1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    positive energy = positive results :)
     
    На Strumfeta93, Magnolija, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Странците се како плевел. Не бираат начин да ги уништат благородните култури.
    Само да го гледаш уништувањето - боли.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Колкуе лесно да критикуваш некој
    ко демек немаш работа, само лежиш, само на коп, бла бла бла |(
    еј е***и луѓето со кои живеам, аман веќе зарем сакам да седам дома
    аааа не, не! ма да смеам би отишла и да копам само да не бидам до вас
    мислите мене лесно ми е, да дремам дома по цел ден, да немам работа
    па јебига јас ли сум крива што да правам :!:

    Ај ми го уништивте денот
    сеа среќни сте |(
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Ме примиле во средно јееј :rofl:, па редно е да ве почастам нешто :wasntme: :
    [​IMG]
    [​IMG]
    И за диеталкиве нешто :lol: :
    [​IMG]
    И на крај да заплакниме грло :D :
    [​IMG]
     
    На starbucks, Strumfeta93, Elennaa и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Мразам што сум финансиски зависна од моите. За сите мои потреби од храна, до облека, козметика,школување чекам пари од дома. Имам 19 години и срам ми е и глупаво да побарам пари за било што. Го обожавам факултетот што го одбрав,ама со него дури после години и години ќе успеам да бидам финансиски стабилна.

    И така,не по своја волја самата себе си се сместувам во `вишокот` на општеството. Група за сега непродуктивни луѓе. А,за човек трудољубив како мене тоа е тешка класификација.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Го мразам периодов од дно на душава, и колку и да се радувам на тоа што веќе немам обврски од факултетов и што конечно ќе се иснаспијам и изнагледам филмови, не можам да ја тргнам ова тежинава.
    Ми паѓа мака, буквално, на секое споменување на одмор, ми доаѓаат солзи кога гледам други како планираат и се прашувам зошто еднаш не ми тргна нешто со лесно,зошто јас да не добијам шанса да уживам максимално во се што нуди летово.

    И мислам дека немам сила овој пат. Има силно влијание врз мојава психа и резултатите на другите полиња.
    Издржав одбивање два пати, а сега не знам дали можам да го поднесам со исти сили и овој третиов.

    А не барам многу, воопшто, знам дека не...
     
    На Elennaa и eli25 им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    За еден час ќе ја стартувам сезоната на сончање 8) , нестрпливо очекувам. И одам сама самичка, искрено друштвото кое би го викнала, цело време ќе ме преместува накај сенките (а јас одам да ја изедначам бојава, бидејќи ми прети опасност да почнам да служам како школски пример за црно бел контраст :lol: )... На крај на август да ме однесете во срцето на Шутка, ако ме издвоите, глава сечам најсериозно :D . И ќе си го носам Степскиот волк на Хесе со мене, кој ко мене, ако некој направи обид да ми ремети мир, ќе му го с‘снам волкот :emo: ...

    И многу им се радувам на моите патлиџанчиња, да не ги урочам, ама не сум видела понапредни во доста пошироката околина, ама па вложуваме многу труд, љубов, нега и знаење, нема зошто да изостануваат резултатите во овој случај... И останатите култури се развиваат прекрасно, летно дете сум, ја сакам бујноста на природата и шаренилото на овој период :) ... И изобилството на здрава храна, посебно ако и лично си ја одгледал, ти додава неколку екстра степени на скалата на задоволството...

    И родители, искрено гледајте никогаш да не биде пристрасноста кон едно од децата манифестирана на било кој начин, а најмалку апла, како да ви речам, не е воопшто фино, ни богуугодно, ни па етички правилно од било кој аспект и може ќе било подобро да сте имале единче. Макар и во случаеви каде се штити побеспомошното чедо, верувајте и на посилното може му е искрено преку глава од презаштитиничкиот однос во една насока, кој секогаш го одминува, освен кога треба да се штитат интересите на другиот, во облик на инструкции како да му се помогне и луѓе не знам како не ви станува заморно на сите кои ја носите секогаш улогата на ,,жртва,, во семејството?!

    Имам околу 2-3 машини испарни и уредно здиплени алишта, не ги прибирам неколку дена, ми се шири преубава аура на смирувачки мирис, ви кажав ли колку го сакам летото :D ?!
     
    На EleMental, Nine25, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Meне не ми е јасно како некоја млада девојка може да каже "Готово е се откажувам" :o Е ако сите толку лесно се откажуваа од препреките во животот денес немаше да постоиме ние. Демек никој нема препреки и на сите им оди се како подмачкано.
    Од што да се откажам,од соновите? Не,никогаш. Знаете колку пати сум била разочарана? Ни јас незнам. Ама никогаш поради никој и ништо не сум рекла готово е кревам раце. Ако застанував после секоја препрека до сега требаше да ме сместат во здраствена установа. Паѓав,станував,мислев дека се завршило добро ама не,пак паѓав и еве цело време е така.
    Веројатно некој не е научен дека ништо не е лесно и дека неправдите постојат околу нас,не демнеат,ама што можеме,или ќе ги избегнеме или ќе се заплеткаме трето нема.
     
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    СДК дека си се обожавам во штикли! Па кога ќе ја опнам нована 13ка, 185 фаќам :rofl: Високи девојки не требало да носат високи штикли? Да ми к’снете од метарскава нога :rock:

    [​IMG]
    perfection
     
    На glow, sparklie, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Компанија, месо боранија.
    Стара Југославија,
    нова Македонија.
    Славејчето пее
    Тито да живее,
    Со мотор тој те прати,
    Хитлер да се врати!

    Амин.
     
