[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Јас да кажам Фала ви на сите. :)


    Стварно не е некоја тешка постапка да се честита некому, одзема 10тина секунди, а многу значи ако е искрено и не колку ради реда кажано. У превод доаѓаме до муабетот дека малите нешта значат најмногу, и тоа по не знам кој пат.

    Инаку искрено не ми беше во план да се знае датумот на Фемина, знаеа само некои со кои што си имам константен муабет, али :!: Монголката ме издаде. :D Како и да е, не и зимам за зло.
    Сега кога знаете и датум роџења, следно е ваљда ставање слика во модни критики м? :rofl: :rofl:

    Јас имав навистина преубав Роден Ден вчера, можеби и најубав до сега, ама ете гледате не сум заборавила на сите девојки, жени, девојчиња Феминки да се заблагодарам. И бидејќи некои сигурно ќе почастам во живо, за други останува виртуелното частење, кое и те како знае да разбуди апетит, или други пориви. :rofl:

    Имајте убав ден. :hug: :f:



    [​IMG]
     
    На Magnolija, CIA, ludoto19 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Денес е голем ден, а утре и задутре ми се напорни денови.
    Премногу сум среќна што ми се исполни желбата пак да одам таму.
    Подалеку од балканов. Убаво ќе ми дојде. Нови искуства.
    Но сепак многу e напорно 2 дена во автобус и на брод.
    Сепак си се тешам дека тој напор се исплати.
    I can handle that! :rock:
     
    На pamelche и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Често таа која секогаш се смее, која што секогаш изгледа среќна и на сите им помогнува, која за се има време и која се може и се сака...Таа во чии што очи спијт звездите во длабочината на својата душа е скршена на парчиња кои што никој не ги гледа, и не знае чие име е запишано на секое парче камен...Тоа никој не го знае...Таа наизглед насмеана е многу, многу тажна...
     
    На velesanka, Peppermint, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Како би го гушнала сега овој дедичко :hug: :hug:
    Луѓе, ценете го тоа што го имате!

    [​IMG]
     
    На antonina, Lepaaa, crazyinlove19 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Чувството кога мајка ти криела една тегла ајвар од стрвните г*зови дома и еден ден тадааам! - ќе ти го донесе ко од Господ пратено, па во сред лето мачкаш врел ајвар на кришка тазе печен леб и нарисуваш со сиренце. Ммммм мераци. :P
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Голема фамилија, полна куќа и три родендени!
    Денов е полн со честитки, подароци, насмевки и фотографии за да ги овековечат сите убави спомени.
    На овој ден секоја година играм повеќе улоги. Па средувам коси, фотографирам, чистам, сервирам, правам сендвичиња од француски векни, украсувам ордевери и салати, полнам корнети со најразлични видови сладолед и пречекувам гости.
    И сеуште не ми се верува дека малечкото девојче на кое и ги врзував врвките на кондурчињата и која ја фаќав за раче кога преминувавме улица, веќе стана полнолетна. Станала права девојка.
    Посамоуверена и посигурна од мене, морам да си признаам. Храбра да ги прифати предизвиците и можностите кои и се нудат. Без многу размислување, аплицираше за последната година од средношколството да ја учи во Франкфурт. Се покажала одлично на тестот, па сега е во исчекување на резултати. И ја посакав целата среќа пред да отиде на интервјуто, а потајно и себично во себе посакувам да не оди. Ми вели дека е спремна да биде препуштена сама на себе и не се плаши од тоа што и претстои. По се изгледа јас повеќе се плашам за неа. Ама таква сум во душата - кршлива и приврзана за луѓето. Се грижам за неа и не сакам да ја пуштам да оди. Што би правела без неа цела година...
    И безразлика колку свеќички ќе има на нејзината роденденска торта, за мене секогаш ќе биде мојата помала сестра кон која ќе имам заштитнички став.
     
