Да ви се придружам во клубот.. Физичко не знам да трчам правилно, а камоли па да играм некој спорт, тешко мене ќе биди ако одам во горната И германски имам петка ама тоа е колку за оценка, инаку појма сум, две реченици не можам да составам... Ама океј, simonna.a малку ме разубеди, пак доаѓа во предвид горната... Има време бе
Епа ако ни предава Кармата трите ќе си имаме најниска отценка по ФЗО. .А вие малку поголемките кажет по мак,по мат и другите наставници какви се. По тоа што сега секој се запишва Горната сигурно не е како што беше на времето.Мама кога учела многу и било тешко,многу за учење,а и наставниците запишувале ако во училница влезеш само 1секунда пред да влезел наставникот и директно неоправдан
И од мајка ми слушнав по некои лоши зборови од кармата.Не и предавал неа сигурно, али бил прав деликвент, лош човек, не строг туку лош.Па ќе размислам два пати пред со умисла да заборавам опрема како шо правам сега, и дали ќе се преправам дека имам меснтруација.Иначе сега во март коа се општинските ракомет горната ќе идам да гледам, па секако на кармата ќе наидам,знам минатата година многу ни се дереше на нас што бевме на трибините, страв дури да те фати. Иначе не е сега толку страшно горната колку што знам, порано нормално било построго, сеа пак е тешко и посериозно али ништо страшно.
Ejj ne se plasheteee gornata e neshtoo sosem treto od to sho go slushate. Jas sum 4ta i nema zboroj sho mozhi da se opishii druzhenjeto so decata tamu kako prvo. Vtoro ne se znaj dali karmata ili mishe kje vi predava oti lambro odi podpenzija pa mozhii i da dojdi nov profesor i da e dojdi ne treba tolku da se sekirate za niv, drugo lenka po germanskii bara uchenjee, ne deka ne pishi ocenkii ako si uchish kje si imash 5 ako ne nema .. Ljupataa ne e validen hahhahaaha so nego lesno vrvitee oti nema so nego normalen chas odrzhvanje hahha neznam za ovie profesori vidov deka zborate ako neshto ve interesira prashajte slobodno!
Готово , со тешко срце одлучувам Горната, иако мислам дека ќе пропаднам од учење зашо мене мие тешко да фатам книга 15 мин во цел ден, а не па гимназија.Да имаше повеќе избор би ја шутнала горната без око да ми трепне, али вака ништо, морам. Со наставниците не сум воопшто запознаена, иако иам другарки некако мака ми е нонстоп да ги прашувам за наставници и такви работи,иако знам дека повеќето се клети хаха :Р
Горната ти е убав избор...да ти кажам само дека понекогаш иако во саботи-недели не се учи,учењето ќе си тера и во викендите,еве јас и понекогаш во сабота/недела учам по 3-4 предмети... Крајот на прва година ќе ви даваат изборни ливчиња за предмет со оценка... А сега ќе ви дат ливчиња за предмет со потпис само..како задолжителен предмет од лани или нз точно е Иновации и претприемништо,но не се пиши оценки таму... И во трета се знај-почнуваат смеровите... Ако се запишите тука,кога подобро ќе ги запознаете професорите-сами ќе си видите дали повеќето се клети или супер профе.... Имате уште време за запишување каде..убо е да си се распрашуваш за средните училишта
Кога веќе сама си кажа дека не те влечи медицина или економски науки најубо ти е да одиш во гимназија. Само твој е изборот дали ке одиш горната или долната. Мој совет е да си дојдиш горната ете си била со 5, ама не си била спремна за многу учење. Не значи дека треба да останиш над книга напротив сите професори многу убо предават и можиш да научиш барем пола на час,секако ако пратиш. Не е тешко освен ако сакаш да се истакниш.. во ред е и по некоја 4 или 3. Понекогаш не треба само учење туку да знајш да се изразуваш, сигурност во тоа што го зборуваш. Најдобар избор ќе ти биди оти има репутација, добро име и сл.
