[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. duduk

    duduk Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Наместо да бришете мислења префлајте ги во соодветна категорија, не е толку тешко :hai:
     
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мислам дека заслужувам еден жежок шамар, шамар од животов..Онака да се свестам малку, почнав да летам повисоко од што треба ( да се разбереме Ред Бул не пијам :!: )
    Можеби е нај убаво да си Пингвин. Тие се секогаш приземни, знаат каде им е местото и покрај тоа што се нели-птици.
    Сакам толку многу работи, не материјални, оптшо онака, а контра си идам самата себе доста често.
    Нека!
     
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    :rofl: :rofl: :rofl:
    Буквално ваква сум... Исќефана целата :lol:

    Неочекувани среќни вести
     
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ја сакам мајка ми!
    Ја сакам многу мајка ми. И многу ми е жал што направив така и што и кажав некои грди зборови што не требаше. Два дена не зборувам со неа, и многу ми недостига. :( Не можам ни да помислам што би се случило да ја изгубам.. Без неа животот нема да биде живот.
    Ја сакам многу и таа е најдобрата мајка на светот. ;(
     
    На ViktorijaMari, Miss.Ricci, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Море сум пуштила гласна музика у ниедно време, па и за играње :D уште опера да пуштам, Павароти и се живо да разбудам околу мене :rofl: да им реметам сон :rofl: да ги нервирам луѓево со Павароти малце :D
    Ех, така е кога на човек не му се спие :D
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ех кога ќе наидам на некоја прекрасна песна со уште по прекрасен текст мислам дека колку и да сум силна неможам а да не се присетам на некои работи кои поминале.
    Eмоции,спомени...
     
    На Ema.Sk, anabel-a и k.i.m им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ју донт лав ме енд ај ноу наууууууууу !!!!

    http://www.youtube.com/watch?v=Hy1YF54rZZM

    ....уф како ми се иде да ја отрештам песнава,оти фала богу оваа можам да ја слушам без да ми речат дека сум била мрдната,другиве песни шо ги слушам биле језиви,дури тахикардија предизвикувале. :^) :D
    Па порано Тупак ќе го слушам бре,отколку Џастин путенцето. |(
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Знаете, уште од мала сум сакала да гледам sunrise.
    Една од најважните причини што секоја вечер седам будна до 5по полноќ.Волшебно е!
    Пурпурно небо помешано со сончев сјај..Ја сакам пурпурната боја.Мммм...

    http://www.youtube.com/watch?v=WsEFMmYm ... ture=share
    ја сакам и песнава...
     
    На Hipster и la-chicka им се допаѓа ова.
  9. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    620
    „Луѓето не се секогаш ужасни. Понекогаш, тие можеби се дури и по малку прекрасни“ - понекогаш само :wasntme:

    Не можам да си ја разрешам дилемава. Сите трубиме како сме разочарани од дел од луѓето околу нас, како денес веќе е се од корист... денес ги имаш пријателите, а од утре веќе не си им потребен. Чао, пријатно!
    И сега излева дека уствари секој за себе мисли дека е добар, уште малку па и совршен, а сите други се луѓе од корист, фини луѓе нема веќе!?
    Време е и себеси да се проанализираме малку, сепак има моменти кога сите правиме лоши постапки, ги разочаруваме луѓето околу нас.. но тоа не не прави лоши луѓе. Најверојатно. :wasntme:
     
    На Johny, anabel-a и kravce им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    9.670
    Немир во мене и индиферентност на туѓи лекции и постапки.
    Мразам проповедање морал од најмалку способните за тоа луѓе. Мразам ноќите пред испит кога не можам да заспијам, а не е од неспокој.
    Мразам што нешто ме јаде од внатре, ми се плаче абе ми се рика, онака без повод.
    Единствено што сакам деновиве е кога и кажувам на мајка ми за положен испит и се претопувам. Сакам кога ја усреќувам.

    И изгрејсонцето, веќе традиционално го чекам секое утро. Сама сум комплетно. А пред недела дена со неговиот мирис во косава заспивав спокојно.
    Сакам да се заврши се и да си легнам во својот кревет. Или неговиот, небитно.
    Уште точно една недела од пеколот, ќе издржам.
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ми мава животот шлаканици повторно и повторно да ми покаже што ли? !

