[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Додека паметниот размислува, будалиот живее..
    или како и да е;
    нема за што да се нервирам напразно. Тоа денеска го сфатив, поубаво е кога си опуштен, насмеан и за ништо не ти е гајле. 8)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    E готово! Од денеска со некои луѓе вртам нов лист :devil:
    Па не се плашам од никого и ништо, како до сега така и натаму кажувам секому се во лице па што било да биде. Не е Кити глупава за цел живот да биде изиграна. ]:)
    Нека се плашат од мене :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило некогаш- нешто ептен, значи ептен да ви се засвиѓа а притоа поради немање време или пари моментално да не си го купите и после да ви иде да си касните од га*от? :rofl: :tmi:
    Така јас вчера во Скопје си бендисав римјанки какви што барам скоро две лета со ред и зошто татко ми беше на работа а мене ми беше мака да одам до Центар и назад Буњаковец да земам пари сега се гризам од мака! А и не беа скапи, лелееее ќе плачам жими се! Ќе си пукнам од желба по нив! Како ли да се мои? :tmi:
    Се надевам дека ќе ме чекаат до 4ти јули. :lol:
     
    На Champs.Elysees, Divinebutterfly, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ...ова е првото лето, после предолго изминато време, во кое ќе имам одмор и тоа не каков било, туку баш мега одмор, наредниов месец ќе одиме некаде на планина, а август цел месец Хрватска. Всушност, кога ќе размислам од дете не сум била на одмор, секое лето ми поминувало работно, или не ми давале да користам ни ден годишен одмор во летните месеци, или сум ги потрошила деновите од одморот за полагање испити на факултет или не сме се поклопиле со термините или финансиите со другите и така одморот секогаш успешно ме промашуваше, правев супституција со купување гардероба која едвај и да успевав да ја облечам, најчесто во ноќниот термин со хронична потреба за одмор, неспособна за забавни активности точка разно... Ама, овојпат ќе го експлоатирам во целост. За промена :!: .

    Друга промена е што никогаш не бев љубител на запознавање семејство и одење по дома во раните стадиуми на врската. А, сега баш тоа ми се случи. Ги знам веќе сите негови, што и не е изненадувачки кога три до четири дена од неделата сум кај него со преспивање, практично половина од периодот поминат заедно живееме заедно... Инаку и не ми се допаѓа баш опцијата да преспиваме по апартмани или хотели, како љубовници кои се состануваат тајно, сосема е подруго кога си во ист град... И за чудо сите овие промени не ми пречат, со него ништо не ми изгледа погрешно. Имавме мало недоразбирање, се налутив нешто, ми рече како и иронијата и сарказмот ги употребувам идентично како што тој би ги употребил и самиот, дури и подигањето на веѓата ни била идентична реакција... Кога се потсмирив, му реков дека тоа е една од најромантичните изјави кои сум ги добила (не очекувам случаен читачу да ја делиш мојата смисла за романтика)...

    И така, многу наскоро ќе отфрлам секаква технологија, на цели два месеци ќе се изолирам во неговата прегратка во различен бекграунд, ќе се натовариме со книги и ќе исполнуваме натфрлање норма при комбинација на задоволување на примарните нагони со интелектуална стимулација пропратено :mm: . Морам да надокнадам и за подзаостанувањето за предизвикот со книгите, јас не сакам да губам предизвици да се разбреме ]:) ...

    Сакав всушност да го обележам ова лето како лето на промените. И убавото е во тоа што не ме плашат, туку напротив дури сега гледам колку долго ми биле потребни одредени промени :) ...
     
    На zhap4e, sesilija, Champs.Elysees и 37 други им се допаѓа ова.
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Знаете штоооооооооо ?
    Мајка ми отиде во тоалет и направив се по планираното.

    Влегов во собата и ги наместив листовите со Среќен роденден ! Имаше салотејп на нив, само да ги стиснам да се залепат. Го одбрав тоа место бидејќи мајка ми спие на 3 перници и е скоро исправена со главата, па само што ќе ги отвори очите ќе го види.

    Чоколадото го ставив во една фиока и за накај него пишав топло, а на обратната страна ладно. Кај фиоката пишав - жешко, а на дргуиот крај - замрзнувач. Кај топлото имаш само два животи, а имаше 5 фиоки. Во секоја фиока имаше помало чоколадо, а во главната - Тоблеронето. Мераци со чоколадава.

