1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Се мислам дали да пржам компир или сепак да оставам за утре за доручек :?:
    Гладна сум по кој знае кој пат денес |( криво ми е што многу јадам а слаба сум ко даска :@
    само да се јаде нон стоп |(

    Туку тука се истури дожд, сеа е времево супер за спење, свежо убаво...
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Татичко долази из Монтенегро утре сабајле! ^_^

    Ми фалеше бе татичко, колку и да си тежок човек, и збориш ко навиен, и по малце си досаден; ама бескрајно те сакам. Врти - сучи, пак си ти столбот на семејствово, куќава ќе пропадне ако не си ти во неа, за сите работи се грижиш, од струја до уредување на двор, припремање на ѓубре за џиткање до стражар кучи! :D

    Едвај чекам да го гушнам, и утре барем со една 9ка да го израдувам! :hug:
    А и една 8ца пропушти, лично корпус деликт ќе му прикажам. 2 во 1, као Нес кафе. :wasntme:
     
    На Hopeful, Nine25, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
  3. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Лелеее посакувам ние луѓето да не моравме да СПИЕМЕ :o а да имавме енергија за се! Како вампириве од ,,Twilight,, :rofl: ќе имав време буквално за СЕ, ќе праев 30876423360 работи во денот, полнааа со енергија, одморена! Вака не ми се доволни 24 часа од денот за СЕ што ќе испланирам! Не ми стигнуваат! Зашто мора да спиемееее :( ?!?!?? За 8 саати наместо да спијам ќе праев многу позабавни работииии...

    А како ме пука дремка.... уф... :angel: и времево баш за спиење е :rofl:
     
    На Divinebutterfly и Lepaaa им се допаѓа ова.
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Буфонче , Буфонче ми одбрани голче :inlove: Италијо моја , во навивање секогаш сум твоја .
     
    На blond, Hopeful, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Дали тоа имам зелено цвеЧе? :o :rofl:
    Премногу ми е нереално, година ипол ми се синее под сликата тоа старото, ама ми отиде :D
    Со Miss.Ricci во ист ден форумско полнолетство правиме, ај нека е со среќа друшке.

    Еве ви частење од мене :D По една Гранита да се освежиме
    [​IMG]
    И торта секако
    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci, Divinebutterfly и pamelche им се допаѓа ова.
  6. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Постојано проверуваме што има „ново“ на фејсбук, а всушност се истите статуси, напишани од различни луѓе. :?:
     
  7. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    СДК дека по глупаво малоумно и просто суштество од мене не може да се најде никаде! Да ти недостига личност која ти носела само болка, расправии, лаги и солзи треба стварно нешто да ти фали во мозочето :fubar: Оф само електрична столица за мене помага ништо друго :D
     