    Ми треба очајно барем малку позитива, сосема мала надеж, трунка светлина во тунелот...само тоа барам.

    И денес како капак на се морав да се збогувам со моето мало пријателче, моето кученце. Мислам, не ни имав прилика да го испратам. Се надевам дека ќе му биде добро во тој нов дом, да е до мене би го задржала ама не е :( ;( . Џабе е и плачење и се, само се надевам дека му е добро и дека ќе носи насмевки на други луѓе.

    Беше со мене скоро една година, се приврзав ептен за него... Можеби на некој му звучи смешно ама навистина се приврзувам за миленичиња. Ми се плаче, осеќам грутка во грлото, ептен глупо чувство... :(. Беше палаво малку повеќе, носев и белези на рацете од што знаеше да биде непослушно. Ама ми влеваше и голема позитива и енергија кога и да бев разочарана. Едноставно, тоа е една лојалност која што ја имаат кучињата. Нешто за што често луѓето забораваат...

    Засега збогум пријателче, ќе се сеќавам на најдоброто кученце на светот :l:.
     
    На ViktorijaMari, LilBaby, CoverGirl10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Кога е зима – Бегај дома, ладно е
    Кога е лето – Криј се дома, жешко е,
    Во пролет и есен многу дожд им ги врне тие лејките празни, па и тоа им пречи.
    Крсти се и пази што зборуваш за Господ бидејќи Тој се слуша, се знае и ќе те казни. Нема бел ден да видиш.
    Килави глувци пораснати во страв и суеверија никогаш ништо нема да те научат. Робови на традиции од Турско и copy – paste родителство.

    And on a more cheerful note

    Помина почетната ракчич фаза на црвенило и тенот почна да се лепи, првото интервју беше одлично, следува тестирање и мојата Англија влезе во четврт-финале.

    Лајф из гуд.
     
    На Shelea и Oxymoron им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Знаете што? А не дека не знаете, ама пријателството е нешто ко орден кој се дава по заслуга.

    Не може бе секој кого ќе сретнеш во животот и со кого ќе испиеш кафенце на дождец, да ти биде пријател (а да признаам за мене и кафето е веќе ритуал посветен на некој кој ми е посебно драг). Пријателот е блиска особа, некој кого знаеш како дише, некој на кој нема да му мрчиш ако те разбуди во ниедно време затоа што нешто му се случило, а и не мора да му се случи, може е само пијан и сака да ти каже колку пијачки испил. Може не може да заспие и сака да ти каже дека имал кошмар. Го тераш у три лепе, нормално дека тој не се лути, се смеете заедно и сепак го ислушуваш до крај.
    На пријателот не му викаш - еј ако ти треба нешто, кажи. Палиш колата и идеш да му помогнеш, или креваш телефон и средуваш веднаш на лице место.
    Не постои тука прилог за време, ај попосле. Ај кога ќе имам време. Ај да завршам некои обврски.
    Кога на некого му требаш, оставаш се и правиш за него се, преместуваш сцили и харибди ако е потребно.

    И пријател не ти е некој на кого се срамиш да му побараш помош. Напротив, знаеш дека можеш да му кажеш билошто во билокое време, и немаш грижа на совеста дека некого „смараш“.

    Една другарка ми испомрче пред некое време. Не живееме на исто место ниту во иста држава, и не сме се виделе со месеци, ма какви, година и кусур ја немам видено веќе :( Ме викна на една дешаванка и јас и изреагирав, - абе мило шо ку* барам јас таму?!
    Не знаете како ме спука.
    Шо ку* бараш? Ја тебе те сматрам ко да си ми сестра, она шо ку* барала таму! Па може не сме се виделе со месеци ама не значи дека те сакам помалку или ми значиш за нијанса побледо од порано!

    А јас, мутле, се осетив незгодно. А низ толку многу сме поминале заедно. Се сеќавам многу на еден тежок момент кога ми ја фати раката и ми рече - јас сум тука со тебе. Што и да се случи. Мислам дека сто тони сила ми проструија низ телово. Не дека е биоенергетичар :lol: , ама битното е дека подаде рака. Ма не ја подаде, сосила ја фати мојата и не ја пушти.