    Книгата ја ставив во бањарката на мајка ми, знам дека секое утро се тушира откако ќе стане. Во џебот, поточно. Ја завиткав во ќесе за да не ја натопи. Ја купив Царциа од Шан Са. Како што кажав, мајка ми многу сака книги во кои се зборува за културата на некој народ. Оваа е вистински погодок.

    Се будам од некој што плаче. Гледам мама, од среќа плаче. Не ја изненадил никој волку од нејзиниот 20 роденден, дедо и баба нешто направиле.
    Мама среќен роденден ! :inlove:
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, kravce, la-chicka и 32 други им се допаѓа ова.
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уф, после толку време , после едно изгубено внуче :( , добив шанса да ви се пофалам дека станав тетка, и пресреќна сум! Да се надеваме дека ќе биде паметно како тетка му. :lol:

    Како што е редот... :D

    [​IMG]
     
    На Lov3, Plavusa.17, Chocoholic и 37 други им се допаѓа ова.
  7. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    Некои се подготвени да лижат задници, со надеж дека ќе го почувствуваат слаткиот вкус на животот.
    Зборувај ми за тоа..... :roll:
     
    На mims-89, zarah, esperanca и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ајде бе,на сите им пораснаа цицките,на моиве кога ќе им текне ?!? |(
     
    На kravce, kate-the-great, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Четири работи не разбирам кај девојки кои треба да се возрасни и зрели!
    Прво, фотографирање на храна и пијалоци,не ме интересира дали е инстаграм или милиграм. Кажи ми ја поентата?! Ако јадеш традиционално јадење во Узбекистан, па сакаш да го споделиш со своите пријатели, ок, да речеме дека те разбирам. Ама фотографираш цезар салата во Арабеска,Торос или колаче у О ла ла. Да речеме дека сите ние од Скопје и оние кои не се,можеме да го вкусиме истото.

    Второ, другарки кои заедно завршиле градинка па факултет,е сега заедно бараат прво пракса,па работно место. О,мислите дека ви верувам дека сте другарки?! Чувај го непријателот блиску до себе. Дааа,дааа... Или па еве да речеме толку се сакате и сакате да бидете постојано заедно... душо,вам ви требаат родителите кои лошо ве одгаиле,затоа пополнувате празнини со присуство на друга личност со која или заедно би успевале или заедно би пропаѓале. Ако едната е малку поуспешна,ви тврдам хани дека едната ќе се осети предадено. Тоа е тоа.

    Трето, антагонизмот меѓу жените. Не го разбирам. Искрено. Јас не сум лицемерна, па често делувам арогантно без да бидам арогантна затоа што АКО,не ме интересира или не ми текнало,а ме интересира како си,може и да не те прашам,како што некои имаат спремено инстант прашања у глава кои секогаш и на сите ги поставуваат зошто тоа е таа добитна комбинација на куртоазие. Ако ме интересираш, ќе се трудам околу тебе,ако не ме интересираш, веројатно ќе гледам ја завршиме работата која не спојува, учтиво да те отпоздравам и да се разминеме. Но кај жените постои една таква константна напетост па дури и ако треба да го спасуваат светот две жени,тоа нема да се случи од нивните помочани суети и злоба! Жените се злобни,сите до една,тоа е фактот и можете на нос да си го обесите. Не поаѓам од себе зошто ми рекле дека сум маж заробен во женско тело, ама и јас имам свои моменти на зоштонесумкакоИринаШајек, зоштодушонемиселигавиш, душомисејадесладоледодикупимиговеднаш!, сакамчевли-многу!, штосакакучканаод мене со тоа што последново произлегува од фактот дека увек бараат нешто,а начесто е курац! Квалитетен! А јас го немам!!! Да,да,да речеме дека вчера другар ми ми рече дека возбудувам жени кои се стрејт и стануваат лезбејки зошто сум карактерно нивниот замислен маж... Бајт дет бичеЗ! Тоа доаѓа од еден фин,културен и со здрав разум маж! Е сега мажите...веројатно се латентни гејови. А не дека си немам и јас бубачки ко и секоја нормална жена,кога естроген ме пука, ама има нешто како РАЗУМ и РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА.

