[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Пиих што ѓаол е ова компјутеров.
    А јас одлучам да се хранам здраво, да не јадам мрсно, да слабеам бла бла, тој ќе ми се избаци со некоја слика од пица со растопен кашкавал, некоја сјајна чоколадна торта со растопено чоколадо, или некој раскошен сладолед. :P
    Ај јас така со залепена фацка цртка-точка-цртка на моево лице, ќе клинам одма на иксчето дур не сум се удавила во лиги и тоа после неколку минути кога ќе подзаборавам пак ќе ми шибне една сликица, абе боже господе, да ти дојде мониторот да го слапаш од што ти се јаде. :D Де на фацебукон, де тука на фемина, како брзи пратки одсекаде фрчат сликички.
    Ѓаволест е, му го знам суратот. Џубре низаедно. :rofl:
    Once again, DAMN you PC. F u!
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    СДК дека го положив и последниот испит од Англиска книжевност. Камен од срце ми падна!
    Тоа што пред 4 години ми изгледаше неверојатно за да се научи и положи, сега е готово. Многу сум среќна, и покрај тоа што беше потежок испитот, до крај се надевав дека ќе положам и положив! :party:
    Ми остана уште практичниот за во септември и здравје Боже ќе дипломирам.
    Сега можам да се опуштам и да уживам во летово :sun:
    (не дека не бев опуштена досега :wasntme: )
    Поздрав!
     
    На Paloma18, la-chicka, cinderella5 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Заедно со последниот испит, отидоа во неповрат и последните грижи! Барем за сега :D

    [​IMG]
    Видиш, видиш, печена сум јас, само да ја навршиме годинава и готово, рипам во тавче :$
     
    На cinderella5, LilBaby, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И викам на мајка ми да не ме фали толку, ќе се соберат ергени ќе ме бараат :rofl:
    Мене ќе ми даде тешка задача ќе треба да бирам :rofl:

    Од кога се прибрав се разработив мајке ми :wasntme: земав собата ја светнав, ставив да се варат компири за салата, бев да пазарам ќе правам за ручек шпагети со сос :mm:
    Толку неам работено ихииии не памтам ни јас :tmi:
    Брат ми ме прашувам што ми станало, добра ли сум, сиротиот прв пат ме гледа волку разработена :tmi:

    Туку стварно беше супер денов, се надевам остатокот ќе биде ист, офф само колку ми беше мило кога ги слушав тие пофални зборови за мене, ми дојдоа солзи на очи :wasntme: ама издржам машки :muscle: и не пуштив ни една солза од причина што салата беше преполна со луѓе а ја така срамежлива, абе се растопив мислам :$

    Туу колку си се изнафалив брееј цццц :lol:
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    42.912
    Пол:
    Женски
    Станувам сабајле си го земам бебуш со мене и одиме во дневна , мама прави кафе , тост и си седнуваме ...
    одмараме
    Бебуш дремнува едно пола саат и мама ѕа тоа време отвара Фб , Фемина и Меил
    Пошта од H&M Sale
    распродажба на детска облека .... фустанчиња , блузичиња , хеланчиња
    мераци и така јас разгледувам, си порачувам :x :x * иако имаме и доста не облечени нови работи кои така ни стојат ос тоа што времето глуми лудило Есен права нема шанса нешто летно да се облече *
    После идеме за мене нешто да најдеме за мама
    Исто убави работи , коа кога би ги видела во бутик не би ми паднале одма во очи ама ете овде прекрасно стојат ...
    И така си се изнапазарував и идам да стиснам порачај
    Кога видов сметка 78 евра
    Па дали јас нормална сум :x него тато плака па што
    И така си порачавме со бебе облека која се надеваме и убавко ке ни стои :nod: :nod:
     
    На la-chicka, cinderella5, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Многу работи сакам да кажам... ама СДК не несакам да зборам во празно... Ама дека многу луѓе читаат ај ќе кажам.

