Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Е многу ги мразам клишираните правила во мојот Штип.
    Пример, неќна дечко ми ме однесе на романтична вечера во чест на неговото патување. Си направив фул пакет на моето тело и лице да му бидам убава, си ги облеков омилените чевли на плута и трк што побрзо да го видам ( и да ме виде :D ) Срцката со блеснати очиња ми го повчеле столот и ми ја бакна раката. Ама финтата е, зошто среда?
    Јадевме кога еден бош познаник минува и ме прашува ау, зошто ти толку дотерана? И сега јас шо да му кажам, има ли смисла? ( а друго тринаесто тоа што бев едноставно облечена и целата „дотераност“се состоеше во тоа што блескав)
    И најсмешното :D сабота претпалдне! Место нема кај да се седне, абе луѓе трчаат за столче да заварат или па стојат и чекаат. Ама битно, кажало се, сабота претпладне излегува и ќораво и сакато и девојки со 12ка штикли, ергени и се.

    и друго, моментот кога некоја типка ќе почне да си го покажува својот интелект на сметка на нејзиното успешно набљудување и анализирање на „простаците“. Така се билда егото на некој, а ништо чудно што по цел ден дреме дома и лакира нокти. И си лижам сладолет, си тражам форми во облаците и ич не ме гајле ниту за неа ниту за нејзината студија.

    Една мудра жена ми кажа колку е важно да ги толерираш сите и да не судеш за нечии си проблеми со мажот/работата/здравјето/психата или уште полошо негативните вибрации да си ги префрлиш на самиот себе, не е здраво!
    Колку е тешко работите што ги знаеш да ги преточиш во пракса...
     
    На Strumfeta93, IvanaMkd, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    23.144
    Пол:
    Женски
    Сега ли мамо? Сега ли ти текна кога сум веќе изградена личност, откако магистрирав, откако се вработив? Сега ли станав ќерка од посакуваниот пакет со црвена панделка? Ако си сакала оформена и успешна личност одеднаш, си требало да си посвоиш таква, а не да ме родиш мене. Немој да ми замеруваш на моето студенило, ни јас не сакам тоа да постои во мене, не заради тебе туку заради мене самата, ме труе, ме јаде однатре...сакам се`уште да те сакам, сакам моето срце целосно да те прифати, полно со прошка за тебе, но не оди...се лутам на самата себеси затоа што не оди, но не оди.

    Не очекував никакви ексклузивни права, не очекував да бидам пред брат ми, не очекував да бидам ни на исто со брат ми, очекував само малку топлина тогаш кога најмногу ми требаше. Затоа, кога се мажев повеќе се разочарав од тато отколку од тебе. Затоа што ти правеше работи коишто веќе одамна ги очекував од тебе.

    Сега ја бараш таа рака која порано ја оттурнуваше велејќи „Остај ме аман, како да не знаеш да одиш без да држиш некого за рака...“ или пак кога ќе сакав да те прегрнам „Не ми се беси, мртва уморна сум, само уште ти ми фалеше.“ Колку пати само како малечка ме имаш избркано од твојата соба кога ќе дојдев со насолзени очиња после некој кошмар и ќе те замолев да легнам до тебе...сама се борев со кошмарите, со лошите вештерки, со баба Рогите кои верував дека постојат и повторно утредента насмеано ќе ти се стрчав велејќи „мамичке“. Но тогаш времето беше на твоја страна. Бев мала и не бев свесна дека тоа што го правиш не е убаво. Кога влегов во пубертетот веќе почнав да сфаќам дека ова твое однесување е се` освен љубов. Љубов постоеше само за брат ми. Ден денеска е така.

    Сега ти недостигам. Сега сакаш почесто да се гледаме, да си пиеме кафенце заедно, да си озборуваме...но сега јас не можам. Тогаш ти не сакаше, сега јас не можам иако сакам. Пиј си го кафенцето со снаа ти кога веќе ја стави пред мене во твојот живот, или сега таа веќе не те есапи...такаааа? Еее, баш ми е жал...

    Но тоа е што е. Кога веќе си избра лицемерие пред искреност, кога избра подлизурко пред цврста потпора, што друго да ти кажам...не е една, две, три или пет караници...зборувам за студенило кое го примав од тебе и ми ја гореше душата цели 12 години. Отсекогаш беше иста со мене, но оттогаш престанав да мислам дека јас сум виновната за твоето намуртено лице...камо засекогаш да останев малечка за да не го сфатам тоа твое студенило...
     
    На LilBaby, Cynthia, green.eyes и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК,

    Максимално исполнет ден :) .
    Три внучиња, подобро како три малечки кучиња, се изедоа, се истепаа, се искараа, а на крај со солзи на очињата си се разделија. Душиња!
    Ги планирав цел ден, па и вечерва да спијат кај нас, ама каде ќе ги легнам? А утре може и пред скали да се разбудам, пред влезната врата :D .
    Посебно тоа најмалечкото, срцево ми се кинеше кога го оставив, го излажав, само за да му заминам. Ги стегна очињата за да плаче и ми вика:
    -Тете, тете, ти ома ватис, Б... емис дома. (-Тето, тето ти веднаш да се вратиш, Б... земеш дома.).
    Срце на тета малечко.
     
