Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    ХАХАХАХАХА :rofl:
    Па и уште се смеат бе ко чавки,а у себе си викаат мори пушти го букетот оти косичето у раце ќе ти го дадам :lol:
     
  2. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека сексот е примитивен, моментален и краткорочен извор на задоволство и среќа! И нема ама баш никаква врска со љубовта. Може да има врска, но не мора. И не мислам дека кај среќно заљубените парови кои се долго време заедно, да речеме со месеци и години, сексот е најважната работа во нивната врска и најголемото меѓусебно задоволство што си го имаат и практикуваат.

    Сексот, со други зборови, е една голема лага и заебанција, медиумска капиталистичка парадигма, едно кратко бегство од реалноста, нужна принудна активност на нас луѓето. Природата го создала сексот единиствено како механизам за размножување, а ние сме му ја зголемиле важноста на ниво на извор на ултимативна среќа и задоволство. Но, ние не сме (само и доминантно) ебачи по природа. Ние сме многу повеќе од обични механички машини и роботи, кои треба одвреме-навреме да се сексаат меѓу себе и поради тоа да бидат среќни.

    Примитивноста на сексот се состои токму во неговата практичност како телесна физичка активност, (која секоја будала може и ја практикува), во неговата едноставност, баналност, рутина, повторливост, брзина... А најголемата критика и недостатокот на сексот е неговото совпаѓање помеѓу моменталното практикување и моменталното задоволство. Додека трае сексот трае и задоволството. Престанува сексот, престанува задоволството.

    На практично ниво тоа би изгледало вака. Можам најверојатно со 7 од 10 случајно избрани девојки да имам (спонтан и кежуал) секс 2-3 саати, ама не можам баш со сите 7 од 10 да имам убав муабет во кој ќе уживам 2-3 саати. Можеби со ниту една од тие 7 нема да ни оди муабетот, ама сексот секако ќе ни оди, иако и за него треба малку прилагодливост и меѓусебно (за)познавање. А која е најчестата грешка што ние ја правиме. Вака, претерано кажано, некои парови пред да имале 2-3 саати муабет, веќе имале 2-3 саати секс ;) Всушност, ние сите попрво имаме секс, а дури потоа муабет...упс... а дури потоа се запознаваме и можеби и се засакуваме, а можеби и не. А до моментот на просветление и вистинско запознавње на партнерот/партнерката, сексот го викаме љубов и го поистоветуваме со љубов.

    Те ебам, (не) значи дека те сакам ;)
     
    На Elenuskaa, Gea, Libera и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    СДК-
    Нема да возвраќам на навредите. ;)
    Не сум јас од оние,кои едвај чекаат да се испокараат за нешто.
    Всушност,немам време да се замарам со непотребни личности ~
     
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Море што мајка ќе имав јас?!
    ми дојде у соба и...сакам хороскоп.ок еве ти читај.после сакам месечен :tmi: ок еве ти читај после сакам годишен :devil: ок еве ти читај и тоа не и беше доволно и сакала да ја види тетка ми на фб што слики имала :tmi: .ок ете ти и глеј и после тоа не и беше доволно ај да и пратиме порака на тетка ти :envy: АР ЈУ КИДИНГ МИ??!!
    едвај ја станав уште тоа фали и фб да направи мајка ми и после чоек да не може на фемина да седне :tmi:


    Него друго сакав да кажам...
    Цела ноќ еден комарец ренде ме напраил на нозете па тоа не било доволно и морал да ме касне на моите задни образи и тоа 2 пати (е шо ќе имаше таму слатко па да јаде? :D )
    ама сабајле гледам на креветот малку крв сигурно сум го здробила комарецот :lol:
    оуууу јеа
    :rofl:
     
