Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога ќе си ја погодам нијансата на карминот порачан од каталог :rock:
    Атмосферата станува напната... ајде среда биологија па по 6 дена фармацевтска технологија... Како може само ние да немаме прашања за интерните предмети... за сите се лесни, а ние најголема фама кренавме за нив.. нека поминат овие интерните после малце на вежбање сакам да одам ( не дека треба да слабеам ) ќеф ми е хахах :lol:
    Уште два месеци остануваат и од септември ќе започне нивиот живот... аха да... ќе одат 5 години од младоста во неповрат |( |(
     
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека конечно се вратив од Охрид! Имам преубави импресии и носам најубави спомени од таму. Можда сретнав некоја феминка, којзнае. :?:
    Ја почнав сезоната за капење, море езерцено ладно ви билоо, ама сонцено затоа беше три пати потопло од него и сега имам изгореници од само 1 час сончање.
    Атмосферата така ме инспирира што за време на сончањето напишав песна за летото и можеби ќе се најде во новите броеви на "Наш свет", којзнае. :wasntme:
    Вечерта беше и манифестацијата на детски лирски треперења, па ги читавме нашите творби. Добив плакат, 3 книги и пофалница! Плакатот ќе си го закачам в соба. :$
    Едната вечер имаше и оган, беше фантастично.
    Ах да, и најважното запознав деца од цела Македонија, другарував и уживав.
    Во дворот на хотелот каде што бевме сместени имаше љуљашки, секоја вечер со моите другарки одевме на полноќ и се лулавме.
    Имав и 2 забегани цимерки. Беа поголемки од нас и едната беше Кумановка, другата беше Скопјанка. Малку ме разочара тоа што пушеа цигари и не беа толку културни, ама навистина беше забавно со нив. Кумановката зборуваше многу интересно, па мораше да ми ги повторува зборовите, за да поднаучам нешто на кумановски.
    И с'к ќе го завршу пост и ќе ви посаку пријатан дан! :sun:
     
    На Lepaaa, Lux и simon4etooo им се допаѓа ова.
  3. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Ова баш ме изнасмеа :D

    Јас мислам дека на некои луѓе и пари да им даваш (а не пак да им нудиш 50% попуст или бесплатен влез), нема да влезат во театар, музеј или библиотека.

    А има еден екстремен тип на луѓе, кои дури и би платиле, само некој да не ги тера да одат во овие установи. Тие би и платиле на владата карта за НЕ-одење или карта за излез ;)
     
    На Elenuskaa, TheKiketoo, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.466
    Претплатникот е емотивно недостапен во следниве три дена. Ве молиме бирајте тогаш!
    Она коа си мислиш дека лоши хормони у прашање се,се обвинуваш себе си и не реагираш и оп...се свестиш и сфаќаш дека се лоши луѓе у прашање!
    *си го остри копјето*
    http://www.youtube.com/watch?v=4ec2csY2 ... re=related
    Домаќинка vs. вистинска жена

    dama-vs-vistinska-zena-povekjeДали знаете да разликувате дама од вистинска жена? Дали е тоа став или во прашање е карактер? На кратко, според следните совети, видете каде вие се пронаоѓате.


    1. Домаќинки – Ако случајно го пресолите јадењето додека се готви, додадете еден излупен компир и тој ќе ја впие солта која е вишок.

    - Вистинска жена – Ако го пресолите јадењето додека готвите, тоа е навистина лошо. Ве молиме повторувајте по нас: „Јас тоа го готвев, и ти има да го јадеш и ич не ме интересира колку е лошо на вкус!“

    2. Домаќинки – Лек за главоболка. Земете лимон, преполовете го на пола и втријте го во челото. Пулсирањето ќе престане.

    - Вистински жени – Земете лимон, помешајте го со текила, малку сол и напијте се. Можеби ќе имате уште поголема главоболка, но кој му се секира?

    3. Домаќинки – На дното на корнетот ставете салвета за да се спречи течењето на сладоледот.

    - Вистински жени – Едноставно исшмукајте го сладоледот одоздола. И онака најверојатно јадете пред телевизор, седнати на кауч.

    4. Домаќинки – За да го спречите ркулците на компирите, додадете едно јаболко во вреќата со компири.

    - Вистински жени – Купете готово пире и нема да мора да се грижите за израстоците на компирите.

    5. Домаќинки – Кога рецептот за колачи бара истурање брашно со калап, употребете малку посува смеса за колачот за да не останат траги од брашното по колачот.

