Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... форумов бил многу подобар, по креативен, по реален, по објективен и по непристрасен.

    Најважно од се умерен.

    На кој не му се свиѓаат овие две реченици, слободно нека превртува очи.
     
    На kate21, ljubam, TheKiketoo и 5 други им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Не ги разбирам оние самобендисаните луѓе. Знаете, луѓето што мислат дека и тревата се поднаведнува на нивната лепота и интелигенција.
    До кој степен треба да си така „чуден“ па да мислиш дека секој случаен поглед значи дека некој се заљубува во тебе.
    Сфаќам самоувереност, сигурност, ама тој нарцисоидам не го сфаќам.
    Или пак онаа фразана „Поздрав јас сум над сите вас“... Не е преценување? За некој ти си само прашината од кондурите побогу.
    Јас на ова гледам како очај. Очај да се привлече внимание и некој избеган поглед, заради севсноста дека е само обичен човек. Ништо повеќе. А ни помалку. Само обичност.
    Е овие луѓе ме оставаат без текст со нивните ЈАС ПА ЈАС муабети.
    Тие не ја знаат смислата на љубовта. Не само кон партнерот, туку и кон пријателството и животот.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.490
    Пол:
    Женски
    Не пропуштам момент а да не се прашам дали нешто правам погрешно, дали не си го организирам добро времето, дали вака всушност треба да се одвива животов?
    Толку механички ми поминуваат деновиве, се ми се сведува на завршување на обврските, без одмор, без пауза и без престан.. не застанувам да размислувам за работи кои ми се суштински во животов, за луѓево околу мене, да се свеснам дека постојат.
    Па и кога прабаба ми умре, не си стиснав пауза на себе, не пуштив ни една солза, зошто? Не сум робот, имам емоции, само немам време да се опуштам и да ги покажам. Да, тешко ми беше, но што ако се препуштам на тагата, кога ќе ги завршам обврските? И на крајот на денот пак се' се сведува на тоа.
    Нема време човек ни да жали по нешто.
    Немам ни време да застанам да размислувам на сите убави моменти кои ми поминале со неа додека беше жива и независна, да се сетам на секоја измината пролет кај баба и дедо на село, на топлиот воздух.. не сакам да се сетам, затоа што ми е тешко, тогаш постоев..
    Дали навистина постоењево ми се сведе на тоа најсветла точка во денов да ми бидат сувите лисја што сум ги видела по пат? Или пиење кафе во омилената шолја? Навистина?
    Не можам, а да не се замислам.. Кога јас ќе почнам да живеам?
     
    На stetoskop и thinkerbell им се допаѓа ова.
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Сакам да кажам дека саматана себе си се изнасмеав оти во темата за модни критики некоја феминка ставила слика од неа и напишала критики?!?!

    А јас читам кикиритки?? и си викам за какви бре кикиритки зборува девојкава :^) ..коа пак препрочитувам и гледам критики :tmi:
    Талент! :rofl: :rofl:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Нашите картички се блокирани од PayPal... Ај што ја немаше Македонија како опција барем можевме да се регистрираме под Словенија и да плаќаме со наши картички ама не повеќе.

    Да не се објаснувам многу, пишав во темава зашто...
     
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Постколоквиумска недела значи трајно оштетување на желудникот.
    Милион семинарски за правење и дупло повеќе материјал.
    Новогодишна еуфорија пред читална, со печени костени. Така си ја предвидувам.
    Нејсе, имам ‘распуст фора‘ уште недела дена.
    До тогаш ќе го дотрошам желудникот.

    И ќе ја мрчам површнава околина. Верувајте, до сега не слушнав ниеден фазла мозок муабет. Се‘ од типот, што ќе носам вечер, од патики ме болат стапалата, па затоа со штикли идам на факултет, вечер ќе се расцветам, а маичкана преубава е - ќе му речам на дечко ми да ми прати пари. Мислам ало! Мислам хелоу. Па каде да се обратам? Како да ви објаснам дека НЕ МИ СЕ пие кафе со такви фаци, дека не можам да слушам цело време исти муабети. Слушни филм, види музика малце. Чекај стани, и не се ограничувај. Сам себе го убијал.
    Ми се седи дома, и поубаво ми е со кучето жими се. При крај сум со нерви и толеранција.
    На исто дереџе ги ставам и оние патетични мужиНа што не знаат ништо освен да си се пожалат. Апсорбирање на женски особини, тестостерон у минус. Тоа све се тигри, а тигрите порано мачиња биле. :) Свашта. Стварно не знам каде да се обратам.
     
