[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    Чувството кога гледаш како свршеникот на драга познаничка со која треба да прави свадба на две-три недели од сега,отворено,без срам и перде,у ден пладне се пушта безобразно на евтина дроља... ко што е шумска малина у големина,ми одеше да му ја треснам една. Не ме познава,јас него го знам од слики, ама се надам дека ми го виде згадениот поглед,лут и никаков. И ај сега?! Мажете се бе,мажете се! Ги гледаш слики лав хепинес,она прстења по кавиња вади,покажува,сите среќни за неа,стварно искрено среќна,а копилево...

    И она чувство кога шеташ по гтц и ти зуе Скопје,детство,некоја замисла,визија,пулс,луѓе со цигарчиња,единствениот отворен трговски центар,епа тоа...тоа впијте го уше малце,пошо не знам како ќе ви зуе откако ќе го силуваат и ќе му *свршат* на фаца,па ќе добие говно изглед,уствари барок на наш начин.
     
    На LilBaby, Johny, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.459
    Се измачувам, знам дека некаде постои проблем, ама или сум слепа или несакам да го видам.
    Или знам што е, ама се правам дека не постои.
    Секогаш ги игнорирам, навидум излегедам како кревка, која во секој момент може да се скрши, ама не, силна сум.

    Се обидувам да потиснам некои чуства.
    Ќе ми недостасуваат, ама не им кажувам.
    Можам сама. Несакам да им попречувам, нека одат.

    Но ме мачи дали и јас го правам вистинскиот избор.
    Со него знам дека ми е убаво, го сакам, ама чуствувам некоја празнина.
    Дали е тоа вистинското?!
    Тој е овде, ама другите не се.
    Живот, неможеш да имаш се.
    Но се прашувам, вреди ли да се жртвуваш за љубовта?!
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    е добро де не викам дека поклонот мора да е нај скап али пак кога другиот секогаш ти дава вреден поклон е па мајката еднаш и ти вратиму на таков начин а не само колку да поминиш од ред да онесис поклон :^) не дека другиот има милиони или пак немаш ти воопшто ама пак еднаш нека е...................
    ај како сакаат :^)
     
  4. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сакам да кажам дека денес станав во 5 за да трчам. Кое чувство беше тоа, преродба. И вчера вечер трчав по скали, по улица, околу куќа, ама каде не. Мило ми е што енергијава ја ставив во вредни мести.
    Ме фаќаат возбуди, едноставно не можам да дочекам некои работи да се отплетат!
    А и јаготкине од кај баба и дедо се превкусни.. Вкус кој ме потсеќа на она што следи, ама колку ќе биде слатко! Мм!

    Take your best shot, life! Некои работи не знаеме колку ни одговараат додека не ги искусиме. Не знаеме ни дека сме ги сакале!
     
    На Lilliana, Glossy-girl и anabel-a им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Кога јагнињата ќе стивнат што се случува?
    Порано или подоцна самата човекова злоба го изнесува на виделина тоа и го покажува вистинското лице, сакале или не. И тогаш сфаќаш колку си бил глупав и наивен, или пак си благодарен што самата негова глупавост го изнела тоа труло нешто на виделина. Јас, индифирентна, неможе ништо да ме изнанади. Се очекувам и ништо не очекувам истовремено.
    Незнам кога беше со сестра ми се смеевме за нејзина другарка како најбитна ствар у животот и е секој викенд у диско да ја гледаат со различно фустанче, а што уста незнае да отвори да направи некој паметен муабет не е битно |( И викам батали, а ние што не сме биле во диско 100 години што праиме? Еве викендов му се спремаме, пари, штикли и фустанчиња чекд :up:
    Како ја шетам Македонијава град по град можам да ви кажам дека менталитетот е секаде различен. Ете ги колку се блиску еден до друг, а во суштина луѓето се многу различни. Да дошетам уште малку и ќе ви кажам според мојата статискита каде се најљубезни, а каде најнамќори луѓево. Засега Кочани води во најљубезно население. :)
     
    На LilBaby, Hayley, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.729
    Допаѓања:
    17.691
    ^ Дојди во Свети Николе и ќе се изненадиш со тоа колку љубезен народ има. :D