    СДК дека животот е едне и дека вреди да живееш според свои правила.
    СДК дека успехот е најголемата одмазда.
    СДК кој ме мрази воз да го згази.
    СКД дека не сме сами во цел свет и дека не се врти се околу нас.
    СДК дека на некои личности сакам главата да им ја скршам
    СДК да си го направиме денот незаборавен
    СДК дека треба секое утро на му се насмевнуваме на светот и на денот, да му заблагодариме на Господ што пак не разбуда, да бидеме среќни дека живееме, или дека можеби и немало да се родиме. Затоа да го искористиме животот - САМО ЕДЕН Е!! :!:
     
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Понеделник е? :o :worried:ilent:
    Тотално сум изгубена во време и простор.
    Сакам да си спотерам работа, и конечно да се ангажирам малку. Стварно сакам...
    Ама не бива. :(
    Од пуста мрза и сиротите евриња за шопинг си чекат..
    Собери се Dzingrlaka *смајлишосилепишамар*,ДОСТА беше плескање газ од една на друга фотеља. :|
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    5.155
    СДК дека немам никаква надеж во денешнава МАКЕДОНСКА младина... Немаат осет за почит, за покорување... Многу големо его имаат а за нивни години, не е убаво. Се замараат за глупости за што не ги личи. Па зарем убаво е девојче од 10 години да зборува за машки и за шминки и мини сукњи? Факт е дека учат од поголемите генерации, ама треба да се сфати дека нивното време ќе дојди. Родителите се толку зафатени со работа, што немаат време да им посветат внимание. Јас сум имала многу среќа што мајка ми цел живот не работеше и се вложи во мене...
     
    На LikeDomino и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК или СДП а можеби и две во едно не . Зошто на пример кога двајца почнуваат нешто едниот секогаш става до знаење дека не сака ништо сериозно а другиот го прифаќа тоа а всушност сакаат или покасно сваќаат дека всушност бараат нешто сериозно или не а веќе се заљубуваат и се откажуваат ?? Секако тие кои го прифатиле тоа да бидат во врска- неврска, сериозна- несериозна се повредени , навредени , уништени до смрт ?? Чудна работа е тоа несериозните демек сфаќаат дека всушност тој-таа е вистинскиот -та ? Што дека ? Има и случаеви ај ќе бидеме како демек пријатели ама понекогаш ќе бидеме фак бадис за да всушност се осигура дека не чувствува ништо посебно ништо посилно па за на крај да рече мислам дека сепак ќе си останеме пријатели кои на крај нема ни здраво да си кажат ?? А тоа всушност била вистинска љубов но сепак на крајот завршуваат со други и се зимаат за 3-4 месеци ?? Чуден е овој свет во последно време се некои филмови ме инспирираат да направам , кажам нешто а демек не можам без нив тоа да го направам ? Што зборам бе ? :drunk:
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Моето(нашето) во Медицината заврши, на ред се други. :rock:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Го видов, го видов. Помина покрај мене со колата :rofl: :rofl: :rofl:

    Сега има цел ден да се смешкам.
     
    На Magnolija, srcekrsacka, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК дека да знаев дека со отсуството на сестра ми ќе се наспијам како човек после толку време, одамна ќе ја пратев некаде :lol: Конечно едно убаво утро, и тоа Понеделничко за да почне неделата како што треба. Пријатно временце, тишина по дома а јас си спијам како во кома. :D

    Очигледно ќе биде ова недела пресудна за тоа каде ќе го поминам летниот одмор. Ајде почна мала организација-и тоа е нешто. :rofl:

    Исто така сакам да кажам дека им завидувам на сите членки на фемина кои моментално се на некоја приморсна дестинација и не читаат. Поздрав девојки :*

    А сите останатите, имајте убава недела исполнета со љубов и моменти вредни за сеќавање :inlove:
     
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Сакам да кажам дека денес бев да го земам свидетелството (конечно) и заминав со петка. :clap: :rock: 8) :D
    А,мајка ми и татко ми не веруваа дека ќе ги поправам оценките и дека можам да заминам со петка. |( Татко ми викаше и со четворка да заминам не е лошо и се согласувам не можат сите да бидат со петки.Но,вие како родители треба да давате подршка,а не да велете дека тешко ќе заминам со петка. |(
    Но,јас не се откажувам толку лесно :evil: :D и на сите и докажав дека можам.

