Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Security cameras all over the world also capture...
    people stealing kisses, music addicts, harmless soldiers, honest pickpockets, and potato chip dealers...
    attacks of friendship, love and kindness...
    friendly gangs, unexpected firemen, rebels with a cause, and peaceful warriors...
    a lot of crazy people and a few crazy heroes...
    Let`s look at the world a little differently...

    http://www.youtube.com/watch?v=auNSrt-Q ... r_embedded

    Кока-кола реклама, што нема врска со кока-кола, а сепак ми покажа дека светот и не е толку лошо место за живеење...
     
    На zhap4e, sweet-cherry и Ann.94 им се допаѓа ова.
  2. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Сакам да кажам дека конечно се чувстувам убаво, среќно и што е најважно задоволно и без грижи. Фајнали! Од вчера ме држи расположението на рационално искористен ден и денешно утро, што не ми се случило одамна. Па лето е де :D Секоја лага пола вистина, но најголема вистина на светов е дека ако ти одговара друштво, ти одговара и се друго околу тебе. По долго време, конечно во текот на вчерашниот ден бев опкружена со нови луѓе за кои не ни претпоставувам дека толку би уживала и би се забавувала. Ама најискрено. Довчерашните најдобри другарки поради еден конфликт ме избришаа. Добро со добро се враќа??? Дефинитивно не. Секогаш за нив рака во оган ставав за вака да ми вратат? Едната не ми се јавува на телефон, другата се крие на фејсбук, а третава по пат не сака да ми рече едно здраво. А јас дотерана во најновото летно фустанче со цветен дезен, средена, мирисам на овошен парфем и со расположение на највисоко ниво,зборувам на телефон и и испраќам најпозитивна насмевка во лице -и нека умрат душмани. Се изненади 8) Со најизненадениот тон во гласот, запрашува каде така средена. Велам прошетка, а на улицата од спротива ме чекаат две мои сакани другарки. Другарки кои ми мислат добро и даваат прекрасни совети. Не се ни љубоморни. Кога го враќам филмов наназад јас не ни ја знам точната дефиниција за другарство. Сум имала други погледи очигледно.
    Како и да е,треба да се оди на одмор :D По се изгледа Закинтос ќе биде овогодинешнава дестинација а потоа и Охрид.
    Денешниот ден лежерно во дворче, веднаш штом залади, со новата книга во рака и некој освежителен пијалок. Викендов ќе биде семејна дружба. Покрај нив најдобро и се чувствувам.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома, вообичаено јас сум онаа што секогаш последна си легнува.
    Особено периодов кога имам испити, останувам се до изутрина, заклучувам врата, гасам светло и одам да одморам неколку часа. Си стекнав некоја навика да им оставам пораки за добро утро на моите кои стануваат мошне рано. Земам ливче, го преклопувам, го шарам во најразлични бои со маркери (наменети за подвлекување во книгите), и во нив им посакувам добро утро и убав ден. Цртам сонциња, цветчиња, срциња, и им го оставам закачено на фрижидер. Притоа најчесто во пораките си порачувам доручек кој секогаш ме чека на маса во кујна откако ќе станам :wasntme:
    Денес ме пречека порака и доручек за добро утро од тато. И сфатив дека ваквите малечки работи, можат многу да ни го разубават денот. А нешто што уште повеќе ме израдува, е тоа што ги видов сите мои пораки убаво наредени врз фрижидерот. Цело време мислев дека ги фрлале, ама ги сочувале сите до една :sun:
    [​IMG]
     
    На karmenka, bittersweet, tweety26 и 28 други им се допаѓа ова.
  4. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Време за учење! Помина што помина, и спиење до касно, и седење до касно, и дремење пред компјутер. Чудно за мене, после 10-ти јуни, на +30°C да се чита нешто што е надвор од слободната литература (освен лани за државната матура), ама ова со сесиите е бетер. Колоквиуми врз колоквиуми, па ајде тоа не ни е доста, дај напнете и со испити. Студентска ствар, ќе се издржи - Очеш? Нечеш? Мораш! Да си ја фатам здраво работата зашто отиде коњот у реката :$ .

    Одвај чекам да одам на базент, да се разладиме малку од овие горештини шо те оставаат без сон, побогу. Море, и јас не знам дали е од нив или од купиштата обврски што на мене чекаат. Читање, читање, читање! :fubar: Само уште да беше интересно и ќе ме просветлеше. Ама?! Ама не е, барем не во вакви услови. Како и да е, сепак учењето е најлесно - барем така велат повозрасните :!: . Па, ајде да си ја олесниме работата, со учење :lol: .

