1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СТУДЕНИ НОЗЕ - сатирична елегија на македонската младост!!!

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Dafnee, 20 јануари 2011.

  1. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Студени нозе беа бенд на кој многу од нас за првпат искинаа старки додека скокаа по гужвите и се смееа хистерчно на нивните текстови. Сури Лео и Фиц сосема заслужно влегоа во историјата на македонската музика и оставија белег во младоста на многу млади дечки и девојки... На нивните песни за првпат се заљуљаа шкодилаци во темници, парк го заменија со Водно за полноќни мазења, го поставија стандардот за тогашниот ( па и сегашниот) урбан живот во Скопје и во земјава... Ружни женски, затворски келии, млади згодни интелектуални и замислени...сите станаа дел од ритамот кој сеуште знае да ме размрда онака..Од нигде-никаде! Он у Карпош на базен а она у Шпанија..компанија-месо и боранија!
    Опиноци или не фино си се сместија во алеата на мојата приватна дискографска музичка селекција. Станаа незаменлив дел од забавите на кои многумина за првпат „фатиле на јадец – опа –иха“ - дечко или девојче, па и се пофалиле со кученцето ...поголемо или помало од кифла или сајзирано колку Југце едно од прилика... Не навлегувам.
    Со оглед на тоа дека нема да се состават повторно во полна форма, некои од нас би рекле дека соодветно дека сами си ја имаат испеано судбината –„ а јас коњ си пазарив – и се преварив!“...Ама сепак...
    Врежаа лирики кои засекогаш ќе ги скокоткаат нашите звучни сетила!...
    Сури за жал, слушнав и посведочив дека неславно завршил поради користење на опојни дроги, Лео врска немам а Фиц и ден денес знае да пушти по некое музиче во некое локално пабче од типот на Custum Pub!
    Сега тогаш некогаш..Бла бла...Небитно. Мене ми се некако севременски!!!
    Ах..сатирична елегија на нашата младост!
    Еве како за почеток....

    Ти си проблем

    На тебе налетувам кога не сум бањат
    Или со испиени сто џин-тоници
    Ради тебе запаѓам во некои чудни стања
    Мамурлук, депресии и несоници.

    Цел еден век чим те видам моментално болен легнувам
    И нема лек ќе те следам а ти стално ќе ме избегнуваш.

    Ти си проблем што сакам да го имам
    Ти си дрога што сакам да ја примам
    Ти си тајна што смртно ме занима
    Ти си грев што на душа го зимам.

    Џабе шише мастика или гајба пиво
    Што ќе ми да добијам на лото седмица
    Кога си к'о настинка - те влечам пола живот
    А ти од дневен ред ме одбиваш к'о на седница.

    Цел еден век чим те видам моментално болен легнувам
    И нема лек ќе те следам а ти стално ќе ме избегнуваш.

    Ти си проблем што сакам да го имам
    Ти си дрога што сакам да ја примам
    Ти си тајна што смртно ме занима
    Ти си грев што на душа го зимам.


    http://www.youtube.com/watch?v=EWI7_NaKMJk


    Епа ајде девојки, да се потсетиме како тоа звучеше! ;)
     
    На senza.parole, Cataleya, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    :clap: Ете јааа!!! Уште да ја преместат модераторките на соодветно место и ќе ја биде ;)

    Студени Нозе се поим за мојата ептен рана младост а не дека не знам да си подрипнам на нивните песни до ден денес. Дафне кажа се што јас би кажала во суштина и да се повторам, ДА севременски се!
    Прв пат со нив станав свесна за скриена перверзија во музиката и за тоа колку ни е двосмислен, па ако не и тросмислен јазикот. Моите стално правеа - ц ц ц ц додека јас со бушман коса рипав на нив пред ТВ.

    Секоја нивна песна ми мами насмевка на лицето, поинаку не е ни возможно.

    Ајде сите во Парк да љуљаме шкоди и да шизиме! :D

    http://www.youtube.com/watch?v=a4k1A_UXufc
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Леле.... колку само сум ги слушала! Заедно со Ристо Бомбата ни беа дел од репертоарот мене и на моите братучетки кога се возевме во кола, на било која дестинација. Ги утепавме од вртење касетите, сите песни ги знаевме на памет. Едноставно, легенди станаа. Текстовите колку и да беа двосмислени, тросмислени :rofl: ни беа интересни и ги пеевме на цел глас. Замислете, одиме на плажа, сите прозори отворени, радиото до даска пуштено, а ние на прозор викаме колку што не' држи глас. А бе, деца.. сега кога се присеќавам како беше... којзнае на што сме личеле :lol: :lol: :lol:
    Омилени песни - сите ги сакав, ама ќе издвојам неколку...

    http://www.youtube.com/watch?v=NpAz2-QC4hA

    http://www.youtube.com/watch?v=75Z_UJGAIys

    http://www.youtube.com/watch?v=eNp_w4GLSyo
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мислам дека го имам видено Сури во Велес, и дефинитивно не му е арно на човекот :o Си оди по пат и ја отвара устата како да вреска а не испушта глас и прави некои неартикулисани потези :x Замислете како е од се на ништо :x
    Што се тиче песните, па поминува ли забава без Студени Нозе?! :party: :dance:
     