    Прекрасен ден. :sun: Си го земав свидетелството,се изнашетав убаво,си купив сладолед,сретнав личности кои не ги бев видела две недели,цел ден се смеев и кажував шеги(не знаев дека сум добра во кажување шеги се до сега). :D

    Не знаев дека Вагите (мислам на хороскопски знак) можат да бидат толку љубезни и добри.Мајка ми е Вага и некогаш сме во добри односи,некогаш ке се испотепаме.Имам една другарка и таа е Вага и знае да се наметнува,сака да зборува,помалку наивна и секогаш знае да каже некоја глупост и сите да не насмееме.
    Денес запознав една Вага која е срамежлива,многу добра и љубезна која секогаш е тука за да ти помогне.Сестра е на една моја другарка и не се гледаме многу често.Денес имав шанса да ја запознаам подобро.Ме праша што сакам да бидам,на кој факултет да одам.Најмногу од се ме изненади нејзиниот одговор.И таа како мене сака да биде моден дизајнер,што пријатно ме изненади.Денес забележав колку навистина е добра девојката.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Езеро, море....вода...
    Сонце....

    Некој одморот ќе го помини само покрај другарки...
    Некој нема љубов до себе со кој ќе ужива во морските бранови...со кој ќе се држи за рака во летните вечери...Ќе се дружи со рибарите....

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е не можам да издржам на пеколов више. [​IMG] Денес ги вратив учебниците конечно, веќе сум ептен фри. [​IMG] Едвај чекам да одам на одмор. Следниот месец ова време ќе си патувам... па ќе се бањам... [​IMG] а за некој ден роденден, 18ка [​IMG] ќе ги соберам најблиските другарки дома, а дента освен најблиските роднини ќе излезам вечерта со него. [​IMG]

    Сан ис ап [​IMG]
     
    На cinderella5, crazylady, Strumfeta93 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    :@

    Ова е можеби една од најстрашните работи што ми се имаат случено, дефинитивно најбизарната. :puke:

    Кога иде лето, ги ковам сите џамови си лепенки, мрежи, пикам ќесиња во дупчињата за да не влегува ништо освен свеж воздух навечер. Под нешто што може да влезе подразбирам бубачиња, мушички, едни брзи и никакви, стоногалки и гасеници. Не дека ми е страв, ама се замислувам дека ќе лазат над таванот и ќе падне на мене додека спијам. :swear:

    Додека сме веќе кај гасениците, кај проклетиите, или стоногалките, не знам што беше, ми иде да ја прекопам куќава сосе темели. Си извежбав фино лепо на орбитрек, си седнав на компјутер, си пуштив музиче, прибрав производи за мачкање и шлапање и сеќавам нешто ме лепи на ракава. Лееле си викам, си заборавила раката да ја исплакнеш. Седам така, може 10 минути. Ја протресов во бањарката, и гледам, оп, сега па ногата ми се лепи. Ау викам, нема шанси и раката и ногата да не ги исплакнеш. Кога ја тргнав бањарката, мадам Стоногалка-косацрта-Гасеница, си лази и си лази на ногата. :@ Од кадеееееее си влегла морииииииииии, од КАДЕ, па и во бањарката влегла! :fubar:

    Лелелеле, кога срипав, почнав да кцкам на една нога да падне оваа глупавава, се плескам со раците по ногата. Се одлепи проклетијата, избега под кревет. Седам и се мислам што да правам, мама ми се изнасмеа и ми вика фаќај ја со правосмукалка. Отидов ја земав, потргнав малку под креветот, ја нема. АААААААА си викам, она мене. Ќе ја фатам па што сака нека биде. :devil:

    Збеснав начисто, полудев, крај, кога фанав да тегнам.... :@ со надчовечки напори разџиткав се во собава, масата ја свртев скроз за агол од 90 степени, креветот сосе сите јоргани под него што стојат, ма го извлеков, го повлеков наеднаш, орбитрекот за 1 минута беше веќе надвор, килимчињата ги џитнав, преку сестра ми прелетаа. И стојам крвнички со правосмукалка во ракава, тоа брмчи жешко, вррр врр врр, не се диши, се потам со крпа на глава, дишам истешко, ми идеше да го превртам креветот. И сега ја немааааа, ја НЕМА и ја нема, па мајка Јана нека е. :envy:

    Ќе полудам, не знам веќе што не направив и на кој не се јавив. Ќе ја притиснам вечер кога ќе си легнам, ќе се усмрдам за век и вечни векови. Или уште потрагично, ќе почне пак да лази по мене, или по ѕидот или на таванот и ќе треба пак да збеснам. Што јадат тоа проклетиите, да ја излажам да испадне од под кревет... ќе ја чека убав и топол дом, наречен правосмукалка. :rofl:
     
