[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    СДК ич, ама ич не го сакам летото |( Како да го сакам кога се будам жива вода, додека спијам сум жива вода, а трето, не ни можам да спијам од што е топло? |-) Би го сакала само кога би живеела покрај море. Е тогаш, кога би можела да скокнам да се разладам, не би ми пречело што е пекол. А дома, уште неизлезена од купатило после туширање, сум жива вода :tmi: Исто така ми фали сон, ми фали мир, ми фали комшииве барем едно сабајле да ме остават да поспијам повеќе од 8 часот. Да бев вработена и да одев на работа, ќе ми беше таман будење ова чукањево и бушењево, а вака, од такт ме вади :devil: Ми иде да им се симнам и да ги отерам :swear: Туку, ајде, нека им биде, можеби и ќе ми се створи некоја навика за порано станување... NOОООT :yawn:

    Туку, СДК иако не ми е сјајна моменталнава ситуација, барем го имам него на кого можам секогаш да се потпрам. Кога поминаа 9 години? Толку време сме заедно, а јас го сакам се’ повеќе со секој нов ден :inlove: Расчистив со себе, знам дека тој е тој, вистинскиот. Знам дека сакам да се будам до него цел мој живот и знам дека неизмерно ме сака. Пораснавме заедно, созреавме заедно, а почнавме како 17-годишни деца кои не знаеја што е сериозно, што е вистинска љубов, што значи да сакаш некого до степен што би го дал животот за него. Ете во што прерасна нашата љубов!
    Го сакам кога ќе ми каже дека сака да му бидам жена, дека ќе бидам јас или никоја. Го сакам кога ме гледа со оној негов поглед од кој се топам. Го сакам кога со поглед се разбираме, без ниеден изговорен збор и кога секогаш знаеме што мисли другиот. Сакам кога му лежам на гради и му го слушам срцето како спокојно му чука. Сакам кога е мирен до мене. Го сакам!
    Ме исполнува ваквата стабилност на врската, разбирањето, познавањето на партнерот, мирот што го имам со него. Ме исполнува, ми го полни срцево! Во последно време се’ повеќе зборува за брак, за тоа како сака да го мине остатокот од животот со мене. Не го обвинувам, ни сама не знам на колку свадби бевме последниов период, и го гледам дека се топи, како да ќе заплаче :) Срце мое :inlove: Иако се уште е рано за тој чекор, знам дека ќе биде тој, ќе биде со него. Љубовта моја. Еден и единствен. Животот мој.
    Јас сум најсреќната девојка на светот, зошто можеби немам се’ што ми треба, но го имам него, а тоа значи дека имам се’!
     
    На MandyLane, kate21, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не сум знаела дека фантазирањето може да ме направи толку среќна. Аххх толку што забегав во мојот свет, цел саат напразно лежев во кревет. Кога си ја видов реалноста сфатив дека многу сум посакала. Штета што не можам ни третина од тоа да имам...
     
    На IndieGirl, Justice и simon4etooo им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Само вистински љубител на вака жешко време ,сеуште го пие со голема сласт своето турско -жешко кафе :D
     
    На Gea, Adelcheto, cigarce и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Ми тууу, јас пак сум ја утнала дозата и наместо пола шоља (од оние за млеко) сум направила цела шоља. И сега сум ваква :o како ли ќе го испијам, ќе мора да доставам шеќер и да се помачам малку до 15.30 :rofl:
     
  5. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сум го примил на Правен у гимназија! :party:
    Знам дека и не е некој успех ама да се пофалам.
    Почастете се. :)

    [​IMG]
     
