1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Аххх зошто ли се отвара темата „Моите желби“ ?! Страшно. Толку многу ги имам, леле... постојано си маштам, бар дел да ми се остварат. Нескромно.

    * Да, стварно. Сум ви кажала некогаш?
    [​IMG]

    * Аххх да...
    [​IMG]

    * Дефинитивно мафијашка желбица.
    [​IMG]

    * Хммм...
    [​IMG]

    * Да, да, да! И по можност да глеам коа снимаат Госип Грл.
    [​IMG]

    * Отсекогаш. Ова мора да го напраам. Сеа со авионскиве летови од 9 до 18 евра може да биде, не викам не... добро не баш сеа, некоаш де.
    [​IMG]

    * Да и да се сликам! Филинг е, а не дека нешто.
    [​IMG]

    * Оооооооооооооо даааааааааааааа, обожавам снег!
    [​IMG]

    * И ова успат.
    [​IMG]

    * Лос Анџелес и Сан Франциско.
    [​IMG]

    * Коа сум веќе во Америка, и ваму ќе појдам на покер.
    [​IMG]

    * Дааааааааа, иксајтинг!
    [​IMG]

    * Баш ме занима каков е животот таму.
    [​IMG]

    * Ооооо земјо, мора да те посетам!
    [​IMG]

    * Хехе, сите го посакале тоа бар еднаш во животот, бар на момент.
    [​IMG]

    * Уште еднаш да ја посетам нема да е лошо.
    [​IMG]

    * Да :$ :wasntme:
    [​IMG]

    * Да ова го праев ко мала со другарките коа си игравме кај мене у големиот двор.
    [​IMG]

    * Никогаш не ми се случило, или ѕвезда да паѓа.
    [​IMG]

    * Аха.
    [​IMG]

    * Уууу јее.
    [​IMG]

    * Дааааааааа!
    [​IMG]

    * Еднаш у животов ако може.
    [​IMG]

    * Ама она ептен прфект.
    [​IMG]

    * Кој не се шлапне летово у онаа на плоштад под Александар Македонски еве на.
    [​IMG]

    * Сакам да.
    [​IMG]

    * Уууууууууууууффффффффффф!
    [​IMG]

    * Ова ми е ептен желба.
    [​IMG]

    * Ууууу како на филм, Ескимски хотел.
    [​IMG]

    * Е ова е брате возбудливо. И изводливо. Џејн!
    [​IMG]

    * Ммммм јес јес вака летно расположена одма пакујем кофере.
    [​IMG]

    * Оу мај гад, и ова.
    [​IMG]

    * Лееелееее се ми се јаде таму!
    [​IMG]
    [​IMG]

    * И најважното.
    [​IMG]

    * Може, може сакам да посетувам убави градби, особено историски.
    [​IMG]

    * Да, и да ја изедам цела.
    [​IMG]

    * Нема збор околу хуманоста!
    [​IMG]

    * Леле ДААААА!!
    [​IMG]

    * Обавезно.
    [​IMG]

    * Една од НАЈГОЛЕМИТЕ ЖЕЛБИ!
    [​IMG]

    * Да, сите со маски во огромен дворец на бал во балски фустани, и во минатото.
    [​IMG]

    * Огромна онака.
    [​IMG]

    * Ахаааам...
    [​IMG]

    И уште многу други... леле, зошто вака?! Желбаџика голема сум била. :wasntme: :doh:
     
    На la-chicka, cinderella5, Marcey и 11 други им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ^ Јас една желба имам. Тарарарамтараам
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Фантазија
     
    На Magnolija, LilBaby, Miss.Ricci и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Твојата и јас сега ја имам кај ме потсети :lol:

    Желбиве мислам дека ми дојдоа од пешкирот на глава што го носев додека истураше и трчајќи на дождот со оглед на тоа што немаше раздвиженост по улициве, а немав чадор. А немам ни кога коса да мијам од друга страна пак, утре од сабајле сум со сестра ми по сведителства. До тоа е, знам.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Наредниве генерерации ќе добијат во наследство уште една Болест Нарцисоизам .

