[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    После уште еден заебан викенд и уште по заебан сон, се мислам од каде да почнам.
    Добро е, денес три личности од работната околина ќе ги нема, на одмор се (никад да не се одморат), очекувам по релаксирано да ги поминам овие 3-4 дена без нив.
    Ќе славам денес, ќе купам нес кафе ќе частам, мора да се обележи денот, кога душата се смирува, мозокот полека се ослободува од напнатоста и мислиш дека лебдиш.
    Обично не сум толку злопамтило, но кога ќе ти згазат на жуљ (по едно 5-6 милион пати), стануваш имун на трпението и простувањето и се претвораш во нешто од што нај многу си бегал, но потајно си го потхранувал.
    Месецов често слушам кој и каде ќе го користи стариот одмор, сите брзаат до крај на јуни да го користат, за да не им пропадне. За мене одмор е кога пред очите нема да ми се појават некои личности, кога работната атмосфера ќе ми биде по опуштена без нивното присуство.
    А сакам во август да одам на одмор, очајно сакам да избегам, зашто ми е преку глава од се. Ама секогаш истиот проблем-финансии, или нивното отсуство. Ако си го дозволам задоволството-одмор, ќе изгубам некои други задоволства. Во секој случај, нешто ќе добијам, но и нешто ќе изгубам.
    За ризикот ќе размислам, до август има време.
    Туку да завртам тема на малите маченца. Дома имам три, две бели и едно шарено (црно-кафено-жолтко). Само тоа белото се припитоми, се гали, скока околу мене, не се плаши од ништо. Другите две, како молњи се кога ќе видат човек.
    Дома кај моите, исто имам три малку по мали, исто две бели и едно шарено (сиво бело тигарче).
    Малите животинки се терапија за мозокот, особено мачињата кои се дел од мојот живот.
    Погледот во нивните мали очиња е замена за секаков аналгин, аспирин па и кетонал.
    Белите мачиња станаа валкани снешковци, морам да ги избањам за да ги распознавам :lol: Ќе биде по лесно, бидејќи едното ич не се плаши од вода. Викендов перев тепих а тоа сака да гази по него. Можеби сакаше само да помогне.
    Наредниот викенд, се надевам дека ќе биде по опуштено.
     
    На LilBaby, slavica999, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Денес ќе станам кума :) водењакот пукна уште кумашинчето да излезе се чека :P
     
    На Strumfeta93, Divinebutterfly, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Неможам да разберам некои луѓе колку и да се трудам.Зошто???????
    Се оговараат едни со други,се пљукаат и на крај ги гледаш следниот ден заедно :^)
    Не дека не сум среќна што се им се средил проблемот ама да покажат самопочит кон себе.
    Утре повторно истата приказна и се така вртење во круг.Не можам да ја избришам сликата од пред очи.
    Знаев дека и ке се среди проблемот но зошто сум изненадена????
    Предвидувачките моќи ми се засилени толку што планирам да отворам и агенција за гатање :D досега на сите им имам погодено ама вакво нешто никогаш не се случило :o
    И да не мрчам од сабајле,денес решив да ги изненадам моите со ручек.Подобро да се спремам за пазарување па што биде нека биде :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    Синоќа бев на претстава, од студиото за танц во Охрид. :)

    Сакам вака јавно да ги пофалам, многу прават за децата и младите во градов.
    Балеринчињата беа ептен слатки, да ви кажам право, ама не ми е за нив зборот сега.

    Последната точка беше феноменална, искрено не очекував да бидат тооолку добри.
    Претставата се викаше "Како ми го уништија детството" и единствениот збор што можам да го најдам е - моќна!
    Браво за приказната што ја пренесоа, браво за танцот, браво за поезијата.
    Штета што не беше самостојно претставена без неповрзаните пред-точки. Се надевам дека и така ќе ја гледам. :)
     
    На bittersweet, Strumfeta93, tweety26 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Си се фатив контрадикторна самата на себе. Во глобала не им држам за лошо на луѓето, понекогаш и многу брзо простувам, а ете на умрен човек никако да му простам. Размислував утрово за дедо ми, за вашите дедовци што толку ги фалите овде, се прашував дали имам сила да му простам и сега кога е толку кревок и слаб и при крај. Ама како, кога ни таа немоќ што го има не го крши, кога сеуште сее кавги и немир меѓу своите. И баба ми, покојна, срам ми е да кажам дека не ја мислам толку по добро, искрено ми е срам. Ама неможам да си се натерам самата себе да заборавам. Зарем тоа ме прави и мене лоша личност?
    Си го сакам семејството. Заедно растевме и излегувавме и секој ден кафенциња си пиевме. Бевме пријателки, не само роднини. Без разлика колку се дистанциравме последниве години, бев среќна за неа. Сега се' се преполови. Се трудам да најдам и мала радост и да ја чувствувам како што беше. Ама нема. Сакам само да помине и да заборавам... Потоа секој со својот живот. Не сакам понатака ни да размислувам, ни да комуницирам, ни да се зближувам. Барем јас знам како би постапила и направила. Не ради реда, туку од желба и радост. Затоа што убави ми се спомените што ги чувам.

