1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Секој ден истата рутина. Се‘ едно исто.
    Не дека е лошо, ама сакам да го одбележам ова лето, а немам идеа како. |(
     
    На anabel-a, L-enna, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто и најпростата работа мора да ми се искомплицира!? |( :worried:
     
    На Lepaaa и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.736
    Допаѓања:
    6.729
    Денов ми е просто кажано УЖАС! Уште од кога започна без некоја голема причина се чувствував катастрофа, празно, расеано.. Помина земањето на сведителствата, требаше да одам кај другарка ми, кај него и со мајка ми во град. Идам кај другарка ми, е сега се вака сум и доаѓала на пола саат, се не сум можела, кога ќе сум идела кај него.. ако не, одма да сум тргнела. Ама ај, другарка ми е ја сваќам, ништо страшно. Па ми ѕвони он. Кај си?-Кај другаркава. Е она ми рече со сестра и ќе идела, па уште не ми верува. Човече ти реков во три саат ќе дојдам, па љутење, расправање на фејсбук.. А тука и за двајцата по жештиниве сум се влечкала! Ај отидов, некое чувство не ми даваше мир. Што осеќам кон него, дал осеќам, лежам прегрната со него а се осеќам ладно..
    Па заѕвоне мајка ми. Она па не ми верува дека сум била кај другарка ми, ме рчка само нешто. Аман!
    И ко што бев спиена едно 4 ипол саати што нормално ми е малку, ми се дополни и нервозава на тоа што ја чувствувам цел ден и ..топ!

    Па и вечерниов муабет со него, уште толку ме изнервира и растажи. Ми вика еј многу те сакам.. а знам дека порано јас тоа многу му го кажував (иако сега сватив дека не треба залудно да се трошат овие два збора..) и му викам доста лажеш.. Па ај нека било по мое, како сакам јас а всушност јас сум таа што тој мене толку ми значи, он сигурно не се осеќа така! Му викам знаеш, се зезав, и јас тебе.. Па после излегоа муабети како јас сум било мало, не сум знаела што е сакање, сакање не може да биде со некој што правиш нешто само два-три месеци,тоа доаѓало покасно.. ова свиѓање било! Срце, ова што јас го осеќам е далеку од свиѓање. Мене можда ми се свиѓа дечкото на другата страна од улицата, убав е, згоден, има убава насмевка, или некој со кој сум искочила еднаш, ми се свиѓал неговиот карактер, однесување, убав ми бил.. Ова не е свиѓање!
    Ми ја упропасти вечерта, абе не и не, не идеме ние двајца заедно.. таман ќе средиме меѓу нас и идилата највише ни трае пола ден.. и мора за нешто да се спречкаме, и јас мрчам ама и он мрчи бе, во ѓавола веќе!

    Ама ајде. После првиот пат веќе ништо не е исто.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Со ваква младина,не треба да се плашиме за својата иднина,наталитет.
    Не знае да разликува запек и проблеми со варењето од бременост...
     
    На sanjalica, Gea, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам, ме сакаат, љубам само еден, ме љуби само еден... Има и такви што ми одат на нерви, има и такви што им одам на нерви..Се на се совршено бре! По убаво не може да биде, не ни сакам да биде. Сакам да се мачам, сакам кога си собирам пари за да си купам нешто, по слатко ми е, повеќе го ценам...

    И да, имам една молба, нека ми напише некој мислења во мое име и нека ги префрли на моја сметка :call: :D :rofl: Па како сум тргнала до 500 нема да стигнам никогаш. А гледам таму форумџики зачленети пред месец-два ми се фалат со зелено цветче и тие мои недостижни 500 мислења. Па не е фер! ]:)
    Бан на сите! Оставете ме само мене тука да пишувам! :P
    :talk: :talk:

    Или во најмала рака, ставете ги мислењата од СДК во оние што се бројат. Само за мене една услуга :talk: :talk: а? ^_^
    Да си легнев не ќе згрешев
     
    На Monna.Monna, Adi888, Miss-Independent и 6 други им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    17.669
    Живееме во град каде вредиш онолку колку што имаш во џебот. Во град каде се отфрлуваат грдите, сиромашните и болни луѓе. Во град кој е свртен кон материјалното, каде што секоја трета е спонзоруша, а секој втор машка курва. Во град во кој тешко можеш да најдеш вистински пријател. Во град во кој се живеат туѓи животи, а својот се смета за совршенство и за него не се зборува. Во град во кој има се повеќе малолетни родители отколку факултетски образовани. И затоа нека разбераат сите тие ситни души – Не се важни работите кои ги имате на себе туку онаа што го имате во себе!
     