    На anabel-a, bittersweet, Bright и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]

    ;)
     
    На kate21, anabel-a, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е јасно, како некои луѓе ми ја откриваат адресата на интернет и тоа се непознати |( само ми праќаат пораки, вакви, такви - онакви, секакви :D |( од сите луѓе на светов, мене ме наоѓаат |(
    Бог да чува |(
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека јас сум најглупавото суштество на цел свет, полно со адреналин што не знае што прави!
    Летнав од мотор, преку рачки. Да да, јас бев „искусниот“ шофер. Гас и предна кочница на кривина, во исто време, ептен дека задна не работеше, а да работеше - ќе направев пајканска во кола на најголемата гомнојадачка-комшика. Господ ме чувал што поминав толку лесно, само со пар рани и модринки. Уште ми се тресат рацете. Ме боли левото уво што ќе речат комшиите, битно на другарка ми да не и јадат гомна за гребнатинката на веспата (јез да е минимална, а и онака и е се` канта). Нема да можам да заспијам ноќеска. Можев да загинам. :x
    Чесен збор давам дека повеќе никогаш не се качувам на мотор, ни како возач, ни со некој друг. Така ми е кога живеев 100ка.
     
  7. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    СДК дека сум мн загрижена и исплашена,незнам дали навистина ке биде така како што се надевам :?:
    Дали ке ми се оствари сонот???
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Животот ... па тој понекогаш толку силно ќе ве тресне од земја што мислите дека никогаш нема да се стабилизирате од ударот... баш кога ќе помислите дека можете да се опуштите, буум од нигде никаде нови турбуленции, нови пречки за поминување, нови тестови за издржување, милион проблеми за решавање ... и додека несвесно се прашувате до коа вака, свесно како некоја мантра си ја повторувате клише реченицата се ќе биде добро, мора да биде добро, се ќе биде добро ... и на крај си се восхитувате зошто воопшто сеуште можете да смкнете сила и да се насмеете, без никој да познае колку душата ви плаче и колку сте скршени.
    И ги чекате оние ... добрите среќни денови.
     
    На kate21, bittersweet, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Мислам дека овие тешки времиња ми помогнаа да разберам подобро од порано дека животот е полн со изобилство и убавина и дека многуте работи за кои се грижиме, немаат никаква важност.
     
    На bittersweet, teddybear, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Некои грешки се премногу добри за да се случат само еднаш.
    Како кога знаеме дека се грешки не се мислиме ич за да ги повториме?
    Посилни се од нас и од нашите чувства можеби?
    Ова го кажувам дека се чувствувам килти поради една таква грешка... :wasntme:
    (но килти не е толку силна за да не ја повторам пак )
     
  11. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Петок,викенд...НЕ МИ СЕ ИСКАЧА! УБАВО МИ Е ДОМА,САМА :)
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Си идам јас така вчера крај зградата на тетка ми и на неа доле огледала, коа задува еден ветар дека под сенка таму и ја на целата жештина ми дојде ептен освежување и си подвлегов во филм, и се вртам што да видам. Косава ужас. Прамениве не знаеа кај тераат. Обожавам освежувачки ветар на жешко време, ама се додека не дува во правецот во којшто се движам, отспротива и однапред да.

    [​IMG]

    Не знам колку беше паметно ова што го кажав, ама така сум нервозна деновиве па сакав да си кажам ете нешто така...

    А и да, откако пројде и тоа прашање на матурата македонски, веќе не пијам кафе туку така, како што пиев пред полагањата турско на екс. 8)
     
    На Lepaaa и starbucks им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Да ме видите само каков грев сум. :x Во бањарка врз пижамите, капата врз глава и со реидот во рака. Се вртам само наоколу ко мислиш којзнае што ме демне.
    Си седам јас прееска, си јадам салата, кога кревам погледот и едно огромно бубачиште си лебди накај мене. Абре ми се смрзна крвта во жилите. Летнав накај соба и се затворив, не знам колку време седев таму од страв. Само што не почнав да му плачам на маж ми по телефон. Која ирационалонст човече.
    И нигде ја нема проклетата да ја утепам, не зуеше, само така си лебдеше. Која тензија ми ја ствара што не знам каде е еј. Ај отидов јас у соба додека не дојде маж ми да ја среди, инаку ко ненормална рипам само и се потресувам да не застанала над мене. Ни бањаркава не ме спасува.
     
    На LilBaby, anabel-a, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Значи овие од Сител тв отишле со мозокот ...


