1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Со болки во стомакот и ужасната топлина која ме облива, денес ми е посебно идиотски ден !
    Се знаеше дека ова нема да биде мој ден ама кој знае,можеби нешто ќе се промени. Да,така е. Нешто ќе се промени. Денес сум склона кон емоциите-нешто што одамна не ми се случило. Ама не ми е гајле.
    Во лето се е дозволено,дозволено е да неможеш да излезеш на крај со самата себе.
    Дозволено е денес да си среќен а утре да си плачеш.
    Дозволено е да се спие до доцна.
    Но,не е дозволено брзо да помине..
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... се осеќам ко у Сахара да сум. Уште што не почнале фатаморгани да ми се јавуваат :drunk: .... Барам оаза, ама нема.
    Сакам топло ама вакво жешко, суво и убитачно, не! Психички сум падната скроз. Што вика Кравче издувен вентил ми треба. Кај секогаш се разболувам, уште и нервози на ова време и правец Бардовци.
    Плус и луѓево се не луѓе на вакво време.
    И што кажав во постов уствари?? :?: Ете ви доказ дека топлинава ми мава на психа. :|

    Кравче инаку ајде на пиво, ама ова за 5 мин стана мо**а. :D Ако сакаш такво доаѓај, а за батковците богами ќе треба да се обратиме на др место. :doh:
     
    На Stoimenovska и kravce им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.773
    Допаѓања:
    162.910
    ^ Јулко,не се жали. Овој татко ми од топло си излегол од маркет со кило банани без да ги плати,па се враќал,а у друг барал влошки СЕВН АП! :rofl:


    Не сфаќам што има *лично* во лична карта...Ок,знаеме де што е лично во лична,ама де!Испадната сум ко мулаткиња која дила дрога,а е мајка на три малолетни деца!
     
    На sanjalica, JoxyTheFreak, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    после неколку години, повторно на истото-снимање на магнетна резонанса
    (само овој пат повредената нога што боли)гужва, луге, нервоза :x дури персоналот работел и за време на викендот-двата дена :!: резултатите по телефон ке се јавиш да прашаш кога ке бидат готови
    а јас па на такво снимање, со фустанче на мене-е немам ум понекогаш навистина :D се чуствував исто ко да сум во длабоко ставена,смрзнав, а целите нозе ми беа ко скршени-едвај дојдов до дома :worried: ама :sun: ме стопли,и малку бев зашеметена ама се оправив :lol:

    СДК добро бе,има ли некој од посилнот пол што НЕ Е љубоморен-таков ни е менталитетот или што :?:
    го имам тоа почуствувано на моја кожа-дури и до екстремност,ама тоа е друга приказна
    не свакам ЗОШТО девојкиве немаат сила и храброст да кажат СТОП

    СДК дека многу си ги сакам девојките и женичките од медитација :hug: само организираат нешто-денешна дестинација е Кокино-Кумановско, Дојран го пропуштив, криво ми е , ама така испадна -за на крај да сватам дека нема потреба да избегнувам една персона овој пат :shake:
    кога веке немам можност да одам на одмор, вакви прошетки ми се добредојдени :)
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    :D :D Море кој шизик е тато ... има поздрав од мене голем, ме насмеа убаво.

    СДК ... Блазе и на Срцекршачка само она е разумна и при свест во пеколов. :clap: Секој детал и е на :geek: место.

    Редакт И лап топов ми колабирац уствари пошандрца!? :tmi: Каков газда таков компјутер.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.210
    Допаѓања:
    258.576
    Сите сакавме сонце, еве ни го и за извоз има.
    Подбро поларни температури отколку африкански бран, барем знам ќе се наоблечам и немам маки.
    Вака и да се соблечам џабе е, ем гола ем се потеш :devil: .
     
    На Doozy и julie77 им се допаѓа ова.
  7. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Ич не се жалам на сонцево.Убаво ми е ..посебно кога ќе ја мириснам кремата за сонце...Абе спомени колку што сакаш.Топло..е топло е...цревото ене ми го...земи и лади си се шта бре заш да не :D

    морам да напоменам..нема ништо поубаво од сладолед...можам само на тоа да живеам.ГО ОБОжавам :D
    одвај чекам да си фатам боичка..тогаш нема само ко циганче да бидам туку и додаток африканче.
    Ах што е убав овој живот.спиј стани јади спиј...тешко вам што трчате на работа :|
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Подобро африкански бран, отколку поларни температури, се жалам дека ми е прежешко, ама и од една страна ми годи пеколов :D ама оние поларнине температури не ги сакам, ич, да ми мрзнат рачиња, ноџиња, не.

    И теткава ме зезат цело време, покрај топлово, ама немат везе, кој ја врти :D :emo:
     
    На GarpovaV, Strumfeta93, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Се` што било - поминало. А се` што ке биде - ке помине.. :|
    Барем така се надевам.

    А ова лето.. Ова лето дооооолго ке се памти. :smirk:
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.210
    Допаѓања:
    258.576
    Нема да ти мрзнат ноџињата, ама затоа пак ќе ти мириса на запотена мишка :puke: .
     