    На Monna.Monna, Adi888, Breezy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека жабе си чекам, таа порака нема да ја видам во сандачето во скоро време.... :(
     
  8. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Ратата!
    Нервоза ме фаќа само во денови кога немам со што друго да си го исполнам животот. Факт е дека подобро се снаоѓам кога имам милион обврски за завршување и рокови на сите страни. Кога денот ми е прекраток. Иронично, тогаш наоѓам време за се. Ме има насекаде. И овие денови што се предвидени за уживање не се тоа тоа. Не се, пошо ме јаде нервоза и на самата помисла на патот кој треба да го поминам за да стигнеме до конечниот договор. Се некој префригани одговори, луксузни идеи. Или ќе е по мое или никако. Епа никако сестроо, никако.
    Многу мразам кога некој ме потценува и игнорира, а потоа на првиот знак на игнор од останатите се врти кон мене. Ама можам и јас исто толку лесно да се свртам на игнор, само притискам копче. Само проблемот е што пријателството не е во една насока, I jump you jump, remember? Или тоа важи само за одредени личности, а ние останатите сме тука да пополниме време онака успат? Не сфаќам како некој кој се дефинира како пријател може да ти каже дека не се замара со проблеми и не го интересираат само затоа што животната филозофија им е Hakuna matata. Едноставно не оди.
    Нешто је труло у држави Данској.....

    In&out.
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Сакам од дрогите на Ниче Димовски!ОДМА!
    Леле,леле и Мубарак е у кома,ако се разбуди ќе стане Крал Шкорпија!
    Ама да се задржиме на дрогите! Кои дроги ги користи Ниче?! И зошто е Ниче?! Мислам не може да се викаш Ниче и да не си истрипан!
     
    На Phyramide и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Some people just need a high five.

    In the face.

    ..With a chair.
     
    На chocolate.chick, sweet-cherry, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Не сум камен, имам чувства. Имав и љубов, само на погрешно место сум ја давала. И не можам да престанам да барам одговор на прашањето-Која корист од чувствата? Никаква. Ништо добро и полезно. Само си го комплицираме животот.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Три работи сакам да кажам и стварно да си легнам!
    Прво,некои цуци на твитер забораваат дека преведуваат твитови од луѓе кои ги ретвитале,а биле на српски или англиски. Исто така забораваат дека многу луѓе во Македонија читаат ФМЛ и коментари под јутјуб ,мислам као,не е интересно да се праат така паметни. И некои од нив се откорнаа од твитање за секс барабар со сите мажишта,па онда правење невиноќа.Поим не знаат шта са собом. Извадени од памет од секс,а изгореле за истиот. Бог да чува!Љубопитност,како да реча и шо да ви реча друго,ја поим немам! Да беше Фројд жив,не знам како ќе го толкуваше ова фалење и зборење за секс по социјални мрежи,а у реалноста...а и фантазииве така јавно споделени,а толку блиски на сите...да се чудиш.Да поможам околу дијагнозата,акута глупачитис,генетска болештија!Нема лек! Као ама ја вака,ја онака,а она фантазира виртуелно. Незрело е ало! И неинтересно! А ја па глупата,ги читам интересните и на крај ги фаќам овие неинтересните глуперди и ме забезекаат.
    Ете ви светски проблем.
    Второ,си ја дочитав книгата,ал вас и онака не ве интересираше,ко што не ве интересира дека утре ќе учам како да правам макета на авионче,скроз неповрзано со актуелните настани. Мислам, каков е тој живот ако не научиш да правиш макета на авионче или брод у шише?!А?!
    Трето,сите кукаат,лето не се јаде,јас у ден пладне мавам лахмаџун, после другар ми ми прави ручек у стилом Тони Монтана (пошо...ај да не зборам) со говор на Тошо Малерот дур елегантно ја стиска зелката со прсти,па и сипнува маслиново и да го цитирам *на девојче со мене ништо не му фали,е вака и готвам,читам книги,па и правам филмови,па гледаме филмови, па ја задоволувам,дур не ми сврши еднаш у предигра и после уше еднаш не ја пуштам да си оди* (УМРЕФ ОД СМЕЕЊЕ!),мајка ми у 23 часот прави мекици,па морам да кснам у име на сите бебиња родени вечерва и сега у 3 и 13 како секој нормален човек у лето кој гладувал цел ден од жештините,мене најадената ми се пријадува пак! Епа невозможна сум! Не-во-змо-жна!
     