    На Crixus, mims-89, karmenka и 14 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Епа знате, Мимс89 имаме иста чинија. :wasntme:
    Ко што сум фрик по филџани/шољи така сум и фрик по чинии, си ги сакам, си ги бирам, ене пр. оној црвениот од на Мимс сликата, барав низ градов таков и плав, и црн и крем и си ги имам распоредено по дома кој во кој да јаде, не дека чоек нема да седне да јаде во друга чинија осим нали `неговата`, али онака интернат си праам по дома, да ни биде занимливо. :wasntme:


    Јас за друго дојдов во темава.
    Си викам дал сум јас магнет, дал од Господ сум така дарена, да морам барем во една година од мојот живот да утнам луѓе кои би ги сметала или сум ги сметала за пријатели.
    Од толку многу луѓе запознати и одпознати сеуште не ли ги научив тие мустри што под мустаќ ги шепкаат твоите маани, а ред тебе цица-маца и смеење до миле воље ?!? :^)
    Се прашувам, само се прашувам.
    Ете и двасете ќе ги згазам, добро ми стоје, али другарице на прсте се броје.
    Не можам да се пофалам со права вистинска другарка, иако имам 2 кои тежнеат кон тоа, кои стварно сме на иста бранова должина, и имаме супер комуникација, и одлично кафе-муабетче се врти, и јас доаѓам одморена дома; ама зашто побогу, зашто пред да сретнеш такви потенцијални за кои СТВАРНО можам да кажам дека се потенцијални, ќе се сопнеш на некое гомно ама тешко гомно кое ти ја одзема сета позитивна енергија и ти ја цица емоционално како некој вампир, и ти доаѓаш дома и се чудиш што муабети си се изнаслушал денес!

    Ја би еден детектор на лаги, или било каков афирматор на тоа кој е олош во општествово, а кој е ајде да кажеме добра душа, пред да стапиш во некоја образовна институција! Чисто да знаеме, истакни го на влезна врата исто како кога се запишуваш и ете ти корпус деликт! Чао, пријатно видимо се у други живот. :hai:
    Мислам дајте бре луѓе, ако јас сум позитивна и тоа наоколу се збори како да е веќе општо познато, зашто бре да ми се одзема таа енергија, зашто? Едноставно куди на некој друг, одбегни ме.
    Имам некои пусти карактеристики кои се добри, или барем некој кажал дека се ама бре што да кажам за ваквите, не знам.
    Постојано правам иста грешка, over and over again. Се изгуби ли искреноста, се изгуби ли добрината во луѓето, зарем примарна карактеристика на 80% од луѓево во Скопјево е дволичност, поквареност, болна амбициозност, потребата да наштетиш на друг, да се напупиш за да успееш, лажењето!
    Не бре, овој сулуд свет не би го живеела со вечина од луѓево, а приморан си! А кој те приморал ? Повторно општеството. Пу, јаз'к нека е! :puke:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    И во фустан, па ми е жешко :sweat:

    Дефинитивно не сум за на копно, само за покрај море... :D :emo: 8) :inlove:
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Пак јас со моиве глупости. Знам дека е досадно, ама тука можам само да си пишам на раат.
    Уште немам легнато, па ме мава Аристотелов комплекс (ни јас не знам да го дефинирам) :?:
    Ги собрав скршените парченца од целината наречена „Јас“ од подот.
    Боцкаат тука и таму. Ко мали трнчиња залепени за розата, за да ја штитат.
    Како што минував низ нив со прстите, на допир забележав дека тие парченца не биле навистина дел од мене, туку биле баш оние трнчиња кои сум ги поставила во случај на потреба од заштита.
    Сепак потсвесно сум знаела што да направам за свое добро.

    Не секоја книга и филм имаат успеси и падови и задолжителен среќен крај.
    Тоа е само камуфлажа на изопаченото општество кое повеќе личи на зоолошка.
    А јас, драги мои, во ова животинско царство не сум ништо друго освен птица која толку тврдоглаво се обидуваше да се додржи на туѓо стебло на судбината. На гранка на која не припаѓаше.
    Птица која упорно ја бркаа од местото кое и’ беше топло и познато, и која упорно не се откажуваше.
    Се’ до денот кога до темел не беше изгорено тоа дрво, посеано со семе на лажни планови и полевано со водите на лажните ветувања, земајќи ја и неа во своите пламени прегратки.
    Иако можеше да летне уште одамна, таа беше останата да се бори, но овој пат реши без борба да се предаде на милоста на оној кого го сметаше за кројач на нејзината судбина.
    И мислеа дека тука е крајот. Дека тоа е најдоброто решение, оти болката била само привремена, само додека птицата да умре. И дека кога ветерот ќе ја разнесе пепелта, нема да остане ништо освен бледа трага на местото кај што бил коренот и ехото на тивок крик кој едно време бил најубавата песна во вечерните часови. Крик за кој мислат дека лесно ќе го прикријаат со нова, непозната песна.
    Но заборавија дека тоа не е обична птица.
    Заборавија дека Фениксот се издига од пепелта појак од било кога.
    Заборавија дека неговиот крик прогонува дури не го најде својот мир...


