Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    .... колку само си го сакам дворчето во овој зелен, расцутен, разигран, Петар Пан, спокоен, овошен период од годината! Кога ќе си ги испружам ножињата и се сокријам целата од цветовите за никој да не ме виде од уличката, се осеќам како принцеза. И зашо за принцезата нема мини плажичка? :(

    Какви текстови се пишуваат...

    http://www.youtube.com/watch?v=1aRYbgeo8nM

    Rather live out a lie than live wondering
    How the fire feels while burning
    For life is like a flame
    And the ashes for wasting
    So honey don't be afraid
    To dance while we're waiting...
     
    На Phyramide, Breezy, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Фала ти фустаначе кое ми овозможи цела вечер да се изнаиграм како што треба, без да висам цела вечер, плашејќи се да не ми пукне фустанот, да не ми се спушти фустанот, дека неможам да мрднам во него.
    Фала ви балетанки, да не бевте вие ќе седев како мирис во ќош и ќе се досадував неместо да се изнаиграм.
    Фала ти винце што допринесе за моето расположени, и фала ти Скопско радлер да можам и јас конечно да се освежам малку со пиво и разбистрам глава.
    Фала ви на сите за убавата вечер кои сакавте и си ја направивте така.
    3 години завршија како што почнаа. Некои збунето, некои среќно и разиграно, некои седејќи или стуткани во ќош, превртувајќи очи и муртејќи се на целиот свет или вивнувајќи се во облаци дека се недостижни или незнам што.
    За себе знам дека помалку ми е криво, што тука се раздлуваме.
    Останаа многу работи недоискажани, многу ситуации недообјаснети, многу дружби нефинализирани, многу пијачки неиспени.
    Таков човек сум носталгигичар, ама ќе ми фалат ептен овие работи.
    Што се однесува од мене, јас би сакала да се вратм во прво оделение и се одново да доживеам.
    Но не сум човек што живее во спомените, гледам строго во сегашноста и блиската иднина.
    Што било убаво поминало, да гледаме сите да си го направиме секојдневието уште поубаво и посреќно.
    Because its the only life we are living
    http://www.youtube.com/watch?v=XXNTbksAgsg
     
    На JuLleE, LilBaby, Smilly и 11 други им се допаѓа ова.
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Аххх не знам што да кажам, што да мислам...
    Знам само дека времево ме депремира многу, а и некои личности исто така. Од денес ќе си живеам во мој посебен свет ;) .
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Го сакам летото, страствено, целосно. Уживам во оваа моја слатка мрзоволност, лепливост, искапеност во овошни мириси. Патем, денес мирисам на јагода.... и се шетав во бел фустан и рамни сандали со црвен цвет, и си се чувствував како девојче ;). И не пречи што сонцево не ми возвраќа со исто толку љубов. Веќе не му се лутам за пегиве, си ги засакав со годините.

    Летото ми дава некој чуден животен оптимизам, трепет, чувство на заљубеност.
    И времето ми добива поинаква димензија и за секоја обврска само флегматично одмавнувам -Еј, па има времеее (што не е својствено за мене). И маж ми ја сака оваа моја размазеност и неозбилност што ме прифаќа со топлово, а син ми се лути и го сфаќам...

    И да не заборавам, на лето би можела да живеам само на домати и моцарела избањати во маслиново масло, тиквици на сто начини, летни манџички, кајсии, праски, изладени лубеници и дињи, ледени пијалоци со егзотични имиња...
     

    Прикачени фајлови:

    На Phyramide, Annath, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Да се надоврзам на муабетот на Џони, околу љубовта и сексот, сите сме биле заведени од ројот пеперутки во стомак, бумбари во тестиси, мрави во јајници и останати бубачки и шумски ѕверки кои ги напаѓаат пионерите и пионерките :lol: ... Сепак, на крајот од денот или на крајот од сексот, кога ќе се измијат остатоците од размената на телесните течности, не секого можеш да милуваш со поглед кој симболизира припадност, да го прегрнеш и заспиеш со чувство на сигурност, која ни сите аларми, бодигарди и блиндирани предмети не се во состојба да ја обезбедат и не со секого сакаш и натаму да се смееш, пееш или споделуваш проблеми...