    На chocolate.chick, Elennaa, crazylady и 17 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се радувам, онака, без причина, уште од сабајле.
    А не да сум испозаљубена, тоа страшна работа е.. :rofl:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас немам многу пријатели, ама тие што се, се одбрани и вистински. Нечовечноста, сељачизмот и човечката глупавост го стесни тој наш круг, ама сега сме многу посреќни од порано. Па ние сме како да ви кажам, како единка. Функционираме беспрекорно со години и покрај многу тестови што ни ги приредил животот, пак сме едно.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    СДК дека ми е доста од луѓе кои што озборуваат,исмејуваат други луѓе. :@ Место да тргнат од самите себеси и да размислат како би се чувствувале тие кога некој би им го направил нив истото што тие го прават,нив воопшто не им е гајле.Не ни очекувам од такви луѓе да размислат и помислат на тоа,но зарем немаат совест. Ма каква совест,какви бакрачи,џабе самофилмчиња со умот си правам.За жал таквите никогаш нема да се свестат колку може да повредат човек, да направат да се чувствува несигурен во себе и да ја изгуби самодовербата со само еден збор. За среќа моите ме научиле и воспитале на тоа да не фаќам сеир на другите,туку да видам прво јас каква сум па после да зборувам.Бравос за некои кои што се исклучоци и кои што не размислуваат ккао да го исмејат некого,туку си гледаат само за себе :bow: :bow:
     
    На Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Уште едно ср....е, зошто не ги сакам и зошто не ми вредат денар нашиве телевизии ...........многу е глупаво да си играш со чувствата на народот , сакајќи да привлечеш внимание и гледаност ...
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    толку ме боли половината што мислам дека ке ми излезе од телово
    едвај се вратив од МТВ прееска седнав малку да се одморам, па си купив сладолед да се разладам а ова :sun: ме вцрве и на рамениците и на деколтето уште пред 3 дена, и не поминува :doh:
    имам потреба некој да ме измасира, а некој се вика МАМА :inlove: има сила и стисок ко маж-се занимавала со спорт кога била помлада затоа и е развиена
    што би правеле ние дома-особено јас и брат ми ако не би била таа да не заштити со своите крилја по малку е неподнослива, реално, ама тоа е како последица на се што доживува кутричка(работа, дома, проблеми);( со еден ваков гржлив и по малку повеке будала татко , сигурно би завршиле на улица :worried: МАМИЧКЕ МИЛА ТЕ САКАМ НАЈВЕКЕ НА СВЕТОВ :* :hug: речиси и нема некој што мене ме познава, а да не ја знае мајка ми :lol: :
    ПМС ме тресе-премногу е очигледно е тоа-една минутка ;( ко мало бебе, а веке другата :@ ко цел свет нешто да ти згрешил :D
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Секогаш ми се случува после еден позитивен период да следи лош и негативен. Се изгубив и скршнав од патот по кој што одев долго време. Луѓето кои ги ценам најмногу еден по еден почнуваат да ме разочаруваат и да ме повредуваат, свесно или несвесно со нивните постапки; соновите кои ги имам еден по еден почнуваат да ми се рушат. Може и така ми треба кога скоро секогаш ме водат емоциите, не размислувајќи што потоа. Колку и да се трудам да разјаснам некои работи, колку и да се трудам на сите да им објаснувам на некого не му гајле.
    Толку му се радував на летово а сега немам желба ни да излезам од дома.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК дека многу Љубам црногорски живот. :D Не дека многу често одам на одмори таму, туку сакам да си бидам вистински Црногорец на кој му е се сеедно и си уживка 24/7. Не се вицеви за нив, најозбилно се такви.Се разбудив утрово од една досада наречена Жештина, и таа пуста гостинка не сака да си замине никако.Бреееј безобзирна. Па ајде да ја активирам и другава летна пријателка Клима, велам прави што ќе правиш, само оваа да си замине, и нескафе пиеше и појадуваше па не сака...

    И така јас уште не знам за на одмор :worried: Што ќе правам... Требаше Грција, па се ротираме Црна Гора, како втор одмор со друштво ми е Охрид, а за ниеден од нив нема договор-а не па реализација. Луѓево веќе на големо одат по одмори, јас душичка по градов мој се шеткам во вечерни часови.
    И цел ден од дома не излегувам. Единствена сум??? :^) Па не можам веќе, лето,лето еве ми лето за цел ден да го минам дома?! Излегувам навечер малку-пак сум изморена :lol: Читам книги, *сурфам* на брановите од Фемина и Јутјуб, гледам стари слики, преуредувам плакари, вежбам... Не сакам бе и не сакам веќе. Сакам да сум на некоја плажа
    (и по цена да е толку гужва па да бидеме г*з преку глава)
    (јас сликав ова,мое искуство.сакам и вака) :D
    и цело утро да го минам во вода, а попладнето да читам лесна чик-литература и да го гледам зајдисонцето, а кога ќе испозаминат сите да влезам во вода и да си пливам сама- повторно и повторно...Не, не-морам да се активирам и да ги преземам конците во мои раце, мојата Црна Гора ме чека и ова лето, а јас не сум тип што изневерува и разочарува. Морам да си останам на моето. 8)
    Останете ми поздравени, и послужете се нешто на моја сметка :*
     

