1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Празнината боли. Да сакаш да дадеш, а да немаш што да дадеш, тоа боли. Ако се пари, ќе сработиш нешто некаде и ќе купиш некоја намирница за дома, ама кога станува збор за чувство... неспособноста да одговориш на чувства води кон фрустрација. Со месеци, години вложуваш, вложуваш, гребеш со нокти и заби за едно утре во кое ќе бидеш конечно со него, за утрето во кое нема да го гледаш физички присутен а на сите други начини отсутен и туѓ. Се чудам само од каде таа сила? Таа сила е нешто огромно, заслепувачко, отровно! И се трудиш да се разбудиш и одљубиш ама... не можеш.
    И тогаш, одеднаш тој самиот откатко прво те вивнал до седмо небо и си помислил си го видел рајот, ќе те тресне од асфлат со брзина на светлината. Ќе се тетеравиш едно 2-3 месеци и кога конечно ќе си дојдеш пак при себе и се запознаеш каква си кога не си со него, ќе сфатиш дека си празна.
    Празна како конзерва на патот, празна како мизерна дупка во нечиј заб, ама не е затоа што уште го сакаш, напротив! Затоа што кога толку многу даваш и вложуваш што дури забораваш на себе, на крај не ти останува ништо. И баш тогаш ти се појавува некој кој се заљубува во тебе, ти нуди се и сешто од љубов до почит и речиси совршена врска, некого на кого си му приоритет и некој што си ги остава дури и видео-игрите за да ти посвети внимание тебе, а ти не можеш да му понудиш друго освен ладен и механички бакнеж, ХА! Е тоа боли!
    И жално е да се тераш да се заљубиш, жално е. Сеуште немам сили, сеуште сум слаба.
    Ќе биде, ќе се освежам или како што вика една драга другарка, и моето куче ќе фати зајак! :rofl:
    И да, сега сум послободна, се надевам ќе пишам почесто ми фалеше катчево.
     
    На marama, julie77, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  2. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ваквите постови ме тераат да верувам во животот и љубовта и никогаш да не се откажувам !
    Нека ви е среќна годишнината и тродупла среќа во животот ! :)
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    Кога ќе го научам ова? :tmi:
     
    На Allthatglitters21 и Magnolija им се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сдк дека љубовта е нешто најубаво.Но зошто толку боли,зошто не постои вистинска љубов,некој кој искрено ке сака?? Или ти го сакаш па тој не те сака и триста толку глупости..Денес нема љубов секој глдеа да те за**е.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Драга Фемина,
    Јас најутчиво те замолувам повеќе да не објавуваш толку шокантни статии како онаа за разделбата на Џони Деп и неговата жена. Сето тоа предизвикува доза на шокирање и неверување кај луѓето, на кои воедно им е многу тешко да прифатат ваква вест и да се помират со тоа.
    Благодарам.

    На сите оние на кои не им е јасен мојов коментар нека ја отворат истата статија и прочитаат коментарите под неа. Толку од мене.
     
    На sweet-cherry, kate21, Divinebutterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Знаете што сфатив деновиве???Сфатив колку сум променета.И тоа по едно сосема банално разгледување на фотографии.Полни албуми со спомени.Ја гледав малата јас ,само што донесена од заводот за посвојување.Тие очи што весело гледаат како да не се мои...детството,ах тоа детство,би сакала да можам на еден ден да се вратам да бидам дете.Тогаш бев најсреќна ,најзадоволна.Годините се нижат и раснам во млада девојка,помалку збунета,но знаев дека вредам.Си мислев дека јас сум силна и се можам да победам.Дека не постои проблем кој не можам да го решам.А не било така.Животов баш знае да биде крут и строг нели.Толку многу што ме натера да стојам во едно ќоше и буквално да се тресам.И ми личи ли сега на овие години да пекам по едно време.Од една сосема нормална личност ,без поголеми проблеми и стресови израснав ,во личност која постојано е под стрес.А мислам и дека полека стареам ,станувам кукохоличарка..да..да...а не сакам да кукам,и да се нервирам,ама сепак тоа станува посилно од мене.И не сакам да стојам и со рибарска јадица да фаќам мали парчиња среќа.Сакам поплава од среќа.Да не можам да дишам.Како да направам пресврт.Прашање кое со години ме измачува...
     
    На Noemi, Divinebutterfly, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Интересно ми е да следам, кога завршува една етапа во животот, колку работи се случиле, доживеале, средиле, колку луѓе сум сретнала и запознала, колку работи сум завршила, колку настани сум организирала и сето тоа го добив од едно средување на стари шкафови преполни со документи и договори. Се чуствувам како да го држам минатото во раце а тоа има облик на хартија која треба да биде уништена.
    Небаре сум Џемс Бонд, уште ми фали вотка&мартинито до мене, а јас имам наредба се да уништам за да ги поништам доказите за она, што се случило. Се осеќам така малку ко бандит.
    Нејсе. Знам дека не ме трогнува ни малку, само ме тера да се подзамислам. Мене ме трогнува жива материја и знам дека луѓето ќе бидат оние кои ќе ми недостигаат најмногу.