    - Вистински жени – Одете во слаткарница. Таму дури и ќе ви го украсат.

    6. Домаќинки – Ако имате проблем со отворање на тегла, пробајте со гумени ракавици за миење садови.

    - Вистинска жена – Одете и замолете го згодниот комшија да го направи тоа за вас.

    7. Домаќинки – Немојте да ги фрлате остатоците од вино. Замрзнете ги во вид на коцки мраз за следна употреба при готвење.
    - Вистински жени – Остатоци од вино???

    (леле ко да се пронајдов,и не се гордеам,сите поддточки ги користи баба ми кога ми се дере дека никад нема да се омажам! :D )
     
    На Lepaaa, Springy, Johny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Одмарам психички и физички. :mm: Сепак, повеќе психички отколку физички. Едвај го дочекав распустов и ќе се трудам од петни жили да нема момент кога ќе спомнам досада. Скопско, сладолед, јака музика и добро друштво - убитачна комбинација во жешките, летни вечери. :inlove:
    А деновиве сум во борба за опстанок. Јеа, опстанок до покасно навечер. Секогаш се враќам на време, трезна, лизна, мазна, и мора да ме пуштат до покасно! :!:

    Шта речи, што прво попити? :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Нит ме интересира некој, нит па ја некого интересирам... |-)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк најтешко е да си жена поточно кажано кога е во ПМС оуф бе не можам самата да си се поднесам колку ме болеше стомакот |( воопшто не си се љубам во последно време пак некоја депресија нешто + само трубаат и толку ми фали а и топлово ауу нема да издржам мислам дека а и нема да се оди на одмор. Има 2 години како не сум била :( којзнае кога ..
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    И сга (ск) ќе га завршу пост и ќе ви посакам пријатан дн ! :lol:
    Не ме држeшe место морав да поправам :$ :D мора, ќе бидам кумановска снашка наскоро :wasntme:

    Сдк дека учењево на овие температури ме истоштува :( Времево бавно минува, а испитиве делуваат далеку :| сакам да помине побрзо да завршам веќе еднаш, и да си идам кај либето на гости :$ :inlove:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    Ма ова ли личат на мужи, да се депилираат, да се чупаат, да незнаат сијалица да сменат.
    Муж е да пие ракија, да цепе дрва, да крше чаши...да га слуша Шабана Шаулича :lol:
     
    На daniloo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Palestinec

    Palestinec Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    17
    се сложувам.....освен ова да го слуша Шабана или други турбо фолкери.................
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    ^
    Ова го слушнав во една емисија, и ја ич го нејќам Шабан Шаулич и осталите турбо-фолкери, ама така слушнав, така пишав. :D
     
  12. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека имам трема :whew: , незнам дали ќе му се допадне тоа што го напишав...
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    БА


    ОПИС на типичен балканец :tmi:
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    ^ Викам го пишав пошо го слушнав во една емисија, и ми падна смешно.
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Летото ме прави да се чувствувам вистински жива. :)
    Отсекогаш сум го сакала, отсекогаш сум се радувала на долгите топли денови, сонцето што безмилосно пече, свежите ноќи исполнети со страст.
    Има нешто што вистински ме радува овие летни месеци, постојано ја носам насмевката на лицето.
    Луѓето, природата...сите се будни, цветаат. :f:
    Го сакам мирисот на море, на кремите за сончање, ги сакам патувањата, коктелите, исончаниот тен, ја сакам онаа возбуда што ја носи летото со себе. :sun: :d:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК стварно не можам да ги разберам луѓево понекогаш, има начини за како човек својата нервоза да ја отстрани од себе си, а не да ја насочува и товари кај другите луѓе |( :fubar: Па џабе ли постои фитнесот, за само да се вежба? :^) Не е само фитнес, туку има еден куп начини за исфрлање на негативната енергија.Само изгледа полесно е така, да се истури нервозата кај другите и после се е рамно |( а другите нека се снаоѓаат како знаат и умеат... |(
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Извини јас би додал и ако немаат дечко да си купат вибратор :lol:
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... Ај, што слушаат Шабан, Џеј и остала багра од соседниот север, ама барем да се измиваат повремено со нешто поквалитетно, барем не ќе се толку контаминирани и трајно оштетени културно... И не, не ми е јасно, како успеваат поновиве генерации да си дозволат цела поп култура од крајот на минатиот век, да ги промаши целосно, како е возможно да не знаат кои се Ролинг Стоунси, Битлси, Пинк Флојд, Дејвид Боуви, Аба и уште многу култни групи и кога веќе се држат до забавната ју сцена, зошто бе ги слушате Дивље Јагоде, а не ЕКВ или Психомодо Поп (...друге не примечујем ни у пролазу, себе увек поздрављам у огледалу... :rock: )... Му реков на дечко ми, ако опадне интензитетот на твоите чувства кон мене во некоја си иднина, те праќам да флертуваш со девојки од новиве турбо генерации, ама да почнеш да им зборуваш за музиката што ја слушаш, твоите омилени литературани ликови, филозофијата на умот и сл. има кога ќе ми се вратиш, да ме сакаш повеќе од секогаш 8) ...