    На Sanniii, LilBaby, JoxyTheFreak и 6 други им се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Чуство кога ќе ми стигне нотификација и ќе прочитам дека е “Who view your profile”
    [​IMG]
    |(
     
    На blond, SimplyElegant, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Убав неделен почеток.
    Вентилаторов ми фрчи, а јас со книга в раце.. :mm:
    Ма, една година пораснав, како 5 да се. :wasntme: Епа среќна сум бе.

    И да, постот на Мона ме потсети дека и јас сум примена. ^_^
    Аирлија да е.. како што викаат турциве.
     
    На Serafima, minne-mouse, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Славиме полуматури,матури,дипломски......Онака,гледам сликички на ФБ,од нокти,до фризура,до накит-се е забележано на слика :geek: Си реков немам ли паметна работа па манијачам по слики,ама денот ми беше катастрофа со големо к,па добро ми дојде малку смеа.Не секаде,да се разбереме! Некаде плакнев очи,некаде мора да се насмеам :geek:
    Понеделникот обично ми е слаба страна,иако секогаш се надевам дека наредниот ќе биде подобар,излегува дека не е.Онака удари те маваат од сите страни,шамари каде и да се свртиш,дури да не ти се верува,ама реалноста е таа. Ајде,памет за другпат.Така едно по едно,сите лекции на животот ќе ги научиш.И тоа напамет! Сепак,ништо во животот не е гратис.Освен самиот тој......
    А ,ова ми се последните сили :muscle:
     
    На Divinebutterfly и blond им се допаѓа ова.
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Фејсбуков стана жива измама и досада!
    По цел ден фрчат објави:
    -Стави лајк, сподели, претплати се и ќе видиш кој ти го посетува профилот, кој те сака, ќе ја добиеш твојата љубовна нотификација, ќе имаш 1.000 барања за пријатели, толку и толку пораки, толку нотификации...

    Вчерашни ние ништо не знајме, ама ако ај не сака и што сега? |(
    Зарем постојат луѓе што веруваат во ова? :?:
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк ех порано кога се немаше интернет си пишував дневници и тоа кога ќе се распишував пуу крај ми немаше а сега овде ама не пишувам толку колку што би пишувала во дневник не знам зашто .Како и да е работа се бара но сеуште ја нема за жал ама нормално ќе бидам упорна имам време ехее колку ми душа сака :) Сакав да прашам исто така како е можно толку прост народ да има бе еве во автобус пред некој ден сите се набутале кај што е влезот во двокатните а има место и за седење и за стоење позади па добро бе луѓе до толку ли сте бе |( ..и кои срања се слушаат денес ?? Цеца , докторе , кеш кеш :rofl: ми се повраќа :drunk: Можеби и сум досадна со тоа порано се порано ама па тоа беше излегување да си поминеш фино a не сега ..не сега . Жално е што се случуваат тие некои промени нема враќање назад :doh: и така си дремам јас по некое филмче можеби , работа нема сеуште , дипломската треба да почнам да ја спремам , со бубу ако се прошеткаме и тоа е .. ЖИВОТ :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Мразам бе, мразам кога патувам на топло! Се чувствувам ко свиња. Да!
    Мразам кога е топло зошто ме фаќа саклет а тоа резултира на нервоза.
    Зошто си нервозна?! Абе од топлото ми е |( .
    Мразам кога на топло треба да завршам работа во некоја банка, пошта.. па и да морам да чекам.
    Тоа пак резултира на нервоза затоа што вработениот таму си отишол кафе да пие, без разлика дали има луѓе кои треба да завршат работа или не.
    И вака чекајќи на +40 степени те облива топлина по целото тело и мислиш во секој момент ќе паднеш, а ако веќе не паѓаш одиш пополнуваш уплатница милијарда пати затоа што си грешил.
    Е зошто де си грешил?! Е ми се стемни пред очите и по грешка препишав.
    И јово на ново. Опет пишуваш, опеш грешаваш.
    И така по еден час излегуваш среќен.. уф :whew: , успеав на топлото да се снајдам.

    Кажав дека мразам +40 степени :@ .
     
    На la-chicka, julie77 и Magnolija им се допаѓа ова.
  17. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Па ..добро..Со оглед на то дека сум денгуба,супер се чувствувам. :lol:
    Пукат жештини надвор, не ни можи да се чувствуваш потполно совршено.
    Но како и да е јас повторно си го нормализирав животот.
    Дај боже да продолжи така.
    Благодарна сум што воопшто имам пријатели (за разлика од некои луѓе кои се осеќаат преосамено и немаат со кого да излезат),благодарна сум што имам ваква можност каква што имам,благодарна сум што сама си заработвам и воедно среќна што им помагам со тоа на моите.
    Едноставно кажано среќна сум. :) Конечно,по долго време.Само се плашам да не трае кратко сето тоа.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Ништо не е поважно од мирот во душата.
    Само тој има непроценлива вредност и ништо не е поскапоцено од него.
    Без него си пуст остров, на кој никој не доаѓа и никој не го сака и не го забележува.
     
    На Lux, CaperucitaRoja, stylishh и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Сакам да бегам од сите тука од сите обврски...едноставно само него да го видам доволно ми е ! Ама тоа утре! УФФФФ!
     
  20. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Аман луѓе оладете со статусите, линковите и сличните срања на фб. :devil: Сите многу не' интересира каде сте се запишале, дека не ве примиле, дека сте седеле во кафич, дека сте прднале и слично. |( Вашите проблеми решавајте ги надвор од фб без да замарате со објави. Излегувајте каде сакате, кога сакате и со кого сакате, ама за тоа не треба да знаат сите ваши „пријатели“.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.