    Ама сериозно жени,чуму тој антагонизам?! Чуму мржња?! Јас разбирам скршени ега,ми било, не дека не, ама не можам да те мразам ако има разумна причина зошто ти си изглегла подобра од мене во дадена ситуација. Тоа нема врска со интелигенцијата и способноста. Некогаш има врска со среќните околности или денот или пак дали те интересирало нештото или не,а некогаш и со...добрите врски! Животот е полн шанси,во кои најубаво би било да не се натрпеварувате со никого посебно туку со себе! Ве молам, за доброто на човештвото и вашите здрави деца!

    Четврто, мило ми е што многу од вас,па дури и мои врснички,созреаа со фемина. Мислам научија многу од неа,од сечии искуства,начин размислување, читање,слушање музика,стил на живот... Ама нешто да ви кажам... Она кое ја изградило Трендафилка,никогаш нема вас да се изгради, она кое ја прави Брајт таква каква што е,никогаш нема да ве инспирира вас, она кое ја исклесало Џули77, нема да ве клеса вас, она кое ја радува Рејнбоу,можеби нема вас, она кое го сака Пирамид, не значи дека треба да го сакате и вие. Утрово ја видов амплитудата на моето срце како застанува на 3 секунди, звукот (оној гаден,вистински звук на срцето,не она познатото туп туп туп) престана,почнав да плачам како мајка ми кога прв го чула како чука. Е тоа е тоа нешто кое мене ме натера да сфатам многу! И грешките кои ги правев постојано и постојано пред три месеци,повеќе не ги правам,зошто и тие ме научија на многу! Се каам...и се плашам. Прво се каам зошто си згрешив себе,а потоа зошто згрешив некому,не беше страшно, ама зошто пак да се случи?! Не беше од обест или омраза. Знаете зошто се плашам?! Затоа што луѓето не знаат да простуваат и да прифатат каење! Не морам да се извинам,зошто помина, не е ни важно,ама мојот морал и совест ме тераат,ме копаат од внатре да се извинам. До тогаш може нечие его ќе биде заспано,но во моментот кога ќе го направам знам дека ќе се разјари и ќе направи голема штета која ќе резултира со повреда. Немојте да мислите дека сте добри луѓе кои викаат дека простуваат, но не забораваат. Напротив,вие сте одвратни лицемери од кои патат многу. Полни со гнев. Не би ме болело да не бев таква. Сум таква, кога простувам,заборавам,не постои повеќе болката која ми ја нанеле. Ако не можам да простам го кажувам истото,но се трудам,многу се трудам да не ме боли, но не чувствувам гнев кон личноста заради суетност...
    Муабетот ми беше, во ред е воодушевеноста од форумските ликови,но нејзино проектирање во реалноста и црпење на некои идеи како да се ваши,е многу,многу погрешно. Потрудете се да бидете свои и од своите (не)прилики да извлечете нешто.
    Во претходните месеци научив дека со некои жени,никогаш не добив шанса убаво да се запознаам заради тој замислен лав-хејт однос и лицемерие меѓу жените. Не сум личност која сака да инсистира на разубедување на другата страна по секоја цена дека можеме да бидеме пријатели,ниту сум лицемер, ако не сака,не мора. Но смешното е тоа што,некои од нив ги препознав тука. Тука ... се почитуваме,дури и има меѓусебно воодушевување на моменти и убаво комуницираме, но ќе молчам,затоа што знам дека од моја страна нема да биде променето,дури и ќе речам,заради неможност да те запознаам,а и заради тоа што ми го збореа оние со кои можеби си имала разумни причини да не се сакаш со нив,па изградив лош став кој и не беше важен,онака,меех, не ми значи, што ми е гајле и не обрнував. Вака си супер,мајке ми. Можеби не би биле најбоље другарки,ама не се прави лоша личност со сила,само затоа што егото ти е гладно во реалноста. Зошто не си лоша,само...ете,ти фали потврда како и на повеќето.Ама видов како сме толку зависни единки.