    Нормално дека потоа прифатив со задоволство. И ќе ја подзагушкам на аеродром кога ќе одам да ја посетам, ко никој!

    Вистинскиот пријател нема никогаш да заборави што сте сториле за него и нема да ви го сврти грбот, макар биле далеку илјадници километри еден од друг.
    Затоа ова другово спаѓа во категорија познаници. Ама пријателите, се едни и единствени и не ги менувам за ништо на светов.

    Не знам што ми текна на ова? Аха знам....ама не е битно. Ќе биде поарно верувам дека ќе биде, затоа што цело време ја мислам и не поднесувам туѓи солзи, особено ако се на лицето на близок човек.

    Затоа, вистинските, искрените пријатели ќе ги негувам и чувам. А останатите, ќе ги чувам во меморија, за да можам да ги препознаам барем ако некаде случајно се сретнеме. Таквите ни за кафе не ги договарам, не пак за два - три реда муабет.

    Ние сме у суштина многу себични створења. Помагаме, ама очекуваме секогаш нешто, макар и потсвесно. Докторите плата, а останатите барем почит за возврат. Ама само пријателството е најубавата форма на размена на енергии без да очекуваш нешто за возврат. Затоа што знаеш дека ќе го добиеш пред да помислиш на тоа. И не зборувам за материјални гомца, да се разбереме.

    Ма, полна сум со љубов денес! Bite me :)
     
    На the.vampire.girl, bittersweet, Divinebutterfly и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Конечно и за мене почна распустот! Е ај со среќа нека ми е! Едниот интерен солидна 5ка, другиов денес го полагав си искочив за 10 минути буквално одма го решив од што имав се научено и тоа ќе имам 5ка. Уште резултатите од екстерните се чекаат, а дотогаш... [​IMG]
     
    На cinderella5, Divinebutterfly, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    И официјално влегов и во третиот круг од мојата промена.
    Етапа звана „Сам свој мајстор“ во која ќе си биде „Сам па како знам“, макар и да посерам.
    Е не бре, ќе чекам да ми речат „Дижите се цигани, пролече вас буди.“
    Нема пролече. Сама свое пролече ќе сум. И ќе си цветам сама во овие жештини, дури не се најде некој што ќе се избори и ќе заслужи да ме полее, if you know what I mean. :D

    Туку, се сеќавате од вести на онаа бабичката над 80 години што ја тепал внукот цели 10 години за пари за дрога да му дава? Ја покажаа целата модра и подолу прочитав дека починала, а за внукот немало да се преземат никакви мерки најверојатно. Ништожници!!!
    Не можев солзите да си ги сопрам гледајќи. Да се изживуваш врз беспомошно старо лице бе...
    Ме потсети на мојата бабичка. Поминаа речиси 3 години откако почина, а болката ми е уште иста.
    Никогаш не минувало луѓе, времето не лечело рани, само ги копало дури не се најде нешто што ќе ги чепне и пак ќе заболат како и првиот ден.
    Ми фали тоа кревко суштество. Таква мила и малечка, ко домашно галениче, како што и самата милуваше да се нарекува. Сакам цврсто да ја стегнам и да не ја пуштам.
    Би била 24/7 со неа само за да го спречам тој кобен момент.
    Никогаш не би го покачила тонот на неа, сред горештинава би облекла џемпер доколку ми каже дека е ладно, со задоволство би ја гледала како среќно си ги облекува алиштата од младоста и си потпевнува, би и’ ги нарачувала по 10 пати дневно песните кои ги сакаше, не би спиела само за да знам дека ќе е добро, само да е тука, да ја видам уште еднаш....
    Но ја нема, а јас само немо гледам во нејзиното празно место на двоседот и онаа мала гребнатина која еднаш ја направи со вилушка и поради која се лутевме со мајка ми дека мебелот бил нов.
    Ебати мебелот, уништете го цел, само вратете ми ја неа!
    Многу доцна се освестуваме што сме правеле и што сме пропуштиле со истото. Премногу доцна, кога веќе се’ е изгубено, отидено во неповрат со времето.
    Знам дека е веќе клише, но гушнете си ги оние кои ви значат. Не се плашете да покажете и поделите љубов, не ве прави мекуши и пички според денешниве „кул“ стандарди. Напротив.
    Не е ниту срамно, ниту тешко да се отвори душата.
    Тешкото е кога љубовта останала потисната и недоискажана од Х причини, а веќе нема назад оти на нејзино место се вселиле празнината и болката.
    Ве молам, покажете им колку ви значат дури се тука. Во иднина ќе си благодарите себеси за тоа.
    Да, треба изгледа почесто вакви приказни да не удараат за да се свестиме.
    Гнида народ, вклучувајќи ме и мене тука некаде на чело, во првите редови. Може не сум Хорхе Иванов, ама Грујо или Горданчето сигурно ми се тука некаде. :clap:
     