    Ок е здрав е во одредени количини , а предизвикувач виновен ќе биде Марк Цункеберг , Зукенберг или како и да е ...

    Луѓе до мене ли е ? ! Или не ?
    Зошто упоште ми дава опција да си го лајкувам сопствениот статус , линк објава де ? !

    Се разбира дека ми се допаѓа сопствената објава затоа и ја постирам мислам хелоУ :wasntme: |( :D .Богами и не е за смеење , не знам кој враг ме натера на една страна за ремет на фб фрикови и забегав кај овие кај што им е активирана претплата ... Абе има што да видиш :tmi:
    Повеќе не палат еврата сега сите се ложат на лајкови !
    Добро де кај најдов во ова време да забегам аман бре ...
    Сеа сигурно некој ќе се најде навреден не знам кој се тоа го работи до душа јас и на блиски особи во лице им плескам а и во оваа прилика топло препорачувам.

    Не лајкувате сопствена објава ОСОБЕНА СЛИКА КАЈ ШТО СТЕ САМИ ! Изгледа смешно и бедно . Другите знаат дека ако на некој нешто му се допаѓа треба да стави лајк , не молете по инбокси , на чат или како било за лајк .
    Фалаааа :$
     
    На cinderella5, chocolate.chick, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Се чувствувам предадено, измамено. Сакам да ги кршам правилата повеќе од се, ама додека не кршам нечие право. Мама мене цел живот ме учеше дека не е убаво да правиш работи позади нечиј грб, а сега кога гледам дека буквално СИТЕ го прават тоа освен јас, епа се чуствувам предадено.
    И повторно се прашувам, само јас ли сум будала што сум верна на моменталниот партнер или има уште некој ко мене, зошто очигледно сме вид во изумирање, нешо ко девици :lol:
    Не е за смеење работава, ама како што тргнало, нема да има нормална врска. Барем јас сите што ги знаев, отидоа по погрешниот пат. Многу многу грд филинг, кога гледам луѓе што буквално до вчера се гадеа од неверства, сега тие истите ги практикуваат. Кај и да е, СПБ ќе бидат во мода, па на фејсбук статусите ќе читаме „ Трета СПБ во рок од 1 месеееец. Рекоооорд :*“ .

    Како и да е, да се свртам малку на поубавата страна, ми се трча на дожд. Макар и да накиснам. Макар и да фатам некој бронхитис...добро не до толку ама ме сФаќате нели? Ми текна на едно лето во Охрид, кога фати дожд на половина од пат за накај хотелот, ама јас и другарка ми намерно не се брзавме, за на крај да мора спринт до собата. Ама тоа беше еден од најдобрите моменти, глетката беше посебно привлечна, зеленило наоколу, езеро од сротива, и ние трчаме и уживаме во дождот.
    И ми недостига мојот втор дом, и мојот трет дом.
    Сакам малку да сум сама, ама малку онака. Всушност, не да бидам сама, ама да бидам во добро друштво, без секојдневниве будали. Лето е и ми се зголемува интензитетот на желбиве. Да бев сега со другарка ми најдобро ќе ми беше, ја имам слободата да правам што сакам исто како кога сум сама, а сепак сум во најдоброто друштво. И кафенце на балкон, едно за добро утро, едно за добро попладне. И за да се заокружи денот, прошетка во парк.
     