    На caroline.costa, anuskaNESTLE, Springy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.190
    Пол:
    Женски
    Кога гледаш двајца кои танцуваат на музика која не ја слушаат, само ја чувствуваат, се движат како да се едно под ѕведеното небо посакуваш на си на нивно место...
     
    На Lepaaa, chocolate.chick, Gea и 13 други им се допаѓа ова.
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    СД ви К дека...
    НИКОГАШ НИКОГАШ НИКОГАШ НЕ ЈАДЕТЕ ЛУБЕНИЦА ПОСЛЕ ПОЛНОЌ!!!!!!!!!!
    Кутрата моја бешика! :(
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    О, идиотизму.
    Зошто ме зафати во толкава мера, м?
    Го знаете она чувство кога ем сакате нешто, ем нешто во вас ве спречува? Глупо е.
    Не знам, сум станала тешка тиква. Речиси на исто ниво со фацине "25cm_secen" од мирц. |(
    Мислам, не се жалам де, ама се чувствувам некако неубаво истовремено.
    Како да сум им интересна само кога нема никој друг околу за занимација и само кога зборам на одредени теми, вака се чувствувам невидливо на други полиња и муабети...може да умирам, а нема за лек да ме прашаат... :shake:
    Знам дека не сум Ајнштајн, Тесла или не се лигавам ко Спаркс во модерново време, ама имам и други функции ебаго, имам чувства, и знам да дискутирам и за други работи.
    А моментот кога ќе наиде друга фаца, збогом Каљопо, хвала и лепо је било док је трајало.
    Без збор ги снемува кога ќе здосадам...и еве, си седам сама ко теле сред изгорена ливада чекајќи така магично да порасне т.е. да се појави некој што ќе ме гледа поразлично од „онаа бре глупата личност за тепање досада дури да се најде друг.“
    Па кажете ми ебаго, да си знам што мустра ме мислите.
    Ништо ново што не знаете не реков де, ама сепак...дотолку?
    Се плашам дека сум станала безвредна за многу, онака, ко парченце хартија за безвезно пишување, ко паломче за зимски мрсул сум...и кога ќе ми пројде сезоната, толку.
    Сакам само да бидам гледана онака како што јас ги гледам нив, колку што се може де. Па и јас имам чувства, за живо чудо. Не сум камен, на камено камен и на тај камен - камен, ебаго.
    Не сакам и не можам да се правам кловн, да се смеам кога ми се плаче и да живеам под маска дека не се грижам за ништо, дека онака, сеедно ми е што и од која причина ќе се случи.
    Е не ми е. Што сум јас бре? Dial-up, па ај, позови кад треба?
    А не. Не сум ко квизон на Лила, па ај на „Се’ или нешто“ ќе одиме.
    Не сум јас толку деген па да бидам ниската понуда на банкарот кога се нема друг излез.
    Не не, или ќе бидам милионот и ќе се однесувам ко таква, или да не се ни брукаме за утешни 5000 денари, откажи се навреме ко да не ни постојам.
    Поарно ќе бидам буквално ништо, отколку мало нешто со никакво значење. Бедник дотолку не сум.

    И постојано ги вртам истиве досадни муабети, оти само тие ме мачат, за друго нема што да се жалам.

    р.ѕ. Постов ми звучи ко да се проституирам, па ми е мака. Ама рано ми е, без гајле. :D
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Срцекршачке, дај сподели ја тајната како на секое твое искачање од дома, макар два чекора, те пресретнуваат све некои типци билдери или фраери, а не квази накази ко мене :( :rofl:.

    Вечно благодарна,
    Анабела.
     
