[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Еее, исто како и Трендафилка така и јас денеска изреволтирана на истата тема!

    Не може бе секој да биде граѓанин! Не може и тоа е тоа.Нека разберат! Ама не...Излегува од комбето и почнува да го врти градов, се лепи по излози, влегува пробува знаејќи дека нема секако да купи, ќе се сликне во кабина со *новата* и облека и вечер кога ќе се врати дома ќе се шерне на фезбук. Те молаам :o Не си дигам акции, не се преувеличувам и не велам дека сум идеална ама да се опстои во ваква околина со секакви околу мене богами и живци ќе истренираш и се. Е кога веќе ќе престане да ти смета- знај дека е нешто до тебе. Па така и јас...
    И така таа многу јака фацка што секој втор што го видела по улица му се насмеала за да го зашмека оди самоуверено како да е од некоја метропола и гази се пред себе не вртејќи го погледот ни лево ни десно, а камо ли назад. Ма не ме иритирај ма гуско една! Не ти се извинувам на навреда, и? Ќе се спуштиш да ме удриш? Слободно покажи си го вистинското лице, не да се увериме како да не знаеме, туку да дефинираме дека си селанка со тапија. И таа истата ќе си земе за право да го употреби зборот селанка за некоја друга, да навредува и хејта? Е ај цега... Ма без срам и перде си става статуси на уфилмана пуфличка околу која се врти светот, става статуси дека јаде крем Нутела и пие ладно Нес, и ги оговора тие што се нарекувале граѓанки, а менувале пет комбиња додека да стигнат до град, и можеле да бидат риба само во хороскоп или во конзерва. Иди бегај да не те гледам, не можам. Ми се гади од животов.
    Какви се има во околинава, тешко на оваа држава со ваква младина и со вакви надежни лица. А ти Кити моја седи и учи, труди се да станеш човек и утре да бидеш нешто.
    Ајде еден предлог тогаш. Нека се уништи секое село, да постои како туристичка дестинација, а со неколку милиони државава нека ги пресели сите во град, нека видат живот. Еве ние ќе се жртвуваме. Може и ќе се корегираа.
    Ама тој синром од биинг а сељак не се брише мајкааа, се раѓа и умира со него!
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Епа редно време беше и за мене да започне распустот. Сега слободно можам да уживам во летото, па и на 50 степени целзиусови. Обожавам лето и не ми пречат превисоките температури, подобро 40 отколку -40 степени. Се се, ама ладно не сакам да трпам, не сум од оние што никако не може да им се погоди. :)

    Ааа да, да се пожалам на она старцине во автобус денес, на враќање од школо не можеа повеќе да ме избуткаат и изгмечат. Ууфф ама ме нервираат и намерно не платив. :@ Како што они без врска можат да си се возат гага можам и јас , барем се возам за нешто корисно до школо и дома.
     
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК изминативе денови ми беа исполнетио со убави моменти. :) Среќна сум, што е најважно ми се остварија работите кои ги имав зацртано...

    Сега се надевам на убав и луд викенд :party: во прегратките на саканиот.. ми недостига многуууу :inlove:
     
    На cinderella5 и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Трендафилче и Кити, за муабетите :up: Ама кога господари хаосот автоматски добиваме и хаотично некултивирани луѓе.

    СДК ... сите сме цел пакет памет кога од страна гледаме на луѓето, работите и ситуациите. Тотално сме тогаш совршени и полни мудрости, тогаш само нашиот живот добива виша димензија полн е убавини, ние сме прекрасни во секој поглед, а реалноста и не е баш таква. Кога ќе се поистоветиш со ситуацијата на оној на кој му делиш памет, тогаш реално и може имаш право на тоа.
    И воопшто не е за воодушевување кога некој си создава некаква совршена слика за себе и животот, а реално знае дека не е така. Така комплексите за внимание, и некаква си вредност и себе докажување не се лечат.
     
    На cinderella5, kitty.lover, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк каков мачор човече ...
     

    Прикачени фајлови:

  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Бидува ли нешто да правиш со сила? Колку и да е убаво тоа, колку и да треба така, кога е со сила не сакам да го правам! Баш ми е криво што не ме разбира никој, и баш од тие што очекував поддршка ми рекоа: Не може така, мораш ти тоа да го правиш, така треба, нема бегање од тука веќе, МОРА.
    Ништо не мора. Да, има непишани правила што треба да се почитуваат, ама зошто да си го измачуваме срцето, зошто да правиме работи со сила, само зашто така требало!? Само за да им го направиш ќејфот на другите!? |( :@
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Немав мобилен телефон, играв жмурка, дома se враќав кога се стемнуваше. Мајка ми не ме бараше на мобилен, тaa извикувааше: ДОМАААААААА! Наместо Facebook игравме ластик, крадци - полицајци , народна. Немаше антибактериски гел, игравме со кал , сo земја. Секое утро гледавме Том и Џери, Ушко Долгоушко,заспивавме со Штрумфови и Мечето Ушко... Колку среќно детство!