    СДК - Секој ден им се мења расположение. Еден ден барај друштво за на одмор, друг ден нема одмор, каков одмор нема пари ... ... Па дај кажете ми еднаш бре луѓе, кидам или не идам. :^)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Идење пеш накај дома во 5 попладне значи исончано деколте, предмет на аудитивни коментари ем комплименти од окружење пропратено со свиркање, криење поглед зад наочара и мој обид да мавам со дињата купена крајпатно!
    Е баш да видам дали истиот ефект ќе го постигнам ако возам точак облечена у купаќа. Чисто информативно. Ручек топол, пиво ладно, раскинати парови, фатени тазе гмизавци. Дефинитивно мај и јуни се чисто гомце за одредени емотивни лупинзи. Ама што знам да кажам јас, паталец та емотивец по тие побуди? Мајка ми ми крека за дипломската, јас јурам низ падини љубовни и ме боли источен лакт за сите административни чудесии што ги должам на академскава ни држава. Бев два дена тотално опашана во љубовни деланија и лежење по небо, така да воопшто не се потресувам што ќе биде. Барем за сега!

    На роденденот беше сјај крај мај. Едночудо мохита, разголени грбови, шубе алкохоли, малку повеќе светло и многу New Order и Тhe Smiths од звучки. Тотално радосно за моите колкови кои љубат да денсаат на ваква музика, притоа џвакајќи нане како Индијанец, во придружба со пет шес откачени ликови, меѓу кои и актери и актерки, продуценти и моменти, и свашта што памет не ми собира!
    Увек имам некој таков кармички преседан кога се во прашање луѓе што мирисаат на уметност. Од две, три муабетчиња, паднавме на идеи за маркетинг решенија. Па ај оди биди таму демек саде за забава. Не бре, се’ и сешто се случува во такви креативни глави, залиени башка со рум!
    Даде дојде, Фиши блескаше та се смешкаше, ја ругав цела вечер поради некои нејзини емотивни моменти, се смеевме, јадевме тигрово око, пупката на Венера и слични ми ти чоколадни делиции што не’ утепаа во поим! Секси чоколада. Жени на куп, алкохол и чоколада. Како да ви кажам, Рајот е од таа слика произлезен. Какви мажи, какви бакрачи, они дошле после тоа, да се тепаат за чоколадата.
    Рајска интима. Убаво беше. После тоа домче му се мушнав на мојон крокодилец, го изгушкав за сто години и назад и му донесов колачи. Робин Худ на колачите! И се смееше во полусон.
    Ме гушкаше вчера дур имав кошмари. Не се ни сеќавам што сонував. Знам дека се удрив од креветот и закрцкав како гудало и ме гушка и само ми шепна: "Тука сум" и ме зграпчи ко да сум некаде на работ. Ништо друго не ми значело повеќе во животов ниту на светов! Рака, за спас и од кошмар.
    Ќе му однесам сега рижото и мојот мачмелоу газ да се слади. Го љубам ко што средношколец љуби да онанише врз порно списанија. Спобудалувам. Арно ми е. Улавштини, ко што е редот.
    Важно, уметноста низ пори ми носи возбуда. Боемштилук и радост. И после благост.

    Јас, се преселив кај него и уште ми е смешно.
    Ако! Промени за поубави времиња! И ќе го сакам ова време и во невреме. Знам.

    Патем, на 21ви ќе читам поезија од Марко Погачар, гостин поет од Хрватска. Елајте, во МКЦ е и е бесплатно. Плус наш Никола ќе чита, со него со очи се разбираме. Мекост. Поезија која спасува срца.

    И знаете... Лоши емоции зијан одат. Давајте убави нешта, убави нешта да ви се враќаат!
    Со татковината и перото напред - за радост на срцето!
    Ш.
    Малку удрена.
     
    На anabel-a, Divinebutterfly и pamelche им се допаѓа ова.
  8. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Да ти се плукнам во државата во која за да станеш КЕЛНЕР е потребно да имаш ненормално јаки врски.

    Толку.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Кога после многу години
    на истата улица
    ќе помине истата кола
    ќе ја вози истиот човек
    и сопатниците ќе му бидат исти
    и ќе се свртам во истиот прозорец
    да се погледнам исто како тогаш
    додека таа се паркира на истото место

    прави ист микробакнеж со асфалтот
    само милисекундите се проголтале
    многу од тогаш до сега

    http://www.youtube.com/watch?v=xXfZNlfAjqs
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Многу мразам кога некој ќе рече дека ќе направи нешто, а потоа тоа го прави толку мрзливо и намќорно што ти се одмилува и правење и се. Ако ти се прави нешто, прави, ама прави го со ќеиф, а не со превртување очи трипати во секунда и со жалопојки дека животот е тежок и мачен. :^)