    Прикачени фајлови:

    • sutomore.jpg
      sutomore.jpg
      Големина на фајлот:
      127 KB
      Прегледи:
      265
    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      64,9 KB
      Прегледи:
      265
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Сакам да кажам дека многу ми е досадно и топло уффф
     
  14. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сонувам за далечни светови и големи луксузи :inlove: :rofl: :P ]:) :geek:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам да кажам
    Она што не ме убива ме прави посилен.
    Е, ајде да видиме.
    Всушност денес не ги чувстувам така коцките. Постојано наваму-натаму шетам како мува без глава, барајќи работа, топлотниот бран пополека навлегува во моето тело, асфалтот ми жежи под нозете, a во моментов промајата ме убива, создавајќи ми илузија дека има некој ладен воздух во собава, но пре би рекла прашина од камионите има отколку чист, свеж, ладен, воздух.

    Ама денес си ја ладам на промаја и сакам да пројадам гомна за оние што јадат гомна за тие што се покакале од рекламата на Канал 5.
    Всушност, сигурна сум дека сите вие што коментирате така, прво сте прочитале на интернет за рекламата, сте сфатиле за што станува збор, па сте го пуштиле видеото. Ама на сред емисија, некој ти прекинува со онаква вест, плус ти кажува вондредни вести, плус ти излегува водителкана, а не некоја трета личност, нормално дека ќе се уплашиш и нормално е дека луѓето .. мислам ние НОРМАЛНИТЕ функционираме на тој начин да полесно ги воспремаме лошите, отколку добрите вести. И мене на крајот ми стана сумливо со тоа нивното НАСКОРО, ама морав да отворам интернет да се уверам.
    Навистина кога мислев дека све можам да очекувам, ваква ретардирана реклама ни на крај памет не ми падна дека можно е некој да смисли.
    И муабетов ми беше за тие што се прават сезнајковци и безкичмењаци. Fuck you, seriously fuck you. Викате дека луѓето се очајни за внимание, обрнуваат внимание на вакви непотребни работи, ама по се изгледа вие господа сте очајни за внимание повеќе од оние за кои зборувате дека се очајни за внимание и повеќе од мене во моментов што сум очајна за внимание за некој да го прочита овој мој пост.
    Неможам да сфатам и нема да сфатам во скоро време зошто мислите дека за тие што зборувате дека се очајни за внимание, се поочајни за внимание од вас?
    Јас не се замарам со фејсбук, кур ме боли кој, што, како напишал, ама сега и при онаква реклама па да коментираш за простава раја што ја опколила Македонија, епа дечко изгледа и ти сакаш да се слееш во некоја проста и ограничена раја на луѓе што ќе ти лајкнат еден толку прост статус што за тебе изгледа е единственото врвно достигнување во твојот живот, да прокоментираш за останатите идиоти.

    НА ХАВАЈСКИТЕ ОСТРОВИ МАДАМ!
    фала многу
     
    На Johny, kravce и cinderella5 им се допаѓа ова.
  16. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Значи машкиве се првокласни ѓубриња! Вечерта ќе се смуваш со него, утредента муабети дека си му дала! Ова ја премина секоја граница! Неможам повеќе! Не, кој што сака нека збори, јас битно знам дека се што се збори - не е така! Гнаси! Уф колку ве мразам, проклет машки род!!! :devil:
     
