1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите :sun: (т.е.дури го напишам постот добар ден дојде :D ) Кој е за утринско кафенце? Јас сега одам да пијам долу на клупа и заминвам да завршам некоја работа :) Денес такво ќе е кафето. А јас,извинете што немам многу време да ви пишам,ама само уште оваа недела,многу ми е напнато,петок имам испит,ако ме остават да полагам де,сега се спремам,па ќе ви пишам после пак по повеќе.А и ќе се селам во сабота,така да ко ќе стигнам дома ќе ви пишам преживувања од тој ден :D Е не дека нема да ме има и сега чат пат.

    Туку,преубаво е да имаш пријатели кои знаеш дека навистина те ценат и онака,се разбирате и си го имате муабетот.Страшно ќе ми недостигаат :( Септември ќе се видиме,ама се тоа ќе е набрзина. Вчера на пример,јас готвев,пржев модри патлиџани и си ги направивме со другарка ми со кисело млеко и така ги јадевме :) А денес таа кажа ќе правела нешто :D А вечерта па,со другата другарка,после читањето викаме ај да направиме малце пауза,и онака внатре е задушно и влегуваат чудовишта,ќе поседиме на балконот,така да во 12 вечерта се изнаправивме муабети,се посмеавме,се освеживме,дувкаше и ветре,супер беше...Е баш сето тоа ќе ми недостига! А и не само тоа,и собичкава моја во која сум толку време,слободна си бев да си правам што сакам,си ја уредував,си учевме,се! Некои навики секојдневни што сакав да ги правам,ќе се сеќавам на одењето на факултет,разните дешавки и глупости...Можеби некој друг пат и нашироко да напишам...Вака така,се навикнав овде и секако,како втор дом ми беше,па сега назад.Е сега,допрва ќе треба да се навикнувам и на трет :D Па така,ко камелеон после средното,да неможиме да се видиме со моите :worried: Е сега,ќе ме имаат на повеќе време дома.
    Ајде доста е за денес,одам јас да вршам работа,да не губам време,а вие останете ми добро расположени и имајте убав ден! :*

    http://www.youtube.com/watch?v=Ewoz8IIJyqo
     
    На bittersweet, teddybear, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Да беше така лесно да се направи само еден блок-дилит, чао!

    Кога некоја личност ми значи се вложувам целата. Да, се вложувам, им го посветувам најголемото внимание, се трудам за да им угодам. Не барам никој да ми кажува фала, ама сакам да запамтат дека секогаш сум била тука и имам потреба од нив до мене кога ми е тешко. Сега кога дочекав баш тие луѓе ме игнорираат сфаќам дека ништо не вредело...
    Доџе ми да вриснем! :swear:
     
    На Lepaaa, Glossy-girl и malechkata им се допаѓа ова.
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Нема ништо поубаво од чување на спомените на фотографија, ама не е-фотографија, туку оние олд скул фотки кои љубоморно ги чуваш и бришеш од тугите отисоци.

    [​IMG]

    Со развивањето на технологијата и новиве фотоапарати ретко кој денес го задржал обичајот сликите да ги развива и да ги чува во украсна кутија или симпатичен албум. Страшно некреативен начин стана чувањето во некоја зафрлена жолта папка на шарена десктоп позадина, за случајно после некое време, по вина на некој тројанец дел да се заразат, дел да ги снема или од немарност случајно се избришат. И да, морам да спомнам дека и ЦД-ињата не се нималку идеално решение, после одредено време стареат и стануваат неупотребливи, а таму пропаѓаат сите податоци кои некогаш биле зачувани.

    Ми недостигаат навиките од порано кога купуваш филм, се мачиш да го поставиш правилно, па фоткаш 32 или 36 слики и мака мачиш после да го извадиш за да не го осветлиш. Цела процедура беше тоа.
    Па штедиш и собираш пари за развивање на сликите и уживање во тие неколку ливчиња на кои се зачувани милион спомени и луди моменти. Немаше селекција на убави и неубави слики, овде ми штрчи влакно, а тука ми се гледа стомакот и оцртува салото, немаше duck faces, бришење и корегирање - се беше природно и спонтано.

    Баш штета што кај многумина тие задоволства се заборавени или одамна изумрени. Секоја чест на оние исклучоци кои сеуште ја задржале оваа навика и се трудат минатото да им остане во сеќавање. Смешно ми беше кога баба ми пред некое време се жалеше дека нема ниту една нова фотографија, ниту пак спомен, ама сфаќам дека тоа е повеќе трагично отколку смешно во моментов.