    Денешниве деца незнаат за ништо што е погоре кажано - колку е тажно тоа
    уште на 10 години се помомуваат
    на 12 веќе го имаат првиот дечко, некои и првиот секс
    :x :x :x
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ја имав таа привилегија на тв да го видам Дадар како шминка една девојка за на прв состанок-
    бела сенка , маскара и црвен кармин :!: не многу црвен
    косата извиткана со фигаро-за да изгледа позаводливо-повикот на дивината :rofl:
    убаво изгледаше :) блазе си и на моделот, а во вистина околу 3000 денари ке чини да :D
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Во следните три дена малку ќе одмориме од високите температури кои владееја изминатите денови.

    Според вонредната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи подрачјето на Македонија постепено ќе потпаѓа под влијание на малку посвежа и нестабилна воздушна маса од северозапад.

    “Ова ќе предизвика во наредните три дена во попладневните часови да биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи.

    Aлелуја, да го видиме и тоа чудо, ма нека грмат громови :D Hека се залади, мразам жешко :devil:
     
    На cinderella5, Divinebutterfly, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК и да се надоврзам на муабетот со Џули77... Во потполност се согласувам со тебе, и токму тоа е она што го зборам цело време. Како што наведов и претходно, не се сметам за најдобра и совршена-токму спротивото. Далеку сме од совршенство. Се секоја смисла!
    Муабетот ми беше дека јас се изненадувам од ден на ден се повеќе, и се навредувам и разочарувам самата себеси што дозволив тоа да ми стане нормално. Но, како и да е мора да се привикнеш на околината. Како што рече и ти, од моја перспектива кога коментирам други сум полна со памет, но тој што е коментиран знае дека не е тоа и го покажува тоа лице. И тогаш веќе не можам. Не можам да останам рамнодушна и да дозволам да ме е*е во здрав памет директно!
    Ова моево денешново беше потикнато од простотилакот и однесувањето на некој(а) што директно ми стави сол на рана! Е тука експодирам. Пукам, кажувам се во лице и заминувам. Решена ситуација-чиста совест.
    А такви како оваа ги има со лопата да ги ринем, но не вреди! Од денеска си реков, очигледно овој менталитет доведе до се ова.
    Мое мислење.
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Добро те разбрав јас и се сложив со се што кажа ... Другиот дел од мојот пост е сосем општ и во др насока . :)
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Вчера помислив ми се случува фатаморгана, am I dreaming? :^)


    Така лефтерно и опуштено, со доза на сонливост зјапав во телевизорот, кога одеднаш наслушувам звуци на соул со доза на smooth jazz и туку подзастанав, се зачудив . . . од надвор доаѓаат така ?!?
    Еј луѓееееее, моето турбофолк соседство е загрозено со вистинска музика! Да знаете дека ова ни на сон немаше да го претпоставам, ќе го пратев човекот во Бардовци на рехабилитација!

    Си се обесив на прозор, се скичмив слушајќи како ечи оваа музика низ маало, и си викам: `На ви suckers, испружете си на тераси и описменете се!`. Како Описменех де!
    Не знам, ама ова е фрапантен податок во историјата на категорија `музика од комшилук`.
    Таман со сите реквизити се опремив, си направив Нес, си го збиберив столчето на тераса, арно ама на чичето му текнало дека во 23:00h се прави фајронт, и го заврши концертот. :(
    А бев очајна за уште една доза на рајот.

    Остај што чичето имаше вкус за музика, туку имаше и невиден рапав соул глас, да си се мрднеш од паметот дека турбофолкот му е страна појава! Си се израдував неизмерно. :sun:


    П.С: Кога ќе си помислам дека уште една, само уште една fucking недела завршувам со патешествието наречено 1ва година, ми доаѓа да полудам! Ајде пријателче, елај си побрзо, и израдувај ме со добри резултати, да здивнам и јас малце, оти овој притисок под шкрги кога некој ден ти дале да дишат е неподнослив. ]:)
     
