Здраво девојки,се надевам бар дека некоја учи тука.. Ме интересира за смерот деловен секретар какви се професорите и дали е тешко,дали сеуште има Сметководство и Статистика? Ви благодарам.
Не учам тука ама завршив на овој смер, професорите кој како, некои се супер некои не, дали сега е сменет некој не сум запознаена. Во главно не беше ни лесно ама ни ептен тешко, сепак тоа мислам е индивидуално. А сметководство и статистика нема на овој смер, тоа го имаа економските класови
Воопшто не е тешко јас завршив во Моша само економски техничар професорите се срцки, со малку учење се постигнува голем резултат
И јас имам завршено тука на овој смер,професорите се супер исто и предметите се интересни и нема ни сметководство,ни статистика дури и математика има само две години во 1ва и 2ра Ако нешто друго те интересира слободно прашај
Ти благодарам многу,ако можеш накратко да ми кажеш какви се сите професеори од понудените што ги има, и колку бараат во таа смисла - ти благодарам <3
Jaс учам во Моша деловен секретар и сега сум трета година. Супер што си отишла правен смер зошто многу е полесно и имаш само 2 години математика. Во глобала сите професори се добри не бараат премногу освен 2-3 кои што сакаат баш се да им кажеш од А до Ш како во книгата ама и тие не се некои престроги туку си бараат знаење. Е сега зависи кои ти се паднале. Има една многу добра професорка Елисавета се вика, предава Устав, а може и Право да ти предава си се мења она а и многу други професори предаваат по 2 предмета, сака знаење и често испрашува. Кај нејзе тестови само на полугодие и на крај, ама не е цел материјал. Може да ти се падне еден Филип по Бизнис, човекот ништо нема да предава на час само се зеза со ученици и дава тестови ама може да се препишува. Ајде јас да не претерувам. Ако дозна денес некој од професорите кажи ми ако ми предавале ке ти кажам какви се. ПС: Кој ти е класен/класна??
jas sakam da prasam bidejki mnogu prebaruvam i nikako da najdam,vo arseni jovkov so kolku poeni mozesh da se zapises??? D
Во Моша е лесно да влезеш.. Не се битни поените, и да немаш многу поени ќе те стаат таму некаде последна на листа, али тоа баш и не е битна ствар. По мое ја ти кажувам да не се запишуваш таму, пошто сега завршувам државната матура ни е и школото е ужашшш!!.. Све се дознава за 20 секунди. По мое немој да се запишуваш таму Па сеа ти ако сакаш да идеш твое си е...
Ќе може некој да ми каже дали би ме примиле во Арсени Јовков една година поминав многу добар а другите три одличен. Благодарам однапред.
Znaci sakam da se zapisam sredno mosha i sega sakam za smetkovodstvo i sakav da prasam dali e tesko i koj smer e polesen?
Има ли некој што учи тука, каква е наставата, професорирте, децата, се запишуваат ли многу ученци, ве молам за одговор
Во Арсени секогаш имало многу класови и ученици. Знаеш, имаш 2 смера, правен и економски. На правен првите 2 години имаш математика, на економски сите 4. Квалитетот на наставата е опаднат, професорите се секој различен. За роа какви се децата, зависи генерациски. За жал, Арсени е познат и по насилство. Многу агресија и тепачки.
Јас завршив тука, и пак да требаше да се запишам ќе се запишев тука. Класови имаше многу, бевме 12 македонски класа. Од другата страна има уште неколку албански. Јас бев правен смер. Не знам кои професори се сега останати, тогаш беа сите добри. Насилство, тепачки за тие години кога учев јас немаше некои значајни, освен некои безазлезни закачки. Мене средношколските денови поминати тука ми беа најубави.
Јас завршив во моша, ич не е тешко, кога ќе ми текне дека имаше пред крај на година со 11 единици и пак поминуваа... Буквално, срамота е во моша да се падне година, затоа никој и не паѓа... Нема некој квалитет и да е строго, ако сакаш построго и на некој начин квалитетно средно имаше друго економско заборавив како се вика...
Дечки фала ви многу за информациите, само имавте ли некои проекти во други држави , воннаставни активности, екскурзии, каде?
Како не паѓаат, кај нас двајца дојдоа што имаа паднато година за лесно, мене не ми беше баш лесно, можеби зашто целев кон сите 5ки да ми е сега овој паамет немаше толку да се замарам за средно