[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    СДК...

    Се дава апел до сите оние кои што се мешаат во туѓи животи,да ги наведат причините зошто го прават тоа.
    Оваа болеста,луѓето да си го пикаат носот и каде што треба и не треба,се шири со брзина на светлината.
    Затоа се молат граѓаните да ги кажат причините,за побрзо да дејствуваме и да го најдеме лекот за оваа болест.Да не дозволиме да ја опфати целата ни наша и мила планета Земја.

    Однапред,благодарм.


    Друго што сакам да кажам е си седам јас на фб и доаѓа мајка ми.Вака почнува разговорот:
    Мајка ми:Која е таа?
    Јас:С...
    Мајка ми:Таа ле што ја спомнуваше?
    Јас:Да.
    Мајка ми:Убава е.
    Јас:Па и не е многу убава.Многу пудра става.Никогаш досега не сам ја видела на школо без пудра.Да не е нашминкана нема да е толку убава.

    Интересно е колку шминката може да те промени и разубави.На слика на фб,абе шо да кажувам права лепотица у споредба со неа ти си нула,а у живо да не можеш да ја препознаеш. :x
    Да ставам и јас еден тон пудра,римела,креон и така натаму и јас ќе бидам убава.Абе не убава,најубава.
    Најважно е да се прифатите себеси такви какви што сте.Ако се сакате вие,тогаш и другите ќе ве сакаат.

    Последно,но не најмалку важно.
    Горда сум што сум македонка. :l: :nod:
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Љутка сум, да. За се што ќе ми згрешат се љутам. Не прогледувам низ прсти, и ништо туку така не ми поминува. Ќе се наљутам макар и на минута, ама ќе го казнам со тоа тој што ми згрешил. Отсекогаш сум била таква, таква сум и таква и ќе останам. И немам ни трпение, да. Доблести или маани, за кого како.

    Ах и да, се работи за рефлекси.
    [​IMG]
     
    На Lepaaa, moonlight-girl.55, Primavera и 5 други им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    E, ако ти е старбакс, ако ти е, шом си толку наивна. Ма, ми иде да си мавнам 2-3 шамара што сум верувала на сите. Значи, кога и’ бев потребна, јас бев тука секогаш, бев рамо за плачење. А, сега? Кога ѕвонам не се јавува. А, не. Нема да остане вака. Не сум злопамтило, ама ова ќе го памтам, па ќе вратам. Е, така.
     
    На Lov3, Adi888, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сдк дека неможам да сватакам како луѓето со хороскопски знак риби се најдобри. :o Нема да се фалам дека мојот хороскопки знак е најдобар (има мн лоши карактеристики),но досега сум се запознала со мн кои што се риби и со сите се имам испокарано.А викаат дека бик и риби мн добро функционираат :o :fubar: Суп запознала луѓе со бик,јарец,вага,девица(сите знаци) и со повекето (со исклуоци 1 или 2) имам мн добар однос,ама со риби неможам мајке ми.
    А да ме просветлите или да ми кажете што е тајната што бикче и рибче не се поднесуваат??!? :?: :| :x
    Не се навредувајте тие што се риби во хороскоп,не ми беше намерата некого да навредам. ;) :*
     
  5. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Не можев да го најдам телефонот... Ај ѕвони пак, ќе ти кренам. :wasntme:
     
    На starbucks и Adi888 им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК песнава ме потсеќа на лето,ама од тие постарите лета,кога ги слушавме песните на касета.Секогаш убаво си ги снимав и бев пресреќна кога некоја песна ќе успеав да ја фатам од радио и да ја снимам :D После секако само rewind :D Преубави времиња беа 8) А и сега секако сум среќна кога можам да си спуштам некое албумче,се надевам и за понатаму да е така :) Love music!

    После иначе ќе фатам со метлата да се борам со бубачките :D ,пошто туку вртат околу сијалицата,ама пусто прежешко е,мора да е отворен прозорецот,не се диши иначе,џабе и вентилатор и се...А мора да читам...
    Еве,едно поздравче од мене за добра ноќ.
    http://www.youtube.com/watch?v=gG5bnjR4EOg
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не ме гајле. Лута сум ти. Не ти ѕвонам повеќе. ;(
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    ^ Немој да се нервираш, таквите луѓе не се достојни повеќе за твое внимание, а не па уште да му плачиш :)
     
    На srcekrsacka, Lov3 и starbucks им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Многу измешани чуства. Проклет ПМС :@ .
    Прв работен ден, убаво беше. Нова средина, луѓе, некои од нив и не беа баш фини, но различни карактери тоа е тоа.
    Инаку ги чекам резултатите од матурата, ужасно сакам да дознаам со што положив. Се надевам дека до 10 јули ќе ни кажат :D .
    Читам денеска сите се нешто посакувате, ај и јас еден сон ќе си кажам.
    Најчист од сите што сум ги имала до сега:
    Да станам успешен психолог.
    Од се срце го посакувам тоа и ќе се борам до крај за сонов :!: .
     