    Да резимирам. Ако зборите за некого, немојте да мислите добри за себе. Ако мразите некого, немојте да мислите дека другата личност ќе ве сака, се што сакате е да ја видите таа личност понижена и непотврдена, а тоа кажува дека сте фрустрирани и искомплексирани,многу, до толку што никогаш нема да бидете смирени и среќни. Ако простувате,простувајте,немојте да мислите дека е исправно она ваше куртоазно,ок е бе,простено,уживај, болката ви стои?! Викате дека го памтите?! Вие треба да си простите сами на себе зошто сте лоши со себе! Во тој момент другата личност ве матирала,вие сте лошата и лицемерна личност која пак можеби и заслужила да биде повредена. И не можам да те вредувам правилно ако твоето поле на интерес е нечиј изглед или мода,а при тоа ти ги вреднуваш луѓето според тоа како се облечени. Следствено на тоа,можеби и логично е од вас да не очекувам да бидете добри луѓе. Ако ве прави среќни и не го наметнувате на другите,во ред е,уживајте во модата,ако веќе е филтер низ кој го гледате светот,тоа е жално.
    И знам дека некои од вас ги импресионираа сликите кои им ја врати вербата во човештвото. Но што вие направивте за човештвото?! Сето тоа лицемерие, непријателство, памти-па врати, глорифицирајќи се само себе и своите егоистични потреби да се биде прифатен над сите. Мојата која мразам кога ќе ја наречат социјалистичка идеја е... сите сме еднакви,до моментот кога некој ќе има легитимно право да биде наречен посебен и врвен. Прифатете го тоа дека има подобри од вас и дека не заслужиле да ги мразите кое пак за вас е дупол пораз. Ем сте неспособни,ем мразите,вие сте лоша личност.
    Не сме веќе малецки. Учете се да бидете здрави индивидуи на кои не им треба потпора од никого. Реално,не сме повеќе кревки пауљици. Правете она кое што сакате да го правите и не замерувајте на туѓите желби. Кога не би го правеле со цел да уловите внимание,верувајте никој нема да ви замери, може само да ви се воодушеви. А ретко на кој на светов ако земеме во предвид дека сме 6 милијарди, му е важно каков ручек сте изеле или како си поминувате некаде еве во овој момент,а ако тоа го правите за да им дадете на знаење на тие што би им значело,секако дека не би го направиле тоа на социјална мрежа... ќе го направите утре на кафе и муабет,а можеби и заедно во моментот се забавувате па практично и да нема кого да известите како тоа лудо се забавувате. Пораснете и станете луѓе, ве молам. Највисока амбиција нека ви биде тоа. Ако ве прави среќен на 23 да бидете во брак и да имате дете, да си најдете работа и да уживате во тоа,направете го,ако сакате да бидете слободни до 30 и да правите работи кои ве прават среќни,во ред е и тоа,не дозволувајте да ви го диктираат темпото и начин на живот, зошто ве фрустира и ве претвора во монструми. Ако не ве прави среќен,може да трае месец-два и веќе потоа да се откажете,па дури и да се почувствувате како губитници,иако ви е олеснување.

    И така,среќен вторник! За прв пат! Жива!
    И извинете на долгиот пост!
     
    На Chocoholic, Phyramide, sweet-cherry и 32 други им се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Уште од мала, ако зацртав нешто, мораше да се добие/постигне само тоа и ништо друго. Не прифаќав никаква замена, ни подобра ни полоша, само тоа што јас го сакам, што јас сум го замислила. И чекав. Чекав додека го добијам мојот прв мобилен телефон додека буквално секоја жива единка околу мене имаше таква направа, чекав зошто јас не сакав обичен, си имав замислено телефон кој беше моите не можеа да ми го дозволат. Ама ако, јас си чекав. И на крај, пак морав да се задоволам со стариот телефон на татко ми. Ама затоа неколку години подоцна, си добив каков што посакував. И не е работата само за телефонот, за буквално се во животов се фаќав ко слеп за стап и немаше откажување ниту пак залажување додека не го добијам. Секогаш јас си бев со празни раце, ама тркалото полека се вртеше и јас пак си добивав тоа што сакав.

    Гледано од оваа перспектива, си мислам колкава будала сум била, што им фалело на другите што си земаа се што можеа, си одеа среќни а јас си туфкав во себе додека дојде и мојот ден. Се нервирав за глупости.

    Ама важно научив дека вреди да чекаш за нешто што сакаш, задоволството потоа не се опишува. Можеби ми изгледа како да ништо не оди во моја полза, ама барем знам дека после јас ќе бидам таа која ќе им се смешка на другите. Секогаш е така.

    Е сега ниту јас не знам што чекам. Немам никаква замисла и пак сум со празни раце, пак не земам тоа што можам, туку чекам некое чудо да излезе доволно добро за да се присвои.
    Квалитет пред квантитет, ама што кога квалитетот е веќе избледен.