    Утрово се разбудив со оваа помисла и со куп неодамна извадени фотографии и уживав, ама најискрено. Си ветив себеси дека ќе се потрудам да извадам слики од сите битни моменти и настани, од луѓето кои ми се драги и од местата на кои сум била заедно со нив. Во животот секое уживање е минливо и краткотрајно, зошто да не ги продолжам барем спомените од него?

    И на бабичка ќе и дадам многу слики, златна таа, секогаш е во право :angel:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Chocoholic, Sanniii, bittersweet и 36 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ^ баш викендов си го најдов стариот апарат и си наредив да си купам филм и да си изнасликам :)

    СДК дека ова е најпрекрасното утро во цел јуни. Дувка свежо ветре, ми даде инспирација да работам.
    СДК дека после толку напор да ја осветлам црвената боја, јас од една глупава фарба сега сум и темно црвена, ма не е ни црвена, ова недефинирана боја е, накај црна иде...ах бре краво една..
    СДК дека ги сакам луѓето околу мене и после целата оваа пауза време е повторно да им го докажам тоа.
     
    На mims-89 и Artemission им се допаѓа ова.
  5. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека времето во Берлин е 18 степени ;)
     
    На gingerchild и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Сношти ми се исполни најстрашниот кошмар што го сонувам уште од малечка.
    Се договорив со дечко ми да се видиме во 11:15 и излегов од дома тргнав кон местото кај се договоривме да се сретнеме.
    Само што ги одминав куќите од соседството ко ми се здаде едно куче, почна да лае и да ми скока.
    Си викам ај сака да си игра, му викам да бега, го бркам а тоа не бе ми се закачило и само ми скока со предните нозе, лом ми ги направи фармерките. Си мислев да не оди бе по мене оти имам менструација? :^) :D И викам океј ајде нека оди само да ме докачи. И си поодивме така едно 15 метра, по една удолница, во темно, без ниедна куќа околу мене... :sweat: И ова што му стана, почна позади мене да оди и да ржи. Леле па кога си тркнав по удолницата, неможеше да ме стигне мрлачиштено. Трчав ко вампир по 2 метри чекор, плус па и на удолница. Фала богу што не паднав та не скршив некој заб. И така ви викам, за 8секунди стрчав до автопатот, што со обично одење едно 3 мин ке ми требаа.
    И доле на авотпатот едни стражари ме одбранија, оти на ова лудово куче уште 5 други му се насобраја и јас бев на средина меѓу кучињата, ја стојам на сред улица они лаат од сите страни.
    Ама фала му на бога што ме одбранија момчињата инаку сега во болница ке бев. :|
    После му кажувам на овој мојот а тој ќе се тршнеше од смеење мамето да му го е*ам. :fubar:
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Последниов период, многу сум замислена за се. Анализирам некои работи од секојдневието, размислувам...
    Знам можеби погрешно ќе бидам разбрана и сфатена и од почеток се извинувам за тоа.


    Од еден лекарски труд, на истакнати лекари од Германија, Русија, Хрватска... беше доловен само еден момент, што барем мене ме фати за око.
    Болестите се поприсутни денес од кога и да било порано. Факт!
    И тоа се е резултат на нашиот пад, на нашите свесни гревови (мое размислување).

