[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Горде на арно е :D и велам на свеки на Горде и игра десното око :) таа вели поздрави ја многу од мене за убо е :D така пред некое времеи јас се утепав на работа намигнувајки
    срам ме фати се беа мажи околу мене :D луда работа
     
    На Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Ок знам дека треба да сум на одмор до 3ти Септември ама неможам кога ќе видам вакво мислење ....

    Ок прво да разграниме .... ние тука коментираме за број 1.... Број 2 тоа се посебен вид машки и нив немам намера да ги бранам

    (прво ќе кажам зашто всушност се користат тие Мали лаги напочеток за да се импресионираат а после зашто уствари и наогаш такви мажи што користат уште повеќе лаги !)


    еве ситуација
    Идеш во диско/кафич/рандом место на запознавање на машко , Тамо има два од 100 типци. Тип А и Тип Б
    Тип А е згоден , супер дечко (физички изглед) исто како и Тип Б.... двајцата се решаваат да ти пријдат или ти на нив , не е важно кој на кој.

    Тип А , во разговорот кажува нешто од типот како , јас не гледам фудбал ... не играм дота или пак не фрлам чорапи насекаде , не доцнам 15-30 мин или пак не манијачам згодни девојки на фацебук...

    Тип Б , во разговорот ти вика јас дота играм некогаш и по цел ден , фудбал Манчестер ми се најомилени ги знам сосе 10та постава и обожавам да зборам сам со себе од време на време .......


    Ти со кој ќе останеш попрво во разговор ?....со тој што ќе ти ги прикаже сите лоши страни и мани или пак тој што ќе иде на картата да ги излаже па после со надеж полека ќе ги прифаќаш една по една....

    Усталом зашто девојките носат шминка секад кога запознават машко ? (реторичко прашање)

    А девојките никогаш не лажат на првите состаноци? , факт е дека сите кажуваат некој повеќе други помалце бидејќи никој или пак многу ретко ќе се прифатат маните и недостатоците , и сите лажат по малце за со цел кога ќе влезат во подлабока врска маните ќе бидат полесно прифатени и нема да те откачат уште на прв состанок.



    Сеа да се надоврзам зашто наогаш лоши момчиња кој те лажат

    Зашто стално се запознаваат лоши типци кој искористуваат ...ех ех колку имам дефиниции за ова може книга да пишам ... ќе скратам

    Џули7 ја имаше постирано оваа приказна али еве малце по-опширно , имаме ситуација

    Тип А , Тип Б , Тип В

    Тип А , е супер момче , срамежливо не толку физички убаво и карактеристики 9/10 ...
    Тип Б , супер згоден плоден и неопходен али искористувач и лицемерен и тамо лоши ствари... карактер 3/10

    Тип В , средина карактер 6/10 , ниту премногу лош нити премногу добар во психички и физички изглед..

    Сега ситуацијава што ќе ја објаснам е кај 80% кај девојките така да не слушнам цитирања од типот еј ама кај мене не е така :!:

    Тип А најчесто е некој твој другар , најдобар другар можеби ... кој си го ставила во friendzone уште кога Скопје немаа споменици , срамежливо момче кое физички не е толку добар и нема многу да понуди бидејќи се води на она дека ти бараш многу многу повеќе од тоа што он може да понуди ...

    Тип Б е тој што најчесто и му се пушташ оти е Бред Пит у фаца и тело , ама тој или повеќето (не сите машки али повеќето 90% дури) се свесни за нивниот изглед и идат на она само секс и ништо друго и затоа има лажење и чуда

    Тип В е тој што ќе го најдете (пак 80% случаевите) и со него ќе се омажите и итн итн...

    Сега да се концентрираме на Тип А и Б .... ја лично ...значи имам преку 30-40 примери од другари кој можат тоа уствари да го потврдат
    имам другар од типот Б кој до сеа имал барем 20тина девојки кој ги искористувал ...сум го прашал зашто и ми одговори дека е згоден и му се може и зашто со една кога може со 100 ...

