Искрено по физика да, има зезнати. Посебно една старица, само што не знам како се вика. Мене не ми предава физика, ама проектна активност она ми предава, инаку сите велат дека е една од најстрогите професорки и стварно е така а мене на живци ми оди секој можен час. А тој што мене ми предава наскоро треба да оди во пензија, а богами му е смачено од нас и баш не не поднесува. Има и една млада, предобра Марија се вика, таа на кратко ми предаваше затоа што тој професорот отиде на пат, предобра е жената и одлично објаснува. А за македонски, што знам. Искрено не знам кои се другите, но таа мене што ми предава е прилично добра и добро предава. А и во сите училишта има по некој зезнат професор.
Мојот класен е по физика, со нас човекот си е фин, не е до толку строг Имавме и друга професорка по физика, Марија како што кажа Tenkai погоре, ептен беше фина, и супер предаваше, можеби таа ќе ти предава..А за таа по проектна активност викаат дека е многу строга. Македонски професорката што ни предава нас е океј,супер предава Сепак каде и да одлучиш да одиш, секаде ќе има строги професори нормално е
да да нормално е тоа фала ви многу што ми одговоривте..знам дека имало некој професор по социологија што биле предобар многу се зезал и све, исто така некоја професорка по англиски знам на К и почнуваше презимето. а на некој од туку му има предавано физика некоја професорка Габриела?
По физика строгата професорка мислам дека се викаше Светлана.Во тие 4 години еднаш се имаше насмеано цело време ко намќор шеташе само,а македонски секоја година различна професорка ни предаваше и најстрога искочи таа една побуцкаста што е (не ми текнува како се викаше)
Да и јас мислев дека се вика Светлана, само што не бев сигурна. Инаку да ниска, буцкаста и секогаш намрштена. Инаку тој по социологија се вика Ристо, човекот е ептен добар, само што не знае уста да затвори. Таа по англиски се вика Светлана Караѓозова ( и ми е омилена професорка ) и сите викаат дека е многу лоша, ама според мене е предобра. А за таа Габриела прв пат слушам.
И јас исто сеа ќе завршам осмо, и се двоумам каде да одам средно. Поточно се двоумам меѓу Никола Карев и Георги Димитров. Иии... незнам каде Некои за Георги Димитров ми викаат дека имало да се црта малце поише, али па и баш не ми се иде у гимназија.
Зависи која професорка ќе ти се падне. Вистина е дека нашата професорка не тера да цртаме, но сепак и се труди да не учи на некои техники за кои не сме знаеле. И ти не мораш цртежите одма да и ги однесеш, сме доцнеле со еден цртеж и по три-четири часа па никому ништо. Но ајде, јас не можам да те натерам да одиш во Георги, ниту да ти го сменам мислењето. Ти ќе си одлучиш.
Знам дека се зборуваше дека во Георги не се одржуваат екскурзии.Еве да ве известам дека ние учениците од прва ќе одиме во Грција, ќе ги посетиме Метеорите, родниот град на Александар-Пела, Воден,Вергина.Ќе бидеме сместени во Паралиа и навистина се е прикладно со цената.Што значи екскурзии во Георги се одржуваат, и се оди надвор од Македонија
Како ученичка во Георги Димитров морам да признаам дека уште кога се запишав знаев дека нема да погрешам при изборот, земајќи ги во предвид другите гимназии. Професорите ми се погодија, со по некој исклучок, што нормално ќе има такви секаде. Многу е полесно откако ќе ги научиш што бараат, без разлика во кое школо учиш. Не знам зошто ја спомнуваат Караѓозова во строгите професори, ако те бива англиски немаш проблем, ама ако не нормално дека ќе треба да си научиш. Светле (физика) тоа да - бара доста и понекогаш знае од кожа да те извади, дури и напорна е да ја слушаш. А инаку Марија (физика) исто предава и во Карев. Некој се пожали од македонски, мене и таа ми се погоди... И посебно ќе го пофалам професорот по етика - помил професор не сте виделе! Друштво и да немаш ќе си најдеш, за тоа воопшто да не му ја мислите! Не знам зошто се шират такви дезинформации за екскурзиите, како што спомнаа неколку феминки и ние одиме на повеќе дневни екскурзии во други држави: конкретно во мај разбрав има факултативна екскурзија за прва година во Античка Македонија, понатаму ќе одите и во Прага, Будимпешта, Италија... Ехехее, има да се изнашетате! Зборувам за гимназиските паралелки! Се на се, Георги не би го сменила за друго средно училиште. Со исклучок на стручните паралелки, мислам дека е блиску до совршена гимназија!
Фалаа. Јас мислам дека се одлучив за Георги, единствено нешто ако не се смени у последен момент, да видам овие од мое школо кај ќе идат, знам дека не е битно дали некој знам, али ете, барем еден да има. А би требало да има. Шо филозофија удрив. х)
Ехх Георги Одличен избор за полуматурантите. Јас завршив таму, и морам да признаам дека без многу мака си поминував одлична од година на година. Во Георги, можеш да се снајдеш. Има строги професори - како Цеце физика и Рушка биологија; има досадни - како Лиле македонски, ептен напета жена недај Боже да те фати за пик, Атинче е супер, убаво објаснува, па ќе сфатиш и да немаш ни гравче во црпката; Анка, географија не знам дали уште предава, ама иако е строга со предобра меморија, сепак си ја бива жената, страва е, ама ја поштувам. