[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ужасно топол и сладок ден.Едниствено благо разладување-ванилен корнет!
    Инспирација...обратно пропорционлана со накачувањето на степените на температурава...

    Јас дојдов да ви се испофалам за свидетелството и просекот 5.00. :wasntme:
    Мило ми е,барем знам дека се заслужени!
    Зарем има подобро од тоа,на маса да те чека појадок спремен со толку љубов од бабичка.
    Путер+мармалад од кајсии,и чаша ладно млеко...

    Уште нешто..
    Focus on the people who truly love and care about you.

    Love,
    Smilly
    [​IMG]
     
    На la-chicka, kravce, CIA и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Значи само идиоти можат да направат реклама со сечење програма и велење УДАРНА ВЕСТ- СЕ СРУШИ АВИОН!!! Незнам дали воопшто помисли канал 5 дали нечие срце ќе застане зошто нечиј близок слетува и полетува!!!!

    Сечење програм кажување ударна вест се сруши авион, за жртви се најавуваме подоцна и си продолжуваат со турски серии. ШУпаци нека за задржат само на турските серии одколку на глупата креативност и начин да привлечат внимание.

    http://www.plusinfo.mk/vest/46872/Gragj ... na-Kanal-5
     
    На sparklie, la-chicka, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Летниве денови се совршени за убавина и љубов, не само за ладни работи и разладување...
    Вчера некој рече дека мразел што денот е толку долг па додека да дошло вечер како да врвела година, па да, затоа го сакам летото, денот трае и трае и трае чиниш цела вечност и пак не ти е доволен еден ден за се да направиш. :o:
    Не сакам и во сдк да давам со диети, ама денес имам вишок енергија и два пати на справи се испотив, па после ќе одам на пешачење да се допотам и да се рекреирам малку. :sweat:
    Камо да имаше повеќе паркови во гратчево ми или стази за возење ролерки, ми се чини ќе бев најредовен посетител таму. :P
    Пречкртан уште еден ден в календар и одиме понатаму!диеталците знаат зошто :D
    Го сакам летово со сите убавини и сакам да ве читам и вие што мрчите дека не го сакате зошто сте ми интересни, абе на зима ќе барате сонце, ќе видите :!:
    Мир, сила, енергија, спокој и трпение барам само, другото го имам.
    Го молам бога желбата да ми се оствари и тогаш ќе бидам најсреќна на цел свет.
    Дотогаш и до следно читање останете ми позитивни.
    Ви испраќам :hug: и :*
     
    На Artemission, Gordana10 и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28

    Ц ц ц
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Неможам некогаш да го сватам нашиов народ, неможам.
    Неможам да сватам зашто се обрнува толку големо внимание на работи низ кои секој човек поминува.
    Зашто се трошат пари на веселби кои се без врска.
    Четврт матура, полуматура, матура, дипломска, специјализација, магистратура, е веќе докторатот единствено нема да го вклучам, бар засега, уште не сме стигнале до тоа секој втор да е доктор на науки, ама засега, во иднина и тоа вајда ќе се гледа.
    Одиш на факултет, пука 40 степени, гледаш во фоалјето келнерчиња се фрцкаат и кетеринг мислиш Виенски бал се случува, маса долга 10 метри со јадења, јадења лиги да ти потечат. Тука да не ги заборавиме мувите кои како невидени се мезат на масата па одеднаш ти се одјадува. А зашто е ова? Леле магистрирала некоја. ОМГ. Чудо невидено, магистрирала како 2406625 личност таа година. Истата таа им дава на професорите после им дава по едно виски, па потоа ги носи дури и на вечера. А утредента во ресторан со музика и 150 гости веселба.
    Ај ќе речеш магистратура е.
    Ама речиси секој бил и на матура со 100тина гости и музика и ора.
    Да се потсетиме задолжително е средното образование, мора секој да матурира.
    Ама не е битно убави они мама и тато кредитче ќе земат, ќе ги дотера од глави до пети и матура ала свадба. Се опарија оние за декорирање, кај декорираат свадби, крштевки, веридби, уште сеа матури, полуматури, дипломски, магистерски. Да не заборавиме дека ние љубиме и слави, куќни, селски, па родендени, па мекици, па вработување, па ова па она, абе секакви веселби имаме.
    Ние сакаме да се пофалиме дека можеме да направиме најдобри кифлички и руска, дека за секакви свечености може да викнеме до 5то колено, божем роднините ни се многу битни (иако зад грб секој со секој нож си забива и се оговара, ама нема везе, роднини се нали) и се прави лице за нешто за што е залудно потрошено ем време ем пари.
    Изрод ли сум не знам, ама овие свечености македонски не ги разбирам.
    Само јас ли неќам толку гости, само јас ли со сила одам на некои вакви работи, ама сеедно ми е.
    Битно луѓево кај нас ако треба 10 години нема да отидат на одмор да се одморат ко луѓе, да подишат јод, да истрошат некои 100 евра аранжман вонзезона, немаат пари. Ама пари за вакви тракатанци и фалења, за да ги зборат у село секогаш мора да се има.
    Епа ако. Пукнете у кујна затворете се и не искачајте за да докажете македонки дека правите најубав грав и поканете ги сите комшии да пробат! Ако треба уз гравот земете посебно сортно вино и викнете ете Алачки ил Благица Павловска ил Милета нека ви пее. Нека ве зборат, тоа ви е најбитно изгледа.
     