    - Господ ни даде се, ни даде храна во изобилие, но ни рече јадете за да живеете. Сепак воздржувајте се од прекумерна храна.
    А тоа погледнато е грев, прејадување (чревоугодие).
    Ние денес немаме наситување од некоја храна. Толку ја јадеме со сласт и страст, што на крај да не остане, се прејадуваме.
    Автоматски, лекарки и научно, си ставаме болест. Си закачуваме дијабет, скоро 60% го имаме тоа, исто тоа е потешкотија за желудникот, цревата, па ќе добиеме некоја си бактерија, болести на бубрезите или можеби рак.
    - Господ ни даде да живееме и да се посветиме најнапред на духовното, па потоа на телесното. Ако имаме пари, размислуваме како да ги умножиме и си ставаме главоболки. Ако ги немаме, паѓаме во депресија и на крај тие што ги имаме ги даваме за лекари и лекарства. Така несвесно од таа грижа за постојано да добиеме што може повеќе, ние се разболуваме. Покрај духовно што паѓаме во очајание (што е грев), паѓаме и здравствено. Нервно растројство, болести поврзани со срцето...
    -Господ ни даде да пиеме умерено од се. Ништо не ни е забрането, а ние се опиваме. Покрај што е грев самиот алкохолизам и што е најстрашно за еден православен христијанин, ако почине во таа состојба тој се смета за самоубиец. Бидејќи свесно си го одзел животот, како резултат на своето прекумерно пиење.
    Но, од другата страна, од страна на науката и медицината, иако не станува збор за грев, сепак станува збор за порок, болест, кој го убива телото. Па, проблеми и болести поврзани со хранопроводот, цревата, бибрезите...
    - Господ ни даде да се множиме, а ние...
    Не ве обвинувам што го имате тоа мислење, не ме сфаќате погрешно, секој си прави за себе, но од моја гледна точка, тоа сепак е грев, па макар и било тоа една малечка точка од 2 недели. Да ја оставиме религијата на една страна, да одиме на науката.
    Погледнато од науката и медицината денес, колку само болести се добива од тоа.
    Страшни болести.
    Постабортилен синдром (психичко растројство), можеби и не до некоја мера на само оние кои се емотивни, туку и на оние кои се цврсти во тоа свое мислење, но сепак се тоа може да настане како една конфузност на хормоните во ораганизмот. Сите процеси се прекинуваат наеднаш и тоа резултира некаде. Потоа стерилитетот, инфекциите кои за цел живот остануваат, доживотните крварења (кои се се почести) ... И најважно, најстрашното, што од сите нас се крие.
    Според едно истражување наназад 100 години, на жени кои барем еднаш во животот ја прекинале бременоста, 90% од нив, сите барем еднаш во животот, се соочиле со најстрашната болест, ракот. И тоа рак на дојките и матката.
    Размислено подетално, ќе ја сфатиме вистината. Сите процеси се вршат таму, а потоа наеднаш се прекинуваат. Така тие кога-тогаш во текот на животот, особено по 40тата година, пред менопаузата, се активирале. Така настанува ракот.

    И заклучокот е само еден:
    Ние свесно си се истребуваме од овој свет. Свесно си ги создаваме болстите, помалку живееме на земјата и никој не ни е виновен за тоа, освен ние самите.
    Свесно се убиваме.


    Едит: Простете, но ова ми тежеше малку на душата и сакав да го извадам од себе.
     