    На FortuneTeller.xD, la-chicka, Anabelle и 16 други им се допаѓа ова.
  17. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Хахахаха Дузи ме изнасмеа и патем ме потсети на моите многубројни слични ситуации :lol:
     
    На la-chicka и Doozy им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Е Дузи,баш ме насмеа :D А завчера имав средба со скакулец.Отварам плакарот да се облечам ,а тој се закачил ,ме гледа со оние огрооомни очишта ...и преживуува,Поголем скакулец немам видено во животот,Имаше сигурно 10-ина сантиметри.
    А немав време да одам по правосмукалка,и со палома во раце го бркав едно 10 минути.На крај се најде смачкан меѓу моиве прсти. :tmi: Што се не влегува кога оставаш отворена врата.
     
    На Ognenija и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Развивам кулинарски способности бе братче. Па то домаќинка се сторив, пери, пеглај, исчисти и спреми ручек да твоите се вратат во светната куќа, да си облечат чисти измазнети алишта и да си седнат да си ручкаат. Ма мисљим, мољим ти се. Шеснаес годишњак ти кува јело 8)
    Е сеа нели мора еден лапсуз, или како год. Никогаш не сум правела макарони во рерна. И тука зимам мобилниот тит-тит-тит и ѕвонам на мајка ми и ми објаснува. Пих, си викам - сум правела од манџи до месење теста па ова да не го направам! Гола вода.
    И така јас си пеам нешто со бит шејк дат ес, шоу ми уат ју гат.. Си вадам тавче, турам зејтин, истурам тоа макароните, сол, кисела вода, јајца измутени со кашкавалче и на здравје у рерна. Си завршив работа, што си завршив ама кесата со џубре полна! И така полека ја вадам ја средувам кога ете ти ги џубретарите, незнам што бараат денес, коа знам дека во понеделник не собираат. И ја така трапава брзам ми паѓа кесата доле лом! А тие веќе отишле. Собрав се во кесата што собрав и трчам по нив како улава. Ама изглеа никој не знаел па како трчав ми подаваа кеси комшииве, нема проблем нек се угоде. Али филингот беше као Роки коа се искачи на скалите... трчав ко улава без прслук и то еден цицкотрес коа се деси, абре летав по асфалтон жежок.
    И бидна што бидна, доаѓа татко ми. Му ставам да јаде, мене ми беше рано се нагнетов овошје пред да ставам ручекот. Си јаде чоекот и коментира - браво ќерко, браво, мх, мх. Па стенка тука у целиот тој процес на внесување на храната. И си викам па дај да видам што сум толку добра, нема да има смисла ако не кснам и јас нели :wasntme:
    Луѓе мое, луѓе.. Ми се стемни! Првиот залак го исплукав! Толку беше гадно, што пустиот татко мој јадел да не ме увреди. И сеа се чудам јас како може вака! И среќа што сите „потребни состојки“ останале до фрижидерот. Отварам тоа шишето „кисела вода“ корне на ракија, брцам раката у белите зрнца- шеќер! Фала, фала, да, мхм.. :dance: :rock:
    И така не бидна ништо од моите пијани, благи макарони па на крај си јадевме јајца.
    :rofl: :rofl:
     
    На cinderella5, Ognenija, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми се верува што направив :lol:
    луда главо, до каде можеш да одиш ти :fubar:

    на мајка ми возачката дозвола и е изгубена веке 14 години(ја дала како документ за баба ми кога беше болна) најверојатно не носела лична карта, од каде јас да знам, тогаш не се мешав во секоја каша низ дома, бев мирка, а сега сум немирка :P
    и така бев во МТВ по нов извод, , ми текна, прашав што треба да се направи-дали да преполага ли, од каде да знам, не сум до толку видовита :wasntme: и ме пратија во картотека, по име и презиме, татково име ја најдоа-дури и си добив комплимент дека личам на мама :$ а цела сум како тато :geek: и ми дадоа телефон да закажам за сликање-се јавив во министерство за внатрешни работи, се средено, мама Септември месец на сликање за нова возачка-стара и е истечена, и нема преполагање :whew: за срека
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.