    На Nine25, sweet-cherry, ines.h и 26 други им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Oh my fucking God- луѓе, на одмор сте, уживајте, оставете ја технологијата на раат.
    Колку треба да ти е досадно и да си очаен за да треба да се чекираш на секое влегување во ресторан и да се сликаш со јадењето што си го порачал, а при тоа си на романтичен одмор со дечкото/сопругот? :^)

    И ајде сега злато јас ќе те сликам тебе, па сега ти сликај ме мене и после ќе си ги лајкнеме сликите.
    Па кога веќе си ја ставил очигледно дека ти се допаѓа- не мора сам да си ја лајкнеш побогу.

    Или неколку саати поминале откако си стапнал во туристичкото место, неколку минути како си ја послал крпата на плажа и веќе аплоудираш слики на фб?

    Луда работа.
    Со душа чекам да одам да уживам неколку дена одделена од секојдневието, да се сконцентрирам на местото каде што сум, да го истражам, да се одморам од се и да запознаам некои нови луѓе, а не да сум на готовс да видам од кого ми е новата нотификација.
    Стварно не ми е јасен овој феномен, а гледам масовно се зголемува со отварањето на летната сезона.
    Ќе треба да правам масовен хајд очигледно.
     
    На Hipster, Nine25, crazylady и 23 други им се допаѓа ова.
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СДК зарем живееме во толку идиотска држава?! :fubar: Абе имаа ли осет народов Македонски!? Очигледно дека НЕ.Не е слагам,во државава најмногу и требаат психијатри да се излечат многу луѓе.Па добро бе де дава ли онаква ударна вест?! :!: :x Се срушил авион!?!??! Еј кој знае колку фамилии,се вознемириле поради ова. :^) Господ да чуват и да бранит. Зарем се прави шега на ваков начин!?!?!?!
    Господе помогни им.Само тоа можам да кажам! :!: :x
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Jуни,месец кога си ту мач хорни,но и ту мач конфјузд. Традиционално!
    Еден пресврт кој ми се случи пред три месеци,има батрфлај ефект. Ми смени цел еден видокруг. Првенствено немаше такво дејство,но како минува време,се повеќе се засилува.Од понизно каење и извинување кон самата себе,до поголема зрелост кон одредени сегменти. Само одломки од стари нешта.
    Кога мислите дека љубовта се пеперутки во стомак,а сте постари од 20 години, ве молам, направете си услуга на време,или сами удрете си бокс или побарајте некој друг да го направи истото за вас.
    Или пак ако упорно сте зависни од истото,сериозно земете предвид дека сте емотивно незрели.
    Денес галантно ми пријде еден дечко,ми рече дека сум изгледала чисто. Шо тоа значи човече?! Се насмеав само и си викам у себе уирдо. И после си викам,не Лилит,ти си! Вака татко ти и се претставил на мајка ти,не де баш така,ама у прво лице,без посредство на социјални мрежи,а ти...мрш мори,а не ти е прв пат!