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Во моите очи, како што растев, шеснаесетката била секогаш врвот, кулминацијата на животот на една девојка. Можеби тоа така ми останало од америчките филмови, ама ете, секогаш така сум гледала на тоа.
    Освен сега. Сега, кога конечно ја живеам шестнаесетата година од мојот живот.
    Шестнаесетата година е таа што ме собори целата. Ситници ме колеа. Ме колат. Кога само ќе се вратам на што се доживеав во текот на петнаесетата, работи кои што толку храброст ми требаше да ги доверат и работи за кои што да зборувам никогаш не најдов сила, а очајно сакам некому да кажам па да ми осуди потврда дека вистина ЕДНАШ бев силна и успеав сама да пребродам.
    Имавме час по ликовно следниот ден, а јас требаше да завршам 2-3 цртежи. Се радував! Имав прекрасни идеи! И, само што денот ми почна, тогаш се случи првата сериозна, голема трагедија во мојот живот... Е тогаш за прв пат си дадов право себе си да се дерам на постар. Така сум одгледана.. да почитувам. Тогаш ги прекршив своите принципи. Стоев високо и викав, наредував, забранував. Не помогна. И тогаш, после толку време, буквално месеци, прв пат солза пуштив... и уште илјадници други. Врескав во агонија и молев на колена. Вредеше, Боже, ама вредеше. Тогаш си реков себе си, јас никогаш нема да дозволам никој што вистински ми значи да му дозволам да замине без да се убедам себе си дека направив се што можев. Вечерта, после полноќ, се сетив дека сосема заборавив на цртежите.. заборавив да научам. И на школо... косата ми беше собрана и носев трењерки. Пред тоа, никогаш не сум пошла на школо така несредена. Мојот сон, мојот ангел чувар, ми одекнуваше во мислите, кога сфатив дека не можам пред секого да се кријам. Ми рече, “Што е?’’ и тогаш почнав да плачам, во прегратки. Не можев да си верувам дека тоа е човек што не ме суди дека плачам! И ме уверуваше, дека се ќе се среди, дека не сум сама, дека не сум единствена! Ми беше мило, што барем една личност на цел свет знаеше зошто не си ги завршив цртежите по ликовно.
    Знаев дека е еднострано, ама без разлика на што, си ветив дека ќе дадам се од себе да бидам најдобра, најбезусловна спрема таа личност.
    И потоа почна полошто со мене, подоброто со личноста. Можеби грешев што криев толку работи, лични работи, но не сакав да бидам сожалувана. И кругот се ширеше.. така и јас. Се обидував да ставам што помалку терет, внимателно бирав што да доверам.. Барем така верував. Ама грешев. И тоа што беше кажано беше премногу.
    Колку повеќе се обедував мојата шестнаесета година да биде попосебна, толку повеќе ја уништив. И така, ова ме погоди, откако сфатив дека најверојатно и сликите од мојот толку „посебен“ роденден се засекогаш изгубени.
    Што ми остана?
    Самосожалување што ги одбива сите од мене и молење никој да не ме сожалува... Не! Борење, да не дадам причина за некој да ме сожалува. И криење... само збирање во себе, се што се случи, затоа што се што успеав да го изнесам од мене ме донесе на местово каде што сум сега.
    Ќе можам некогаш барем со разговор да го извадам се ова што секојдневно ми ја јаде душава?!?!?!
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека Марк спроведе нова акција на ФБ, секоја тинејџерка со статус за фудбал добива пола кило павлака со пониска масленост. Навалете!
     
    На blond и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Една птица, пролет не прави.. Хејтерс гона хејт. Секој си има различен вкус.
    Добра ноќ, утре полагам држете среќа.
    :)
     
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека на никого не треба да му се верува 100% ако не те
    заебе
    другар не знам кој ке те
    заебе друг
     
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Не се сите исти,се делат на глупи и поглупи :!: (тука тебе те нема,редок исклучок си,можеби и единствен :D ).
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Home sweet home. Со фул наполнети батерии.
    :)
     
    На cinderella5, LilBaby, Smilly и 10 други им се допаѓа ова.
  14. garibaldi

    garibaldi Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    сакам да речам женскиве се делат на паметни и попаметни
    нема други
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Нај што мрзам е лажење и сите тоа го знаат. Болест е тоа, жими се, патолошки лажговци едни...мизерија. :puke:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    А бе патолошките лажговци не се страшни, знаеш дека лажат. Оние другите, од кои очекуваш искреност, м? :|
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Ај тие што знам дека лажат постојано ме нервираат, а овие другиве коа ќе ги дознаам првин шок ми е, а после ќе се навикнам и ги префрлам одма во првата група... тешко некој да излаже еднаш, двапати, обично им станува навика. |( :@ :puke:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК 1: Уште еден напорен ден утре!
    Кај се чуло и видело, за еден скапан хервариум потпис да неможиш да добиеш?! :^)
    Ахх, Diazepam и ко нова ќе сум! :rofl: :tmi:

    СДК 2: Го мразам ова одвратно чувство на осаменост, сите околу мене, а јас се чувствувам празно!
    До мене е? :(
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ме поремети оваа матурава. Цел ден буљам во мониторот, вежбам во разноразни програми, цртам глупости, пишувам глупости, ефекти, симболи, ова,она, глупости. А и гледам пораките ми се сите со наслов: Полагање матура и уписи за на факултет . |( Ма ајде бегај таму нека мине утре, т.е. денеска и ќе се преродам.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    СДК дека неможе на секој да му се допаѓа тоа што ќе го направам,тоа што ќе го речам или што ќе го сторам....е тоа е.Она што ми е важно е јас да бидам задоволна со себе и со тоа што сум го одбрала,а за другите..... па нека си мислат што год,вака или онака пак ќе се најде некој што ќе јаде трици за нешто.
    Поентата е јас да си го зачувам мојот мир.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.