    А сега ќе го извините поетичниов Феникс, ама ќе оди да си прилегне во пепелта.
    Сета среќа не сум Пупунец (не знам колку е точно имево), оти досега ќе експлодирав од лајна. :D
     
    На Lilliana, cinderella5 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски


    Ма каков фустан, и гола да се соблечам па ми е жешко :lol: :sweat:

    Туку, СДК денес ли најде да дојде оваа црвенава тетка, аман више :tmi: Не се трпи на жештиниве, а и ме остави цела ноќ без сон, барав кетонал во 4 сабајле :swear: И секако, мораше да подрани, зошто нели знаеше дека вечер сум на роденден и дека сакав да го носам убавото цветно фустанче на кое му се токмев цела недела, па мораше да ми зае*е се’ :swear: Ах Марфи, Марфи, да си ми сега тука, па да ти ја залепам една како казна што ќе морам да носам пантолони, зошто мојава тетка е непредвидлива :swear: Сега не ми се ни оди веќе...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Вчера гледав еден филм, Бог да ја благослови Америка и сфатив дека има многу глупави луѓе насекаде во светот. Децата плачат зошто не добиле Ајфон, добиле Блекбери, плачат зошто добиле Порше, а не БМВ....
    Ејјј луѓето немаат што да јадат и пијат, а некои неблагодарни детишта ќе плачат заради тоа што не го добиле најновото модно парче или најновата технологија ... Ви се молам... Добро направи главниот актер што ги уби сите такви штетници и луѓе желни за внимание... Многу ме натера филмот да размислам за таквите неправди. Кога имаш имаш, не треба да се фалиш и да бараш уште, биди благодарен што имаш некој да ти го подари тоа ;)
     
    На pamelche и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ах тој љубовен сјај во очите што го имам,не сакам да си замини :$
    Нека си стои кај што му е местото :D
    Да трае се до мојот последен здив :)
     
    На cinderella5 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Уфффффф жешко бе нек си *** мајкатаааааааааааааааа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Мозокот прекинува да ми работи. АААААААААААААААААААААААААААААААА здивувам!

    У мени 300 степени горим нисам при себи :lol:

    п.с. „Како, КАКО да го убијам комарецот кога знам дека носи моја крв?!“ :rofl: јако.
     
    На Divinebutterfly, pamelche и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    па добро што се случува освен турски серии друго нема ништо на тв? надвор жешко, дома мм со климата ме уби, и турскиве серии ме докрајчија :devil:
     
  16. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    зоврев денес, само јади, спиј, лежи па и времево колку е жешко не се дише.. и да ве прашам до колку работи манго денес? Ве молам ако знаете да ми одговорите побрзо, видов слатки панталони пред некој ден, па дури не се продадени да ги купам.
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Шубаво е чувството кога некоја другарка која е 10 години постара од тебе,ти вика ќе те послушам,ко ја постара да сум :D
     
    На pamelche и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе ние луѓето аздисани сме. Дискотека под вода, втф?! Не верував дур не видов, а кога видов... :| |( :tmi: жити дискотеката. И кај е можно тоа земале пијалаци, а со кислородни боци се покриени. Ајјј АМАН од американскиве глупости.
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... IBfLJMpSGo

    Не можам, ама не можам да се сопрам од зборење од досадава. И ова сакам да го кажам.
    [​IMG]
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    Оти ко ќе си сама, и ко ќе ти се плачи не можиш да рачунаш на никој?
    Епа сега сите од к*р не те мават, едно големо фала, али нема да ти биди ти како шо сакаш :) , утре јас ќе не можам, и другите пати ;)
     
    На cinderella5, anabel-a и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Незнам зошто ни служат телевизорите освен за гледање турски серии и бришење на прашина :?:
    Сабота попладне, надвор пука од топло, седиш дома, пушташ телевизор и секаде тоа или турски серии или нешто во стилот на иселеничку џубукс ( или па како се викаше ). Добро зар ги укинаа играните филмови во Македонија, зар имаат забрана да емитуваат играни филмови? Ајде во 100 години еднаш ќе дадат некој игран филм на кој што премиерата му помина пред 15 години, а овде ќе му удрат реклама чиниш вчера е завршено снимањето |( А мани тоа па повеќе ги нема ни оние летните емисии, не дека беа нешто посебно забавни, но ќе пукаш сеир на нив и ќе тепаш време!
    Ептен тапа лето ќе да е ова...
     
    На mims-89, Adi888, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.