    И друго сакам да кажам, денес го чув разговорот меѓу девојка во раните триесети, со завршен факултет и солиден изглед и една повозрасна жена интелектуалка, со многу висока позиција и статус, ама во поодминати години... Прво, женава кукаше за тоа како ќерка и‘ е немажена, за да потоа сама си признае дека и немала на скоро 30 год. сериозна врска со ниеден дечко и дека не трпи никого, не ми е јасно како не гледа дека овде и нема потенцијал за да се развие понуда за брак?! Од сите љубовни слепила, изгледа мајчинската знае да го преземе неприкосновено приматот понекогаш... И потоа се пренасочи на девојкава, како сигурно влече некоја лоша карма од претходни генерации, со нагласок на тоа дека кармата била религиски концепт, кој црн рисјански концепт жено... Христијани, сериозно, кога имплементирате и посвојувате карма или реинкарнација, почнува да ми се гади и смее истовремено од нечии помешани лончиња, ама не ќе да се моите... И‘ даде 2 насоки за натамошни дејствија - да си го бара чарето по гатачи и бајачи или да прифати брак со човек со дете... Ме мрзи да барам некоја од тие сликиците со неколкукратни фејспалмови, а и не сакам нешто посебно, бидејќи новиве генерации задоени со мемиња и останати сликички, почнувам да се плашам дека размислувајќи низ слики, ќе изгубат способности, не само когнитивни, ами и за говор, макар и пишан, залепи сличе и терај...

    Девојки и жени, не знам колку пати е споменувано што веќе е клише потребата од тоа да се цените самите себеси и да не дозволувате никој да ве тера да играте непромислено хазардерски, убедувајќи ве дека немате избор, дека мора да прифатите ужасни сугерирани комбинации (бидејќи сето тоа е себедевалвирачко и самодесктруктивно), бидејќи не е така. За недела дена полнам 33 години, не постои поле на кое сметам дека не можам да се мерам со било која девојка и над 10 години помлада од мене, напротив знам дека постојат полиња на кои ги надминувам, нека звучи колку сака нескормно. И никогаш не ме фатила параноја дека нема да си најдам партнер, ни па сум дозволила да го препишувам тоа на клетви врз моите прабаби и прадедовци, ни па дека треба таа вчера што се смеев попаѓата видовита да ме оправи или па секој кој ќе налета да ми нуди ,,решенија,, за мојот безизлез... Ценете се реално (ни преценувајте се, ни потценувајте) и не се продавајте евтино, барем не по туѓи замисли, ако веќе правите компромиси на било кое поле, нека бидат по ваш и само ваш терк :) ... На крај, доволно сме сите себични барем дотолку да знаеме што е најдобро за нас самите ;) ...
     
    На Lux, julie77, slavica999 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до пмс ама два дена немам око склопено, она ич, и не ми се спие ама воопшто, подочњаци имам ненормални, плачев цела ноќ ко ненормална, а ни самата не знам зошто, ко немам ни еден проблем, а низ главата ми се вртеа чудни мисли, кои врска немат со реалноста.
    Свести се ади, свести се, вторник полагаш а книга немаш отворено :|

    Имајте убава вечер. :hug:
     
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК убо ми е многу! :rock:
    Со љубовче се спремаме за на одмор, конечно после три години заедно, десет дена само за нас и за никој друг. Тој пак, пренежен, душичка! Ме исполнува максимално. :l:
    Се спремам за Скопје и си потпевнувам, не ми смета тоа што овие два/три дена има 5.124.152 обавези! :rofl: Сега имам сила некако, позитивна енергија преполна сум!

    Нека е на арно и нека потрае... :) :wasntme:
     
    На Lux, Springy, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.