Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Знаете која е единствената позитивна болка ? - КОГА ТЕ БОЛИ УВО ЗА СЕ.. :rock:

    Епа јас сега ја осеќам баш таа болка.. :!: али позитивнаа :)
     
    На srcekrsacka, baguf4e, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Само правам преговори |( се осеќам ко оној Нимиц, за преговорине за имено :D :tmi: |( стварно досадна работа било... :D :| |(
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.427
    Допаѓања:
    287.368
    Денес почуствував едно дежа ву, за мал дел од секундата ми се врати еден стар филм....почуствував кои зборови ќе ги изговори мојата мајка, знаев.


    Беше прекрасен ден. Се изнаспав како човек , и се обесив на телефонот да ги препрашам другарките до каде сме со планот за денеска.
    Се испадна како што треба и пладнето се нацртаа кај мене, на попладневна трач партија и правење кори.

    Се развртевме една го пази детето на другарката, другата околу кафињата и ситниците за грицкање а третата реди корите де со сирење де со мелено месо.

    Уз муабет, музика и неколку дози на кафе...стасаа и корите, а паралелно и малиот мој од работа и се изнајадовме сите као свинчиња.

    После со малиот ги префрливме дома и решивме да зирнеме до икеа да купиме некои ситници кои ни требаат за дома.
    Иако купивме се друго освен тоа што ни требаше, не беше толку лошо. Некако доброто расположение и позитивната енергија која ми ја дадоа другарките ме држеше сеуште.
    После тоа стандард поминавме да ја зирнеме баба му, и на крај вечерка мајка му на малиов.
    Жената фина, коректна...сврзавме неколку реда муабет, и нормално ме праша како сме ние, школото, работата...мајка ми, баба ми, брат ми...
    За момент ми летна низ глава едно бледо сеќавање од пред 2.5 год. кога на истиот тој стол седев и ми ги поставуваше истите прашања.
    Само тогаш беше како се родителите. Иако тогаш имав грутка во срцето и не знаев дали поради критичното стање не дај боже нешто се сменило во последните неколку часа реков добри се.
    Се обидов што побргу да ја сменам мислата и продолжив некој неповрзан муабет.

    Вечерта стасав дома, иако касно скоро 23, викам ај ќе и зазвонам на мама на скајп, онака не ме држеше место.
    НЕ ми пушти камера, паралелно со нејзиното растреперено здраво се погледнав себеси во сопствената камера и ја видов својата црна кошула која иако ја носев цел ден...не ја ни приметив.
    Во тој момент како да почуствував грутка на срцето, она исто дежа ву ...и слушнав само бог да си ја прости баба ти.
    Истите зборови ги чув за тато, баба, дедо, другиот дедо, двајцата тетиновци...
    Се раѓаш, живееш...и умираш.
    Тоа е човековиот животен циклус.
    Додека живееме со убавините, радостите и сета болка на овој свет...ги доживуваме и овие моменти кои не враќаат на самиот почеток, на нашето детство и моментите споделени со таа личност.
    Моментот кога ни ја соопштуваат таа вест е момент на болка, на оттргнување на парче од нас, од нашиот живот.
    Делче кое веќе нема да биде во нашето секојдневие.
    Колку само вакви вести ми беа споделени преку скајп во овие години. ...колку само тага која немав со кого да ја споделам.
    Далеку од сите.
    Се трудам да бидам рационална, секако да сменам нешто не можам. Барем сум поштедена од оние моменти кои засекогаш би останале заковани во моите сеќавања, во моите сеќавања сите се здрави, весели со насмевки на лицето.
    Најчесто како ми посакуваат среќен пат и си ветуваме да се видиме догодина.
    Добро е само кога тагата е единствено нешто кое не облева, кога нема простор за некакво каење или грижа на совест.
    Се сакавме, почитувавме...чувавме.