    и знам повеќе другари кој ми се пожалиле како се најдобри другари со некоја ама се срамат од горенаведените причини ..... се жалат како им раскажува како типот Б имале добар секс или како ја натепал или како се однесувал ладно и сл....
    и најлошото нешто

    ЗНАЧИ НАЈЛОШОТО НЕШТО , ја добиваат реченицата .... Посакував да има некој како тебе да ме почитува и пази и да има таков добар карактер ..... епаааа :fubar: :fubar: ..... неможеш на некој да му се жалиш како типот Б те искористува и иживува на тебе а после да се жалиш и фалиш на типот А како немало како него некој за да бидеш со него ...и сеа ако кажеш грд бил , тогаш нели карактерот бил најважен или тоа само колку да се каже....


    *Ќе кажете Типот А , немал храброст или итн .... па како ќе има напоменав горе , како ? (реторичко) ...како кога ќе отвориш темиве на бизарни откачувања и лоши состаноци , ај некој стварно заслужуваат ама има и од ние корпи пред цела населба или тамо понашања разни и откачување оти не донел помфрит дечкото .... пак ќе прашам како да пријдат тие "добрите" момчиња кога ти , вие ги одбивате или пак другарка ти ги одбива па тоа се пренесува вамо тамо .... :x

    и заклучокот
    - Се збори како се бара малце а уствари многу ....со тоа ги притиснуваат тие со добар карактер дека не се доволно добри и им остапуваат место на тие што се искористувачи и лошотии .... наместо да се гледа со срцето се гледа со очите ...


    И ова не е лага , ниту пак некоја глупост или само колку да се каже ... ова е тааа СУРОВА ВИСТИНА :!: :!:

    И да не се само жените и мажите се тие кој го прават ова , тоа е таа шема ако можам така да ја наречам , тоа е тој тренд кој така функционира низ целиот свет и кој ни јас , ни ти , ниту никој друг неможе тоа да го промени ...така било и така ќе остане али барем можеш ти лично да се потрудиш за себе тоа да го смениш да бидеш посреќна и да уживаш во љубовта поубаво



    Смачено ми е веќе , досадно е ... ти го уништува денот ...кога ќе слушнеш , Сите машки се исти или пак овој ваков , оној таков кога повеќето викаат дека сакаат ваков а паѓаат на таков и барат ова а идат на она итн ,итн, итн..... Не е ни мажот ни никој крив , самата си крива што си "Гледала со очите а не со срцето" , и да ќе кажеш многу добар лажго бил ...пфф демек ти немаш милион стапици и чуда да одма му ги откриеш намерите кој му се , само тука е надеж-та крива оти ќе се промени , нема да те изневерува и тепа ..... после ќе пишеме на фацебук и фемина како се сите лоши створења .....


    -Секоја чест на тие што се спротивно од ова што го кажав и спротивно гледале и правеле , секоја чест вие и сте едиствената надеж за опстанок на љубовта ....


    Толку и ако некој има нешто спротиставено слободно нека пише ЛП или отвори различна тема да не ја полниме оваа со офтопик и да го даваме тоа задоволство на Виножито да не брише .......



    *и се надевам нема да ми го избришеш постот Виножитке оти ова е лоша вистина која мора да се види и чуе и да се промени :fubar:

    Ајт сеа идам да уживам (се надевам ....)
     
    На Juicy03, creshicka, crazylady и 20 други им се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Koja мизерија од луге сме ...
    Кога некој ке се разболи од тешка болест го жалиме, кога ке оздрави правиме да му е мaka што оздравел.