  17. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    СДК дека конечно го дочекав овој ден конечноо си доаѓам за македонија ми се смачи од оваа словенија и од се друго, но многу ке ми недостига мама несакам да ја оставам овде, тато е на работа по цел ден а она ке се досадува по цел ден но ако и на мене ми фали малку одмор поточно 2 месеци одмор :) ке си уживам на базент по цели денови.
    и да незнам како би реагирала ако нешто и се деси на прабабами многу сум поврзена со неа вистина стара е 92 години но сепак неможам да верувам дека жената се вие од болки а докторите несакат да дојдат и викале дека е тоа од старостта. Не го заслужува тоа она е една од најмилите и најдобрите луѓе на светот цел живот го даде да помага на другите а сега умира, умира а нема никој да праша ни како е. Откако дознав за лошата ситуација пред очите ми се вртаат ситуациите кога ми помагаше кога бев малечка. Многу ја сакам и незнам како го поднесувам фактот дека една од најважните луѓе во мојот живот е на работ меѓу животот и смртта... ;(
     
  18. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Да сосема се согласум колешке. (Се знаеме како не)
    Рекламате е стварно дебилна, јас не знам овие од радидифузија дали спијат или сонцето им удрило во глава па не регираат. Им пишав еден убав сочен маил кога ја видов, ама како што можев да забележам денеска пак ја даваа.
    Значи јас не ја разбирам оваа болна смисла за хумор. Воопшто не ми беше смешна, ме исплаши стварно, башка 15 мин пред тоа рекламираа ефтини авионски билети за во странство и се израдував. Не бе не, дефинитво болна ни е државата, душевно болни оние што ја "смислиле" рекламава. Да беше некоја комуњарска телевизија до сега пет пати ке ја затвореа.
    Глуп народ-силна влада-владина реклама-дебилна реклама-турска серија-дебилна реклама...така оди тоа.
    Туку дај и јас да ја вклучам климата марка промаја зашто се испотив што од жешко што од склет.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си се надминал себе кога родена мајка не препознава кога не си сериозен.
    И следи муабетов:
    - Легни, си се повампирила, денот во ноќ си го претвори. И среди таа косата, ем бушава, ем свети.
    - Фала, ново ми е маслото. |(
    - Одма да се измиеш. Па се мие тоа, не така да го шеташ на глава.

    Абе? :D
    Душа бре, мислеше масло за коса сум ставила и така го шетам по дома без намера да се измијам.
    Или може таа е master of sarcasm, па јас не сум познала. Којзнае...
    Па не ми е дотолку мрсна косава...м? :wasntme:
    Битно ме расположи. Прв пат неделава да се насмеам од срце, оти знам дека барем на неа и’ е мило.
    Ко другарка ми е, си маваме постојано така шпици една на друга, пцовките ни се ко „Добро утро“, ама си знаеме дека е на шала. Криво ми е што во последно време се оддалечуваме...
    Бат мај мадре ис кул, што ако си пцуеме, м? Демек од лижење газ далеку се стига, пфф.
    За 3 дена и’ е роденден, и дури листам и се мислам што да купам, налетав на сликава:
    [​IMG]
    My oh my, God's sign. :D
    И пак се изнасмеав од срце. Ми тргна. За арно нека е.
    Ама кажете после нема коинциденција, а?

    И уште 10 дена ќе ми дојде другарицата. Абе коските ќе си ги испокршиме од гушкање. :sun:
    А сега, во моментов дури пишувам, знам дека оди на полагање и и’ ја пуштам сета среќа на светов.
    Мустро една, знам дека си ми муто, ама ќе се тепаме ако утнеш. :lol:
    Заслужува. Една од преретките кои навистина залусжуваат човек да им посакува се’ најдобро.
    Секому по заслуга, нели?
     
    На LilBaby, la-chicka, fallenangel и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Уште еден нов член на семејството,одма се зближивме за 1 саат веќе сме неразделни.
    Заедно си лежиме,јадиме смокички,си играме со топче ,со врвче, си го поделивме појадокот (јајце и зденка ),пиевме млекце .
    Толку сме слични а толку различни .
    Моето ново маче Луси :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На Theodora, Shelea, Strumfeta93 и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.