    Сликата вреди 1000 зборови 8)

    Секое добро ;)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Колку убаво се чувствувам. Сабајле рано на една тура ролање со милата, а сега свежо избањата со мокра косица, да ми помрзне малце главата, убаво е де :)
    Деновиве опкружена само со убави луѓе, убави настани, убави вести.
    Релаксирање со стари летни хитчиња, ги има еден тон.
    Убаво ми влијае периодов, вака и нека остане :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=zoMYU_nOGNg

    Ви давам уште неколку :wasntme:
     
    На Miss.Ricci, pamelche, danniela5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Многу ми е чудно без неа. Ова е прв пат јас да сум дома, а таа да е на патување, секогаш било во обратна ситуација. Многу ми недостасува иако поминаа само неколку часа одкако ја испратив. :tmi:
    Заслужи макар и на два дена да прошета и да излезе од градов, да помине некое време сама па почнува да се осамостојува полека, полека. Расте, убава таа на дада, брзо расте, ја гледам како полека полека се претвора во една паметна девојка. Како вчера да беше кога заедно игравме со зајко и со барбиките, како ја учев да вози велосипед и колку ми беше мака кога падна од него, а денес веќе замина сама на патување за да си ја подигне заслужената награда. Се радувам за неа, тоа што освои 2 пати прво место и не знам кое на државно ниво и фактот што ќе зема стипендија во средно ме исполнува ради неа, а и ради тоа што сака да учи, паметна е, има потенцијал и со стипендијата ќе и биде многу полесно.
    Ја нема неколку часа, а мене ми фали, не знам што ќе правам за неколку месеци кога нема да живеам овде, го молам бога само носталгијата да ме прави посилна и поиздржлива, друго ништо!
    И така, средношколските маки ми завршуваат конечно на 22 јуни, па после летото се очекуваат студентските далеку од дома. :(
    И тоа е тоа, уште една победа морам да извојувам до Август, животна желба ми е на први август да го остварам тоа што со години го постигнував и го постигнав и она што ми се сруши за пет месеци.
    За пеколни пет месеци добив потполно поинакава форма, но ќе се вратам јас во првобитната и посакуваната форма, знам дека треба трпение 8) ама моето почнува да ме излудува...
    Верувам во себе, секогаш знам да дадам совет во темите за диети, а кога сум во прашање лично јас ми се плаче, знам дека ќе успеам. Морам. :angel:
     
    На Serafima, Doozy, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Пред 2 месеци му дадов кученце на едно девојче овде кое ја загуби сестричката во тешка борба со леукемијата.
    Се наежав кога ми кажаа,па без размислување и го дадис со надеж дека можеби ќе пополни дел од празнината во нејзиниот живот.
    Денеска со лачење ни кажа дека соседот и го отрул.
    Се згрозив и за малце не заплакав...
    Колку нечовек треба да бидеш и да се дрзиш да и одземеш уште нешто за што девојчето се врзало,макар и било ситница како кученце...
    Професионална помош. Веднаш.

    А јас на кафе и солзи.
     
    На Alesii, manja666, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    91.882
    Пол:
    Женски
    Затрескана сум, но не заљубена :wasntme: Ме плаши брзинава со која одиме. Денес ќе му готвам, не дека ќе е нешто специјално, но ќе биде со многу љубов. Кон храната да не ви залутаат мислите на друга страна.
    Сабајлечки денот по болници. Напорен , грд... Само што влегов да пазарувам излегол проблем, па пак накај болница. Среќа се средило, па си дојдов дома.
    Сами сме викендов со сестра ми. Ќе уживаме што сами, што со друштво.
    Убаво ќе е, да не беше проблемов со дедо, па мислите да ми се кај него.
    Сабајлечки пак таму...
     
    На bittersweet, teddybear, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Времево има потреба да го коментирам?
    Ме тера да се осеќам ко да сум прасе. И ме вртат на скара.
    А уствари сум оваква.
    [​IMG]
    Од толку вртење, од сабајле незнам кај ми е главата, кај ми се нозете, блузата, шорцевите.. Цела сум испревртена. А косата мислиш во неа се гнезделе кокошки.
    Па уште кога таман сум заспала, гледам некој ме покрил.
    [​IMG]
    Пред некој ден, станувам од спиење, дома нема никој. Нема кој да оди до продавница.. Дома немаше ни едно бомбонче да се облажам. Мислиш го реновирале фрижидерот. Се решавам-од утре диета!
    Добро.
    Станувам утредента, мајка ми направила торта. - Океј.
    Доаѓаат гости, ми носат благо. - Ју кидинг ме?
    Сестра ми се враќа од негде, ми носи сладолед и чипс. - Чекај! Скриена камера е ова? :^)
    Ма носи се сосве чипсот, таму. Да не ти го џапнам.
    [​IMG]
    Отидов да му се пуштам на вентилаторот. Којзнае.. можеби ќе дува побрзо. |(
    А може и скроз да цркне..
     