    На cinderella5, anabel-a, MandyLane и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.906
    Ми рече-мене од увек си ми била најубава од сабајле или коа си болна.
    Не знам како да го сфатам. Измешано ми е,јинг и јанг. Имам природна лепота, а не знам да се шминкам или како?!
    Ама болна?! Изгледа сака да патам! Ти да патиш пичка ти матер!
    А шо е у право,у право е. Болна сум! У умот! А и грлото не ми е најдобро!
    Тоа се тие секојдневни проблеми! Да не може човек да здивне!
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Сдк постот на Пирамида ме потсети на другарка ми.:hai:

    Се немавме видено неколку години.Секој си фати свој различен пат.Јас ги довршував студиите,гледав деца и маж,а таа студираше,излегуваше,шеташе.Нормално,имавме различни приоритети.Се слушавме ,но не така често.Ништо не сме си пререкле,ниту сме се скарале,едноставно престанавме да се дружиме.
    Се видовме пред Нова Година на плоштад,она со мало бебенце и со маж.Не ни знаев дека се омажила и тоа во странство.
    Се договоривме да се видиме.И знаете што.Времето ништо не променило во нашиот однос.Ние сме се промениле,секоја со своите проблеми,но другарството кое датира од многу одамна ,не.Како вчера да сме се разделиле од некое ноќно излегување.

    Ми вика-,,Да знаеш,ти се лутев едно време,што не не дружиш,ама колку само сум грешела.''

    И продолживме таму каде што застанавме.Ми беше на гости со семејството,и бев и јас со моите кај нејзе,во друга држава,каде си создала дом.

    Сега се слушаме и на скајп.Едвај чекам да дојде и пак да се смееме до сабајле (па што ако имаме мали деца кои спијат :lol: )како последниот пат кога беше кај мене.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    На CIA и Breezy им се допаѓа ова.
  16. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Девојки, знаете ли дека 22 Јуни, т.е денес е ден на неносење долна облека? :D
    [​IMG]

    А меѓу другото, вчера дознав дека од вистински пријатели имаме огромна потреба. Не бива работа без нив. Без разлика дали треба да се исплачам, затоа што ми е тешко или да удирам боксови, затоа што сум нервозна - нејзиното рамо е секогаш тука. И моето за неа, секако! :) И сфатив, ништо освен неа не е битно. На мојава возраст, “фраери“ ке доаѓат и ке си одат, но таа.. Таа е тука за мене секогаш!
    Па си викам, ај вака виртуелно да направам здравица за сите вас среќници што имате вистински пријатели!
    [​IMG]
    [​IMG]
    Чувајте ги.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.906
    Леле умреФ,доаѓа мајка ми од работа пред малце,потресена, со дигната глава, насолзена и викам леле шо се деси жено,шо?! И вика чекај да се изладам и цигара да испушам и ќе ти кажам. Леле си викам ќе треба на некого глава да кршам, мајче ми ја потресол.
    И ми вика...леле...хахахахаха...
    Си седам јас на клупа,се враќав од банка и викам чекај да си пивнам ледено чајче и едно цигарче,ете така ми дојде,онаму на клупине позади поранешна гратска и еден идиот,искача од тоа кафаната,господин чоек у сако,стварно господин и се клати. Иде накај мене! *драматична тишина* И ми доаѓа и ми вика,имаш цигара и јас му давам цигара. А имаш 500 денари да ми дадеш?! И јас му викам немам! А он ми вика,знаеш дека еве вака кога седиш,татко ми сака да ти ги гледа гаќите,ти биле проѕирни! И јас зинав *и ја прави фацата :o *! Му викам марш говедо едно и станав и си отидов и плачев позади Кочо Рацин малце,ама се собрав и си дојдов дома,а плус еве глеј гаќите не ми се гледаат бе у панталони сум!


    Леле што не носи земјава,ама мене ми е ова ... КРААААААААЈ! УмреФ од смеење!

    Лелеееееее да го пратам ова и оп стоп Принцес пишала пред тебе,ДЕН ЗА НЕНОСЕЊЕ ГАЌИ! Леле ако ме нема сум умрела стварно од смеење! :rofl:
     
    На cinderella5, bittersweet, Divinebutterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Тоа зошто најубаво функционираме кога сме мизерни, и онака ни не сме научени за нешто убо и квалитетно, нема да се снајдеме ако ни се даде квалитет за задоволства и чист воздух, и работа, ќе се збуниме..

    Позајмувам податоков..
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Ох леле леле ,лигите ми слегоа надолу по лице :D пуста пара проклета.
     

    Прикачени фајлови:

    • katikies.jpg
      katikies.jpg
      Големина на фајлот:
      19,7 KB
      Прегледи:
      241
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Дождец! :rain: :rain:
    Романтики невидени ќе има вечер! :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.