Барав ваква тема на форумов но не пронајдов. Ако е дупла слободно корпа. А и незнам ни дали сум ја погодила категоријата ама незнаев каде да ја отворма темава. Епа вака....тука ќе бараме и пишуваме СМС пораки за сите случувања, пр. роденден, матура, полуматура, честитање на празници, дипломирање, венчавки, нови врски, пораки за додворување, пораки со кои се посакува среќа пр. пред испит, тест, пред љубовен состанок итн. итн. Ете јас ќе почнам прва. Утре другарка ми има приемен испит за запишување во средно. Сакам пред почетокот да и испратам некоја креативна порака. Порака во која ќе и посакам среќа на приемниот. Ајде кажете некоја порака која ќе можам да и ја испратам.