Биологија ќе ти предава Тунтева сигурно, фина жена е многу се учи од неа ако ја слушаш. Многу фини тестови дава што ќе ти требаат за на факс. Сега може ќе ти се гледаат како научна фантастика ама ако отидеш на ТМФ или ПМФ и те како ќе ти бидат од корист. Марга ми е фаворит, секогаш гледав како е облечена Океј предава и секогаш кога дава проекти пријавувај се така одма имаш 5-ка. Информатика сите се океј. Даниела ја мрзи да стане така да можеш да си препишуваш тестови дава на заокружување, треба да и направиш системи некогаш ама не се многу тешки. Надица е лабава, така да ич не му се секирај. Лантински кај Ленче ќе ти биде бајка. Сака да и ги знаеш само времињата и латинските поговорки. Многу го сакав предметов со мерак го учев. Иначе мислам дека ќе имаш и социјологија пошто и јас бев ПМБ и си учев во 3-та. Не верувам да е сменето. Иначе кај неа не е многу тешко, си бара да и знаеш и да и бидеш мирен да не и влезеш во око. Тестовите и се малце тешки ама со редовно учење ќе немаш проблеми. Географија е боза особено ако е плавата не ми текнува сега како се вика. Лабава е ептен само да не и збориш на час, оценки си става какви што заслужуваш и тестовите и се на дополнување и заокружување. Физика ако си кај таа од Вевчани е океј, не е многу тешко. Кај Марија ако си бара малце повеќе да знаеш и дава логичи задачи и прашања.
Zdravo na site da ve prasam nesto otkako ke go zavrsam Georgi potoa so sredmo kaj moze da se raboti ago izberam da ucam za strucno dizajn i enterier na mebel a so fakultet kaj moze da rabotam ?
@Tan4ence @sweet-cherry @Baby-bubu Фала ви многу за одговирите, и се разбира ако имам нешто друго нејасно ќе ве прашам
Со Господ напомош да тој што планира во Георги да оди.Само толку.Ако треба нешто во врска со школото пишете лп.1ва сум.
^се изнасмеав на постот над мене Да Георги е тешко, многу потешко отколку сите што го мислат. Ама позитивата во тоа е што ти дава огромна основа за понатаму. Плус за матура јас бев прилично спремна и извадив 3 петки и една 4ка македонски, која што ја преплакав со оглед на тоа дека материјалот го знаев од а до ш. Од Георги и ден денес имам општи знаења, а веќе три години сум излезена од школото, многу ми беше полесно за учење на факултет. Многу, многу се жалев кога се запишав колку е тешко, језда тоа зависи и кои професори ќе ти се паднат, ама сега сум среќна што завршив токму тука заради основите кои ми останаа.
Јас сум трета година ПМБ и немаме социологија. Само ОХА и ОХБ имаат социологија. Плавата се викаше Лилјана, некои ЈК ја викаат, мислам дека и во Карев предава и кај неа баш не е боза. Или можеби мислиш на Елеонора бидејќи таа ги има тие карактеристики. @Tinker Bell ако ти одат биологија, хемија и физика, особено првите два, слободно оди ПМБ. Лиле по географија или ЈК како што ја викаат некои - не е лоша,напротив многу е добра, ама строгичка си е. Но и тоа е добро зашто ќе добиеш добра основа кај неа. Додека кај Елеонора ти е прелесно и многу интересно. За физика поголема е веројатноста да ти остане Наташа или да ти се падне Јован. Марија си е класна на прва, а исто така е можно да ти се падне Елена. Биологија - можно е да ти е Тунтева и исто така е можно и класна да ти биде. Латински и така е само Ленче во училиштето и многу фина професорка е.
Здраво да ве прашам јас сега ке бидам прва година за дизајн на мебел и да ве прашам што мислите како е некое ваше искуство и откако ке завршам кај да одам на факултет и кај се работи и како иде тоа ?
Dobar den Feminki moze nesto da mi kazete za strukite na primer za dizajn i enterier nekoe vase mislenje malce popsirno da mi objasnite ?
Бидејќи завршувам деветто одд, една од опциите каде да се запишам е Георги Димитров. Би сакала да знам повеќе во врска со ова училиште : - Какви се наставниците, какви се нивните принципи на предавање, испрашување, тестирање и оценување - Кои наставници би ми се паднале и кој би можел да ми биде класен - Какви се правилата во ова училиште, куќниот ред, кодекс на однесување, кодекс на облекување, специфични дисциплински правила и мерки.... - Дали училиштето е опремено, со услови и материјали за вршење експерименти по хемија, физика, биологија, дали библиотеката е опремена со доволно книги, дали салата за физичко е опремена со реквизити за вежбање, дали има компјутери, интернет и со каква се технологија располага училиштето, и какви сѐ останати нагледни средства има во училиштево....... - какво е друштвото - каква е хигиената - дали се подготвуваат учениците за натпревари - дали секој ученик може да ја истакне својата индивидуалност и какви се секции и манифестации се организираат.... - некои други информации кои би сакале да ми ги посочите за ова училиште.... Однапред ви благодарам на сите што ќе се обидете да ми помогнете во мојот избор за продолжување на образованието и ќе ме информитате за ова училиште.