    На Oxymoron, la-chicka, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам дека утре во 17.30 на плоштадот во Скопје Т-Мобиле и Т-Хоме ќе снимаат реклама.
    Ќе има изненадување кое сите го најавуваат, се покануваат сите заинтересирани да присуствуваат.

    Но изненадувањето денес изгледа се откри.
    А тоа ќе е ШАКИРА!!!!
    [​IMG]

    Веста не е 100% потврдена, не е ни дематирана од компанијата, само е по се изгледа една голема тајна.
    Кој сака може бесплатно да ја види и слушне :P
    Глеј сеа испадне една шпекулација а ќе си измрзнеме бесплатно утре :D
     
    На Adi888, Phyramide, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Изгледа на некои им е интересно само да плукаат, шо убо..
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Зошто луѓето толку брзо се менуваат? Каде се вистинските пријатели кои некогаш знаеја да те поддржат во се да бидат секогаш до тебе.. каде се луѓето што сакаат да се до тебе и без да имаат некаква корист? Зошто толку брзо добрите работи ги носи водата и од нив останува само блед спомен? Нема повеќе вистински и искрени луѓе секој те почитува и цени толку колку што има корист од тебе..
    Навистина жалосно ...
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Ма она е ваква, ма она е таква и оп другиот ден најдобри другарки. Не бре веќе не им верувам на луѓево. Џабе се удираат во гради кога не си стојат на ставот.

    Си ги направив конечно звучниците и конечно можам филм да гледам. Планови за утре и задутре, за викенд рано е. Се готви убаво ручече, сакам и црвено винце. Греено ил не убаво е. Не се џабе тиквешкиве корени. :D
     
    На Divinebutterfly, creshicka и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    СДК Денес беше многу убав денот. Не убав во смисла дека се случуваа многу убави работи туку убаво беше времето. Сонце а ладно. Поминав многу долг пат, имав некои работи за завршување. И се восхитував на есента, поточно на жолтите попаднати лисја, кои почнаа да шушкаат под нозете. Поминав низ еден сокак и видов нешто многу интересно. Едно гоооолемо дрво на кое му пагаат дрвјата и погледнете како тоа интересно изгледаше. Колку лисја толку среќа! ^_^ :sun:
     
    На Divinebutterfly, crazylady, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Поразителен е фактот колку родителите не си ги познаваат сопствените деца. Не знаат каде одат, со кого се, што прават во текот на денот, не знаат што ги прави среќни, што тажни, и не знаат кое им е омилено јадење. Знаат само дека детето е нивно, го створиле и го пораснале којзнае како, и си го идеализираат така, па, како да кажам, фино лепо во глава, дека нивното дете е НАЈ - убаво, паметно, чесно, добро, културно.... Сите сме ние нечии деца, и на сите родителите ни мислат дека сме најсовршеното нешто што постои по планетава.

    Тоа што не го сфаќаат, драгите, ценети родители, е дека створиле чудовишта.

    Чудо е колку се самоуверени и самобендисани кога станува збор за ќеркичката или синчето, што има 35 години и уште вегетира на каучот во дневната. Па го правда, што да прави, нема работа, нема да работи како чистач. Не им текнува дека никој дома на врата нема да дојде и да му понуди директорска функција, нели ?! Или, за малата мамина маза од 20 години, убава на мама, како таа да потфане нешто низ дома, па не може, има за учење на факултет. А тоа што испитите не и се положени, епа тие од факултетот ја мразат и намерно ја буткаат. Овде доаѓа прашањето, како мене не ме мразат, се неа ја мразат ?! :^) Синчето, оо, лепотанот, еве сега ја зема колата на тате и отиде, љуби га мајка, ќе му спремам за јадење, и ќе му постелам, и ќе му испеглам, и ќе му исчистам... И после сакаме мажите да работат по дома ?! Зошто да работи, мајчичка убаво го научила - тато носи, мама меси.