    На Sanniii, teddybear, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902

    Oва јас сум или некој ме имитира ? (Добро без тоа диетата ) :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Жива да си ми ме пресмеа :rofl:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.330
    Допаѓања:
    158.446
    ПМС, пиво у ден пладне при средина на одговорности,завршеток на една (Париз (аааах Париииии,ом ном ном ном,макарон и Шанел и Уитон)- Дакар!)етапа, џиновска маица со огромно АРМИ на неа, пошо сум мадафака секси у неа (ааахааааааааааа... елајте да се посмееме,да не ме сфатите погрешно карикирам еготрипање на глупача,ич не сум секси), рибни медаљони,неколку фОк оф, неколку вербални бич слапинг, упропастени чевли и цаката,си читам книгиче! Сфатив дека тоа е тој мој дел во кој ја канализирам својата енергија и насочувајќи се и кон стручна литература од област на економија,медицина и политика,си ја држам снагата и самодовербата.
    Јо,мадафакрс! Имајте убав ден,викенд и ... ок е и да си напизден. Само и Брејквик немал секс 11 години и ете...што се случи...ЕТЕ!
    Сите избегаа кон водата. Нејќев. Е да добијам ли?! Па у Егејско пирани и да ајкули да дојдат. Ма не сум од оние жени кои се брцаат со тампони у вода и чмаат на плажа со добиено при тоа ризикувајќи да искрварат до смрт,да закачат инфекции,да добијат епилептичен напад и еден куп веројатности, ма самото тоа што го имам у моментот ме јези,ме фаќа сафра,абе напросто ни вода,ни бутур, сакам да се излежавам под клима и да гледам филм,да си читам нешто. Плус...на топлото со добиено дремеш и да не преземаш ризик не пиеш пиво, Е КАКО ДА НЕ ПИЈАМ ПИВО НА ПЛАЖА БЕ?!КАКО?! Нема шанси.

    Сега ќе го изведам мојот среќен танц,ќе се истуширам и ќе се разлепршам на една прошетка и кафе пред и по зајдисонце!

    Имам нов парфем и другачие ми чука срцето,шо би рекла мајка ми! :rofl:
     
    На The.Little.One, Shelea, beached и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Скраја да е ама мислам како од многу седење на на фемина- ВА наша , ќе ми притребаат наочари со некој милионски диоптер.
    Инаку голем љубител на лулашки мора да направи некоја НЕздрела егзибиција се качив да на оние што се луљаат деца (во наши крај викаат -крлаат -)али сега да можи вие д а ме разберите морам вака .
    Едвај чекам да си ја видам неа .....ма и цела породица да ги збркам од` муабети `и да им дарам љубов повторно и да можам некако д аи докажам дека и мене не ми е сеедно ...........

    Многу непродуктино се осејќам пак ќе карам како маж, по ебаниов државен систем ....што мораш да лижеш га....ви за да се вработиш онаму каде сакаш.Што е уште по трагично и за онаму каде не сакаш каде не ти е кеиф , е и за таму мораш да лижеш газ....и
    Заклучок сегде мораш д алижеш г....и
    Убава ви вечер!
     

    Прикачени фајлови:

  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Последнава недела сфатив една многу важна работа.Значи и покрај сите тие пари,евра и долари и покрај се,џабе е ако немаш слобода,џабе е ако немаш мирен и нормален живот,џабе се.
    Овој факт го знаев,но сега и навистина осетив дека тоа навистина е така.Џабе е се бе срце,џабе е.
    Парите се едно големо НУЛА,немаат никаква вредност.
    Парите те прават,парите те кварат.
    Имај си нормален живот,задоволувај се со малку и спиј си спокојно навечер.
    Е така .. ]:)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    23.142
    Пол:
    Женски
    Дека за првпат откако сме заедно (а години се во прашање) ќе си бидам разделена од мажето подолго од 24 часа. Така да, сметајте дека ќе ве дружам викендов :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Дали само јас не се притресувам и не ми се интересни излегувањата со повеќе женски?
    Или оно, како беше "All the single ladies, run the world, girls, I don't need a man" бла бла стил?
    Јас навистина не се пронаоѓам во тие друштва.
    Јас не можам да седам во друштво кај што главен муабет е: „Ц, и онда он мене срцка ми вика фсјкдјсхдјјкдцјсд, што ме мисли?“ за да по 3 минути почне да рове колку и’ фалел...
    Повик од другарка за излегување со колешките кои наминале да не посетат од други градови, и веднаш ме фати серка. А не ми се седи дома бре. Немам игли за плетење, не за друго.
    Yay, gonna be fun, I'm overwhelmed. |(
    Ништо. Наоружај се Каљопо со сарказам и смеј се ко зелена кога ќе мислат дека се шалиш.
    Држете ми среќа да преживеам, а вечер сигурно ќе се вратам со мрчење.
    Или пак ќе биде наочекувано добро. М? :wasntme:
    Ајт. :hai:
     