    Прво за кого ќе навиваат нашите пратеници за Европсково Првенство ...
    Сега што јаделе како јаделе каде јаделе . Наредно е кога *ерат и зошто *ерат ? ! Втф ? !
    Дај ми една добра причина зошто ме заболе што јаделе ? !
    Народов нема што да јаде тие цитирам ...
    Сител предупредува дека ова не е правилно зошто ваквата исхрана не им е добра за линијата |( Ма немој да ме јебеш бре ! ! ! :devil:

    Кај живеам бре во земјата Дебилија ? !
     
    На kravce, mims-89, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    И јас имам мали проблемас со тие големи летечки суштества |( од памет се вадам кога ќе ги видам :D некогаш место да ги утепам, бегам и ги оставам и чекам да заминат :D |( и исто и мене ми создаваат тензија кога незнам каде е, се мислам да не застанала на мене...Ич не ги сакам, ама време им е за шетња :D Покрај нив, бубамари, бумбари и оние зелените малечките, исто што летаат, ама ги опишав :D тие си ги сакам, ама оние другине ич, па и колку да го утепуваш, не можеш ни да го доутепаш :D
     
  16. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    289
    !!!
     

    Прикачени фајлови:

  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК дека: :!:
    Ја обожавам мајка ми! Таа е најсовршената мајка, значи.
    Многу посакувам еден ден и јас да бидам како неа. Толку е млада, а толку работи поминала низ животот што ме тера да и се дивам на секој можен начин. Се гордеам со неа! Секогаш е покрај мене, секогаш ми е најголема подршка, секогаш знае да ми помогне и да ме сослуша, колку и да и е мака, настината. болничка како и да е, мама секогаш е со мене.
    Ме гушка како мало бебенце да сум, а јас се чувствувам како некоја принцеза кога сум до неа. :)
    Секогаш знае да ме изненади со некој подарок што знае дека потајно го посакувам.
    Ме пречекува со љубов кога ќе дојдам и знам дека само неа вистински и најмногу и’ фалам кога сум во Скопје. Таа ме исполнува повеќе од кој и да е. Секогаш, каде и да сум, колку и да ми е тешко, се потсетувам дека ја имам неа и дека ништо повеќе не ми треба. Знам дека постои личност која ми дава доволно подршка, љубов и разбирање.

    Се разнежнив ептен и посакав тука да си пишам еден пост за мојата мајка која толку многу ја сакам, што не би било доволно милиони постови да напишам, за да објаснам. :)

    Ми фали сега, кога не е дома и кога знам дека дури во недела ќе ја видам. :hug:

    [​IMG]
     
    На stetoskop, kate21, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Најубаво ми е!
    Ова е одморот, ова е се`!
    Заостаната кај врсниците, на исто скалило со пријателите.
    Наздравувам со Кока Кола во нивно име
    Живели! :beer:
     
  19. Palestinec

    Palestinec Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    17
    Сакам да кажам.....здраво на сите присутни.....
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.330
    Допаѓања:
    158.453
    Ја глеаш на слики у Дион со другарките, а после ти продава култура по социјални мрежи, мрази балканска сељачана,а по аутфитот ќе видиш на каква раја сака да скрене пажња. Оди мори...да си починеш од иронично труење. Мора да има серум против такво тровање. Ми се чини јас ќе бидам најчест пациент на клиниката за труења од човечка глупоќа! Мислам момци, ве молам не трошете убави зборови на евтини дрољи за еден секс...нема поента. Вие сте си изгнасиле две работи во случајов...а и еднаш со една форумџика тука ја гледаме ја гледаме и едногласно заклучивме дека по изглед ќе процениш дека и по толку искуство со најстариот занат на светот, лошо го прави истото. Оние кои вложуваат у монтирање на својот изглед,помалку поседуваат вистински сексапил. Чао!

    И друго, ја разбирам лоши разделби и све тоа,скршени срца,може се десит...ама до толку куропецања за бивш дечко,па као нечинел...инстант знам дека она е глупача,енде! Мислам,седам и слушам муабет од епски размери,па како е посилна и подобра личност,па како он е сероња...сакам да и речам,чуј сестро, статистички е веројатно дека ти си глупа гуска која повторно ќе избере таков...а и на таков му го лижеш аналниот отвор за да те потврди и прифати,откако те искористи. Мислам ок е да си повреден и да го признаеш истото, ретардирано е да шириш глупости за виши нешта за кои може само Ошо да истрипа вкрај! Мора да си хед оувр хилс зацапана у него штом те дирнал...и те дира се уште. Ако направиш грешка и он е таков,кретен,немаш причина зошто да не му раскинеш и при тоа си го сочуваш срцето, ама ако си била убедена дека си ти носачката на пламен во неговото темно срце,си се заебала. Можда он тебе те сматрал за глупача...а веројатно,да...за твој жал....

    И такој...еден серум против секаков вид на човечка глупост,едно пиво и љубов за сите на моја сметка.
    Лаку ноч!

    Ау да,се потсетив зошто ми се оди во Гоа дур не ја снемало и да мантрам на плажа...
    Чекајте да ве почастам...
    http://www.youtube.com/watch?v=BoAoqT55 ... re=related
     
    На thinkerbell, caroline.costa, starfish и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.