    На sweet-star, stylishh, Miss.Ricci и 8 други им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Еден здрав муабет со членка од форумов ми помогна да сфатам до кај сум со животов. Благодарам!
    И така драги мои, ова е последното поглавје од патетикава.
    Согласно со последниот донесен закон за „секој за себе, сам па како знам“ си ја донесов најубавата и најправилната одлука. Небитно да кажувам која.
    Знаете, може на моменти бев слаба, бев спремна да попуштам за се` поради некои работи и/или личности, но кога ќе се навратам наназад, мило ми е што сум тука кај што сум.
    Јас сум ти прилично темпераментна личност, не ми е срам да кажам што мислам иако знам дека не е најпожелно, знам да се побунам кога треба, не се скротувам така лесно, посебно не ако не ми се даде причина за тоа. А досега, не ми се дала.
    Не знам да лижам газ. Погрешно ли е? Треба ли напразно да се умилкувам само за да се има убава, позитивна слика за мене? Пф, не сакам таква „совршеност“, чувајте си ја за лицемерни пригоди.
    Ќе ви треба, оти 99% ќе ги пројдете живеејќи во лажна претстава за себе и другите, благодарение на слаткоречивоста поттикната од неговото Височество - Лицемерието. :bow:
    Јас во тој свет не потпаѓам само за да бидам дел од нечии животи. Сменете се вие, ако милувате.
    Така да, кој не ме трпи ваква, комотно нека крене два прста доброволно, и ќе го сместиме во минатото, на претходната, испишана страна, а јас ќе си се префрлам на нов, бел лист да дишам слободно. Да не се мачиме и да не се лажеме, безвредна дрдорка сум, нели?
    Сите бараат искреност, а се лутат кога ќе им ја сервираш. Е ај...
    Погрешив, многу погрешив деновиве што пројадов лајненца кога не требаше. Нема да лажам, се надевав уште, мислев останало нешто...Но не испадна така. Напротив. Подобро да ме убиеја.
    Знаете, оние што ти значеле се`, на кои несебично се отворив целосно, и со доверба им дозволив да ѕирнат во најдлабоките мои рани, се дрзнаа да ги чепнат истите и да ме спуштат на ниво на проституткине, ко да мојата намена во нивните животи треба да се состои од тоа што јас само ќе треба да ќутам, да си ја завршам работата and nobody gets hurt, додека тие да се однесуваат ко макроа и да решаваат колкава ќе биде мојата улога и присутност кај нив. А јас ко безгласна буква да се сложам со било која одлука. Па да, јас сум без чувства, без мозок, без чест и образ...м?
    И сега кога јасно кажав што (не)сакам - Аш, ги снема ко да не ни постојам. Толку, отиде возот.
    Значи сепак небитни биле моите чувства и потреби, и само би била изиграна и фрлена ко парталче доколку сум подлегнела. Никој не се обиде да ми докаже спротивно од тоа за да би се борела.
    Само требало да бидеш искрен спрема човека и тоа било доволно за да ти изнакаже што мисли за тебе. Позади завесите од симнати ѕвезди за Miss Perfect, стоела вистински создадената слика за мене, а тоа била: никаква, лесноумна, простодушна, безвредна. Абе паразит.
    Сфатив што би се случувало понатака. Сфатив дека мојата искреност и добронамерност секогаш ќе бидат сфаќани ко најостри критики и дека секојпат скапо би плаќала за истите со по едно делче од срцево, со образложение дека сама сум си направила такво нешто. Од мене потекнувало се`. Да не била мојата голема уста, ништо не би било ко што е. А всушност, тоа било само изговор, оправдување затоа што се немало доволно храброст да се признаат грешките. Јас не сум ставила нож под грло да ги терам да прават тоа што направија. Лутината и збунетоста сум ги чувствувала и јас, но не ги користам ко оправдание, оти јас и само јас сум одговорна за своите постапки, па не знам која лутина нека е, никој не може да ме натера да направам нешто ако не сакам и ако знам дека последиците ќе се негативни, а ќе ги сносува некој што наводно ми значи. Но сето тоа ми било приложено на таков добро осмислен начин, што дури и самата верував дека заслужувам да страдам...
    Не можам да бидам бре резерва на лагер и да чекам да се донесуваат одлуки дали вредам, дали сум битна и дали да останам во нечии животи. Па чек ако не ќе ја испробаме привремено да видиме дали ќе успее да ни се допадне овој пат, па после по желба ќе ја задржиме или вратиме, нема чувства таа, нема планови, ќе чека наша одлука и сеедно ќе и` е. Што сум? Теле на сточен пазар па ќе се одлучуваме кое е поубаво и појадро, а помалку зјапа во шарена врата? |(
    Сега, гледајќи наназад, воопшто не ми е криво што сум дојдена до оваа точка.
    Единствено што ако ова им се вистинските лица, ми е криво што порано не сум ги открила за да би сфатила кај ми е местото, но и сега не е предоцна.
    Мене ме боли сега, но ќе помине брзо, а јас ќе си продолжам со искреноста, чисто да видам кој ќе остане на крај. Ако јас им дозволам да останат. :!:
    Доста влечев.
    Време е да се затвори последното поглавје од оваа книга. Последната реченица, последниот збор и до него точка. Па самата не си давам да започнам нова и поубава. Дебилче.
    Во наредната книга Каљопа ќе биде веќе созреана, „вамп“ женска со големи амбиции.
    Ветувам, ова е последниот екстра-мега-гига долг и филозофско-патетично, замараторски пост кој ќе го прочитате од мене. Не чувствувам веќе потреба од вакви исповеди.
    Одсега ќе бидам само весела и зелена, онаква каква што ме знаат и сакаат оние околу мене. А ќе ме запознаете и вие, ќе се фокусирам само на позитивните работи и со глупавиве изрази барем ќе се обидам да измамам насмевки на лицата кои се кријаат позади тие ваши монитори.
    Добро утро! :sun:
     
    На Johny, malechkata, zarah и 7 други им се допаѓа ова.
  9. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Дека сакам бело цветче, и точка! :rofl:
     
  10. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    СдК дека на неправилни временски периоди го отварам блогот на девојчето со панделка... и секогаш се пронаоѓам во нејзините стихови... Еве го мојот омилен за денес
    п.с. чудно е како некои луѓе поминуваат толку кратко врме во твојот живот, а оставаат толку длабоки траги...

    Бев твоја…
    … и сеуште сум.
    *А можев да бидам
    своја,
    сечија.
    ничија!
    Те сакав…
    … и сеуште те сакам.
    *А можев
    да се сакам себеси,
    да ги сакам сите други,
    да не сакам никој.
    Те имав…
    … и сеуште те имам.
    *А можев
    да се имам себеси,
    да ги имам другите,
    да немам никој.
    Те чекав…
    … и сеуште те чекам.
    *А можев
    да се чекам себеси,
    да ги чекам другите,
    да не чекам никој.
    Те барав…
    … и сеуште те барам.
    *А можев
    да се барам себеси,
    да ги барам другите,
    да не барам никој.