    На JoxyTheFreak, Buttterfly, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Е морав да пишам пак, немам каде да се истурам. Шо чоек од збор ќе бев.
    Пеперутки, ма не бе ова се трактори и комбајни во стомакот.
    Раце ми се трестат правам рифреш цело време на мејлот.

    Штотуку и ја пратив дипломската на професорката за одобрување.
    Море, море сум се изнамачила, со тоа ц`цканиците.
    Срцето ми чука забрзано а уште и Кока Кола пијам, а сега и едно нес-кафенце ќе си направам.
    Има да експлодира...
    Може и нема денес да ми врати, ама моментот е тој.
    Ах, тешко е, тешко..
     
    На Hipster, LilBaby, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Која глетка. :rofl:
    ...јас на Фемина си уживкам, а брат ми со дечко ми, фудбал гледаат како најдобри другари! Пијат пивце и пцујат...секако. :!: :rofl:
    Баш ми годи! После брат ми со женска му си излегува, а јас и љубовче си одиме во Охрид на пица покрај езеро и после пак дома, да ги потрошиме калориите! :lol:

    Убаво ми е, мноогу! Баш како во старите добри времиња во Скопје.
    Ахм, заборавив, љубовче изгледа нема да ми замине во странство! :rock:
     
    На Hopeful, JoxyTheFreak, LilBaby и 7 други им се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ехеееј се чувствувам убаво.
    Животов ми е среден, де, тоа сакам да кажам.


    Среќна сум си,
    Ја добив највисоката оценка за сведителство за географија 8) плус една 10ка за тоа што пишував 11 страни за популација на Бразил и Македонија...
    Море, море да не зборам школски работи!
    Ме чека учење викендов.....


    Убави мисли и соништа феминки! :hai:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сликава ме потсети на една баба која ја сретнав во едно село во Битолскиот крај.
    Ете вака ми подаде од јаболката кои дедото ги имаше собрано во кошницата за своите синови,снаи и внуци таму во градот :)
    Земи лична де проговори таа со една иста ваква насмевка , земи природни непрскани
    јас и дедово немаме заби, земи колку ти душа сака.
    За баба Дара :) така се викаше жената кој му се радуваше на нашето присуство како да не познава со години а ние само љубопитни патници кои застанаа да му се восхитуваат на најголемиот уметник природата. :)
     
    На Hopeful, JoxyTheFreak, LilBaby и 20 други им се допаѓа ова.
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Најголемата желба на секоја жена била да јаде што сака, а да не се дебелее. Сериозно?! |(
    И после се чудам од каде мажите добиваат впечаток дека женскиот род е поглупав и ограничен. Понекогаш се запрепастувам од тоа што го слушам од женски примероци, посакувам да не ми го брукаат полот.

    Деновиве сум како кафич. Поточно станов ми е како кафич.
    Не знам колку нес-кафиња сматив, колку топки сладолед ставив во порции, колку апетисани послужив и колку трачеви слушнав, а богами и кажав.
    Убаво е да си сам дома и да има некој што постојано наоѓа причини за славење и собирање. Мене не ми смета, се додека има полн фрижидер и се додека гостите што доаѓаат имаат поштовање спрема мојот мачор. Пошто, се вадам од кожа кога некој ќе дојде и ќе ме натера мачорот да си го затворам во друга соба. Не разбирам како тие не разбираат: Лошо со лошо, добро со добро. Па и со луѓето е така, а не пак со животните. Хејтај ми го мачорот, и он ќе те хејта. Може и ќе те изгребе, ако си смрдле од човек ]:)

    И така.
    Што би рекла другарка ми, фул периодов, ќе те барам другпат. :D
    Забавен ми е животот во Јуни, така оди тоа. А јас одам пеш веќе месец дена, зошто точакот ми го собра едно цигле. Додека сум на темава да се изјаснам дека нема жива сила што ќе ме натера да се сожалам или во крајна црта да ги засакам циганите.
    Тоа би било се. Останете ми поздравени и во добар муд.
     
    На JoxyTheFreak, Hipster, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.