    Равенството на здравата врска ги вклучува и нежностите и грубостите (не мислам на останати облици насилство без согласност на двете страни), всушност толку е едноставно, загубата или недостатокот на едното не се компензира скоро никако, ама вистината е дека сексот е нешто што полесно се набавува, од љубовта (иако упорно некои не трујат со вербални фекалии како е производ на допаминот, адреналинот и серотонинот само истата, ама нека ги инјектираат де континуирано на вештачки начин и живеат во изолација, па да ги прашам исто ли е бе да се разбудиш во празен кревет и во таков во кој е човекот, со кој сте си меѓусебен микрокосмос за вас најзначаен во цел макрокосмос, до тебе?!)...

    Кога си исполнет емоционално, надополнет интелектуално, задоволен сексуално и компатибилен во хуморот се чувствуваш како највисоката форма на живот на брегот од океанот, како врвот на еволуцијата и си спремен за секаква револуција :) ...

    ...Maybe we could divide it in two,
    maybe my animals live in you zoo...

    http://www.youtube.com/watch?v=w4DRzwIY ... re=related
     
    На Trendafilka, Strumfeta93, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека сум многу среќна што и без клучните играчи нашите кошаркари пак ја победија Литванија, тоа не личеше на пријателски натпревар, тие очајно се трудеа да не победат и да ни вратат за европското, ама против МК никој не може! :party:
    А сега одам да ги гледам нашите ракометари :party:
     
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    денеска и беше прво и последно!! веќе нема лабаво од сега дозволено и е само хороскоп и соновник ништо друго!!арно ми викаш и ти после ќе неможам да ја станам :) :lol:
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Ако некој се радува на туѓа среќа тоа сум јас.
    Ако некој е среќен за друг, тоа пак сум јас.
    Ако некој е тажен, јас тагувам со него.
    Ако некој му треба помош, рака подавам.
    А јас кога сум среќна, јас кога сум тажна, молк.

    Ме боли, среќна сум, многу, имам мал милион причини да се радувам, немам со кого да споделам.
    На десет луѓе се јавив да им кажам, истите десет рамнодушно изреагираа.
    Па ме боли уште повеќе, ги мислев за блиски.

    Дипломската ми е одобрена, ќе бранам или оваа недела и неделата што следува по оваа.
    Прва сум да пружам рака, да дадам совет, да ислушам, барав само да бидат позитивни околку тоа, што добив, рамнодушност и нервози.
    И сега, таа радост во солзи ја преточив.
    Се разочарав.
    Ќе бирам и со кога среќа да споделувам.
    Другарке, "добро дојде во реалноста" - Добро ја најдов, не сакам да останам тука.
     
    На Adi888, Trendafilka, moonlight-girl.55 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Периодов е никаков. Со големи букви, никаков. Немам желба за ништо, немам живци да дочитам една книга или да изгледам еден филм, ма го гасам на половина и само зјапам во ѕидот. Немам нешто на што да се радувам и да го исчекувам со задоволство, нема ништо за правење. Дури и обичното, секојдневното кафе пиење, или излегувањето го правам ради реда, само се досадувам.

    Луѓево околу мене како во брак да се, уште од 19, 20 години. Може до мене е, не знам, ама ако не одиш сега по одмори, излегувања, шетања и лудувања со друштво, кога? Ако, нек се људи радују, до мене ќе да е, јас сум ненормалната. Ми иде роденденот, а поиндиферентна не можев да бидам. Ме фаќаат луди идеи да им откажам на сите и да не го ни чекам, радост за уште една помината празна година? Пффф...