    Моја пријателка со години се бореше против леукемија. Денес е потполно оздравена. Лекувањето скапо, но нејзините родители се снајдоа со пари никој не знае како.
    -Пред 8 години нејзините другарки правеа хуманитарен концерт собираа пари за таа да оздраве. Нејзе не ја ни прашаа дали ги сака тие 3000 евра собрани, можеби таа уште и не знае за таа акција.
    -Денес другарка ми излечена е и работи. Пред некое време си купи нов автомобил. Истите тие другарки сега зборат "Ние собравме пари за да ја излечиме таа кола си купи".

    Да ти се плукнам во народот
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ретко ми игра око, ама сега незнам што му стана, константно да играло |(
    Поздрави ја и од мене :)
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Леле, читајќи го ова се наежив. :|
    Прво, многу ми е мило за другарка ти,секоја чест на борбата и жртвата и нејзините родители. :clap:
    А ова другово...Мизерија.И сама си кажала дека биле нејзините другарки кои тоа го организирале,и како денеска имаат лице да го кажат тоа?! Не ми е јасно.
    Уште само еден доказ на нечовечноста на луѓето и дволичноста.
    И како после се што девојчето преживеало да се чувствува кога би го дознала тоа? Да, фала што ми купивте кола, тогаш само тоа ми недостигаше.
    Срамота...Ама стварно многу се изреволтирав, независно што не знам за кого станува збор. :swear:
     
    На kikikikirika и esperanca им се допаѓа ова.
  6. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Ете, ете ова го посакувам во овој момент најмногуу.. еден силен дожд.. од ова топло веќе не се живее :tmi: , аман.. :x

    [​IMG]
     
    На Lepaaa, cinderella5 и fallenangel им се допаѓа ова.
  7. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сдк јас ********* да не се викам ако не им се одмаздам.Ако треба и отров ке им ставам,ама ке им се одмаздам!!!!!!!!!!!!! :devil: :devil:
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.666
    Допаѓања:
    17.488
    Ако продолжам со ваквото темпо на јадење, ваква ќе одам на одмор
    [​IMG]
    брат ми убаво ми вика, ако јадеш вака кога ќе се омажиш ќе му пееш на мажот Еј, Шеки довест чу те до просјачког штаба. :geek:

    Него не ми беше тоа поентата, сакав да кажам дека денес се отепав од работа, вода од мене тече. Исчистив цела соба, имав еден шкав со рамки на него, само прашина што фаќаше и го преместивме со мама во спална, и таму се растуривме, па не вака-така. И помогнав и таму исчистив. Ова времето спарно, не се дише а јас работам ли работам. Сега кидам да удрам еден туш - ми се чини дека ќе се преродам кога ќе се истуширам.

    Имајте убав ден
    - Памела :*
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Девојчиња, девојки и жени убави, ви благодарам на сите за роденденските честитки :) .

    Бев неколку денови на гости кај дечко ми, прекрасно си поминав, денеска си дојдов и сум духовно мирна и чиста како тивкиот летен дождец, кој доаѓаше по мене цело време, како верен придружник низ преубавите предели на растојанието меѓу нашите градови...

    Сега треба да прочитам како вие сте ги поминале деновиве :geek: ...
     
    На ines.h, bittersweet, CIA и 15 други им се допаѓа ова.
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ми се игра плочка :wasntme: . Порано ќе го ишарав цел двор или со креда или со парче од цигла и си скокав, најчесто сама.

    [​IMG]


    Сега срамота било, голема сум била :D .
    Ајде нека пркне сестричево. Она ќе ми биде пасош за сегде и изговор за сите детски работи што ми идат да ги правам ]:) .
    Мајка ми и вика на сестра ми (не дека она разбира): Дадичкава твоја никако да порасне, а па сега со тебе, мислам дека никогаш нема да порасне :D .
    Како ли јас да пораснам....? :D
     
    На CIA, cinderella5 и pamelche им се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Постојат моменти и денови што не сакам да завршат. Тоа се моменти на совршена среќа, кога не ми треба ништо друго, како целиот свет да е мој, а срцето ми чука во ритамот на љубовта. Мало бегство од реалноста, но сепак толку многу вреди. :inlove: Само една прегратка, а јас се губам во неа, и пуштив солза од среќа...за првпат во мојов живот! :inlove:
     