    Иако сеуште немам деца, со мојот сопруг сочинуваме една мала заедница исполнета со љубов и разбирање. Се грижиме и помагаме еден за друг, мојата втора половина за која се поцврсто и појако се држам и грепчам секој изминат дел.
    При секој предизвик, болка и вест како оваа , се нурнувам во неговите прегратки и се чуствувам благословена.
    Секој изминат момент со некој сакан е благослов, а јас се чуствувам благодарна со толку голема фамилија која била дел од мојот живот и сме споделиле толку многу прекрасни моменти заедно.
    Се сеќавам како вчера кога со дедо одевме на манастир секој четврток секоја година. Дури и кога бев тинејџер а он во лошо стање поради незнам кој мозочен удар, не ја заборавав нашата традиција. НА право пладне ќе се стокмев и право кај него да го зедам и да одиме.
    Лани тетин ми ме испраќаше на аеродром...на шала му велев дека многу е мачен, па крема за мачкање на мускули му донесов. МЕ прегрна, се испративме.....тоа беше последно.
    Татко ми преку камера ме натера да му ветам дека ќе му изградам споменик ако дојде до лошиот миг....иако упорно го убедував дека се ќе биде во ред, на крајот ветив. Си го исполнив зборот.
    Толку многу сеќавања ми наидуваат оваа ноќ...
    Прекрасни луѓе, прекрасни мигови ...
    Животот е убав, секој момент поминат со саканите е бесценет.
    Добра ноќ на сите
     
    На Lepaaa, Nine25, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои лажат ама се држат до кажаното,ајде примети ги дека лажат,но има и полоша варијатна луѓе кои лажат кои на неколку личности им кажуваат различни верзии за на крај да не знаат на кој што кажале и оп троп да си се заплеткаат. Лажете ама бидете вешти бе.

    Денов ми беше ок,мислам било и полошо,си верувам јас дека ќе биде подобро,кој знае може само си се тешам. Сакам да дојде таа,сакам да уживаме,да се смееме и плачеме заедно со многу кафиња и цигари и со песни и алхохол навечер. Да се гушкаме и да се надополнуваме,да се советуваме и да се критикуваме. Да се сликаме и да се будиме мамурни,да не боли глава по цел ден за вечерта пак да се впуштиме во авантури.Навечер да ја нервирам кога и истурам вода во кревет и да се зближиме како секој пат се повеќе и повеќе за на крај кога ќе си оди да ми биде празно без неа и со душа да ја чекаме следната средба. Таа е таква,вечен оптимист,без трошка грев во телото,спремна да ти го даде и последното парче леб што веќе е реткост кај луѓето. Се појави случајно во мојот живот но ќе остане додека живеам јас,единственото мило девојче е таа. Со душа чекам да дојде.

    Ах ова лето колку спомени ми буди,секое следно лето си е приказна само за себе,такво е,топло е,мачно е,некои го сакаат некои го мразат но сите имаат спомени. Некој ќе ги оживеат некој ќе ги остават во заборав а оние другите односно последните ќе си направат нови спомени од ова лето.
    Епа во поседните сакам да бидам јас.
    Ново сакам,жедна сум за нови работи.
     
  5. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ако видам некој облечен во нешто со американско/британско знаме, ќе го закачам на еден колец и нека се вее! Многу сакав такви пантолончиња и елек, ама кога ќе видам нешто што носи пола град, сериозно ми станува досадно и ми се одмилува.

    Периодов што да ти кажувам, драга. Многу неинспиративен, досадна сум како мачка. Знам дека цела година го чекав ова проклето лето, но сега некако ми се виде многу долго. Секако дека ќе е долго кога немаш никакви планови, Окси. Секако дека ќе е долго кога сите полагаат, имаат дечковци или едноставно не им се излегува вечерва. Ги изгледав сите филмови и ги прочитав сите книги. Веројатно јас сум таков човек кој повеќе сака да има обврски. Кога немам се чувствувам безкорисна и не знам што да правам со времето.

    [​IMG]

    И ми се јаде. И ПМС.
     
    На gingerchild, anabel-a и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Да бе, не ми цвета во љубовта!
    Ама нема да земам сега жилетот и да си пишувам имиња по рацеве, нема да излегувам и да се начукам па да го барам него, нема да западнам у депресија и на фејсбук да ставам срцепарателни песни и над нив текст- волела сам те ал зајебао си ме тралалаблаблаблублибла.. И још нешто користејќи српско-хрватско-босански језик, јебо те бог.
    И да, изреволтирана сум од менталитетот на мојата генерација. Затоашто живеат за другите, менуваат карактер за другите, излегуваат на некои места со некои есктра фаци за да бидат видени, прават нешто за да бидат зборувани и што е најтрагично- лижат гз и матријално се возвишуваат за да бидат сакани.