    На x.Daisy.x, sweet-cherry, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.839
    Допаѓања:
    101.390
    Пол:
    Женски
    Ми доаѓа самата да се фатам за коса и да си ја ставам в раце.Па згора на тоа и шамар,ама таков да можат да се познаваат не прстите,него оние линии за идентификација.Такозвани папуларни.Фуј.Како е можно уште рано наутро да сум толку нервозна.Не можев да спијам,што од мисливе кое ме јаваа цела ноќ,или можеби од жештината која никако да ја угасам,или можеби од досадниот комарец кој си направил 2 ужинки од задното дебело месо па сега кога се драпам осеќам по прстите цели брда.Или можеби од се заедно.Јас не знам зошто луѓето сакаат да ме направат глупа.Или можеби сум :?: Ахам,мора да има некој грешка во мојава генска композиција ,инаку не би се осмелиле да ме дрнкаат така.Конкретно станува збор за сестра на маж ми.Значи пред едно 8-9 години имаа потреба од пари ,и тогаш им излеговме во пресрет нели луѓе сме.Ама не било така.Беа фини и слаткоречиви дури ги зедоа,а сега ни во уста не ги ставаат.Па добро бе мајку му стара,јас пециво да земам на заем па ме јаде дека треба да го вратам.Ама не ми беше тоа муабетот.Муабетот ми беше дека дотичната им купила веспа на нејзините принцези.И тоа гланц нова.Па и ја сликале на фб.Е луѓе кога не ме удри дамла веднаш,ќе проживеам како маченик уште многу јас.Значи имате пари за веспи а немате пари да го вратите долгот кој не е баш мал за лесно да се заборави.Е во вакви моменти ми иде да усшуткам и да испцујам се пред себе.Роднини бе.Абе не се дружам со нив веќе ,па и нека ми ја залепат етикетата чудак на годината. :swear:
    Друго,денес портокалов или црвен аларм.Не ми треба мене некој да заѕвони за да знам колку е топло.А неподносливо е топло.Куќава како вршник да е.А згора на тоа запнала онаа мојана плавуша да оди на базен денес.Абе се оди ли на вакво сонце да се печеш реш.Уште црвено јаболко ќе и фали во устата за да ја долови сликата :fubar:
    Како ли боже мој ќе го преживеам денов???? :doh:
     
  18. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Добро утро феминки :) .
    Сдк Синоќа имав убава вечер ,ја поминав со мои драги мили личности со одличен ,опуштен муабет и слатко мало бебенце кое си го гушкав ,тоа е моето мало палаво и слатко внученце . :)
    Денов ми започна уште многу рано,ги завршив домашните обврски ,појадов ,сега си пијам кафенце и си читкам на форумов . Чекам да помине уште некој саат па да ми дојдат гости на кафе-муабет и сладолед.:)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Колку е убаво маж кога ќе ти направи сабајлечки кафе! И плус кога ќе ти го погоди ептен.
    Не знам зошто, се замислив сега - ете ти беља, не се палам многу на помислата мажот да е потрчко у куќа, постојано да е у стрес - леле да исчистам ова, леле да направам ова (као демек ја главната тука и со мавнување на прсте му давам до знаење шо се треба да заврши по дома за да го пуштам на по едно пиво со другарите), мада - може да го гледам неговото испотено тело качено на скала како поправа нешто, не дека ќе ми дојде лошо :wasntme: ама у суштина, многу повеќе се палам на вакви мали ситници кои стварно ми значат.
    Макар и го утнал кафето, барем гледаш дека се труди да ти направи нешто, што знае дека тебе ти значи :)

    И денот добива поинаков сјај.

    Гледам Ребис ќе прави концерт по повод 20годишнината од своето постоење. Кога поминаа 20 години? А јас бев на првиот концерт. Зарем толку многу време помина од тогаш? :(
    Инстантно се случи експлозија од многу пријатни спомени кои ги поминав таму. Балетот мојата пасија, оган што тлее, го разгорев таму, во првото студио на ќошот од градски ѕид. Страшно ослабев се сеќавам, и живеев за секој тренинг кој го имав таму. Ма не спиев бре. Мајка ми ми вика - а некој ти спомнеше танц, сиот свет престануваше да постои за тебе.
    А првиот концерт беше проследен со огромна возбуда. Што се би дала повторно да се шмугнам во гардеробата на МНТ и повторно да бирам костими за претставата. Да се шминкам пред оние огромни огледала, испотена да трчам по тие лавиринти од ходници за да стигнам да се припремам за следната песна. Сеуште ги чувам моите џез балетанчиња, излижани од триењето и танцувањето. Тогаш со мојот детски памет се замислував дека сум на Бродвеј, и потоа го глеаш Ристо Бомбата и си викаш, ова е се само Бродвеј не :D
    Во скинатите фустани позајмени од Кармина Бурана и во сите оние хеланки, трикоа, боди и шаренило од костими си направивме мал Бродвеј. All that jazz. George Benson. Воздишка. Џез и балет, еднакво магија. Не, не и не! Нема ништо поубаво од болката која ја оставаш на сцена додека танцуваш. Нема!

    Добро јутро џезери!

    http://www.youtube.com/watch?v=fZS8LN4R9rU
     
    На Gea, 1209, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Око не склопив задари Лилит :lol:, најсериозно цела ноќ ме брка низ некоја си сала таму ]:) ]:) ]:) ]:)
    ја бегам ли бегам, ама ајде де кој и избегал на Лилит, па да избегам и јас :D

    Туку денот е прекрасен, сонце, кафенце, штета неам лап топ ќе си излезев на тераса, ама јбг, добро е и вака
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.