    На Lepaaa и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Сдк дека во нашата улица откако ни се доселиа нови соседи владеее неверојатна хармонија и тоа поради одличните соседски односи.Моите соседи фунционираат совршено,меѓусебно си помагаат ,се дружат.Секое утро и секоја вечер си седат во двор,на тераса кај нас или кај нив,си муабетат, си се мезат и си уживат.Навистина сум пријатно изненадена што постојат толку смирени и фини луѓе ,се чувствува дека пренесуваат позитивна енергија.Друго што се случува и посебно ме радува е тоа што децата од мојата улица почнаа да уживаат во детството со тоа што играат разни игри кои ги играв и јас како помалечка ,ме радува тоа што не го минуваат своето слободно време пред компјутер или на фб. :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.492
    Пол:
    Женски
    Сдк дека сум многу среќна :) Конечно и татко ми да ме израдува со некоја вест :wasntme: дај боже да бидне оваа работа, тогаш се ќе е поинаку :) Нема повеќе да им се прави ќеифот на некои особи, многу нешта ќе се сменат , а јас ќе им вратам за се ;)
     
    На LaDyDoLl и anabel-a им се допаѓа ова.
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Се повеќе и повеќе луѓе земаат мои фотографии и си ги стават на насловнана ФБ.
    Вака искрено,кога ќе го кажам на глас звучи многу патетично ама мене ме прави среќен бидејќи знам дека на многу луѓе му се допаѓа тоа што го правам.
    Далеку сум од изложби и сето тоа,ама ми дава надеж дека можеби и ќе стигнам до таму.
    Чекор по чекор... :)
     
    На antonina, chocolate.chick, Trendafilka и 6 други им се допаѓа ова.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ќе пратев еден многу депресивен пост сега, ама ајде на ново.

    Уште 11 дена, па после нов живот почнува. Во други зборови, ќе биде поинаку.
    Нема веќе седење дома цел ден и нема веќе компјутер 24/7.
    Ќе се смени се, татко ми потврди дека имам адикција од компјутер.
    И така е, па намалив.

    Ајде, сега сакав да ви кажам - Уживајте каде што сте, заблагодарете се за што имате... И не, ова не е еден од тие клише постови на фемина. Уште малку ќе одам во Македонија, поточно за 11 дена. Помина времево, навистина. Беа 40 дена и сега 11. Времето лета. Изминав едни многу тешки 6 месеци, ама ете, брзо пројде. Другарките ме очекуваат со истиот карактер и со истите интереси. Епа не е така!
    Не сум срамежлива, плашливка и сум упорна! Не ми е гајле што мислат другите!!!
    Нема да ме соборат губитниците од старото одделение, кои немаат друга работа, па се изиграваат идиоти.
    Ќе бидам нова ЈАНА. Променета на добар, позитивен начин.
    Нема да трчам по други деца, нема да сум толку чувствителна веќе.

    Овие 2 години ме променија. Навистина е време да се вратам и да се покажам.


    Утре ќе му кажам на тој што mи се допаѓа, дека тој ми се допаѓа. Со храброст.
     
    На Neytiri, Elena-97, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :whew: дојде време и за мала пауза од секојдневието-душевно закрепнување на некој начин
    а тоа се нарекува МЕДИТАЦИЈА ^_^ наместо два пати неделно, сега е еднаш неделно, заради присуството на партиските состаноци-божем фала ке ми кажат за тоа, ама ај да се појавам, оти толку време не бев активна, срамота :$ -уште две недели ке морам да издржам иако некои луге ептен ми одат на нерви :devil: ,а по тие дрдорења до без крај малку пешачење на кеј супер доага :)
     
  17. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Добро што е со овие канал 5? ЏАСТИЦИЈА бе, ЏАСТИЦИЈА што не ќе се измисли веќе... Ова на рекламата за код, нешто за судови лево, десно, па од џастис, одма збор направија. Па и ние си имаме збор бе, дај нека не се прават “образовани“ многу, многу. Правда може да кажат, пак ќе разбереме.
     