    Туку мене ми се забегува на некоја плажа, или базен, да си легнам да се сончам, ма и да се испечам, па потоа да се шлапнам во водата, па пак да си се греам на лежалката, да си шмекнам некој убав момак, да си го ставам остатокот од светов и животов на игнор и да си го одморам мозоков. Еве ваму да бидам доволно ќе ми биде :wasntme: http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/na ... vo-svetot/
    Теодора блазеси ти, ај земи ме и мене на одмор :$
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... Ваууу Лилит мор :whew: , ме измори :wasntme: ... Ами што е тоа што ме исклесало, м? :?: :angel:
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Сте го почувствувале она треперење кога од некои песни ќе ви се изострат и надразнат сите сетила дури до точка на некаков sexual healing? О Боже, трипам!
    Многу сум тешка кога ќе се опседнам со еден артист.
    Се заљубувам во звукот, ги затворам очите и му дозволувам да ме прошета низ неговите предели.
    Не му треба никаков текст да ја долови магијата на тој негов многу чуден свет. Напротив, текстот би бил само вишок. Ме води низ свет од иднината, полн со старински шмек. Осамена колиба на врвот на ридот прекриена со магла, мирис на свежа трева и допир на мистерија, а подолу рекичка која трепери на звуците од мелодијата. Мммх!
    Баш нешто вака. (Не ми изледа ко свежа трева, али да се преправаме дека е! :D )
    [​IMG]
    И заедно освојуваме тврдини.
    [​IMG]
    Yes please! Take me there! :inlove:
    Признајте дека душата би им ја вдишиле на местава!

    Ја обожавам онаа мрачност и мистериозност во ваквите места, а мелодијата само додатно ми ја доловува атмосферата, исто ко да сум таму и го вдишувам тој остар воздух измешан со честичките на минатото. Мириса на борба, на гордост, на страст, слобода и таинственост.
    Низ тие предели моментално ме шета мојот тако звани Bucky.
    Одамна ми е меѓу омилените, ама еве, има периоди кога не го тргам од плеј-листа.
    Сега чувствувам дека долго време нема да се тргне од таму. Ми годи. :lol:

    Ах бре, би му дала да ме силува со таа гитарата.
    Ма кој бре, јас би водела љубов со секоја нота што излегува од неа.
    Кога ќе ги здрма оние дисторзии, Светиот Еротизам го живеам, жими мајка!
    Од спори, афродизијачки ноти до heart-pumping шредови. Ма веќе се осеќам силувано.
    И сакам уште....и уште...и уште!
    Ќе одам да си легнам, сакам да ги сонувам тие предели пропратени со музиката во позадина!
    А и некако се занесов со замисливе, па не е многу на арно, м? :wasntme:
     
    На crazylady, mims-89, Monroe и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... како што растевме заедно со братучед ми, две бесни дечишта, дел од бандата Нинџа желки, дел од екипата на Хи-мен, заедно крадејќи мастики од локалната продавничка, он вешто играше џамлии, јас бев ко некој Кербер на џамлиското ќесе, посебно горда на таа моја функција, во главата ми играат два омилени моменти од детството, кои рака на срце, не сум ги видела воопшто кај денешните дечиња.

    Момент број 1, мајка ти ќе те плесне убаво по задникот (оти газ душа нема, да се разбереме) и ти се вртиш накај неа, со некоја одредена доза на ароганција и пакост и мирно и соопштуваш - Ќе видиш ти на тато! :!:
    :D
    Мислам, која е логиката на заканава, тато ќе се врати од работа и ќе ја исплеска мама по задникот за казна?

    Момент број 2, мама тука побеснува, црвена во ликот ко луто пиперче, ти мава уште една по гзот кој нема душа, а ти и' се вртиш и крекаш гласно - Не меееее боооооооооолиииии, не ме бооооолиииии !!!
    Па и јазик плазиш. :P И се смееш како недоквакан, а уствари гаќите ти чадат.

    Абе само дете да си.
    Убаво рече другарка ми пред некој ден - животот денес ми е срање, ама имав најубаво детство.
    :)
     
    На eli25, JuLleE, Phyramide и 33 други им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Девојки ви благодарам најмногу за честитките,ми го разубавивте денов. :rofl: :* :* :*
    Повелете да почастам... :*
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, crazylady, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.865
    Допаѓања:
    203.000
    Пол:
    Женски
    Се обидувам да бидам силна, да не покажам слабост, ама тешко ми оди некако... како наближува денот, не ми е повеќе лесно да велам дека можам да издржам сама, ќе поминат и овие три месеци...