    сдк дека веќе немам сила за ништо, максимално сум исцрпена, работам до доцна и сакам одмор.
    И од кога тоа е грев да се нема дечко. Од кога тоа е тешко да се поверува дека некому му е убаво да е сам. Не сум 5 год. сама, 5 месеци се во прашање, а јас во моментов не ни можам да замислам некој да ми дише во врат. Токму така би се осеќала, како плус товар да имам до себе. Оставете ме да уживам во себе си, најубаво е кога човек е задоволен со себе. Се во свое време, а ова време не ми е за љубов.
     
    На Strumfeta93, julie77, slavica999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Добро бе, само јас ли се нервирам и мрчам кога некој пишува без голема буква, без точка ниту запирка, за нов ред или евентуален ентер пак муабет да не правам? Интерпункциски знак, е мисловна именка.
    Како да му ја следиш потоа мислата на некој?! Оди сфати што сакал да каже „писателот“ :devil:
    Стареам изгледа, ме нервираат некои ситници ама ужасно многу :D

    Или кога ќе видам свати евентуално ќ, ѓ убутани кај што не треба. Од кога се вели бе, ѓи видов, суЌна, девојЌи и слично?! Јас сериозно треба да идам на некој курс за нови трендови во македонскиот НЕлитературен јазик.

    Аналфабети не направија компјутериве и поракиве на мобилниве. Демек да убрзаат комуникација, они го убрзаа рикверцот во нашето интелектуално развивање.

    Што ќе се нервирам. Мирисам на Piz buin и одбројувам војнички денови до заминување. А а а и уште нешто ќе биде спремно деновиве. Леле леле, возбуда ме фаќа. Секој крај значи нов почеток. Ако знае човек да се радува за почетокот, ќе ги заборави сите непријатни чуства кои му ги нуди крајот.

    Е така 8)
     
    На chocolate.chick, Elennaa, Strumfeta93 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.472
    Пол:
    Женски
    СДК дека се чувствувам лошо...треба да учам а неможам да се сконцентрирам да седнам и сакам само да лежамммммм :envy:
     
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Дефинитивно сум најосетлива да не речам ме вади од такт некултура и простотилук кај луѓе :!: .

    Ви посакувам пријатен и КОКТЕЛ-ен ден :D ќе ви треба на жештиниве!
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Се сеќавам кога се зачленив. Бев како штурче кое дошло на нова полјанка. Малку бев збунета, но сметам дека се вклопив, се разбира со помош на некои феминки кои ми ’подадоа рака’ .

    Од тогаш поминаа речиси две години, еве денес ми е роденден.
    За само 2 години јас се сменив многу, да не кажам премногу. Ама, ќе кажам.
    Благодарение на вас дознав многу повеќе работи. Дознав како пред се’ би требало да изгледа една млада личност.
    И иако уште мала и иако цел живот е пред мене, јас како овде да го достигнувам врвот. Врвот на животот. Врвот на моите достигнувања.
    Но, така ми се чини. Тука не запирам. Ќе се надоградувам, да бидам личност како вас.

    Ве сакам и иако ретко пишувам, знајте дека често ве читам!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Strumfeta93, CIA и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Јас завчера,да сум ти славела 2 години од моето постоење на форумов.
    Ми текна тек вчера,ама веќе бев легната.

    Би ве почастила само лубеница,да не им ја нарушувам диетата на сите од морална поддршка :)

    [​IMG]
     
    На Elennaa, Divinebutterfly, minne-mouse и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    само што се вратив од јане сандански а таму гужва преполно (а особено стари)
    значи стариве не се живи ако не те изнервираат мајке му |(
    тоа гужва не се дише они се бутаат една баба со нааа толгави цицки поминува покрај мене кога со тоа цицкиштата ме тресна по грб абе готово ребрата ми ги извади :tmi:
    после едно старо аро поминува и со книшката ме тресна по г'з :tmi: па кога му се свртев овој стварно се исплаши :!: па така и му треба :lol:
    и ај после јас стигнав на ред за да влезам кај докторката и слушам некој се кара на шалтерот и јас се вртам и шо да видам??!!
    некој си стар застанал позади мене и дека малце беше онака повисок и го глеам ми буља у цицки :tmi: |(
    овие луѓево и на стари години манијачат тука!! за срамота!! а не дај боже во преполн автобус со стари :x
    и влегувам кај докторката таа цела од 6-ка до 6-ка и и кажав шо е работата и она 'одете во собата од карши кај што пишува лабараторија' кога го слушнав тоа жими се мислев некоја циста ќе ми пукне :tmi:
    а таа па што ми земаше крв од вена ма не крв се ми извади и вени и се! јас цела се тресам и пребледов на мајка ми ама после отидов до вц се олеснив и готова работа!!! :lol:
     