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Охооо, убавини ми е во моментов.
    Се ми доаѓа да земам еден килограм сладолед, уште толку чоколади и да се оптегнам на кревет.
    А не сум некој љубител на благо. Скоро и да не јадам.
    Ама ми се сака денес!
    После ќе си излезам со љубовта ми, да ми даде енергија.
    Одам да мавнам еден туш.
    Останете ми позитивни, во добро здравје и многу љубов.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    СДК дека не ми е ама баш ич мило што еден црв си се вдомил во кајсијата којашто требаше да ја изедам.Ама тоа е,ќе си почекам уште неколку дена да озреат и другите,па тек тогаш за првпат летово ќе си пробам кајсија.(освен сите оние зелени кајсии кои ги јадев скришно :lol: )
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Hа бекстејџ ја оговараат Kолумнисткава на лилит, само прашање е од каде добиле идеа :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Море, ви реков да не ми мрчите за жешково, кај иначе ќе најдевте рак-жар-препек рамена? :wasntme:
    Е вака ко мене, среќна и задоволна ќе се шетам низ град и во 2 после пладне ќе ми текне дека всушност не ни ставив крем 30ка, а се чешкам задоволно по изгорените раменици, чиниш ми се растоварило магарето :^) :D Сега вечерата ќе ми послужи како помада, и онака не ми се јадеше павлака :nod: :shake: :rofl:
    СДК-почна сезоната на пржење, за мене, од денес, официјално ^_^
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Како треба да изреагираш кога асистент ти дава комплимент за изгледот? :^)
    Покажуваш индекс за идентификација, а тој почнува да разврзува муабети дали подобро ти стои плава или костенлива коса. Дали темната боја ти ги истакнува цртите, или светлата ти го отвара ликот. Дали си фотогенична, или изгледаш подобро отколку на слика.
    Во меѓувреме ти стоиш со подотворена уста и збунета фацка, незнаејќи што да му одговориш.
    А за ситуацијата да биде уште по awkward, целото тоа време дечко ти чека позади тебе со индексот во рака и прашалници над глава.

    :^) :^) :^)
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ^ Драги? :rofl:

    Тукуууу, деца си се петинговаат во паркон наш градски гајле немаат!
    Ама овој што ги снимал, тежок воајер, не трепна ни писна, па ни се помрдна со камерата, ептен професионалец, пазете дека се онадете или петингувате, камери снимаат низ градов, не само на раскрсници!
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=PeJKnS6smuw#!
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.727
    Леле, одамна ми се вртка ова низ памет ама не сум кажала на никој за да не мисли дека сум се мрднала во умот малку. :rofl:
    Незнам зашто, ама многу ја сакам Турција (и турците де :lol:) и не, не верувам дека е заради напливот на турскиве серии. Имам зборувано со еден турчин од Анталија, многу фино дете, го имам прашувано за се и сешто, за нивната религија и ми кажа дека барем неговата фамилија не била застарена и многу луѓе од Турција немале ништо против луѓе од друга религија, се почитувале меѓусебно, не ги сметале жените како нешто подолу од нив, не им наметнувале да носат шамија и слично. Друго, многу ми се допаѓа нивната традиција, музиката, многу сакам да слушам турска музика, ептен ми е мелодичен јазикот, а и турциве како се шармантни, остај овие од Македонија, тие од Турција па да не збориме.
    Па ориенталната музика, ориентални танци.. Изгорев од желба да одам во еден кафич во Турска чаршија, Наргиле мислам се викаше ама на кој да кажам, луда ќе си мислат дека сум.

    Ај може ќе викнам една другарка, таа е босанка па ваљда нема да и смета. Туку, ај ве поздравувам со една песна од Таркан која ми е прекрасна иако не разбирам ни збор од неа.
    П.С Многу би сакала да го научам турскиот јазик, и да студирам во Турција, ама ете пуста желба.. барем за ова второво.

    http://www.youtube.com/watch?v=CVbtVACV ... re=related
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам што само се случи... како може поинаку да делуваш во живо, а поинаку на мобилен... Фала ти за одвоеното време, макар што беше на мнооогу кратко, ама ајде другиот пат повеќе. Благодарам за тоа што се потруди да ме насмееш и знаеш и сам што ...

    Си се изнашетав денес, а утре полагам ... Мхх па се изнапрепишаа сите |( залудно ќе беше да останев дома и да го повторувам истото што го повторував пред некој ден... ајде можеби вечер пред спиење нешто и нека помине 26ти јуни и нека почне одморот како што треба да биде. Сакам и ова лето да ми биде убаво како што ми беше во 2010, лани беше катастрофа, ама оваа година нема шанси да дозволам пак такво да биде. Многу ми е мило што си запознав двајца другари во зимата, знам дека секогаш можам да се потпрам на нив и дека секогаш ќе се тука за мене... колку само позитивна енергија и спокојство шират, да ти е чест што си седнал со нив на кафе... хахаха


    Имајте убав остаток од денот 8)
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    А не :) џабе не ми се сите средства за одржување хигиена ;) стикче, гелче за туширање, лосионче итн. :) без разлика дали е зима или лето.И после сосем е нормално дека нема човек да мириса.

    За се има решение ;)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    12.832
    Пол:
    Женски
    Ја сакам блискоста што ја имаме ние двајца. Кога без срам му дозволувам да ми го чешка стомачето, кога облечена во најгрдиот (ама најудобен :!: ) фустан за по дома добивам бакнеж и комплимент. Го сакам неговиот мирис, мојот мирис после него.
    А најмногу од се ги сакам нашите заеднички планови. И вербата дека еден ден ќе биде подобро. Кога еден од нас ќе потклекне, другиот подава рака. И се така наизменично.
    Тој е мојот човек, моето се.
     
    На Mishela, Noemi, Magnolija и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.