    На Libera и starbucks им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Е, ова ми е поука. За друг пат да си знам.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Овој пост е наменет за баба и дедо.

    Вчера срцката од памет ме извадила. Си се излежавам јас во дневна, кога ми застанува на врата и ми вика: Анн некоја мачка ти влегла во собата, на бирото ти се качила!! И јас срипувам :o се стрчувам во соба, си викам којзнае како ми ја укакала собата сега, и кога да видам она се шегувала со мене бидејќи на десктопот од компјутеров имам слика со маче, па уште сеир си гледа лисицата :rofl:

    Денес со дедо на балконче муабети си изнаредивме. Почна да ми раскажува за тоа колку бил тогаш тогаш тежок животот на село. После војска преселбата во Скопје, и тогашниот поинаков живот. Како шетале на корзо кругчиња. Првото вработување и сите работи што ги работел, а во исто време учел во вечерна гимназија. И ред други работи од животот. Колку пати и да ги слушам приказниве, не може а да не ми се интересни.

    Златни се! Во секој поглед.
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Johny, Miss.Ricci и 7 други им се допаѓа ова.
  12. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Бев на плоштад, сосема случајно ама изведбата на хорот и оркестарот ми беше феноменална.
    Слатко си се изнасмеавме со другарка ми за диригентот :wasntme: .
    Незнам ни кои беа, ни од каде беа ама :up: .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Утре т.е. веќе денеска, ме чека семеен, неделен ручек.
    Не најобичен. Тоа е посебен ручек, спремен од посебни раце, на посебен начин и за посебна пригода.
    Спремен од личноста која сите овие години ми била најголемата и најискрената поддршка во се’.
    Личноста која ми дала живот, и која би го дала и својот за мене.
    Личноста која прошла низ пеколни порти со крената глава и најголемата сила која ја имам видено што може да ја поседува едно човечко суштество, за утре заедно да се веселиме.
    Онаа на која секогаш можам да се ослонам, која ќе ме разбере без ниеден збор, без притоа и да ме погледне во очи. И со грб да сум свртена, таа знае што чувствувам во моментот. Ме знае како дишам.
    И како што минува времето, сфаќам дека само таа секогаш останала со мене, покрај сите мои маани и доблести. И никогаш не и’ сметало да ме прифати онаква каква што сум.
    Може не секогаш работите ни се совршени, може утре немам што да и’ подарам, може имаме повеќе падови од успеси, може не сум совршена личност и ќерка, но таа не се откажала од мене, и сме сигурни дека секогаш сме тука една за друга, без разлика на се’.
    Би и’ го подарила светот, но јас сум само личност со празни, искинати џебови и по некој неисполнет сон кој протекува низ истите. Можам само да и’ ги посакам сето здравје и среќа на светов.
    Би побарала да е тука цела вечност, но бидејќи е невозможно и нескромно, сакам да е тука што е можно повеќе. И кога ќе дојдам на нејзина возраст, пак да е тука, да си маваме шпици една со друга, да се отеруваме у пм, да се упицуваме заедно и да ми вика дека е поубава, да правиме концерти низ дома, да се караме бидејќи си мислиме се’ најдобро и на крај да се гушнеме ко ништо да не било.
    Да, тоа сме ние. Тоа ме исполнува и сакам да трае уште долго, долго...
    Среќен роденден, буби мое!
    Те сакам! :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=byyWQEYzS2A
    Не е песнава нешто срцепарателна, ама одговара :)
     
    На AnaKarenina, Magnolija, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Јас сум најсреќната личност на светот. Опкружена сум со луѓе кои шират позитивна енергија, а не бараат ништо за возврат, вистински пријатели! Многу малку е потребно за човек да биде среќен! :wasntme:
     
    На Lepaaa и Sanniii им се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    СДК мажите се целиот свој живот зависни од цицка! Додека се мали, една, за да преживуваат, штом се тргнат од неа, веднаш се фаќаат за друга. Вторава, тешко неа, служи за се :|


    Валкани дебилчиња, нека пробаат сами, па те да ги видам како ќе шетаат со распаран газ на гаќите и брадичка за макање маштејнца |-)

    Инспирацијава ми е од сите, без исклучок мажи :wasntme: Лута сум им денес!
     