    На Elennaa, Nine25, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од едниов интерен задоволна сум, ќе биде 5ка ова. Уште еден предмет во петок, и ај со здравје веќе од матура ни М да не чујам до резултатите од екстерното :lol:
     
    На Strumfeta93 и Doozy им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    Денес ми е прв ден на новата работа.
    Иако на среде месец, барем онака понеделнички за да ми тргне со лесно :)
    Иако станува збор за скратено работно време, навистина бев во потрага прилично долго, онаа старата едноставно не ме исполнуваше целосно, ниту финансиски ниту душевно.

    Од утре почнувам и со интервјуата за практикум, тука ќе биде потрагата уште потешка но упорна сум си јас.
    МАлиов повозбуден и од мене.
    Јас пратив толку многу цв, што одма не се ни сетив кои ми се јавија за интервјуата неделава, ама он одма уклучи главчето. У телевизија бре, кај славните било тоа :rofl: ај после толку многу тага викендов...нека тргне работата напред конечно.

    И он е втора смена. јас си пивкам кафето и чкрапам тука на комп. а он изиграва мајстор на боксерица :rofl:
    Морам да го пофалам дека секое делче мебел во станов сам го шлепаше до трети спрат(без лифт) и буквално се сам монтираше. А станот е прилично голем а и целосно нов го опремивме, стварно сум горда на него. Сите велат дека ќе биде одличен татко, само ние сеуште никако да се видиме во улогата на родители, али здравје...
    Некои ситници кои ги купивме од икеа ни беа останати па сега домонтирува и се молиме да му пеглам панталони.
    Ќе ги пеглам де, се знае тоа, ама ако малку нека се помачи и да ми каже неколку пати колку ме сака.

    поздрав девојки и имајте убав ден :*
     
    На la-chicka, x.Daisy.x, Nine25 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Добро утро :yawn:
    Море кое добро утро, се осеќам како вчера повеќе алкохол да имав во мене отколку крв клавата ми пука но кој ми е крив ко спиев на оваа сахарска горештина.Го слушам желудникот ме потсеќа дека треба да јадам но некако не ми се мрднува г***т бре, мрза светска сум станата посебно кога ова теткава ми е дојдена на гости цела недела сум прав паразит задомен во фрижидерот :tmi:
    Еден куп обврски имам, мислам на распуст сум па немам работа само во сон така, и секој ден за друг ден си ги префрлам,мислев денес ќе станам порано па ќе подизлеам додека не е премногу жешко но од то порано ни п не видовме.
    Но, утре обавезно морам да станам порано и во еден ден се да решам (ако е можно) чесна патриотска реч утре станвам порано! :)

    Па што би рекла јас ќе завршиме се ние женцки само вие не се нервирајте - нервозата ја уништува убавината а ние сите сакаме да бидиме убави нели? :)

    Имајте убав почеток на оваа работна недела (на некои и неработна) исполнета со многу љубов и насмевки :) :*
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Добро утро,добар ден...за кого како :)
    Ви посакувам
    “Убав Почеток “ за Понеделник
    “Без Проблеми “за Вторник
    “Без Стрес“ за Среда
    “Без Грижи“ за Четврток
    “Насмевки“ за Петок
    “Мир“ за Сабота и
    “Многу благослови “ за Недела
    Имајте Прекрасна Недела и Благословен Ден Денес.....нека денот ви почнува со насмевка, продолжува со радост а завршува со исполнетос и среќа....уживајте во секој миг,бидејќи некогаш можеби токму овој миг сега ќе посакате да го вратите, за повторно да го доживеете и почувствувате истото, а можеби и за да го смените. Па затоа,бидејќи не можеме да го менуваме минатото,тогаш уживајте во сегашноста и планирајте ја и градете ја својата иднина. А за тоа ќе ви треба многу храброст,подршка,љубов,желба,сила....но ако сакте вие тоа и го можете,зошто воопшто не сме ни свесни колку всушност енергија лежи во нас, колкав потенцијал има во нас-можеби само некој не се потрудил доволно.
    Верувајте во себе,не губете надеж....зошто не сте ни свесни колку сте сите вие според нешто посебни.Затоа наместо да посакувате да бидете како некој друг подобро бидете горди на тоа што сте... не можеш ни да замислите колку луѓе би сакале да бидат токму како ВАС. Затоа првенствено ценете се себеси :)
    А јас ви испраќам :*: магична прашина на среќата за денот да ви биде прекрасен :*:
     