i jas ke se zapisvam gornata oti dolnata ne doaga vo predvid ekonomsko icc medicinsko uste pomalce stopansko i zemjodelsko ne ni razmisluvam. ama sakam da znam koi nastavnici ke ni se padnat nie so ke sme prva godina. slusam gegrana po mat ke bidi i za dr nzz ako znaj nekoj neka kazii
https://www.youtube.com/watch?v=pXG2m3FbvfU прејако е видеово дечки искрено да ви кажам,не дека учам горната,ама прејако ми е... иначе не можи да знајш кој ќе ти предава у прва...Мене на пример можеше Ирена да ми се падни по мат,ама ми се падна Наташа и плус класна ми е....убо е шо си одбра горната,тро поќе ќе учиш,ама немаш гајле кога се сака се се може мор Може било кој професор да ви се падни,сега мешаница ќе има дека ќе не одредваат по смерој и дали ќе останеме истиот клас Господ знај и не се знај сеуште кои ќе му се на прва година... А кога ви е уписот за средно?
Да ве прашам нешто... Вака јас годинава ќе се запишвам горната. То е сигурно уште,кој знај од кога .. E сега имам дилема. Дали да запишам германски или француски? Германскиот го учам веќе 3 години.И добро ми оди . Ама сакам да научам и француски.Незнам зошто,ама сакам да научам.И плус некои деца од генерацијата одат на француски . И сега сум во дилема. Каде е полесно на германски или француски?И дали француску почнуваат од почеток да учат?
Вака сега..јас во горната учам две еве веќе од септември три години...Учев француски и продолжив со француски и француска паралелка сум..прелесен е францускиот и се почнува од почеток,од бројки,букви,бои,форми,граматика,прва година се почнува од шо си учела седмо таму..ако ти предава Елена(во случај да се определиш за француски)ќе ти биди интересно и плус ќе научиш од неа,а ако тераш на германски мислам дека Ленчето ќе ти предава,е таа тро построга...иначе прелесно е француски,моја препорака е ако сакаш да го учиш јазикот да си ојш бидејќи интересен е,иако треба многу кршење на јазико за да му го погодиш акцентот,ама никој не се родил учен,нели? Е сега уште нешто за францускиот.Ако одбериш француски имаш повеќе можности: 1.француска паралелка 2.мешана паралелка-пола француска пола билингвална 3.билингвална паралелка Третата опција ти е шо пола предавања ти се на француски,а пола на македонски и огромна можност и предност да одиш на екскурзија во Париз,Епинал или било каде во Франција.И пола професори ќе ви предават вас,а со другите класови пола заеднички вака на сите класови шо предаваат. 3 паралелки сме засега на француски шо се определивме.Едната е билингвална,другата(класот во кој сум јас) е француска(наставата е на македонски јазик,а француска е оти француски се смета како втор странски јазик,а англиски како прв,а кај билингвалната е прв странски јазик францускиот,а втор англискиот)и третата е мешана-француска-билингвална Останатите три паралелки(бидејќи вкупно сме 6 класој) се шо учат германски... Иначе и за германски се почнува одново,то ест од почеток. Мислам дека ме сфати шо кажав,па се надевам дека ти помогнав во решавањето на дилемата
Прво планирав да се запишам приватно т.е моите сакаа но пошто сите мои другарки се запишаа горната и јас нормално се запишав.Училиштето е преценето и сум пишман што се запишам,кадарот на професори е катастрофа со исклучок на некои,на час доаѓаат како под примора не дај боже да им речиш не разбрав нешто да ти повторат,од тоа што порано било нема ништо,90% од учениците се запишаја за да ја носат ЈБТ униформата,нема никаква дисциплино исто и немаат толеранција ако отсуствуваш.Јас сум крајно разочарана од школото.
Да ве прашам:Дали е веќе одлучено кои ќе бидат класни?Дали класовите се веќе направени?Кога ќе дознаеме во кој клас сме?Дали на врата ќе пишува или???
^ Во мојот град во гимназијата класовите ги прават некаде кон крајот-средината на Август,барем така јас имам слушано па мислам и дека секаде е така. Иначе ќе дознаете кој во кој клас сте првиот ден кога ќе појдете в гимназија ќе излезат класните раководители и ќе ве читаат со ред.
Понеделник е денот. Едвај чекам да почнам искрено, возбудена сум премногу и имам големи очекувања за гимназијата и кадарот.Па ќе видиме. -Со среќа нека ни е. Спојлер чупињата од горната