    Всушност сум шаренолика во размислувањата периодов до таван и назад. Ме прашуваат сите, и? Кој ти е планот?
    Ама јас не можам цел мој живот да го испланирам, ме разбираат ли тие луѓе или не? Зарем цел живот мора да се раководи според - роди се, расти, заврши школо, омажи се, роди дете, изгледај си внучиња, стареј?
    Не знам! Испланирано ми е, барем како нацрт-план, за 3 месеци унапред, а потоа? Од кај да знам, може пак ќе фатам некое ново џаде по кое ќе создавам ново идно минато. Јас едно кафе-пиење не можам да испланирам без да ми се случи некој спонтан додаток кој ќе го направи поинакво од планираното, не пак нешто што треба да го наречам живот.

    Од тие причини, за да не ме боли глава премногу, си купив барем душече :lol: Се мачкам со светкав кокос и ванила, замислувам песок, и мир. Само тоа ми треба, мир и тишина. И лубеница. Сакам да кликнам yes на do you want to restart your body now?
    И да пијам лимонада под жешките палми покрај камено куќарче. Евентуално да искинам домат од градина, да го исецкам, полеам со зејтинче и јадам под сенка во друштво на штурците. Со нозе у вис.

    Сфаќаат ли луѓето дека за да е човек среќен не му е потребно многу? Трчајќи по некои небесни цели, стварно заборавивме да дишеме. А со тоа и да живееме.

    Еден ден ќе се изнервирам и жими се, ќе му се с’снам на оној мој пашњак и ќе пасам овци. Бујрум на тазе сирење кој сака, криза се ближи.

    Ама сега, стварно, ама најсериозно сакам само да одморам.
     
    На bittersweet, Magnolija, CIA и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ^ 300 евра месечна плата за овчар, цел месец си у планина :D ако си заинтересирана, можам да ти договорам интервју за работа :wasntme:

    СДК дека понекогаш е подобро да се правиш дека едноставно не знаеш. Таквите во животот полесно поминуваат. А јас, смотана, на се со да, па дури и ако незнам, ете ќе научам. А тој што се прави мутав, ќе ме гази, ќе зема поголема плата од мене, и ќе ми наредува. Ете така...а ја па и тоа што незнам ќе го научам...смотана бре смотана. Да ја немав таа потреба од опремено купатило каде и да одам и ја би сега да сум овчар...

    Никако неможам да си најдам инспирација овие денови. Очајно ми треба тој проклет одмор
     
    На CrazyStupidLove, anabel-a, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Ми се вришти!!!
     
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Не ме интересира што сум направена торта. Буквално торта, свадбарска, на два спрата во стомакот. Поправена и ко за беља во ПМС, две недели ми касни.
    Не ме интересира што утре е најтопол ден од годината, а мене ни пудра не ми ги покрива овие два рогови искочени на лице од слатки нервози.
    Не ме интересира што косата ми нема должина соодветна (решив да ја пуштам) па не можам фризурче какво сакам да направам. (мислам на репче де, не сарма) :lol:
    Не ме интересира што Марфи се црта од сабајле пред мојот кревет. Чичко Марфи, дај олабави ме.
    Не ме интересира што нокитите не ме налакирани, рацете неиздеплирани. Личам на страшило што ја чува нивата.
    Не ме интересира што ми кажаа во пет до дванаесет, па вчера по топлото барав облека, да ме собере нешто а и добро да ми стои.
    Утре бранам дипломска, конечно.
    Има да се дотерам, па панталонче, па кошулче, па штикличе..
    Мерак да бидам.

    http://www.youtube.com/watch?v=Pm_h5xjEY5c


    Одам да си купам вазни, затоа што утре цвеќињата ќе немам кај да ги ставам.
     
    На la-chicka, DeMelo, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Колку прости свајќања имаат некои луѓе, грев :D .Мислат дека единствен и вреден успех во живот е мажачката и деца.Ок тоа да, деца, фамилија секако дека се благодетот во животот,
    ама има многу други работи кои се прават пред тоа и кои вредат милион убави моменти .

    Гледам слики од 10 годишно славје на матура, и едниствено нешто што гледам е 15 кг во една цицка , 15 во друга ,25 у стомак и горе долу тие се промените кои ги учиниле овие неколку години :!: ,а јас немам многу постигнато .затоа што , немам куп деца и 40 кг вишок.Е сега д а не бидам грешно сватена значи не ми е муабетот како дебелината е најлошото нешто , сите знаеме кои се негативните нејзини страни ,ама мајке ми бре дали тоа што си се посветила само на раѓање и урликање по дома те прави попаметна од други што сеуште се МОМИ :D Недомаќинки ние ,сеуште си скитаме по светов.
    И да во денешно време ,секоја втора ќе напрчи усни и ќе покаже нога и ете ти ја има во весник,или на некој портал интернетски , како се занимава со ДЕМЕК новинарство, и како деемк е славна и полна со инспирација ....море мрш таму. :!: :D
     
    На ViktorijaMari, srcekrsacka и crazylady им се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ги читам коментарите за Џони Деп и Ванеса Паради
    кој од кој по хаос |(
    зарем они се нервираат така за вас :^)

    Не ми се верува. Не, не, не. Просто невозможно. Едноставно сум запрепастена, а се чинеше дека се' им е толку совршено, со децата, општо со животот, работата, љубовта, и сега одеднаш ова.... не ми се верува. :О

    Тотално сум шокирана.. :P
     
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    [​IMG]

    А ја ко за инат ги повторувам истите bittersweet грешки, цк...
     
