Се покаив милион пати што се запишав тука, еех не го послушав тато да си одам во некое полабаво училиште. Тука од книга не сум станата и едвај 3ки се добиваат, а денес математика тестот чиста двојка ми е, ако се отепав од решавање. ај нека оди у ку*ац.
Душо и јас то го реков...но почекај секој почеток е тежок,после ќе го бараш средното како Диоген шо бараше со фенерот.И јас се покајав,но сега доцна е и се навикнав.Ќе ви попуштат,не се до толку строги,полека само.Се во свое време....слушај од искусните
Јас учев во ова гимназија и потполно се согласвам дека не е то шо беше ама уште важи за едно од најдобрите средни училишта во Македонија.Искрено тешко е...и строго ама за некој шо е интелегентен и дисциплиниран нема да има никакви проблеми...има некои проблематични професори...ама кај ги нема?Има професори многу шо барат,има професори шо без размислување ке те пуштат на класен испит,со 7 неоправдани ти прат записник,кај некој професори мораш да имаш униформа итн...ама ве увервам во то дека добрите работи за гимназијата се помногубројни одколку лошите...пример друштвата и пријателствата шо ке ги стекниш тука ке ти останат засекогаш и по 10 години вие ке си се берите на кафиња,на јадење...Секогаш има најмногу можности за размена на студенти...и има мнооогу предобри,разбрани и невероватни професори шо ке те напрат ти да му го сазакаш предметот и да го учиш со цело срце..Јас сметам дека многу созреав и станав добар млад човек благодарение на Горната гимназија и да имав пак можност да се запишам средно...без размислување повторно ке се запишам таму..
Da ve prasam sakam da se zapisuvam tamu vo bitola dali e vaistina deka vo josip broz bara pojce ucejne od taki daskalo I dali ce zgresam ako se zapisam tamu
Колку поени треба за да се запишам во горната? Во 6-то одделение сите ми беа 5 и ивам само една четворка по историја. Во 7-мо одделение сите ми беа 5ки. Во 8-мо одделение,се надевам дека сите ќе ги направам петки. И во деветто се надеват сите петки со 2-3 четири. Btw:имам добиено и 1,2 дипломи за учество на натпревари. Ќе може ли да ми кажете како се пресметуваат поените? Ќе ме примат ли во горната?Ве молам брз одговор..*
Вака сега...Во Јосип Броз Тито овде учењето,мислам принципот е ист со долната( то ест Таки Даскало).Зошто?Па двете училишта се гимназии.Порано од долната излегоа јаки ученици,како шо излегуваа од горната.Е сега горната си го има она како имиџ да речам,дека е прво во државава од минатата година со матурата и дека тука учеа членови на МАНУ,некои партизани/партизанки и излегуваат најјаките ученици.Тука,во ЈБТ Битола бараат малку повеќе учење и некогаш се строги,некогаш не се професорите.За учење има доста многу вака даваат,ама кога ќе се навикниш тоа ти е.И ете следната година сум на пример матурантка.Знам дека можев да одам во другите училишта,но и во ова училиште во кое бараат премногу,пак ќе си го барам.Училиштето не го прават лошо учебниците(добро има материјал обемен) или професорите,туку зборот ми е дека без ученици училиштето ќе е никакво.Уште на самиот старт ќе сфатите ако сакате тука да се запишувате дека во горната се бара учење,а ако има некој навика во средно да не учи,нека не учи,негов проблем.Имало,има и ќе има смешни моменти,интересни предавања и слично,е сега ако сакате повеќе да учите запишете се тука,иако мислам дека и во долната е исто,но овде е демек ако се запишиш горната поубо било ова она.И!Голем плус ви носат награди ако имате по математика,физика,англиски,историја, оние потешки некои предмети таму.Единствено дипломи,ова она не се признаваат за натпревари по физичко,музичко...јас кога се запишував пред околу 3 години беше така.И за да се запишиш треба минимум 60 поени,а со натпревари како шо горе споменав,доаѓаат како 70-80 и нешто поени.Сега вие размислете си убаво и донесете си права одлука.Решението е ваше. Се надевам ви помогнав во прашањата,иако не ви одговорив најбрзо шо можев
Здраво дечки искрено дури ги читав коментарите се изнасмеав ете да ви кажам на кратко за тие шо сте во дилема дали да се запишите во горната јас таму 4год ДА НЕ СЕ ДВОУМИТЕ најдоброто училиште НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ ако се запишите во горната и јас се двоумев и ги слушав другите оред да се запишам ама сега и 100пати да се врати времето би се запишала таму... Појкето велат не одете горната кармата е таму хахахаа па не јади луге кармата можам да речам дека е еден од најдобрите професори само си бара ред и дисциплина...ако сакате дасе здобиете кполку толку со знаејне,забава,дружејне,незаборавни моменти ГОРНАТА е вистинското место толку од мене се надевам барем малце ви помогнав да го напрајте вистинскиот избор
Значи за утре да ве прашам,да се осигурам да не слушнав погрешно, прва и трета година се од поручек а втора и четврта од сабајле така?
Ете првата недела помина. Годинава сум прва година во горната. Пред да почниме многу ми беше страв за се професорите, учењето и сл. ама всушност професорите по неколку пати ни напоменаа да прашуваме за се она што ни е нејасно, не се тие некои вештери, добронамерни се. Емилија по музичко некако чудно делува ама ќе се привикниме и „кармата“ на прв поглед изгледа сосема нормално-си бара чоекот дисциплина. Љупата како во некој друг универзум да е сите се воздржувавме на првиот час со него. Класот ми е супер, сите се пријателски настроени, нема некој кренат во облаци. Уште се гледаме како странци ама ќе помини и тоа. Има многу кои се преместуваа од нашиот во другиот клас и обратно па сеуште постои можност за нова замена. Се надевам дека овие четири години ќе бидат незаборавни и едни од подобрите години во мојот живот.
Емилија е најсупер...ми има има предавано во прва и втора година.За Љупата ич да не му ја мислиш,така си е тој супер чоече,е да ти предаваше Ламбро...Се ќе биде ок...понекогаш и не ок...ама главно ок...
Случајно налетав на темата Јас пред 5 години завршив во Горната и сакам само да им кажам на сите што се двоумат дека Горната е прекрасно училиште. Мене таму ми беше дури и многу подобро од на факултет. Да, бараат малку повеќе учење, но не е ништо страшно. Јас 4 години врвев со сите петки и не, не седев само дома над книга туку успеав се` да правам и да учам и да се дружам и цело време да бидам излезена. Еве гледам повеќето професори се истите што ми предаваа и вистина е дека некои си се малку потерсене ама битно е да научите секој што бара и на почеток да се покажете па ќе немате мака Јас и ден денес кога врвам кај Горната душата со радост ми се полни и се чувствувам дури и гордо што учев во такво училиште. Ех да можев, сега пак ќе се запишев таму. . .
Колку неспани ноќи,колку главоболки,колку смеа,колку нерви ми пробуди таа горната...ако... сакам по добро да те памтам лошо се да заборавам...