  6. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
  7. Glamour

    Glamour Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    42
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нема да постирам песни, погоре веќе сте ги ставиле сите :)
    Со музиката на студени нозе се запознав многу мала, кога почнав да одам на извидници. И знаете како одат тие работи, извидниците по природа се сите весели луѓе, расположени за дружење и смеење, па овие песни им беа на репертоарот константно. Ми влегоа во уво, ги научив сите, и ми беа едни од омилените.
    Мислам дека нема наш човек што не ги знае, или кој барем не слушнал за нив. Стиховите се легендарни, нема шанси да не се запамтат. Дечките си ја знаеа работата, а најважно од се, ја сакаа од срце, а не заради профит.
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    И јас ги знам уште од многу мала, практично бев дете. Во нивната музика ме воведе бато, т.е. брат ми :D кој во тоа време интензивно ги слушаше. Мене многу ми се допаѓаа и научив да ги пеам скоро сите. На школо се фалев со пеење на тие песни, а сите ми завидуваа зошто тие не знаат да ги пеат :rofl: Заедно со песните на Ластовица, јас редовно ги забавував моите школски другарчиња со пеење, како некое дворско шутче :rofl: Па правевме и возови, наредени еден позади друг, јас ги пеев песните цели, а тие рефрените :D Подоцна, кога пораснав, продолжив да си ги слушам и пеам, до ден денес си ги имам на компјутер и знам да се раскокам низ соба :D
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ееее најјак стих е НА ТЕБЕ НАЛЕТУВАМ, КОГА НЕ СУМ БАЊАТ ИЛИ СО ИСПИЕНИ 100 ЏИН ТОНИЦИ.....а и нема смисла да постирам некоја песна сите што ми се омилени сте успеале да ги ставите :D
    Најјака група беа...за Сури немам зборови, а Јапан станал певаљка.......како и да е ни оставија убави песни и времиња за паметење, па еве од мене едно ФАЛА ;)
     
  11. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    :D :D :D :D Дефинитивно најјак! :D :D
    Нема песна од нив што не ми предизвикува насмевка на лицето. Легенди... :)
     
  13. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Леле ова СТУДЕНИ НОЗЕ со капс лук ми падна прво в очи! :D
    Значи легенди во секоја смисла на зборот!!! :clap:
    Ги слушавме и ќе ги слушаме! Абе што е денешниве деца Слаткар слушаат, апла пцуење... ова беше музика, лирикс да не можеш со години да дешифрираш што сака да каже (додека не ти каже бате или некој постар како на мене дека кучето на Сури, Фиц и Лео не е исто што и песот што го имав по дома) :rofl:
    Ееее кои спомени, особено со Сури хаха ја изоде кај нас цела населба по боксерици и старки со маица преку рамо а па ние трчај по него, онакви заљубени идеме да го гушнеме :rofl: (збориме за време пред 10-12 години) кои ненормални фаци беа, многу ми е жал, особено за него многу пропадна со дрогата, плус и скандалот со пожарот :( Фиц го гледам во Пингвин Паб некад...
    Баш ми е мило што пред некоја година имаа камбек во Охрид, направија журка за памтење! (малку со изменети текстови ради Сури али одлични беа) :D

    Eдит

    http://www.youtube.com/watch?v=eaipGMu4rgg

    омилената!!!! :lol:
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас имам чуено дека забегал по дроги затоа што цело семејство му починало :worried: Ова вистина или дезинформација?
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Колку ми влева позитивна енергија музикава на студени нозе, некад знам да си ја пуштам дома.
    Ама жива радост пред некое време Дани кога испеа на журка од Студени нозе песна, јааааааао у несвест цела дискотека :D
    Јас си ги сакам, си ја чувам уште нивната касета од пред 15 години :D
    Немам омилен стих, сите песни се преубави на свој начин, реални, а толку само двосмислени.
    Си се смејам за песнава ,,Како моето куче" ко дечишта сите сме ја пееле, ми беше омилена песна мислејки дека е за куче :rofl:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Леле страшно јаки ми се само кога бев мала мн ме замислуваа :D никако неможев да сфатам какво е тоа куче поголемо од ќифла а помало од југо :DDDD
     
  17. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    Л Е Г Е Н Д И !!!!!!!! зално сто не опстојуваат повеке, затоа сто ваква група нема повторно да се роди :bow:
     
  18. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Мајка му, татко му и сестра му починаа во рок од еден месец. :(
    Имало и други лоши работи, Сури е пак супер после се што му се случи.
    И онаа што му беше сопруга го остави ради дрогата, има и синче Марко се вика.

    [​IMG]

    Навистина тажно... многу ми е жал кога го гледам по улици како го зезаат сите. :worried:
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Леле...може не е за смеење ама ... против моја воља излезе! „Еве уште немам девојка“... „ Вие гледате Бекстрит бојс..овај де...Бекстејџ“ :rofl: :rofl: :rofl:
    Закон е типчево, вака или онака... :rofl:
     
    На mims-89 и Phyramide им се допаѓа ова.