    На julie77, Lepaaa и cinderella5 им се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Грми,светка,страв ми е :doh:

    Дадеее ај дојди сииии :worried:


    Едит:И страв ми е да се свртам џамов да го затворам,ако ми светне додека се вртам,готово,умречу :sweat:
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Кај грмит и светкат? ^_^ Јас пак обожавам кога грмит, светкат, исто ко да сликат :D Еднаш се обидов да сликнам со мобилката кога светкат и не ми успеа, ме зезаше времево |( сакам да сликнам кога ќе светнит ^_^ И шо убаи слики си сликнав со мобилката од изгрејсонцето ^_^ ама она мобилката ме зезат нешто не ми ги покажуват сликите |( да ја удрам од ѕид, мож ќе ги покажит :D Само сликам, ама сликите нешто не ми ги покажуват :@
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Сакам да кажам дека се осеќам чудно.
    Носталгично, ако можам така да си ги опишам емоцииве.
    Си се трујам со Џон Леџенд, па си симнувам дискографии од некои рнб/соул сензуалистички балади и во лежеча положба, зјапам во лаптопов.

    Осеќам дека ќе биде долга вечер.

    Го знаете она чувство, кога е се океј, а сепак кога ќе падне ноќта и кога ќе легнете во кревет, оние моменти пред да заспиете ви се некако, како да ги наречам, сомничаво меланхолични, она чудно спокојство, како затишјата пред бура. Кога се чини, дека се е премногу добро за да биде добро.
    Одамна немам запливано во ваквите конфузни емоции.
    Ме don't like this.

    Да се надевам утрото ќе ги избрише чувствава, и од утре се ќе биде обоено во позитивниот спектар на бои.

    http://www.youtube.com/watch?v=0hdQmd0uug0
    Почнувам сериозно да се губам.
     
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сега ќе звучам како мало, збудалено девојче но официјално да ве известам, по долго време
    Ричи има зелено цветчеееее. :party: :party: Дал је могуче :D :D :D
    Абе не обрнував внимание, ама откако ме фати инает пред 2 месеци да стигнам до 500...
    Конечно мојата "цел" во животов е исполнета :rofl:
    Сега и вие ќе одморите малку од мене и јас. :D

    И СДК дека луѓето се слепи, на чело со мене. Јас сум слепа, гледам во некој розов свој замислен свет кој нема врска со реалноста. Може и да ме чини тоа, не може туку сигурно. Би сакала да имам повеќе контрола над се, и ќе имам!

    :f: :f:
    Ај на по едно кафе
    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, mims-89, AnaKarenina и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Се препотив, се потам цела, цело време. Цела вечер не престанав и цела вечер имав трпки во раката. Не знам од каде ми се, ама знам дека кога сум саклетисана и изнервирана, во десната рака имам трпки. Ќе ме направат будала ако им кажам дека и тоа чудо ми се случува, покрај другиве физички проблеми.

    Не можам да се изначудам на способноста моја, нова очигледно, во последно време да избувнам каде што не треба, во ниедно време и на ниедно место. Дали конечно ме навасаа сите проблеми што цело време се зборуваат, само за тоа се прави муабет, и многу нормално, духот ти опаѓа. Не се сеќавам кога сме направиле муабет за нешто нормално во последниве месеци дома. :(

    Иако роденден, иако вчера за кратко ми беше океј, денес пак е истата приказна. Неубаво,ептен неубаво. Празнина, мачнина, желба само да седам и да гледам во празно. Дури бев окружена со толку луѓе, толку честитки, јавувања и пораки, се чувствував како само да зјапам од страна, како излетана со паметот. Не знаев што да им кажам, фала Богу дека имаше тие што меѓусебно да си кажат, да ме оставеа сама со секој човек по 15 минути насамо, ќе ќутев, ќе ќутев како никогаш досега.

    Уште еден роденден помина, а никаква промена не се случи. Барем не голема. И кога ќе ме прашаат, што има ново, да не знаеш што да им кажеш... Па како да ти кажам, нема ништо ни старо, а не пак ново. :^)

    Фала ви на честитките, ми беше мило кога видов дека има некој кој те цени и ти посакува убави работи. :hai: Торта има уште, треба да се јаде побрзо, се се топи на жештиниве :D . Почна да тече вчера кога ја извадивме од фрижидер. :o

    Ми се спие, ми се плаче, а не можам да спијам од саклет и од жешко и од не знам веќе што. Мислите изладено е? Не се секирајте, еве за 1 час ќе изгрее сонцето, одма ќе се стопли, пак. :emo:
     
    На Elennaa, Miss.Ricci, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.