[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Денес после дооолго време отидов на базен. Па ко за беља, изгорев малку на лиценцето. Отидовме порано, кај 9 за да пливаме, тогаш нема гужва, но денес опако. Полн базенов. Се разпливале на долго, на широко, косоо .. Пливаш и само некој патот ти го сече. Тоа ај да пливаат нормално, плива, плива и туку ќе застане точно пред тебе. Не се гледа ништо, а ти се фалат гледале подвода.

    Храната на базенов скисна веќе, тоа па тоа е. Се покачиле, пици строго после 11, ладниот чај е степче, лимонадата цедевита. Ако сакам да пијам цедевита, ќе си порачам бре. А лимонадава два пати поефтина од цедевитата. Напишале знак * НЕ ВНЕСУАЈ ХРАНА* а околу тебе сите јадат сендвичи од дома, кој Синалко носи, кој друго носи. Никакво почитување, како за нив да не е ставен знакот.

    Фино друг знак * НЕ СКОКАЈ ВО 1,5 ! * Знакот е ставен со причина, сите мали деца со своите родители се таму. Големи играат со топка, кој плива, кој се учи да плива .. Тој идиот неписмен, земал скока таму. Невоспитани деца ... Најлошо е што минат со опомена, а дејството го повторуваат. Лани имаше еден несеќен случај, фала ти Боже, девојчето преживеа. Годинава ако има уште еден готов е базенов.

    Слаба организација, толку многу грешки се прават, а толку малку ги приметуваат. Само 2 спасители, а базенов има деца за 100 спасители. Подавам рака на тие што се држат до правилата и делат исто мислење, барем некој се грижи за малите на базенов. Ама како викаат, кога ќе згрешиш, ќе научиш !

    [​IMG]
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Почнувам да го осеќам летото во вистинска смисла на зборот, ајде нека пројде и 22ри и почињам да одмарам ко чоек више ееееее 8) :dance: :devil:

    http://www.youtube.com/watch?v=91ewsi5M ... re=related
     
  3. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    СДК ДА! Се трудам! И се гордеам со себеси, бидејќи благодарение на сопствените напори таква сум каква што сум денес!

    И НЕ се секирај! Не те крадам!

    Ако мислеш дека егото станува поголемо со бројот на обрнати женски горко се лажеш! Барем во мои очи !

    (Поздрав до сите махери)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Зарем е можно да сум станала толку heartless bitch? Свака ми част тогаш... :|
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... и така јас имам дводневни информации од теренот - плажи!

    Вчера намерно отидов на помирна плажа, каде претежно се семејни и повозрасни луѓе, си најдов идеално место, додуше имаше остатоци од нечиј ручек, ги заметив со прачка во купче, искорнав малку плевел пораснат меѓу песокот, па си добив мало парче откинат рај, местенцево беше до вода веднаш, мини плажиче песочно како пропаднато малку во една вдлабнатинка, на погорното ниво дрвја, таман да имам и сенка за да си ги оставам работите... И тап, тап, едно деденце од нигде никаде почна да носи перени алишта и да ги пружа на гранките од дрвјата до мене, панталони, гаќи :D ... И во еден миг ми дојде мисла, абе ќе помине некој познат (макар и моиве што ги знае, ако не мене), па ќе рече оваа домаќинкава кај руча (остатоците од ручекот, кои бај д веј ми донесоа друштво, цело време се собираа врапчиња по нив), па и пере рачно покрај езеро... Суетата е опасна работа :lol: ]:) .

    Денес, ај да сменам кај помладите бев и пак си најдов мало парче откинат рај, ама потоа дојде цела група кромањонци и ми го зазеде и просторот и мирот. Луѓе, кога навистина ИМА место во изобилство, да му се лупнете некому над глава, и на дофат на минимално испружен екстремитет е навистина дебилно, па почитувајте територијален принцип барем малку (еј, и животните си го почитуваат истиот или ве преценувам :^) ), па дојде уште една помала ваква група и се залепи до претходнава и сите личевме на големо семејство |( ... А од страна, место комотно да се направи игралиште за одбојка на плажа, понатаму малку тениско... И фрчеа различни јадења од сите страни, изгледа сме многу гладна нација, штом во доцните попладневни саати не се престанува со гризење сендвичисмокисоленатортакроасанииштотиуштене...

