на некој може и за такси до дома.
    И од утре пак ја вртат шемата во градот,шта би могла ја,се пи*ка до пи*ка.
     
    На mims-89 и Primavera им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    12.089
    Пол:
    Женски
    Комши, ме убива твоето фолк радио уште од зори.
    Ладно Старопрамен во 12 на пладне, кошиското кутре на доза утринско галење. Мајка ми вика дека е пола наше.
    Туку, друго ми беше муабетот. Ќе ја посетам ли некогаш Ирска? Ќе се измешам ли меѓу нив? Ќе пцујам ли како нив? И ќе научам ли како нив да го изговорам bloody hell? Ќе ги видам ли планините нивни? Пабовите ^_^ ?
    Некогаш, можеби.
     
    На Elena-97 и Breezy им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    понекогаш некои работи не се онака лесно како што мислиме дека би можело да е :)
     
    На Glossy-girl и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  14. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Се разбудив многу среќна. Појма немам зошто, можи оти спиев 12тина сати :!: ама оправдано беше оти вчера многу се уморив. Леле кога ќе ми текни дека цел распуст е пред нас, колку работи си имам замислено шо треба да ги напрам, а не сум имала време во текот на школската година.
    Па и пиво фест во Прилеп, одвај чекам да почни :rofl:

    Не ми замервајте :lol:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Иии...положив :) Сега частење нови сандали за летото,па припрема за свадба. :hai:
     
    На Lepaaa, Glossy-girl и butterfly33 им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.689
    Допаѓања:
    202.281
    Пол:
    Женски
    СДК, денес на мм му е последен работен ден во македонската канцеларија. Уште малку време има до заминување на новото работно место. Денот кога тој заминува се ближи, исто и денот кога и ние двајца ќе му се придружиме. Имам измешани чувства - не знам дали да плачам или да се радувам... цел нов свет имаме пред нас за истражување, запознавање, вклопување... од една страна, чувствувам немир и возбуда поради тоа што нè чека нешто ново, од друга страна се плашам од непознатото и како тоа непознато ќе нè прими...
    http://www.youtube.com/watch?v=-kl4hJ4j48s
     
    На Lilit, bittersweet, JuLleE и 40 други им се допаѓа ова.
  18. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    СДК само што се вратив од школо. Бев да си го земам свидетелството. ИИИИИИИИ 5.00
    Се гордеам со себеси :))
     
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Колку е само лесно некому да даваш совет, но тешко е да си дадиш сам себе совет кога ќе згусне
    Деновиве често слушам
    Не сонувај го животот - живеј го сонот
    ајде како да го живеам сонот кога тоа не е можно, за се што сонувам, одамна е кажано дека нема да биде :(
    или па ќе ми речат
    Бори се
    ах бе луѓе лесно е да кажете тоа и тоа направи, тоа и тоа кажи ама тешко е да се нарави и да се каже

    Лута сум на себе што знам дека некој работи не идат така, што знам дека тие работи МОРА да се променат ама немам сили да почнам..

    А да сакам да кажам дека уплатив ЛОТО
    ај може ќе ми се насмевне среќата и добијам нешто :lol:
     
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    It's been a while...
    Не бев задоволна од мојот телефон, сакав уште по нов. Немав штикли за новата маичка па пукнав додека не ги земав. Па требало уште и со римјанките нова чантичка специјално за нив...Жива ќе се изедев што сеуште не сум ставила гелни нокти, откако долго време ги одмарав...И се така со ред...ситници и ситници кои навистина знаат да те разочараат во одредени моменти (особени пред некој настан или излегување) или воопшто...Моменти кога отвораш во плакарот и сваќаш дека немаш "ништо", па како и секоја девојка доживуваш едно да не речам разочарување...
    Колку многу луѓето знаат да сакаат, и колку не знаат што сакаат.. Оти сите сонуваат за некоја среќа која им е потребна,но кога ќе стигнат до неа, стануваат уште понесреќни...
     

    Прикачени фајлови:

    На Breezy, kate21, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.