    За него би ангажирала квартет штурци и би го резервирала Скопје ко најскап ресторан,само за нас двајца...Ама ете...
    Време...И време...
    http://www.youtube.com/watch?v=AqFfe6Y9 ... re=related
     
    На kravce, caroline.costa и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Че си умра на млади години, жити се.

    Се глупирам и се форсирам за џабе. Ој глупава главо, дигни си нозе во вис, мафтај со прстиња, драпај си го мевот затоа што очигледно ништо не се менувало. Трчкарам наваму натаму а ни сама не знам зошто. Полагам на крај на јуни предмети кои не можам да ги гледам. И сакам да кажам ми се оди на одмор.

    Ич не ми се оди на одмор. Преговорите за одмор ми траат подолго од преговорите за името. Како бе тоа на сите се им е сеедно а на крај ништо не им одговара?? Би ги пукала ладнокрвно. Пружи си ја чергата колку што ти се долги нозете е rocket science за одредени персони.

    Еј се би дала за одмор еден на еден. Јас и второто јас. Доста ми е. И на планина да ме пуштат недела дена сама подобро ќе си поминам. Ох не можам. Офкам и лелекам како баба, кукам бетер од оние што просат на надвожњакот кај Бит пазар.
    Однапред се извинувам чедо, ајде Господ здравје да ти даде и дечко и деца (бидејќи нели уште тоа ми фали)

    За крај јас слатко се изнасмеав на ова:
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=z5NRWM3FgqA#
    Апла заразна песничка, јеботе...
     
    На la-chicka, kravce и ilovecupcake им се допаѓа ова.
  10. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    СДК дека ми се смачи од глупавоста,патетиката и простаклукот на поголемиот дел на народот! :swear:
     
  11. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Одамна ме нема да си напишам нешто,неможам ни да ве читам,барем на работа така скришно си отварав фемина ве читнував или си пишував нешто.Денот ми беше ужас на работа турбо една пауза со колешката од 30мин на кафе во кафич,останатото ринтање.Звонев по банките пак кредит барам,само се чудам каде уште да се задолжам,пари никако не ми стигнуваат.''Врека без дно сум''Добив преместување на работа нов колектив истите обврски и истата плата работата сега ке ми биде усвет од дома,нервозно.На одмор од13-јули а каде ке одам знак прашалник ,прашалникот е и од финансиска причина.Последен викенд ми беше Матка на 1-јуни от тогаш наваму монотонија. Љубовта вообичајно и од тоа мие до глава ама ајде сама да не сум час го сакам час сеисто ми е.Здравствено сум малаксана и се почесто ме боли грбот и нозете одоздола петите ме бијат дали од сандалите што често ги менувам ,а и од работа стани седни се се собира.Си правам ректроспектива на годините наназад и заклучив јуни месец секогаш ми е динамичен нервозен и без пари.Ми треба одмор.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што луге ке бевме , да не може човек да пешачи на кеј :x
    за почеток , тргнавме добро-сретнав едно другарче од осмолетка, си купив семки-додека крицкав еден дедо си седна и си пушти радио-девојка од Жељко Јоксимовик-и си потпевнуваше а јас не можев да престанам да се смеам :lol: :rofl:
    тројца дечки да се покажат фраери, и да ме импресионираа се договорија едниот да вежба склекови, а другите двајца ко бодигардови да го чуваат(божем некој ке го украде :lol:)ама ми здосади да седам-ме заболе седалниот дел :D и тргнав да пешачам, и одеднаш пред мене гледам едни двајца празноглави луге-тргнале да се качуваат по тревата, и едниот ми вели да сум му подадела рака, неможел сам, а двајцата зјаеја во мене ко телиња во празно,и после да сме се запознале :o :tmi: бог да чува и да брани-а видат женско спобудалуваат маживе :swear:
    си го скратив патот, на вракање наминав во парк-имаше песни од филмови-странски музичари, беше прекрасно и го видов наставникот по Италијански, ама тој мене не ме виде-беше со две девојки, многу дружељубиво човече, секогаш е некаде со друштво-гледав од сликите што ги постирал на ф.б. :)
     
    На Lepaaa, chocolate.chick, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако ви кажам дека чувствувам мир и спокој ќе биде малку. Едноставно си уживам,убаво ми е на душава.
    Не,не морам да држам дечко за рака за да ми биде убаво,ниту пак морам да имам џеб полн со пари за да чувствувам среќа.
    Се заљубив,во животот.
     