    На Strumfeta93 и L-enna им се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    А јас никогаш не мислев лошо,никогаш незнаев да погрешам некому и секогаш нешто ме јадеше од внатре кога знаев дека сум виновна,одев,барав,наоѓав-се извинував.
    После ова сватив дека на човек никогаш ништо неможе да му биде доволно и пак и пак ќе бара повеќе..
    Јас правев се,знаев да посегнам и по невозможното само за да угодам некому.
    Сека,кога минатото и сегашноста повторно се споија,јас само сватив дека сум ја направила нај големата грешка во животот,знаев дека ќе има нивна средба,ја очекував,но се случи во погрешно време, и по незнам кој пат дозволив минатото да завладее со мене,се стопив знаејќи дека грешам.
    Ама не ми беше важно знаете,нели ништо не е погрешно ако те прави среќен м? Епа погрешно е,грешка е што верував,грешка е што се надевав,грешка е што во најтемната дамка барав светилка.
    Зошто ли го правев тоа? Да признавам,бев дете,дете кое само сакаше една работа - да биде среќно. Ама сега не сум дете,и пак го правам тоа.. Зошто? Веројатно за пак да бидам среќна.
    Да знам,пак ќе бидам повредена и понижена,но веќе не ми е гајле знаете?
    Веќе не ме боли ако добијам шамар, не ме боли ако добијам навреда.
    Ах фемино,би викала,би плачела,но многу е полесно да седам во никое време и да напишам овде.
    Го мразам моето минато,го мразам секој момент кој беше направен од достоинство и љубов, го мразам секој поглед,ги мразам сите воздишки.
    Ја мразам мојата добрина,очајно сакам да бидам кучка,но како? Јас не умеам.
    Не,неможам..
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Слушам Журнал од петок сабајле,реприза. Оваа водителкава стварно мисли дека никој не ја гледа толку рано?! Каков сексистички говор одржа за намалување на наталитетот,ама добро е што повеќе машки се раѓаат,па татковците се радуваат. И ја пернам една!
     
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Дека утре е на масажа и чешкање, па после одбирање на понуда за Албанија, 15 дена нема да може никој да допре до мене, ни виртуелно ни во живо освен дечко ми кој сигурно многуууу ќе допре :D ..ноќ на милион мрднати прихолошки филмови и секако во доцните часови див секс кој ќе ме докрајчи на добар начин и ќе си лежам и лежам ...... лажам, ќе го клоцам да прекине да рче за да може да ми дојде сонот!
     
    На Lepaaa, cinderella5, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам дека е преубаво кога после неговиот 18-ти роденден го држам за рака и талкаме низ некои улици.Кога црната прекривка ќе се замени со бела и кога градот ќе биде исполнет со свеж воздух.
    Смеење на сите случки од неговиот роденден,и песни кои ги потпевнуваме одејќи.

    Не беше секогаш животот така добар.Воопшто не.Ми удри неколку шлаканици,ми зададе многу болка.Затоа сега јас му враќам со уште повеќе среќа.
    Ме натера прерано да созреам.На мои 15 години носејќи го дедо ми во болница тој да почине пред мене .Проклет нека е тој рак.Ги гледав неговите сини очи како згаснуваат и после следеа многу многу солзи.
    И кога мислев дека животот малку смирил со шлаканиците ми рекоа дека мајка ми е болна.Мислам дека се кинев на милиони ситни парчиња кога ја гледав..Ги преживував тие најтешки моменти со солзи во доцните ноќи.16 годишна девојка на кој интересот не и беше да излезе и да се забавува,туку само да ја види мајка и здрава и среќна.Сакав пред мајка ми да бидам среќна и насмеана,иако одвнатре сакав да викам само.Да му кажам на животот да не ми ја зема.Сеуште е тука таа.Животот беше фер.И сега ги гледам среќни со тато,надоместуваат со смеа за сето изгубено време.
    И затоа денес кога одев со него по улиците и бев сведок на нов ден,бев исполнета.
    Ова значи нов ден,нова шанса,нова насмевка,ново се..Затоа не се разочарувајте .Грабајте го секој момент од денот,од животот.Дишете со полни гради,и радувајте се на мали работи.Бидете тоа што сте вие.Не некој друг.Затоа што е еден.Да,животот е еден.Немојте да го пропуштите и после да се каете...
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.371
    Фејсбуков го докажува огромнооото лицемерие кај луѓево денес. Али таму е најзастапено!