    Се од горе наведеново ме нервира и нема да го правам.
    Зашто?
    Затоашто секое утро се будам со кутрето мое бело плишано на мешлакот мој качено и мафта со опавчето, ме гледа со црните очиња. На трпезата ме пречекува кафенце, доручек и пољубац у чело од мајка ми со зборовите- Добро утро, животу мој. Ден поминат со жената за која е бескорисно да редам епитети, излишно е. Ниту еден од нив нема да го долови она што сакам да го кажам. Жена со која секој ден учам нешто ново, се издигнувам и оформувам карактер.. Личност поради која станувам човек и се трудам да вложувам што е можно повеќе во мене за да утре бидам нешто со кое што и двете ќе се гордееме а и воедно таа ќе може да впери прст во мене и да каже - Ова е ќерка ми.
    Нема потреба повеќе да се изјаснувам.
    Јас имам причина да живеам- мајка ми.
    Јас имам се!
    Чао пријатно.
     
    На sweet-cherry, mims-89, AnaKarenina и 11 други им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Ах, ептен ми е во свиџање периодов. На секое поле. Мх мх..
    Така, така. За арно, за убаво нека е.
    Вие што не бевте на Рок Фест во Куманово, криво нека ви е!
    Ме изненади колку народ имаше, сериозно.
    Е сега јасно, ги имаше и оние опнати и упицани во штиклици, чиниш црвен тепих ќе им постелат, па се кривеа по трева низ онаа гужва, и кога ќе забчеа моторџииве, вриштеа ко опалени. :D
    Нокаут беа шлагот. Си бевме од од страна во нашиот тако звани „ВИП дел“ и дури другиве се туркаа за понапред, ние им бевме на видик на дечките кога и да се завртеа, а се вртеа често и ни се смешкаа терајќи не да пееме. И за тоа нека ви е криво! :D
    И мене ми е, грлово ме боли сега, партали голтам.
    Полициска логика: Јас не смеам да влезам со обична вода, а кога ќе влезеш, гледаш деца од 14-15 години со литар ипол пиво кај што се шетаат. Бизнис бе. :up:
    А цените изгор бре! Еден сендвич 120 денари, лименка пиво - стотче!
    Ама од што ќе печали пусто Македонче ако не од вакви настани.
    Сепак, убаво би било во традиција да премине ова, доста беше узбуџење околу Шакич Полумента. |(
    И тако то, уште сум под импресии. Неочекувано, а предобро.
    Сега да се фрлиме на други работи. :wasntme:
    (Без перверзни мисли молам :lol: )
     
    На mims-89, LilBaby, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Доживувам толку љубов и од семејството и од него. Порадосна не можам да бидам! :sun:
     
    На mims-89, AnaKarenina, Cynthia и 16 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека ова :sun: веке на нерви ми оди :@
    од мозолчињава нема спас, само нови и нови ми се појавуваат, па ти прави што сакаш :envy:
    да присоберам троа пари, навистина одам на третман на клиника-кај козметолог(сум го кажала ова веке неззнам колку пати, ама веке утре ке си закажам, ова не се издржува) си го гледам на огледало лицево-и не ми се допага тоа што го гледам ;( планирав да си порачам и крем за заштита од стареење на кожата и против брчки од Авон, ама здравје следниов каталог ако го има , го порачувам, и лосион за тело со заштитен фактор ми е во план да си купам-за разлика од другите припаднички од женскиот пол многу повеке обрнувам на негата, и на кожата, па затоа кога ке ме види некоја, никој не ми дава 27 години :lol: гените пред се, а да бидам искрена после 30тата не мислам да изгледам ко мапа збрчкана :!: уште од сега се мисли за староста :)
     
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Ај ќе ве молам една петиција за да се сними и петти дел од Сам дома. :lol: По 146541244 пати го гледам и пак се смеам ко нездрава. Детенце... :$
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Едноставно морам да научам се!
    Навистина, потоа да си легнам и да си гледам убаво филмче со свежи шумски јаготки :D

    Вчера денот немаше врска, ама денеска... ќе биде убаво!