    Сфаќам јас, се сфаќам и се трудам да најдам некоја причина за барем малку оптимизам, ама мојов период на никакво трае прилично долго време. Како да се периоди, а јас не гледам светлина на крај на тунелот. Абе едно ламбиче да сјаеше, едно точкиче. Ама не, нада, натинг, ништо. Секоја радост, која било причина да се насмеам избледнува за многу помалку од ден. Сите некаде одат и нешто прават, јас само си тонам, се повеќе ме мава реалноста и така си потонувам, малку по малку.

    А знам дека тек допрва иде тешкото и лошото. :(
     
    На Johny и Oxymoron им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Мотивација за учење=0.
    :(
     
    На Beauchamp, Springy, anneyy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес почна мојот убав викенд со ќеркичето, внука ми и пријателите во Претор. И тврдам дека ми е многу по ок од Охрид! Самото зајдисонце и боите на езерото денеска ме восхитија.

    Имјате убав викенд, и посветете се на своите.
     

    Прикачени фајлови:

    На Lilliana, Lepaaa, Phyramide и 11 други им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Relationship without pain is a relationship not worth having...
    Дали?

    Зарем некој ужива во болката? Зарем некој не би сакал постојано да е мирен и сталожен, и колку што може среќен? Безброј приказни, безброј различни луѓе и примери, сите навидум слични а уствари толку различни. Никој не би постапил исто во дадена ситуација ...
    Се што се руши дома, ќе се среди, односот со родителите, баба и дедо, брат сестра, затоа што таа е друга љубов, таа е љубов која нема услови и правила, тоа ти е смејеството и мораш да се бориш со се што ќе донесе денешниот ден.
    А врската љубовна?
    Секоја врска меѓу двајца е различна, посебна на свој начин... А по некој дифолт секогаш, врската е онаа која најмногу пати. И кога се ќе помине, кога пак ќе успеете заедно да го врзете скинатото јаже, се прашувате што ќе биде наредниот пат? Свесни сте дека во јажето меѓу вас има уште еден чвор ... Целиот живот ли е вака? Зарем сме уште недозреани?
    И ќе ви речат, ма нема шанси да останете скарани, па вие секогаш ќе бидете заедно, секогаш се решавате, совршени сте ... дали? нешто совршено не постои. И далеку сме од совршени. Како да им објаснам дека во секој момент може да е готово, од каде знаеме што ни носи утре? уствари, ние не знаеме ни денешниов ден што ни носи а не па утре. Како да им објаснам, дека сега сме среќни и заљубени, ама можеби со некој друг би биле уште посреќни и позаљубени.
    Никој подобро од мене не може да знае што ми лежи на душата, никој не знае колку пати го вратив срцето во живот. Нели, метафорички кажано.
    Мислите дека имате врска која е добра и стабилна, која тешко може да пукне, од кога сте сериозно заедно никогаш не сте се скарале за сериозна работа, за варање, лажење, и такви поголеми работи, имате доверба, ништо не ви е забрането, сметате дека тој е тој, и срце да ви се кине ако го видите како се смее ќе ви биде искрено мило...
    А зошто понекогаш е толку тешко да се пронајде заеднички јазик? Кога знам колку проклето многу сме вложиле во врскава, знам колку сме се мачеле да си ги прифатиме недостатоците без да вршиме притисок да се смени едниот или другиот, јас знам колкава е болката во неговите очи кога ќе му речам дека понекогаш ми е страв дека џабе е се, јас знам што се не сме правеле еден за друг...
    Смешно е што знам дека вреди тоа што го имаме, а понекогаш немам сили да се борам со тешките периоди ... сешни се причините поради кои некогаш доаѓа до кавга. Смешно е што доаѓа до кавгите со него баш тогаш кога се друго во животот ви се руши, кога не знаете каде попрво да се свртите и што да почнете да решавате... кога сте толку немоќни и уплашени и кога се би дале да ве гушне и да прснете да плачете, зошто пред него не ви е страв да го исплачете она што ви тежи на душата а го криете од другите смеејќи се, зошто таму, во тие раце сеуште се чувствувате смирено и безбедно...
    Уффф...
     