  18. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК морам да ви препорачам да го погледнете A Thousand Words доколку не сте го гледале . Ништо друго нема да кажам освен одма да го најдете ,да го гледате онлајн или да го симнете . Секој збор кажан не вреди ништо доколку не се докаже со дело .Колку ли само е краток животов да се чудиш . Луѓето зборат зборат и зборат и јас зборам зборам зборам а ништо не правам . Добро бе па до толку ли ?? Зарем е невозможно ? ? Да ги сакаш луѓето и да ги слушаш тоа што имаат да го кажат да ги сакаш и тие кои не те сакаат само не збори , прави го тоа . Мислиш дека е тешко ама не е само треба да се проба и после е многу полесно . Да се живее .. значи дека постоиме .
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    СДК дека си легнав во 9 и спииев до сега. Па нека. Кој што ми може? Не ми можете ништо. :P
    И СДК дека до утре ќе јадам само краставици. Е да, за инат не јадам друго. Ете така тоа малку време што ми остана од денот ќе го поминам низ дома со краставица во рака. А и да сакам неможам нигден да одам бидејќи времето е шкљ. :rain:
    Морам да кажам ова ќе биде неизмерно глуп и досаден ден, верувајте ми.
    Ете толку сакав да кажам, а не кажав ништо. Ајде бидете ми поздравени. :hai:
     
  20. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Поминаа три и пол месеци и се уште не можам да се помирам со фактот дека повеќе те нема. Секое утро погледнувам на вратата мислејќи дека ќе те видам таму каде што секогаш стоеше и чекаше да се разбуди спанчето, секој миг мислам дека ќе викнеш од скалите и ќе ме побараш, секогаш кога и да слушнам чукање мислам дека повторно си на балкунот и поправаш некој стари чевли.
    На погребот имаше премногу луѓе па не се ни чудев за човек како тебе тоа и доликува, и тој ден се држев цврсто уште од утрото кога јас прва ја дознав веста дека повеќе нема да те видам, бев цврста иако најмала останав онаква како што ме учеше да бидам, цврста до последен миг. Кога ти го велевме последното збогум сите бевме околку тебе, цела твоја фамилија и си бевме потпора еден на друг онака како што ти цел живот не учеше.
    А, и уште одма ти го завзедов местот на масата, нели ти ветив дека на никој нема да го препуштам твојот престол, секоја недела се собираме на таа маса се пие твоето домашно вино, се е исто како порано се само ни фалиш ти иако знаеме дека си горд на нас и нашите успеси.
    Немој да се грижиш, иако не си тука јас не ги заборавив твоите лекции, никогаш не се предавам пред поразот нели прво треба него да го осетиме за после да ја добиеме победата, направив се што ти ветив Се.
    Но, зошто си замина пред да го исполниш последното твое ветување нели ќе одевме заедно Прилеп со воз? Нели ми рече дека за да го пребродам стравот од возот првиот пат ќе одиме заедно нели? Сега никогаш нема да се качам не без тебе.
    Ми фали твојата насмевка, она тапкање по рака кога ќе направев нешто добро, ми фалат твоите критика ( знаеш дека само твоите ги прифаќав) дури ми фали тоа да ме искараш дека повторно заборавив да заклучам, ми фали твојата прегратка и мирис на изморен човек со долго искуство во животот, ми фалат твоите приказни за втората светска војна и за тоа како бегавте од селото, ми фали...

    Ми фалиш ти дедо ти и твоето незаменливо присуство. Те сакам ;(
     
    На marama, Lady17, Artemission и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.