    На Elennaa, ViktorijaMari, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Многу ми е смешно кога ќе ме прашаат-Имаш дечко?!

    Прво нешто што ми паѓа на памет е да и акнам бокс на „љубопитната“ особа.Второ, на прашањето да одговорам со друго прашање-А што те боли тебе каков е мојот љубовен живот?!

    Што се замараат луѓево со туѓи животи?Тоа дали јас имам дечко е моја работа.Може имам тројца, а нејќам да ти кажам.Очигледно дека сопствените животи им се предосадни и немаат попаметна работа, па прашуваат глупости...Ах бре, со какви луѓе го делам воздухот :tmi:
     
    На chocolate.chick, Barbie-mwa, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И така заврши пеколот за мене, скоро да заврши сесијава, останува уште еден ден и после летото може да започне. Фак јеааа :geek: ...
    Се беше по планот, освен еден, мочан предмет...
    Али ако нека, таа мала битка ќе ја војувам во септември.

    Туку до вчера до кога книги и скрпти влечев, кога по цели денови бев на факултет, кога од викенд ја имав само недела и незнаев за што попрво да ја искористам, да спијам или учам, зошто во понеделник полагав, бев во пекол, а жешкото сонце не го ни почуствував.
    Денес конечно најдов време да здивнам и видов колку е уствари жешко, али нека е, па лето е, мамицу му.

    Светот е едно прекрасно место кога човек ќе се наспие.
    15 саати сон и се е бајковито.

    Ајде поздрави и честитки, јас да се доистегнам уште малце па ќе се депилирам, зошто почнувам на орангутан да личам :puke: .
     
    На Springy, LilBaby, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Си седам на тераса, со нозете испружени нагоре размислувам и се чудам кога летнаа три дена ...
    Пред мене нема ништо освен трева, дрвореди и Охридско езеро со целата негова убавина.
    Нескафенце колд, цедевита ладна, добра книга, јас си уживам максимално, додека човечено спие во другата соба...

    ПоздравЉам ве из Охрида града.
    :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • SL733441.jpg
      SL733441.jpg
      Големина на фајлот:
      375,7 KB
      Прегледи:
      426
    На la-chicka, bittersweet, Strumfeta93 и 38 други им се допаѓа ова.
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    И ѕидовиве имаат уши, ама се додека немаат уста добро е.
    Ќе ги кријат сите мои тајни, сите лелеци и сите солзи исплакани.
    А јас пак ќе излезам од собава со насмевка, нека си мислат сите дека секогаш ми е добро.
    Зошто секогаш кога ми е тешко нема никој покрај мене? Зошто? :doh:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Човек може да има потполно разбирање кон другите луѓе, само тогаш доколку вистински ја познава нивната мака.Подобро е доколку не ја познава, да не дава лажно разбирање со цел да ги утеши другите луѓе, а доколку прави спротивно, неговата утеха нема да има апсолутно никакво влијание.Ова е видливо и премногу очигледно, не вреди презентираната камуфлажа.

    И...чувајте ги оние луѓе кои ви се мили, кои ви значат нешто, бидејки доколку дозволите да си заминат, најверојатно никогаш нема да се вратат, без ваше барање.Луѓето доаѓаат и си одат од нашите животи, а некои остануваат, наше е дали ќе дозволиме кои ќе останат покрај нас.
     
    На calliope, Divinebutterfly, ozbilnazena и 5 други им се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Животот е убав. И кога е ср*ње-пак е убав.

    Она што навистина СДК е: се дури мислите дека полниот памперс е најгадната работа во животот, не размислувајте на сериозна врска, уште помалку на дете. За мене е најгадната работа беше кога една паметна, еманципирана, верена ( :!: ) девојка ми рече: "Јас секогаш ќе си ја викам мама да ја менува пелената на бебето, ова е фуууј за мене". Е не можам да сфатам :D

    А кај мене помина речиси цела година откако го бришам ова мало, слатко, понекогаш смрдливо газенце. Го обожавам !
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Bright, Divinebutterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    СДК дека стварно не можам да разберам како во ниту еден кафич на плоштад и ул.Македонија не прават резервации за роденден за "викенд" т.е. за во петок....беше одлучено таму да славам роденден и сеа на два дена пред роденденот си останав без резервација :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.