    И згора на се‘ една од девојките кои доаѓаат на плажа за тртење во сите пози, дури го дофаќа млекото за сончање, па неколку пати на колена (како за доги) порамнува пешкир, па се сонча со полуслечен горен дел и демек се покрива со раце т.е. си ги држи во дланки... Видете, ако сте сингл и целта ви е да уловите некој за авантуристички луд (не знам баш колку незаборавен) помин, терајте си, ама со овој пристап дечко и не се лови, сигурно не мисли никој културен дечко дури лежите со раширени нозе, комотно некој со над 200 кг. да влезе измеѓу за мисионерска, леле, девојкава многу мила ми изгледа, мислам дека сакам да остварам подлабок... емотивен :lol: контакт со неа.

    Наравоучение - рајот на земјата е неодржлива категорија :!: ... А, оној другиот е за сите денешни луѓе практично недостапен ако постои воопшто...
     
    На Hopeful, kravce, lunicka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Си уживам по дома, сама. :rock:
    Конечно нема никој да ми вика да станувам рано, да исчистам, да ги измијам садовите да си ја средам собата, да ги здиплам алиштата.
    Рај ми е. Си ја одмарам душичката на ладовинкава.
    Ја наводнив градината и цвеќињата во дворот сега можам да се опуштам со една ресана и да читам низ темиве.

    Гледам сите се жалат на жешково. Епа мене ми е супер. Ете барем една причина да не жалам што не сум од Скопје. Пред неколку дена бев и штом спаднав од автобус како ме пекна една горештина, а бетонот и асвалтот беа како по рингли да одев. :whew:
     
    На Veronika90, Johny и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    115
    СКД...Леле леле каков ден.Си се одморив.Си спиев во 11 часот (милина :D).Утрото започнато со сладолед навистина ми го разубави денот(како што беше сладок тој чоколаден сладолед така и мојот денешен ден).После слаткиот појадок,книгата во раце и 100тина страници во еден миг прочитани (колку знаам да се занесам во овие прекрасни книги што ги имам планирано за годинешново лето).Паа најубавиот дел од денот.Сонцето мое ме изненади со наајубав подарок без никаква причина.Бев пресреќна.Колку само знае да ме изненади.Поради тоа решив веднаш да го побарам и да го видам што е можно побргу.Половина од денот поминати со саканата личност е една од најубавите работи.Но и тоа ми е малце секој момент кога не е до мене ми недостига премногу.Иако досега бевме заедно јас сакам повторно да го видам.Офф колку сум се заљубила.
    Колку е убав животот се надевам дека остатокот од денот ќе го поминам во истото вакво убаво расположение како досега.
    Има уште многу за кажување но доволно ви изнаприкажав...Пресреќна сум.Се надевам ке има уште вакви убави моменти. :D
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сакам со вас да споделам една прекрасна вест која ќе стави крај на едно мое болно и тешко патување што траеше цела една година, и од мене уништи еден дел кој, за жал, никогаш повеќе нема да успеам да го вратам за да бидам комплетна.
    За момент го уништи моето свесно и здраво размислување, перцепцијата кон светот, и еден чувствителен дел од мојата младост.
    Не секој седумнаесет годишник има проблеми ко секој седумнаесет годишник.
    Кога сте млади, и врз вас вршат притисок оние партиски копилиња со книшките на позиција наместо со дипломата, кога постојат такви бесчувствителни, несвесни, ладнокрвни, жедни за пари и моќ створења што на една група млади луѓе какви што сме ние плукаа, ни ја уништуваа самодовербата, карактерот, буквално не затвораа онаму каде што престојуваме и немавме право да излеземе, погрдните зборови, понижувањето од некои што беа ставени со цел да не воспитаат а беа главни курветини, сите оние правила кои ги убиваа сите наши права, сите тие солзи, сета таа болка која ја гледав во очите на моите блиски, во очите на моите пријатели, онаа болка која одбегнував да ја видам во сопствените очи кога ќе се погледнев во огледало - ГОТОВО Е! Сега е готово! Нема повеќе страдање, нема повеќе болка, нема повеќе страв, нема повеќе неспиени ноќи со безброј прашања кои нема кој да ти ги одговори, нема повеќе попуштање со успех ради силната психичка болка.
    Само се надевам на подобро, се надевам на подобро..се надевам дека оваа (за мене последна година таму) се ќе биде подобро.

    Сакав уствари да ви кажам дека вашата слобода е се што воопшто имате, вашата вистина и слобода се НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ кое можете да го употребите во една борба на која дури и ако мислите дека и нема крај, ќе заврши.
    НЕ, НИКОГАШ НЕМА ДА СИ ГО ДАДАМ СВОЕТО ЈАС ЗА ПАРТИСКА КНИШКА, НЕМА ДА БИДАМ ОБОЕНА СО ОБЈЕКТИВНИ МИСЛЕЊА, И НЕМА НИКОГАШ, НИКОГАШ ДА ПРЕСТАНАМ ДА СЕ БОРАМ ЗА ОНА ШТО Е ПРАВИЛНО, ЗА ОНА ШТО СЕ НАРЕКУВА ЕДНАКВОСТ НА СИТЕ НАС.