    Јас мразам лигавења, мразам зборчиња ко цуци, срц(ка), шмизличкиве фрази, па лигавења од типот - вау, преубава си :o, нова Адријана Лима, а ја гледаш на фотката има сало до колена, кое ни малце не е прикриено :!:, туку тие спојлерите разбацени на сите страни, ко да има 50 кила! И ај сега, кој реален ќе и пише - најубава си?!? Па најдобра другарка да ми е, жалам, али ќе и кажам да се подприбере малце, не и стои дотолку! Али неее, кај така, ќе те извадат unfriend. |(

    Веќе ми е и преку глава и од тие мислите на филозофите што ги ставаат на секои 5 мин - Љубовта треба да се доживее, таа е најубаво чувство, бла, бла ... |(. Па една моја екс школска, на филолошки е де, се спрема за англиски наставничка да биде, секој божји ден, нешто вакво, али на англиски пази! :tmi: Ако не е на англиски, не се важи за неа. :wasntme:Ко никој друг да не знае англиски, па ајде, да не поднаучи. Иди лечи се ма!

    Сега се спремав за спиење, ко и обично во 6 сабајле, и гледам едни мои познанички, еднава и стаила :l: на слика, а другава под тоа и пишала оти мн, мн, мн најмн и фали! :D :wasntme:
    И тоа се во минијатура, знаете нагаленко. Девојки од 20 години уште нагаленко си се викаат, што да правиш. А најлошото е што и двете ги знам што мустри се, а знам и двете што си збореа една за друга позади грб. Која љубов ти е таа бре, жити се?! Јас не сфаќам. Што, треба некому да му се правам најдобра другарка, иако не го поднесувам? Абе иди бегај ... Би го избришала овој глупиот фб, и така ниш не објавувам, не ми требаат лајкови, а уште помалце улизувања.

    Да владее лицемерието! :rock:
     
    На DeMelo, Chica.Loca, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Се прашувам со кое лице неморални личности зборуваат за тоа дека се морални |( и личности што изневеруваат зборуваат затоа дека се среќно заљубени и имаат долга сериозна врска |( .Многу ме нервираат глупави статии кои го оправдуваат на некој начин неверството со тоа што велат дека ако саканиот те изневери немора да значи дека не те сака : |( дали писателот сака да каже дека секоја може да му влезе во кревет ама не и во срцето ???Епа срцки јас така се тешев кога имав 15 годинки не од друго туку оти при очи сум си се правела слепа и така ми одговарало ,убаво ми било во тоа да верувам .
    Се прашувам кој уште верува и го оправдува неверството на овој суптилен начин.Дали навистина некој ќе поверува во тоа да се случи, те изневерив ама јас тебе те сакам |(
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.839
    Допаѓања:
    101.390
    Пол:
    Женски
    Луѓенца мои ,синоќа ми се случи нешто убаво :rock:
    Го обновив пријателството изгубено пред многу години,бевме заедно 4 саати,и малку ни беше.Толку е позитивна и насмеана и покрај сите свои проблеми,ми пренесе навистина позитивна енергија.Нема да дозволам да ја повредам како некогаш :$ ,и ќе си го негувам ова пријателство како моето цвеќе.Нема да оплескам.Ветувам. :angel:
     
    На Serafima, Theodora, IndieGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  14. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    На дваесет годишна возраст менувам 4та професија ,чудно но вистинито :!:
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    Всушност си ја сакам идната професија. Тоа прави јас да бидам јас. Знам дека ќе се мачам, па јас сум дете на обични родители, ама искрено, сакам да се помачам, за да ја вкусам посилно блажината после. Сакам да направам чуден спој, да ја завиткам во клопче со нешто друго, неописливо значајно за мене.
    Ќе биде, тоа останува да речам. И да се трудам, да ги напрегнам сите неврони.
    Којзнае, можеби навистина ќе биде. Еден ден.
     