    Епа тежок и мачен де, ама ваквите луѓе ме убиваат во поим. Веќе не ми се ни планира, не ми се ни спрема нешто, не ми се прави ништо, кога знам дека ништо од тоа не се остварува. Се нема пари, се нема време, се нема волја, ништо се нема. Ај ако не да земеме сите да лежиме и да чекаме дедо Боже да не викне во небесното царство. :devil:

    И ме дотепува темпово, жими се. :!:

    Ме тера да го поминам денот во гледање Пријатели, прозевање, две-три кратки дремки и грицкање јаболкца, отколку земање и правење на нешто за кое знам дека кај и да е, некој ќе ми го попречи. |( Да де да, ју онли лив уанс, моево повеќе трга ју аре нот ливинг ат д моумент. Знам јас, се знам околу филозофијата направи тебе да ти е убаво, и убаво ми е сама, ми годи моето друштво, но не можеш сам да тераш во животот. Ти требаат луѓе, живи, расположени, без кисели фаци, без жалопојки, аутгоинг што би се рекло, расположени за нешто ново. А во околинава ако види некој некои такви, нек ми се јави. :geek:
     
    На LilBaby, Monna.Monna, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Скопје испарува, јас горам! Се запалив готово, мртва уморна, цела вечер неспиена и плус имам за учење. :!: Го мразам факултетов, дај бре нека се запали!! ...ама стварно значи :envy:
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    45.683
    Пол:
    Женски
    Е за ова да ми дојдеш на кафе и ќе те почастам со душа :)
    И сакам да кажам разрешив со физика, нека е за навек.
     
    На mims-89, Noemi и anggell им се допаѓа ова.
  13. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    СДК не се мажам! И да се мажев немаше да купам фустан откај Цеца!
    Јас за партали 500 евра да дадам ?! Па не се нормални...
    Не се определувам ни партиски ни религиозно! Ќе се трудам додека можааааааааааааааааааааааааам!
    аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа

    ;( :D

    Друго нешто шо ве интересира?
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК колку е убава музикава на Стинг :music: :music: :angel: баш ми го одмара мозочево :angel:

    А колку човек прави ретроспектива на сопствениот живот, толку повеќе се спознава себе си :)
     
    На Monroe, Lepaaa, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.821
    Пол:
    Женски
    Сега мавам еден туш, варам супа, ставам кафенце и иако сум мртва уморна продолжувам со работење. Ми фалеше ваков период, кај што се ми е набутано, обврски преку глава. :) Така најдобро се снаоѓам.
     
    На anabel-a и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    13.019
    Пол:
    Женски
    Девојки, ја гледам темана „Вашите омилени чевли“ и заклучив дека прекаснотија од чевли си имаме. А за количина не правам муабет :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Чудно е како некои луѓе едноставно ми прираснуваат за срце, ги чувствувам како некој најблизок и подготвена сум да направам се, ама баш се за нив.

    Тој има дваесет и пет години и наизглед немаме ама баш ништо заедничко. Различни по вера, нација, образование, култура, а се разбираме со таква леснотија. Ја сакам неговата детска наивност, искреност, простодушност. Тој е моето момче со очи на исплашена срна.
    Веќе 5-6 месеци водиме една борба, онаа најтешката, со болест. Но денес беше посебно трауматичен ден. Чекавме еден резултат кој беше пресуден за неговата иднина. Во исчекување, ме гледаше со солзи во очите, и знам дека тој момент никогаш нема да го заборавам. За среќа резултатот е негативен и оптимизмот ни е вратен и се надеваме дека со помош на уште неколку добри луѓе, се ќе заврши добро.

    Тој знае дека не сакам ништо за возврат, - Само да ме викаш на свадба кога се ова ќе заврши - му велам. А знам дека не чека уште долга борба...

    Јас и понатаму на форумот ќе пишувам за колачи, кармини и за убавините на животот, но знајте дека тој ми е во мислите. Ова ќе биде единственото нешто што сум го пишала за него, затоа што не можам....
     
    На Lux, Monna.Monna, sweet-cherry и 19 други им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК имам вишок енергија, има се да исчистам сега :devil:
     
    На Gordana10, CIA и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ^^
    Девица да не си у хороскоп? :rofl:
     
    На Lepaaa, k.i.m и TennisBabe им се допаѓа ова.
  20. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Прво трчање после 8 месеци лежење и јадење...ммм прајслес :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.