    За прв пат во животот ќе кажам дека се гордеам со себе бидејќи успеав да стојам цврсто и да размислувам најсвесно од сите, да ги поткрепувам оние кои паѓаа од истата причина од која и јас одамна требаше да паднам.
    Се надевам само дека ќе сфатите колку може да влијае на психата на една млада личност сето тоа што понекогаш вие,возрасните ни го правите токму НАС, со изговор дека е за наше добро.

    Немојте да молчите, никогаш, без разлика колку сте стари или млади, колку сте дебели или слаби, колку сте стрејт или геј, или лезбо или би, бидете она ШТО СТЕ! Во најсилното светло, удрете со најголемата вистина од дното на вашето срце, бидете силни, цврсти, храбри!!!!!!

    Сакам да им се заблагодарам на неколку луѓе кои нема да ги набројам за сета онаа пасивна поддршка која ни ја даваа сето ова време додека се боревме против една голема неправда. Да им кажам дека да не беа тие и нивните малечки храбри насмевки никогаш немаше да успееме.

    Ах, колку е прекрасно да знаеш дека си слободен, дека си слободен, дека можеш да ги затвориш очите и да лебдиш во својот свет, да знаеш дека не си дозволил да те направат роб на секојдневното умоболно рмбање. Колку е прекрасно да знаеш дека со сета сила си се одбранил, и дека си успеал засекогаш да го тргнеш она најтешкото, најболното од тебе и сите околу тебе. Колку е убаво да си повторно СРЕЌЕН.

    http://www.youtube.com/watch?v=pMfV0sVQ_VU

    ALL I EVER WANTED, ALL I EVER NEEDED IS RIGHT HERE IN MY ARMS, СЕГА.
    Ќе заплачам од среќичка... ве гушкам, сите.. :)
     
    На LivingGlam, lunicka, Johny и 4 други им се допаѓа ова.
  9. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Прекрасен ден :) исполнет со мнооогу љубов :sun:
    [​IMG]
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    45.474
    Пол:
    Женски
    СДК некои луѓе живеат во филм кој толку добро си го изрежисирале што мислат на чекор се да добијат оскар за најдобра режија и воедно најдобра глума.
    Впечатокот го добив од една сограѓанка, мада повеќето кај нас се такви, што и ги гледам сликите на фб и уште не можам да и го сфатам филмот.Има некоја си емисија на канал 8 каде таа е главната ѕвезда се разбира , си замислува дека е опасна лепотица, со убавина на грчка божица, демек е многу интелигентна, посебна, шармантна и има нешто што другите девојки го немаат.Има слики во сите можни пози и изданија, знаете од оние „убедена сум дека сум совршена ве молам погледнете ме и согласете се со мене“ и така.
    Пошто профилот е на брат ми немам право да бришам(а како со ќеф би ја избришала), секое отварање на мозила како што фб е поставен за домашна страна, морам да и и ја погледнам сакала-нејќела, новата фотографија (која патем е со ужасен квалитет) и уште еднаш да се запрашам во кој филм живеат повеќето мои сограѓанки.
    И така. Тоа сакав да го кажам, незнам дали да плачам или да се смеам на ваквите како неа.
    Аман бре девојчиња ако имате квалитети не се секирајте тие нема да останат незабележани, на еден или друг начин ќе дојдат до израз, немора да го нагласувате тоа со минич до пич и усни ко патки.

    А може па со мене нешто не е во ред :?:
     
    На kravce, mims-89 и gingerchild им се допаѓа ова.
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Најмногу мразам персони кои се трипуват и глумат интелектуалци па секој втор збор им е "де факто,де јуре,а пропо..." a самиот збор нема благе везе со реченицата.
    Битно они делуваат начитано,нашетано,интелигенто а на фаците им пише опајдура!
    Такви многу ги знам.
    Срце,не сум јас кретен па да незнам да се изразувам а ти да имаш цел да изнесеш реакција кај мене од типот "Уау,како је она начитана и паметна."


    Инаку за мене.
    Го сменив друштвото (ако може да ги наречам така) кое цели 4 години ме исмеваше и малтретираше.
    И знаете што? Се осеќам прекрасно!
    И не мислев дека ќе го речам ова ама остана само една личност од цел клас која не ми борави во желудникот!
    Чекав и дочекав средно.
    Сега ќе уживам!
     