    Прикачени фајлови:

    На Adi888, tweety26, Lux и 6 други им се допаѓа ова.
  16. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    33
    СДК,...многу работи а сепак нејќам да сум мрчатор така што ќе си ги зачувам за мене неубавите работи и денот ке го посветам на убавите.
    Овде на југ луѓе мои мириса на море,....ахххх си патувам со мислите некаде далеку,со коктел во рака,под голеем чадор на сламаринка и мирисам на кокосово улје.ццц избегав со паметот,не за друго има уште време до одморот а јас не можам да се сконцетрирам на ништо друго освен на тоа.Со љубовта си се љубиме до бескрај,...го чувам и пазам како капка на дланката моја,а верувајте он ми возвраќа за се тродупло.Се мислам денот како да ми врви,како да го испланирам и да немам време да седнам.сакам кога ми е исполнет денот кога си легнувам доцна навечер за да станам рано наутро и да го пијам првото кафе.кафе со другарка резервирано :) љубов со љубовта резервирано,ручек со моите резервирано..уште вечерта да си ја стокмам и се ке биде совршено.Имајте убав преубав сончев ден мили мои,и поделете насмевка некому :$
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не е до пмс, Предосеќав едноставно предосеќав.....
    Еве 2 ден откај шо око немам склопено, немам ни јадено, ни вода се немам напиено, желудникот ме боли и само ми се повраќа, уште сега нешто ако се деси и Ади ис но мор лајф енимор, е овај пат дефинитивно сум спремна на се. :worried:
    Мислам дека доста кавги претрпив, Господе доста беше послушај ме барем, еднаш да биди се како шо треба, утре полагам а јас книга немам отворено :| , шо ќе прам не знам..
    Депресивна сум ништо друго не ми е битно освен тој, сакам се да се среди и се да биди океј, преку гла ми е од кавги и такви ми ти ствари..
    Ќе пукнам значи.
    Сега само едно важно е, заедно да бидеме, ПОСЛЕ СЕЕЕ ! ;(
    http://www.youtube.com/watch?v=5UI8-Ausuto
     
    На Elennaa, tweety26 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Души мои! Ко ќе можам ќе ве читнам шо сте пишеле уназад,сигурно има многу постови,како што гледам брзо ги пополнувате страниците,а тоа ме радува :sun: Јас имам многу добри цимерки :D Ми го дадоа password-от и сега имам нет,оние од нетот шо го плаќам нека кршат глава,не ми се занимава поќе со нив,пак фаќаа кривини и денес,е**те глупите,ем плаќаш ем немаш нет...Па за 15тина дена барем ќе имам нет од кај цимерките.Јеееј хепи сум,ќе можам да пишам! САмо ќе пишам помалце,пошто улебнициве нема сами да се читаат,ама подруго ќе е,нема да ме нема по неколку дена.
    Остај нетот,туку и бојлерот ни имаше откажано,фала Богу дојде мајсторот да го направи,пошто на ова жешко време уште без вода да си и готово...
    Имам нови џиџи миџи,ќе ви пуштам и сликички ко ќе можам.
    Се надевам барем и со испитите да се среди,да ги земам колку што можам па да не се нервирам толку и а нив.
    Ај ко ќе сум поќе инспирирана ќе ви пишам повеќе,се надевам да сте сите добри и расположени.
    Имајте убав ден! :sun: :f:
     
    На Elennaa, CIA, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Девојки морам да ви се пофалам дека дипломирав!!!!!!!Чувството е неописиво,искрено не очекував дека волку ќе се потресам :lol: Честитки од сите најблиски,а најмногу ме радува што видов толкава гордост и среќа во очите на моите родители.Мама и тато ВЕ САКАМ и знајте дека без вашата поддршка никогаш немаше да бидам ова што сум денес.Ајде девојки почастете се и вие :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    И нешто за диеталците
    [​IMG]
     
    На la-chicka, Johny, Look и 35 други им се допаѓа ова.
  20. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум од тоа како ми помина полагањето на првиот интерен предмет, социологија. Искрено, се надевам на петка. Со оглед на тоа како ми почна денот со станување рано во 6 (не можев очи да отворам); па да доучам тоа што ми остана, не го поминав цел материјал ама среќа имаше 1-2 прашања за тоа па ми ги кажаа; се спремав што се спремав, ја облеков комбинацијата што си ја правев од синоќа ама корсетот нешто не ми штимаше па во последен момент облеков нешто друго; па настана цела збрка околу тоа која ташна и кои балетанки да ги носам :@ . И кога сето тоа ги направив конечно тргнав.
    Остатокот од денот сакам да го поминав во релаксирана атмосфера :rock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.