    На MandyLane и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Добар јутар.

    Жими се Гугл да беше мушко, ќе го мажев. Какви креативни глави работат таму бе? Сакам да сум мува во нивната работилница и да следам што се случува додека креираат посвета по повод раѓањето на некоја општествено битна личност. Плус па, мислам дека се доста едукативни.
    Би им препорачала на младите па и на старите, почесто да гуглаат, ќе научат многу. Или ќе се потсетат на нешто, што одамна сме го учеле а ете сме го заборавиле.

    А кога сме кај младите, гледам сите се потресоа затоа што новиот албум на Слаткарот им бил доделен на одличните ученици. И ајде сите го рокаат сега јавно по мреживе. Небаре Слаткарот е виновен.
    И да, и јас сум добила книга кога бев одлична, луѓе - досаден ви е коментарот „леле на нас книги ни делеа, денешните деца ќе учат за цицки и штрафти у ВЦ“.
    И? Кој е виновникот? Слаткарот? Го заболе него јас мислам. Он си прави тоа што си сака. Ако некој упорно толку сака да го избегне, ќе го избегне.
    И овој пат вината не ја гледам кај него, затоа што сигурно не ги молел тој овие од министерство „чиче чиче, аааајде дели ми го албумот, сакам да ги научам децата да пцујат“.

    Мене на пример повеќе ме иритира кога ќе ја загледам Ријана во ударен термин, што значи преку ден, не знам веќе ни песната како и се вика, целата е гола во мрежасти хулахопки и симулира мастурбирање за време на целиот спот. Опа - иха! На фитнес топка се трља цуцава, гледам 10 саат сабајле, си викам, нели децава стануваат во ова време? Односно одамна се веќе седнати пред малите екрани. Мама готви, тато мести антена, и малава да речеме, си прави запинг на даљинското и оп - ја загледува Ријана. Нецензурирана.
    Ме интересира како родителите одговараат на прашањето - „тато што прави дадава?!“ :?: Евентуално, пошто знам дека децата прилично имитираат, замислувам како доаѓа во кујна и се дере „мамо види што научив“ а поим нема малово што прави уствари.

    Порано Бјорк беше строго банирана на МТВ за спот во кој се касапеше плишано мече. Денес Ријана може да се трља на малите екрани колку што сака, и никој не прави апсолутно ништо. А мене колегата на прашањето од погоре кој има 5годишна ќеркичка ми вика, „еј веруј ќерка ми знае може и боље од сите нас што прави Ријана во спотот“. Ахам, треба ли да ме плаши ова?! :^) Значи утре да очекувам чекор по чекор објаснување на спот како се сквирта и? Да ми биде тоа нормално? Во 10 сабајле? :x

    Демократија, ја сакавме, еве ни ја. Колку што е демократија кој што ќе си прави во спот, и кој за што ќе си пее во песна, толку демократски можам да одлучам и јас, да не го слушам или не го гледам тоа. Можам јас да си мрчам за турски сериски, џабе ми е све ако ги гледам. А не ги гледам. Не гледам ништо што сметам дека ме затуцува и не ми дава апсолутно ништо. И ете ме - жива здрава колку што гледам.
    А ја гледам и внука ми дека сеуште си игра и пее песни од старите златни славејчиња. Фала богу! Значи...до нас е.

    Џабе си ја трошиме енергијата на ругање на други луѓе. Навистина никој не ни е крив, освен ние самите.
    Затоа јас си кликам Гугл секогаш кога отварам фајрфаксот. И си кликам на тоа линковите. Читам, и си велам ахаааа ете кој да ти бил.

    Што ти прави турско кафе еј! :D Ајт се најубаво.
     