    На Cynthia, Phyramide, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  12. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    сдк дека новата песна на кети “ wide awake „ е многу убава! :D
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    е стварно сум преколнета изгледа..само што малце се средив во себе и пак исто..
    знаци тоа дека ке биде така секогаш ке биде узасно :devil: :devil: :devil:
     
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Една од особините на која можеби не сум толку горда е лојалноста кон блиските и кон оние што ги почитувам. Им дозволувам да се покажат во сите бои, да се хиперболизираат себеси, да си придаваат лажни придавки (без разлика дали се свесни за тоа или не ) и да летнат на друг екстрем со цел да се декларираат како нешто пред мене исто ко да не ги познавам добро; во некои случаи да лажат за нивните постапки, а ако ненамерно ме повредат без проблем да и простам. Впрочем јас секогаш простувам, само почита и довербата ми се лизгат низ прсти. Многу често замижувам зашто нивната јалова социјализација ( едино уличната и е толку добра ) ги натерало да го прифатат овој свет без никаков критички став, неутрално, бледо, без никаков реален стремеж. И која сум јас да и судам?

    Некогаш се прашувам до дека е границата до која може да оди некој па целосно да се откажам од него.

    Од ова единствено се исклучени момците со кои сум се гледала и со кои ќе се гледам. А баш тие до сега се покажале како најдобри другари или во најмала рака најсвесни за своето однесување.
    Исто како што ми фали тој во ранливите моменти да ме подржи и да ме бакне на усните, вратот и раката за да ми ја префрли сета енергија и топлина.
    Но и покрај се мислам дека никогаш веќе нема да бидам препопустлива спрема машко. Шо вика една моја другарка има до тука (гради), до тука (нос) и до тука (преку глава) :D
     
    На LivingGlam, Phyramide, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  15. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Даа тврдоглава сум и сега што ми можеш??
    Мислиш ке правам како што ти сакаш?? Е се лажеш!!! ]:)
    Имаш проблем со себе,не со мене.И ти како мн луѓе имаат проблем со себе,реши си го и после дојди да збориме! ;)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Неправдите како за инает, апсурдно
    се лепат, сигурно прицврстувајќи се
    една до друга, како капките на земјата
    за време на пороен дожд
    - рапидно.
    Ми го покажуваш правиот пат,
    но јас сум слепа, како што сум и глува
    на твоите зборови кои иако вистинити
    - печат.
    И ако постои душа, јас не ја поседувам.
    Не ја поседуваат ни Бога, ни Ѓаволот.
    Јас сум само тело полно со живот и ум,
    кој не може да престане да мисли
    - залудно.

    Е ова сакам да кажам и многу повеќе, само не знам како. :|
    Најверојатно треба да оди во друга тема ова, но сакајќи да напишам тоа што сакав да кажам, го напишав ова. :)
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Шо убав ден денеска, абе може најубав ми беше ова лето.
    Цел ден како 7-8 годишно девојче си бев. :D
    Се бањав во базенче ни до колена што не ми е, правев алишта за кукли, на лулашки се лулав...
    Мх, мх, абе за мерак. ^_^
    [​IMG]
    И 100 степени да е температура, секогаш летото ми било подраго од зимата. :)
     
    На starbucks и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ако не ти го расипе денот еден мочко, кој друг ќе го направи тоа?
    Што убаво ми почна денов, си учев со голема желба, па си пиев кафе со другарка, потоа отидов на јога се беше супер за на крај тој да се појави и да укака се. Епа дечко нема веќе да дозволам убавите денови да ми ги расипуваш. Кршии глава :@
     
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Како бе на луѓево не им е досадно да пишуваат во една иста категорија по сто мислења само заради цветче и тоа кратки постови само колку да се пише.
    Досега се трпеше и не ми пречеше толку, ама сега ... :wasntme: |(
     
    На Annath, Shpagetta, Ognenija и 3 други им се допаѓа ова.
  20. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    СДК дека ми е преку глава од темнициве.
    Пак ли штедите електрична енергија? Чекате некој глава да скрши по темницине па тогаш да ги пуштите уличните?
    Пронајден мртов човек на 20м од куќа, улични нема и прст пред очи не се гледа, ма морници ме лазат. :devil: Да, во денешно време штедењето е.енергија е речиси неопходно, ама ова е веќе претерано. Да беше дефект ќе разберев, но ова не! :!:
    По толку случки во населбата, јас како девојка неможам самостојно без страв да поминам по улица.
    Мобилни златни, кој ве измисли, свака му част! :clap: Да не бевте ние гомцето в гаќи ќе ми смрзнеше.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.