    На marama, cinderella5, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Незнам како можат некои луѓе ,како одвај да чекаат некој да им ја плати сметката да ги чести .
    Не само што не одбиваат туку можат сами да си побараат да бидат честени. Или пак ако веќе се на честењево порачуваат колку што можат и неможат да изедат и испијат.Срамота.
    Добро не ни поручуваат не ни ручаат си чуваат место за честената вечера ,другиот ден не ја јадат цел ден од што се фул ,или како? Не разбирам.
    И не е ова дека сум така воспитана, јас пораснав на улица ,мајка ми стално беше по болници татко ми стално на работа не ми кажаа тие за ова.
    Се раѓаме со нешто во себе ,кој со талент,кој со преголема грижа на совест,IQ ...
    Несакам честење,дури и кога има повод мене ми е непријатно некој да плаќа за мене.
    Кој што јаде пие нека си плати,на никој не му врнат пари од небо .Незнам за вас ама јас во текот на честењето ден пред тоа и по тоа се чувствувам како Лејди Гага (не пејачката ) :shake:
     
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.050
    Допаѓања:
    16.156
    Се чувстувам подобро...Фала ти Господе...по скоро 2 години :) Лове јоу ! :) Воедно да им се заблагодарам на сите ФЕМИНКИ кои ме поддржуваа со своите постови...Поздрав до сите ! :)
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да немам никакви обврски, да уживам и да одморам од се, сакам да сум весела, среќна и задоволна...заљубена...сакам да сум овде
    [​IMG]
     
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Пак во последните денови се чувствувам некако изгубено...со поглед како да барам некој. Душата како да плаче по нешто. Незнам. луѓето доаѓаат и си одат од мојот живот, а јас некако не им обрнувам внимание. Незнам. Може постои некој искрен...ама не, не ми треба. Посебно не маж. Зошто? Сега сум си доволна сама на себе, а некогаш и сама сум си вишок. Незнам дали сум тргнала по вистински пат. Се надевам да. Ако не, пак ке си се вратам и ке си тргнам отпочеток, нели луѓе сме, правиме грешки. Учиме додека сме живи, а јас сакам да учам нови работи. Ама некако за нови искуства во последно време затворена сум. Летото дојде, се надевам ќе биде добро за мене. Конечно ке бидам далеку од градот, надвор од државата, далеку од секојдневните лица, насмевки, погледи. Тенкју гад!
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мислам, се е тоа супер, 50% попуст за влез во театар, кино, опера/балет . . .
    Малце ме буни ова поделбата на категории, гледам до 27 години имаат 50% попуст и пензионери, другото во таа категорија измеѓу како мај мадер, фадер и брадер ја немаат таа привилегија, значи ли тоа дека човек до 27 години можеш да го опаметиш и пренасочиш да полни театарски претстави во петок навечер инстед оф некоја дискотека! Толку е, после ни Господ не те спасува! :D

    Негоооо, сељак си останува сељак.
    50%, дури ни бесплатен влез нема да го натера г-динот залижана шишка, бела рамбовка и шмекерски поглед кроз прозор од штотуку направено спортско југо, да влезе во овие установи!
    Ни во средно не одел, не па сега!

    Абе Грујо, се е тоа супер, се трудиш и ти, гледаш човеЦИ да не напраиш ама оваа мерка погоре нема да го смени менталитетот наш! Ај ем сори, ама неписмена раја сеуште ќе има! Фејс ит!
     
    На Trendafilka, Johny и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК ми фали инспирација ;( :@ ... , сакам нешто да напишам, ќе експлодирам.
     
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Денес сакам да ве послужам со една виртуелна торта во чест на моите 19.

    Повелете феминки. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Johny, Beauchamp, anneyy и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.