1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СПРАВУВАЊЕ СО ВЛАКНА ПО ЦЕЛОТО ТЕЛО

Дискусија во 'Канта' започната од osmatetratka, 21 април 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    Намерно отворив нова тема, иако знам дека постојат повеќе теми со слична содржина но одделно. Пример посебно има за интимна депилација посебно за раце за нозе |-) а на секоја тема по еден коментар да пишам нема да добијам комплетен одговор и пак ништо :|
    Па затоа одлучив нова тема каде можам најточно да си го опишам проблемот и да добијам комплетен одговор.
    Па, вака значи си мачам маки од кога добив од кога се развив со влакнетоста..насекаде се тие ужасии. Ги имам ситни по лицето на кои обично не обрнувам внимание , на челото НАД УСНИТЕ е таму не само што се ситни туку се и многу бројни и големки приметни.. имам и на телото на градите на стомакот на грбот на нозете на интимата на секаде.. НЕ СУМ МАЈМУН значи знам дека погрешно се опишувам НЕ СЕ КУЗНАЕ КОЛКУ ПРИМЕТНИ ВАКА ОД ПРВА ама за мене се приметни и неподносливи... читам по форумов за одење на козметичар . Луѓе . Мала сум. Имам само 16 години од каде да знам дека тие восоци се чисти прецизни и дека жената предходно не си го чешала газот? Неможам туку така да се остаам да се вратам дома набубрена па уште и кјотекот да го добијам од домашните пошо они мразат коа експериментирам многу многу.. а и мајка ми е запознаена само со чичко брич и она не се средува мн мн па така да незнам каква реакција ќе има коа ќе и речам дај ми пари за козметичар. А дома , дома како бе луѓе? де кажете спас!! Но корисно да биде ве молам. Да не биде ај очајна е девојкава па дај со брич да и кажеме да си се подсреди.. јас сакам утре да не ми излегуваат пак па компликации со брунки па црвенила па подкожни па незнам шо таму боцки блалбла.. кажете ми советувајте ме КАКО , ШТО , СО ШТО..Башка и советувајте ме за интимата што да правам? На лето салам купаќи неможам да си облечам.. а никогаш се немам чепнато таму .. + ИМАМ МАЛКУ ОСЕТЛИВА КОЖА.. :emo: :doh:
    Ве молам штом видете, коментирајте.. споделете..
     
  2. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    НИКОЈ А?
     
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Направи си шеќерна паста и со неа среди се.
    Можеш на било кој дел од телото да ја користиш.
    Штом мене не ми предизвикува црвенило (имам најчувствителна кожа и склона сум на алергиски реакции) не би требало ни тебе.
    Имаш тема за шеќерната паста.
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Не дека те осудувам не си ти крива,очигледно до родителите е
    али имаш 16 години (претпоставувам 2ра година средно или 3та) и имаш мака со влакна а не си отишла на депилација.
    Не си вооопшто мала,јас првпат на депилација бев во 6то оделение со мајка ми.Не сакав ич, али она ме натера.Требаше да одиме на одмор,а веќе ми беа пораснати интимните влакна.

    Не чекај оди,закажи си.Нема ништо срамно,во повеќето салони се користи восок за една употреба.За нозете и рацете со ладен восок,а за интимата е со топол но за една употреба-по користењето го фрлаат а не го затоплуваат пак. За раце+нозе+интима е 500-600 денари отприлика.

    Надусниците среди ги со veet лентички се купуваат од продавница,тоа можеш и сама.

    И нема ништо срамно,незнам колкава е мајка ти ама неа треба срам да и е што дозволила ти да се чуствуваш како мајмун,она е крива за ситуацијава.( Не е тоа ништо страшно,сите имаме влакна по телото само што некои се потемни и имаат по темни влакна а некои посветли.)


    Едит:Можеби така ти изгледа тебе дека ги има насекаде,но доколку навистина сметаш дека стварно ги има насекаде а не си преувеличуваш по малце потребно е да се посети и лекар,да не има некое хормонално пореметување.Со тоа нема играчка и треба терапија.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.