    ТЕ ИЗГУБИВ…
    и благодарна сум за тоа!
    Бидејќи можев ДА СЕ ИЗГУБАМ СЕБЕСИ!
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Попладнево е само мое :rock:
    ќе си пуштам телевизор, да да, телевизор :rofl:
    ќе се истегнам на спуштениов крвет у темнава соба, и ќе уживам у благодетите што ми ги пружа злобата која извира од мене пред да ми дојде. :emo: Бонакваааааааааа :rofl:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    И јас сакам да сум една од оние кои не се замараат за ништо... :|
     
    На kate21, Divinebutterfly, Peppermint и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    Средно, Чао :hai: , ќе ми фалат одредени луѓе, и незаборавните моменти поминати со класот :*

    The summer can finally start for me :party: :dance: :sun: :d: :d:

    Имајте убав ден :hug:
    Адиии :*
     
    На esperanca, Miss.Ricci, CIA и 7 други им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Пребројувањето трае....
    ...во темата Величествениот век два дена бројат кој лик колку луге убил :)
     
  15. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Многу ми жал што немам добри другарки .Ги нема оние времиња кога имав 15 години и кога секогаш преку лето се собиравме по дома .Во тоа време со голема радост правев сладолед од чоколадо и ванила со оревчиња и парчиња чоколадо во него,одбирав добри филмови за гледање и добра музика за слушање.Оддамна немам почувствувано пријатно дружење поминато во смеење,гледање филм ,грицкање чипс ,јадење сладолед проследено со кафе и интересен добар муабет било за мода,згодни момци,симпатии,дечковци,книги...
    Ете сега се сетив друго што сакав да кажам :D .
    Не ги разбирам луѓево кои велат аууу на одмор сакам да одам само со дечко никако со друштво, со другарки или поголемо друштво . Посебно ме нервираат повеќето кога ќе речат оваа нашава држава скапана пари нема,работа нема, не ни нуди добри можности |( . ОК бе застанете малку како прво животот си го носи своето прво се оди со другарки и другари ,со дечко ,па ќе одите пареви,потоа ќе одите со маж/жена и деца .Ама вие очигледно сте разгаленки и не друштвени па затоа така размислувате! |( Второ постојано нешто се кука пари се немало а отвори тема кај ќе се оди на одмор тие што кукаат и што ја плукаат државава како не им нудела можности и била сиромашна одат на одмор надвор од државава и тоа со години по ред а тоа и не е баш ефтинко најмалку 300 евра ти требаат за добар одмор или па нив париве од бинго им се или од небо им паѓаат .И да некои ќе речат работат и штедат луѓето .ОК де и јас штедам ,зимам стипендија ,моите работат штедат ама некако не заштедуваат толку многу за да одам на одмор секоја година впрочем никогаш не сум ни била на одмор некаде дури ни до Охрид и не се смрамам поради тоа .
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.683
    Допаѓања:
    37.742
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    • vnimanie.jpg
      vnimanie.jpg
      Големина на фајлот:
      70,7 KB
      Прегледи:
      229
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Не знам кој ми го избриша постот 25 пати, ама еве :clap: :clap: :clap:
    ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ. :drunk:
     

    Прикачени фајлови:

    • 5484846.JPG
      5484846.JPG
      Големина на фајлот:
      63,7 KB
      Прегледи:
      217
  18. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    ^ honorthyself
    Ова ти е од темата за атеистите.?
    Најверојатно те избришале затоа што си била офтопик.
     
  19. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Да, ама не бевме воопшто оф топик со дискусијата. И други се изнервираа. :)
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.683
    Допаѓања:
    37.742
    Пол:
    Женски
    СДК е не можам да си го сфатам ова бре па ајде просветлете ме ако не сум во право. До кога овој ФБ ќе биде ,,огледало,,на личноста. Ајде можев да разберам и голотии и изјавување љубови или не знам што и мајки со усните отпревртени ама тоа дека ќе ги сликаат свидетелсствата од дечињата на кои приттоа оцените им се описни Е ТОА НЕ МОЖАМ ДА ГО СФАТАМ НИКАКО БРЕ НАРОДЕ НИКАКО. До каде ќе одат со таа простотија ц.ц.ц.ц.ц.ц.ц.ц.....
    А ние што сме завршиле пред повеќе од 15 год. прво одделение со сите петки треба да ги скенираме свидетелствата? Прашвам само, гледам дека сега тоа е најнов ТРЕНД....
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.