    Оо, мајко, свести се, пред да станеш најпроколнуваното лице на планетата!
    Твоите деца се такви какви ти што си ги направила. Одговорни или не, самобендисани или не, чесни или не, освестени и оправени, што би рекла јас, или не. Не сфаќаат дека не е во ред да се држи некоја слика во глава што апсолутно нема допир со реалноста, да се фалат наоколу како децата им се СЕ над СЕШТОТО, кога тоа нема ама баш, никаква, никаква смисла. Треба да ги фане човек сите убаво и да ги протресе, да разберат дека ТИЕ се тие кои треба да го воспитуваат и оформуваат детето, а не детето да ги воспитува нив. Многу упропастени личности излегуваат од такви родители, ептен. После тоа се шири со геометриска прогресија и кога ќе видиш.... :o

    Па што да му правам, темпераментно е. Е, па, кога некој ден неговиот темперамент ќе се удри од твојата глава, ќе се свестиш што да му правиш. :D

    Впрочем, да бевме сите паметни и убави на мајка, немаше да ни тоне општествово, м? ;)
     
    На sesilija, Annath, Magnolija и 9 други им се допаѓа ова.
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк ми се потврдија некои работи.
    Кога некого го прашуваш нешто без разлика за што и да се работи, ако е одговорен за тоа или го направил, секогаш одговараат брзо, рефлексно и се покачен тон.
    Нее! Не сум јас. Тоа никогаш не би го направил/а.
    Абе кога сите би биле идеални глумци би биле совршени. М?
     
    На marama, creshicka, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Викаат ние, младината сме биле Турни ме да кинисам.

    Е не сме толку едноставни. Турни ама немој па многу силно. Ех така ли се турка, па кога ќе кинисам. Аман бре колку туркаш, зар одма да кинисам. Ајде туркај на што личи ова, редно е да кинисам......и така до бесвест си се вртиме во круг.

    Тешко е да сфатиш што всушност сакаат луѓето, затоа што голема е веројатноста дека ни сами не знаат. Си ги живеат своите мали животи, опкружени со мали нешта. Кога ќе размислам ме потсеќаат на Ариел, што упорно сака да излезе на копното. Само ние не сме доволно храбри да се откажеме од перките од пусти страв што ќе кажат другите.
     
    На Annath, Phyramide, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК дека не се сеќавам кога сум се смеела волку како денес, онака од срце до солзи. :rofl: Е стварно сме луди :D
     
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    СДК Тешко е. Тешко е да сакаш, а да не ти биде возвратена љубовта.
    Уште потешко е да се заљубиш во добар другар. Кој те сака како другарка..
    Е тоа ми се случува мене. Неќам да е така, пробувам да го игнорирам но.. :x
    Ќе помине.
     
    На Divinebutterfly и L0ve им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сдк денес пак беше добар и продуктивен ден :) Бев на факултет,ислушав едно предавање(ко требаше не слушав стално,ама сега еве пак се навратив :lol: )повторив некои работи,кои сепак ќе ми се корисни,се надевам овој пат да го положам испитот :) Потоа бев да пазарам.Си купив се што ми требаше и си купив вино,портокалчиња,карамфилче,ванила и морско оревче :) Хехе,претпоставувате што правев потоа,а? :) Даааа,пред малце го тргнав од оган грееното вино,мммм,како убаво мириса,целата соба! Овај пат со сите составки го направив и е комплетно.Е сега уште не сум го пробала.Ве частам денес со греено вино :D (ветувам нема да се пијанчам :D ) А и други работи си купив,веќе сум снабдена и не излегувам од дома сега и ќе си седам на Фемина :D Хммм како можи да ве исполнат некои мали работи во денот и да ви го направат убав :sun: Се надевам и вашиот ден да бил убав...Ве сакам и ве поздравувам! :*
    [​IMG]
     
    На sesilija, Barbie-mwa, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  18. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам на сите за белиот свет во пространството неподредено. Тој ни потсеќа, дека некаде во темниот свет веројатно нешто е родено...
    Сакам да кажам најбитните мали нешта. Те се траги по пат бескраен. Траги, кои собират дждовна вода, за патник, кој тргва жеден.
    Сакам да кажам, дека некога бевме деца..но денес нештата се различни. Не бих сменила секој шум за миг тишина и за прошепното „ те љубам“.
    Сакам да кажам на мајка ми “ти благодарам„ а на татко ми, дека сум будна. Да пазам место во рајот, кога заспиам, или случајно се изгубам...
    лјалјалјалјалја :dance:
     
    На tinkerbelll и teddybear им се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Убаво би било барем сите луѓе, понекогаш да си имаат свој Џим Кери момент.
    На кратко бар да избегаат од стегите на негативноста, и да откачат.
    Мило ми е што важам за личност, која е максимално позитивна. Многу подобро него ли жив негативец, или како што самите би се нарекле „реални“.


    No, no. :shake:
    Животот на сите ни приредува убави и неубави работи, воздигнувања и падови, но никогаш нема да си дозволам да ја изгубам насмевката на моето лице, зошто стварно насмевката ти дава друг начин на гледање на работите. Подобар, секако.


    Just: :D !!!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.