    На Adi888 и martinuska им се допаѓа ова.
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Полека, но сигурно, стигнуваме до кулминација на настаните, до оној момент кога се не е само една обична игра.. или правиш чекор напред, или го вртиш грбот и си заминуваш засекогаш. На чекор од тебе.. Сите тие мисли кои ми поминуваат низ главата, сите тие неискажани зборови.. овој пат ги заменувам со тишината, која во последно време стана една од моите најблиски пријателки. Во неа имам најголема доверба, бидејќи човек никогаш не бил повреден од она што го премолчил, ниту пак повредил некого.. Таа е и одличен "тест" за пријателите, бидејќи лажните пријатели ќе ја видат немата насмевка на твоето лице, а вистинските ќе ги видат солзите скриени зад таа насмевка. Очите го кажуваат она што усните залудно ќе го премолчат. Многу од моите "пријатели" не ги видоа солзите одлично скриени зад мојата насмевка. А ти, што имаш некое посебно место во моето срце.. што гледаш ти во моите очи? За прв пат, не сум сигурна.. за да биде уште полошо во периодот кога требаше да расчистам некои нешта сама со себе, јас расчистував ситуации и анализирав постапки на најблиските кои ме разочараа, наместо да ми бидат најголема поддршка. Реков, не сум сигурна во тоа што го сакам, но сигурна сум што не сакам - а тоа се лаги и лажна надеж. Лагите се тука за да не научат да ја цениме вистината , но барем кај мене имаат ужасен ефект на губење доверба и се поголема затвореност. Лажната надеж.. хмм, искрено не знам зошто на портите на пеколот пишува: "Засекогаш откажи се од надеж.", кога надежта само ги отежнува ситуациите и прави да е речиси невозможно да продолжиме понатаму, кога тоа ни е најпотребно. Како да ја уништам надежта во мене? Твојот поглед ме збунува.. кажи ми, што гледаш во мене? Неиздржлив е начинот на кој ме гледаат твоите очи.. можеби непотребно, но во нив гледам надеж а тоа ме полудува. Мојот живот е една голема сложувалка од која тргнав повеќе делчиња и ги заменив со нови, поубави и подобри.. некои делчиња се тука, но безначајни.. а некои, најважните од сите, се секогаш тука и ме исполнуваат до тој степен што целосно заборавам на оние што ги нема. Нив сум им најблагодарна. Ти.. за мене претставуваш едно од најважните делчиња, без кое не можам да се почувствувам комплетно. Секогаш тука, но во некои периоди, како сега, погрешно поставено.. или можеби грешам?
    Повторувам, повеќе ништо не е игра.. или правиш чекор напред, или го вртиш грбот и си заминуваш засекогаш...Па, што ќе направиш?
     
    На Monroe, martinuska и Johny им се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Денов е прекрасен. А јас сум му антоним. Не знам што ми е. :^)
    Можеби моето лошо расположение се должи на сменетото животно темно. Навечер излегувања, на пладне спиење. Малце неприродно? Абе, ајде. Само еднаш ке е лето 2012. :)
    Сакам да ве почестам. Онака, чисто из љубави.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ве гушкаам! :)
     
    На fallenangel, srcekrsacka, moonlight-girl.55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не ми е јасна потребата да додека си на одмор пушташ на секои 15 мин. слики преку тел. на фејсбук...
    Се смеам, јако ми е, еве пливам, сега се сончам, јадам...по патетично од тоа здравје, и не би коментирала доколку се тинејџери во прашање, ама да си околу 30 и пак да се глупираш?
    Си мислам јас дека си имам нормални пријатели и познаници, ама после сите постирани статуси, песни, лајкови на банални групи, коментари...многу се ретчи кругот...
     
    На Trendafilka, Hopeful, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Сноу пази следен пат, да не те фати пак камера! :rofl:
    Се шалам, ама а видам бидермаер, и свечено бацање ме потсеќа на Сну и нејзината колекција од ухватени со мака и сила бидермаери!
    Добро, до толку да си психопат за да се истегнеш онака по земја, фалеа уште да го џитнат цвеќето настрана и да го решат проблемот на друг начин. Леле тугооооо, дури на гостиве ова им е смешно, јас да сум ќе посакам да ме снема од планетава Земја, овај свадбата и очи да не им видам.
    Е богами се изначудив, и се запрепастив. Мизерии! :puke:
    Операцијата успешна, бидермаери имате и двете, марш у три лепе!
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски

    Немој немој никако фејсбук на мајка ти :tmi:
    Кај нас ситуацијата е кога двајца се караат третиот користи :D , некогаш не можиме да ја станиме :D
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Коа добиваш покана да слушаш Пинк Флојд под отворено небо со страшно харизматичен дечко..и одбиваш.
    И цел ден ме тресе треска на милион степени,а јасна ми е целта..само страшно добро исфилувана фора,па да се смилувам.
    Лето,алкохол и искушенија.Глупо звучи..ама ај!
     
    На Springy, mims-89 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Колку се безвезе оние периоди кога човек нема интерес за ништо и му е сеедно за се...
     
    На Strumfeta93, teddybear, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Мирисам на лаванда :mm: ... Ми фали само уште топло чоколадо и задоволството ќе биде до максимум. Убав ден.
     
  13. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    СДК дека дефинитивно со сигурност тврдам дека денес НЕМА нормален човек.Па сите,ама баш сите бре иаме некои мани од кои неможеме да бидеме баш нормални (јасна сум нели :?: )!!!
    А и ова животов е и неживот така да се е очигледно!!
     
    На l..o..v..e, Johny и Jule55 им се допаѓа ова.
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Последните пари ќе ги потрошам за да појдам некаде,да прошетам да видам нешто ново. Природа,пејзажи ,мир,спокој,чист воздух ,повеќе луѓе со мозокот на пасење...
    Муабети од типот еј види го ова ,какви убавини, нешто ново,необично ,зашто од муабети од типот леле немам пари ,леле болести ,леле владава преку ..... ми е.
    И така утре последните парички ќе ми заминат ,абе кое фустанче можам да го купам друг пат сега е моментот да се наполнам со позитивна енергија малку .
    Ако ми стасаат паричките кои ги очекувам ич не се мислам заминувам во Египет. Абе кои црни денови гајле ми е ,немам деца за гледање скраја да е. Дури и сама . Ако не ми стасаат може и во минус да влезам или да се позајмам ,ми се трошат пари за шетање.
    Да бе, штеди за црни денови и потиснувај ги сите желби оставај пари настрана и утре те прегазува кола и што после ?!
    Има да ја ишетам пештерата скрос до врвот и назад, секое камче има да го прегледам ,секое изворче , секое бубаче...
    Нема да си одберам сама риба зашто после ќе се чувствувам виновна кога ќе јадам :wasntme:
    Нема да ми остани денар ама ич ми е гајле.
     
    На Phyramide, Springy, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    СДК - Подобро 2 вистински, него 5 лажни другарки, да. Ама па со тие 2 шо ги сметам за вистински никогаш неможам да излезам, а друг никој нејќе. Отако почна летово, по цел ден сум дома, абе сакам и јас да испаднам малце до чаршија да прошетам, да идам да возам, они се се некаде со братучедки, или се ги боли глава...
     
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денес бев на базееен и сум многу изморена |-)
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК Дека во моментов ништо друго не барам освен вакви. :$
    [​IMG]
     
    На ludoto19, l..o..v..e, anggell и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    СДК луѓе држете ми среќа денеска положувам аикидо. :$
     
    На l..o..v..e и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Колку што парите можат да променат човек никој неможе. :!:

    [​IMG]
     
    На anneyy и TeaB им се допаѓа ова.
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Температурата изгледа ме удри во глава :!:, денес се раслакав на песната од ЈК - Слатка мала :!: :tmi:
    сестра ми ја пушти и ја ко си викнав да си плачам :rofl:
    мајка и ме гледа и :o :o ме чепка по чело да провери пак да не имам температура :^)

    освен што плачев на слатка мала денеска и го преспав скоро цел ден
    не јадев ни па пиев денес.
    пред едно пола саат станав се истуширав и некако добро ми дојде тоа туширањето.

    И да 15 пати ја слушам слатка мала и никако неможам да најдам нешто за што би плачела :rofl: :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.