    19 дена до македонија! ајдеее, брзо помина се.
     
    На Magnolija и Pelikuna им се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Конечно се наспав ко човек, добро е немав темература ноќеска и можев да спијам.

    Туку денов е прекрасен,сонце по малку ветре убавини
    се мислам како да го искористам максимално, да шетнам некаде :?:
    или да земам бомбава што е у собава да ја расчистам :tmi:

    Имајте убав ден одам ја да правам доручек :lol:
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Колку било закон да одиш во шопинг по купачи заедно со дечко. :D

    Влагаме вчера во една продавница во Бисер, си разгледуваме, се фатив за еден модел, и продавачката ми вика: „Супер ќе ти стојат овие зошто имаш големи гради“. И се вртам, го гледам дечко ми со фаца:

    [​IMG]

    Погорд беше од мене, жими се!

    Нареден пат јас ќе одам со него кога ќе бира боксерици, да ликувам кога ќе рече дека му се тесни напред. Надарен пар, шо да причам. :D :D 8)

    И така, ваљда уште ме држи среќата што добив куп преводи за краток рок и ќе успеам да ги завршам таман пред да одам на одмор. Зафатена, заљубена, широкограда, ве поздравувам! :rofl:
     
    На Phyramide, Shelea, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Мене кога животот ми дава лимони, добивам од оние тврдине па ми остануваат плускавци на раце, де, да не може човек ни пола чаша лимонада да стисне |(

    Море кој орган, отсабајле пак се смеам, се љубам, се греам. Не е интересно без проблемчичи, здравјето да се крепи, другото е полесно :rock:
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    You know summer has arrived when you sleep like a пашитно говедо до никое време. :mm:
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    аман бе :devil: јас или немам среќа или сум преколната :devil: :devil:
    ке пробам да биде се во ред со сите и со се,и пак нешто мора да оди надоле,и пакисто проблеми,нервоза и :devil: проклетсво...пу бре што ке е ова моево :devil: :devil:
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    СДК дека сабајлево станав со сите петлиња и коковчиња, дека домашните миленичиња се многу тивки насабајле. Не можеле да спијат после 6, автоматски се разбудувале и морале да станат. Ма немој молим те. :^) Па им се качува шеќерот изгледа, стануваат, јадат, тропаат, викаат, шетаат и бањаат кучиња и мачки и таман ќе се изнервирам и ќе станам, си легнале како бајчиња и рчат. Пфф, не можече после 6 да спијат. МОРЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, да земам да им ропнам некоја музика, јас ги галам тука со Антена 5 на 13 јачина на звук. :fubar:

    Туку, друг ми беше муабетов. Баба ми и дедо ми имаат пријатели, нивна генерација па некои и постари, кои кога децата им се отселиле во туѓина, тргнале и тие. Случајно ги најдов на фејсбук (да, имаат и фејсбук), и очекував да видам некои бабетини, престарени, свиткани... Не не. Како што ги гледам, си го живеат животот повеќе од мене, секој викенд се шетаат по некоиси острови, спа центри, јадат во некои кули со поглед на океаништа и јахтишта, па на тури одат со внуци, па некои активности таму, што ти знам. Си викам, алал нека им е. Фала Богу дека не им е најлесно и не е се мед и млеко, ама живот си живеат бе. Некои ни по еднаш се немаат вратено овде, сите блиски им се таму, мајка бараат.

    А па едни мои други роднини, кои беа кај децата во странство 3-4 години и мораа да се вратат за да си ја продолжат визата, не можев да се изначудам колку им годел престојот таму. Освежени, подмладени, облечени како јапонски туристи :D , сакал сега дедото многу да слика, си купил апарат и сликал.