    На srcekrsacka и kravce им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК гледам и неможам да повервам! Кај отишол светот! УПМ отишол! :tmi: Порано се знаеше проститутка,сега братче не се знае ред :D Ц ц ц...Па шо се чудам и јас,накај полошо неможи да тргни. Значи I don't want to live on this planet anymore!!! ПА добро бе,и сладоледот ли? А мене ми е срам да си јадам обичен сладолед на улица...Еве за шо зборам...Ми се згади да ви кажам право.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, srcekrsacka, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ех да можеше човек да си исчезнува од време на време, кога ќе му текне или посака, а поготово ако гледа на секаков начин да се спаси од некакви скроз иритрачки ситуации |( |(
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Му опростија на Орсон Велс,вие не можете на Канал 5?! Абе ај! :D
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    На САРКАЗМОТ како поим, дефинитивно треба да му се стави упатство за употреба, со предупредување дека не е за малолетници и за оние што не знаат кога и како треба да го искористат, а најчесто го злоупотребуваат за скриени цели да свртат внимание или да испаднат духовити и попаметни пред другите |(
    Напомена: Слатко е се што е во умерени граници!
     
    На Lepaaa, ines.h, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Кога си правам ретроспекција на мојот минат средношколски живот ми текнуваат на некои глупости шо сум ги направила, поголеми глупости за кој човек не знае дали да плака или да се смее и најголеми глупости за кои кога ќе ми текне автоматски дланката ми го треснува челото.

    Ама ај, си викам, не е се толку црно и глупаво. Пример стекнав две нови пријателства (од кој едното беше со многу непотребно крекање) и имав врска со повозрасен човек кој ме просветли на секое поле како шлаг на врвот од се живо и диво нафрлено во чиниичката. И многу прочитани книги, музика за хормони и цигара после се мое напишано, изедено и остварено.

    прекрасно наше песниче...

    http://www.youtube.com/watch?v=gcdK4_8Fqns
     
    На srcekrsacka, Breezy, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    “Престанете да сонувате! Крајно време е да станете сериозни и да се зафатите со остварување на вашите цели.”
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Само разочарувања ми се случуваат во животов, изгледа на никои други не им е интересно тука.

    Уште еден во низата на промашени обиди за да престанам да пелтечам. Кога ми кажа мама за црквата и девојчето кое престанало да пелтечи, скокнав од кревет и отидов да се спремам, потполно исполнета со надеж. Бев, се напив водичка, се вратив, се напив водичка пак, и заспав со надеж дека и јас ќе ја имам истата судбина како и девојчето. За што? За сабајлето да се разбудам и да не сакам да прозборам веќе, зашто знам дека ништо не се подобри.
    Смачено ми е веќе. 12 години легнувам со една желба, а кога ќе се разбудам ќе кажам неколку реченици кои прво ќе ми паднат на памет и ќе се разочарам. За прв пат сега, додека одевме накај црквата бев пресреќна, мислев на радоста која ќе ја имам кога ќе дојде момент да можам кажам неколку реченици без да запнам, да им се јавам на најмилите и да ме слушнат.
    Пуста надеж моја .. џабе ми е се‘.

    Згора на тоа, истиот ден добив и писмо од Министерство. Некое чудно чувство ме облеа, не знаев дали да се радувам или не. Го отворив и само поминував со погледов преку редовите, чекав нешто да ми привлече внимание. И ете, со големи букви: СЕ ОДБИВА.
    Не дека се надевав на стипендијата зашто 4 беа и сигурно добитниците беа наместени .. ама многу сакав да ја добијам.

    Сакав барем еднаш да ми се насмевне среќата во животов.
    Но не, ниту ми се насмевна среќата ниту ми се оствари желбата.
    Останува само надежта, која скоро и да ја нема ..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.