    Ми се чини дека никогаш повеќе во животот не сум сакала да дојде септември... секогаш сакав летото да трае и трае, а сега сакам утре да се разбудам и да биде есен...
     
    На slavica999, zarah и Peppermint им се допаѓа ова.
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Денес решив да си ги проверам моите готвачки способности и да ги ги изненадам моите со тоа што им подготвив ќофтиња од тиквички и превкусна салата . :o :D ваква беше реакцијата на мајка ми кога ме виде со престилка на мене во кујна како ги подготвувам дури и праша да не планирам да се мажам па сум почнала да се учам да готвам .Мило ми е што е задоволна од мене ,рече дека се превкусни .Ветувам дека почесто ќе готвам .
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Можно е се да заврши... помина полагањето готово... уште да не ме болеше стомакот и се совршено ќе беше. Биологија си положив со 5ка 8) и сега се чека да помини оваа недела со нетрпение :lol: па да почнам да се пакувам за Закинтос. Лелеее одвај чекааам
     
  18. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Ми доаѓа на моменти инспирација да пишувам на темава ама од жешково брзо ја снемува... :sweat:
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    45.437
    Пол:
    Женски
    Убаво е чувството кога добиваш оценка во индекс, по предмет за кој си мислел дека ќе те изнамачи уште години додека положиш.
    Признавам никогаш не ми иделе ни математика, а пак да не зборам за физика, мене повеќе ми е развиена креативната страна на мозокот...логиката ми била страно чувство, така било секогаш.
    Горда сум што бев прва на списокот со највисока оценка 8ка, а не очекував ни 6ка.
    Па сега се преиспитувам дали свесно цело време се убедувам дека не ме бива па тоа ме докрајчува или имав чисто среќа.Како и да е фино е чувството, иако знаев уште пред недела дека положив, сега вистински завршив со физика.
    Ми остана еден за август и нема да бидам прваче повеќе, официјално.

    СДК и дека многу ме нервира кога ти се најавуваат гости, па потоа откажуваат.
    Значи јас во Скопје цел ден се мавам натаму-наваму на 30+ степени, ненаспиена зошто легнав во 4h ми се најавуваат дека ќе ми дојдат на кафе две другарки од средно, во ред сакам да ги видам нека дојдат. Со последните пари кои ми беа да си купам нешто за јадење, купувам сок и грицки, трчам дома да потсредам зошто сабајле направив хаос, ми се тресат и нозе и раце од умор и од нејадење и седнувам кога завршив и тие ми ѕвонат, како имало промена на план да им извинам неможеле денес, ако сум била слободна утре, е викам молим лепо не сум.Не дека имам план ама така ме изнервираа, јас сакам почитување на договор.

    И уште нешто.
    Синоќа бев на роденден, на најдобар другар на дечко ми.Во природа, свежина, мезе и пиење и добро друштво, барем дел од него и сето тоа ме натера уште еднаш по толку пати да сфатам дека јас и тој по сите успеси и падови кои не биле малку, се држиме најсилно.
    Колку ми се топли душата кога додека зборувам со друг пар, а тој со друг си ги бараме рацете под маса, несвесно.Јас не се срамам да го бакнам во чело или гушнам пред сите таму, одвреме навреме, тоа за мене не е лигавење, туку потреба да му кажам без зборови колку го сакам.

    Не мислев дека некогаш ќе љубам толку силно, а љубам веќе години.
     
    На kravce, Bright, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Нема нешто полудо од правење филмчња во глава ко 6то оделенче.
    Денеска цел ден ми се увртеа низ низ глава луди и доста смешни филмчиња.
    Имам толку бујна фантазија, Стивен Спилбег не ми е рамен.
    Цел ден се смешкам, самата со себе, ама секој да би ги имал овие филмчиња би се смешкал.
    Само поука од се што ми се случува дека кармата ме УНИШТУВА.
    Ах јас и таа моја проклета уста.
    Само пороткалово да не стане мојата омилена боја :rofl:
    Сама на себе шегата си ја бијам.
    Се одјавувам денес, и психички и физички се спремам за моите нови утрешни должности, поздравени бидете, и пазете каде фрлате на улица,
    they are EVERYWHERE ]:)
    [​IMG]
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.