    На anuskaNESTLE, Buttterfly, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Ох, не верував дека ќе дојдам до овој момент.
    Ко бабине на чешма, седам и се думам...или само седам...
    Да те сметаат за никаков и ретардиран, а ваму да те држат оти си добар за ова, за она.
    И тоа кои? Некои на кои си им придавал најголемо значење, за сега да не знаат за што всушност им требаш, ама им требаш битно. Ако не друго, ќе тепаме време и досада.
    Што бре? Јас шупелка сум па така ќе си играме?
    Аха, мало морген. За секунда можам целата ситуација да ја свртам, материјалот ми е во раце, ама штета не сум од оние кои веднаш ќе го искористат и ќе уништат се’ околу себе за да си го наполнат егото и да се задоволни сами од себе дури други ќе си кршат глава.
    А заслужуваат. Само оваа проклета Мајка Тереза во мене никако да ја убијам и да се ставам себеси на прво место. Ама ко демек немам доволно проблеми па ќе се губам и со ова...
    Не. Ќе си оставам на времето да си осигура. Ама пролазна станица нема да бидам.
    Всушност, не знам ни колку воопшто сакам да бидам некаква станица после ова.
    Тоа не се оние кои ги запознав, со кои делев се’.
    Дали ова сега е маска за да се постигне некаква цел или сето она претходно било маска, не знам.
    Но ќе почитувам доколку стриктно ми кажат, без одбегнување и без ублажување.
    „Или-или“ и „ама-ама“, нема.
    Или едно, или чао-пријатно, ја више не постоим.
    Играчки играње - во градинка.
     
    На cinderella5, marama и starbucks им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.190
    Пол:
    Женски
    Единствена добра работа кога ќе завршиш на дежурен во петок навечер е кога докторот е згоден :wasntme:
    Јас сум ви луѓе медицински феномен, се виткам од болки 6 е*ани месеци, а сите резултати се добри.
    Ме испобоцкаа секси болничари ама нежно ми го ставаше игличето овај де иглиштата.
    Со моите едвај 45 кг. ме стави на диета, а успат ме опсипаа со комплиментите колку сум убава, згодна итн... Се гледав во огледало и си викав - Овие имаат ли очи? Ама ако де ме расположија.
    И така по некое време се изгубив и не се сеќавам на ништо до пред еден час.

    Вчера другарка ми ме изненади покрај сите проблеми што ги има ми се јави неколку пати како сум, до кај сум, какви се резултатите. Фала и :)

    П.С. Нормално ли е медицински лица да те праќаат по бајачи и гатачи?
     
    На anuskaNESTLE, anabel-a, Gordana10 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Што се случува кај мене дома во сабота? Се прави гренералка, ама знаете со кого? Со татко ми.
    И таман кога ќе си речам, уф што убаво се си светнав и готова сум, ќе почне со прстите да ми поминува по полици да провери дали останало нешто и нормално ќе најде...оваа прашинкава си ја заборавила, имаш уште едно ноже за миење, јас мојот дел си го завршив, а твојот уште не замирисал на чисто |(

    А на крај знаете како се се завршува? Со живели ( :beer: )
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Обожавам вафли.
    Секое утро ми започнува со вафли.
    Страст.
    Убавина и калории.
    Мирис на ванила и потпечена вафла. Ко на цртан филм станувам, несвесно се движам кон кујната со лиги кои капат од устата. Желудникот почнува да се собира и да прави некои чудни звуци.
    Започнува да се чувствува благодетот на тоа чудо. Прекрасниот вкус на вафлата во комбинација со џем од јагоди и овошје, или нутела и банана, џус или какао. Како и да е.
    Имајте убав ден, ви мафтам од мојата тараса. Сликава ми е дежа ву секое утро. :hai:
    [​IMG]
     
    На GarpovaV, Lepaaa, anabel-a и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.