Дури сега видов пост за гимназијава, па ете јас да ти напишам за се’ што те интересира. Професорите во глобала се супер. Како и во секое школо,така и овде има по некој искомплексиран,но ако си учиш, немаш гајле. Најверојатно би ти се паднале професорите на тие што сега завршуваат четврта, ама не го земај здраво за готово. Математика може да ти биде Атина или Јасмина, двете се супер. Јасмина ми предаваше во 1ва и 2ра и за неа имам само пофални зборови. Предобро објаснува, знае да те насмее, ретко, речиси никогаш не е намуртена. Тестовите и се тешкички, ама ако си вежбаш редовно и ако си учиш, нема за што да се секираш. Плус тоа цени активност и прави се’ за да ти стави поголема оценка. И Атина многу ја фалат,ама таа ти ја пишува оценката од тестот. Така ми имаат кажувано. Македонски можат да ти биде Марина или Лиле, ама постои шанса и друга да ти се падне. За нив не можам да ти кажам бидејќи не ми предаваат. Не знам што ти е втор странски јазик, ама ако ти е германски и добро ти оди, запиши се во германската паралелка со 6 часа германски во неделата. Напорно е, ама ќе ти се исплати. Англиски можно е да ти се падне Билјана Велкова(има и друга Нилјана што предава англиски). Е за неа не знам да ти кажам. Мене ми предава Караѓозова. Биологија може да ти се падне Марга, за неа имаш погоре. Хемија може да ти биде Верица. На прв поглед изгледа строга,ама воопшто не е. Дава лесни тестови и ако си меѓу две оцени, ти ја става повисоката. Многу детално објаснува и многу ќе научиш од неа. Физика може да ти биде Јован. Предобар професор е. Супер објаснува и не е строг. Тестовите му се малце тешки,но не се секирај, а никогаш испрашува усно за оценка и цени активност. Географија поголема е веројатноста да ти се падне Елеонора и кај неа е БОЗА. Информатика 100% ќе ти биде Надица. Не е строга за оценки,ама многу си го цени предметот,посебно делот со С++, се препишува на големо. Физичко можат да ти бидат Марјан,Бранко,Сале, Жанина,Владимир или Бојан. Марјан и Бранко се супер,немаат многу високи критериуми, за Владимир не знам, а Жанина си е построгичка, ама ти попушта на крај ако редовно носиш опрема. Сале е исто така строг, за него не знам дали попушта на крај. И Бојан викаат дека е строг, но не знам колку е вистина. Толку можам да ти кажам сега, се’ друго ќе ти пишам во ЛП.
Оваа година завршив во Георги (океј уште не, ми останаа матурине ). Значи нааааајјдобро школо бе!! Уште не сум свесна дека од следна година нема да се качувам по 1000 скали за да дојдам до мојата сакана училна, но затоа реалноста коа ќе ме клоцне по мозок ми се плаче. Математика никако не ми идеше освен во прва година прво полугодие, али сепак секогаш звршував со 4 на крај. Атина ми предаваше и ниеден лош збор немам да кажам за таа жена, просто омилена ми е. Такво објаснување и решавање математика нигде нема да добиете а уште па ако си решавата и вие паралелно дома тогаш нема да имате никаков проблем!! Јован физика, срце од човек ако сестра ми реши да иде за Георги се надевам тој ќе и биде класен. Највесел човек во цело Георги!! (заедно со Чулев етика). Марга биологија е супер жена и мерак ми беше да учам кај неа ама кога ни ја сменија во 4та година, изгубив секаква желба за биологија и цела година не учев. Верче хемија, ЈА ОБОЖАВАМ! Само сега оваа година дека имавме многу материјал се побрзо идеше и малце напорно, но за оцени е многу толерантен професор и секогаш се бори да ја имаш најдобрата можна оцена. Марина македонски...паа имав малце ups and downs со неа и за да издржам кај неа на час секогаш ја гледав како личност-пријател наместо како професор бидејќи така не ја трпев . Билјана англиски е предобра, нема многу учење кој си знае си знае, секако ако сакаш 5ка мора да се помачиш и многу обрнува внимание на домашни writing и speaking. Мартина германски е супер и баш ништо не правевме оваа година . Пејко физичко има најглупи/смешни фори и некад не знаеш дали да му честиташ за кажаното или да си пробиеш бадминтон рекет низ глава. Бара опрема и прво знае на тромесечие 3ки да пише ама на крај сите имаат 5ки. Трајче филозофија е мноооогу лабав, кога предава е стварно интересен и со мерак да го слушаш. Штета, никој од кај нас не се замараше многу со тој предмет. И бизнис не знам како се вика професорот али супер е ,нов ни дојде . Ако можам да бирам пак би се запишала во Георги, иако на почетокот пекав дека сакам у Орце али кога ми раскажуваа шо луѓе се фала му на Господ што решив да си останам во Георги.
Леле Верче! На жената капа и’ симнувам. Од неа најмногу научив хемија. И Маргарита не е лоша, напротив супер предава, ама Верче е НЕЗАМЕНЛИВА! И Јован по физика исто така е супер. Инаку која ти предаваше биологија во 4та?
кој јазик се учи како трет во ЈУА смер. инаку учам анг. и фра. основно. можеш да бираш или како во Карев итаљански и тој е само.
дали знаеш кој се учи како трет јазик во јазичен смер 3 и 4 година ? основно учев анг. и фран. ПОЗДРАВ
Абе луѓенца сега ќе се запишувам во Ѓорѓи .. е сега сакав да прашам дали има некој што е запишан во стручно: Техничар за шумарство и пејсажна архитектура- холтикултура.. ме интересира дали има женски или јас ќе бидам едниствена и кажете ми какви се до дружба се делат на појаки послаби, побогати скромни?