    На Theodora, cinderella5, Johny и 10 други им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Добро бре што им е на нашиве телевизии :^)

    SITEL тв -Нешто по што ќе го паметите ова лето-.........................чекаш кој знае што ли ќе чуеш ,кога слушаш не можеш да си веруваш ЗЕТ ДОМАЗЕт, ашкол аферим едукација на ниво :clap: .Не бе нема да биди од нас народ :D .

    Онаа другата конкуренцијата им

    КАНАЛ 5-Со е..на застрашувачка реклама ,паѓаат авиони ,жртви бла бла . Е сега нека си ги кркаат штетите кои ги предизвикаа.
    Нека седат децата по жештините нека гледаат ст..ње од програми ќе научат по нешто до следната школска година , побогати ќе бидат со уште една турска поврајќајнца. :!:
     
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Трга детето за Велес :rock:
    Ептен се радувам, ми фали градот у секој случај. :)
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    СДК аеродромски фраер!
    [​IMG]
    Koj оксиморон е тоа значи.

    А овие па од мојата задруга, откако сме под истата општина со горенаведениов феномен, толку се умислија дека се јебачишта, фраеришта, мадафакас раперишта, ма не е*ат жива сила батка!
    |(
    Какви моронски тикви! Ги презирам, ги мразам, немам доволно сочни пцовки и епитети - од регуларниот и мојот сопствен надри-речник да ги етикетирам овие мутантчиња.

    Ќе си речете - децата се секаде исти.
    Не се бре, не се.

    Кај дечко ми на пример, не слушнав некој во 2 по полноќ, среде работна недела да се дере пред зграда - мамоооооо, фрли 20 денари да си купам лиснато со кашкавал од пекарата!
    Леле боже си викам, мали дечиња скитаат во ова време?
    Но неговиот измутиран глас кој варира од тенор во бас и гадниот пубертетски брк и релјефно чело ми ја доловија сликата - напалено мрсно тинејџерџе, пука од среќа што дочекал распуст без ниеден кец и хормони до небо, па во меѓувреме тероризира невино население.
    Пу бе значи, стварно се сељачишта.
    По одот, по однесувањето ги препознаваш, во воспитувањето ама воопшто не им се посветува внимание.
    До родителите е, и до опкружувањето во оваа екстра шупачка населба - симбиоза на милион дојденци, а тие што се демек старосоделци се полоши и од првиве.
    Ќе квакнат пред зграда толкави мажи, магариња од по 30 и кусур, ќе го акнат Слаткар да им пее на мобилен, а во меѓувреме ќе загледуваат кој поминал-заминал, кикотејќи се како некои стринки.
    |(

    Да одгледуваш машко дете во ова НЛо е еднакво на самоубиство.
    Освен ако не сакаш да ти ги пројави симптомите of being а сељак... |(
    Шабани едни, ги мразам !!!
    :devil:
     
    На cinderella5, crazylady, femina90 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ах бе Господе - Кога барав сонце не мислев на +45

    :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    42.912
    Пол:
    Женски
    ахх да не знае човек шо е подобро
    овде неверојатно е вчера вечерта се истури дожд небо и земја се споија мислам

    Изгледа нема лето за мене оваа година :x :x
     

    Прикачени фајлови:

    • dennx.jpg
      dennx.jpg
      Големина на фајлот:
      32,3 KB
      Прегледи:
      252
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.