    Да не ме сфатите погрешно, јас моите баба и дедо многу си ги сакам и почитувам, ама кога ќе видам како денот им се сведува на решавање крстозбори, чување внуци и гледање турски серии ... :worried: Не сакам, не сакам така да завршам. Одбивам едноставно. Моите ги тераат да одат некаде, на бања, во Грција, каде сакаат, барем си имаат пензија и не им се проблем парите, ама ете, не сакаат. Епа тоа е тоа, болното, што луѓево овде, со текот на годините опаѓаат со духот... Жално навистина.
     
    На bittersweet, Peppermint, drugarka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... ах, што не би дала за едно убаво дворче со сенка, столче за газето, масичка за оптегнување на нозете, со кафе во десната и книга во левата рака.
    Сонцето нека си пече до бескрај, јас сум во мојата мала оаза, забарикадирана стратешки, што во секој момент можам да си го пуштам цревото со вода и да се распрскам и разрипам, ко за прва награда на wet t-shirt contest. ;)

    Си ја имам засега мојата мала тераса за овие изводливи потези (освен цревото, другото е практично возможно) :lol: , си имам мир во недела, моите отидоа да бркаат пеперутки на Треска, си го имав и него во мојот кревет до утринава, си го гушкав и се мазевме и галевме, му направив појадок со љубов и го испудив, за да можам да уживам самата со себе.

    Оваа година не се одвива воопшто сјајно, како што замислив и мечтаев при крајот на минатата, но се додека сме сите живи и здрави, не ни се закануваат болести и шизофрении, сметам дека за секој друг тип проблем, се наоѓа решение.
    Не дека се тешам залудно, туку навистина сум убедена дека е така.
    Жив човек, жив ѓавол, ќе се снајде како што знае и умее.

    Одморот ни пропадна, но смисливме начин за разонода, тука се двете наши градчиња, тука е Љубаниште и Берово, пиво фестот во Прилеп... ќе си имаме разонода, ќе си направиме мини-екскурзија низ Македонија, и журка во духот на 90тите :D

    Се додека има љубов, с(е)(ѐ) имаме и ние.
    ;)
     
    На Shelea, bittersweet, ludoto19 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    35.783
    Пол:
    Женски
    Можеби не сакав да кажам нешто повеќе отколку сакам да ги изнесам моите размислувања, инспирирана од се што се случува околу нас. Животот е една игра, скокање со падобран и преземање ризици, животот е само една лотарија и игра на среќа во која ретко кој добива. Но, сепак, животот е истрајност да се победат сите стравови и незадоволства и да се оди напред, кон врвот....единствено само тоа.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.465
    Кога ќе те разбудат од сабајле, и тоа еден од моите златни момци со коментарот за некој дечко шо бил без статус у мојов живот со коментарот: Абе многу бил убав! УБАВ?! Ми рече УБАВ?! Како тоа мислиш убав педерчино една?! Да,ама не те давам за него,онака,ти си кул,он е...па не е за тебе!
    И инстант у глаа ми оди песната!
    http://www.youtube.com/watch?v=wdAwbEDME10
    Тоа е тој мотив за диета!ТОА!
    И после ќе ми рече,коа се лутиш ме потсеќаш на песната. Ама се воздржав од нерационалности...за среќа! Ама моментот е што мене више мене самата ми оди песната у глаа! :!:
    Мислам,не е прв пат моите златни и еден рѓав дечко од мојот живот да се упознаат на јака песна у Маракана рецимо,не е факт кој ме дира,АМА УБАВ?! Рили?! Сигурен си дека УБАВ е зборот?!

    Ај доброутро со едно госпоЦко каве,тро азното да си го почекаме. Утре не чекаат победи.

    Ау моменат. ТРЕНДАФИЛКЕЕЕ,ОЈ ТРЕНДАФИЛКЕЕЕЕ, елај ми у хациендата у двор,едно црево ќе ти навртам,мајке ми! Речиси сите се пензионери,сега има и по некој млад пар,да ги размрдаме,оти маалово ко мртво пувало ми е! Сега им го стегам Продиџи,елај ќе правиме смутис! Прва боја фатив,ама малце заруменив вчера. Ќе ја пуштиме прскалката за трева и ќе се занесуваме,може и со сунгери на улица да застанеме и секси да мавтаме на коли! :D
     
    На caroline.costa и Trendafilka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.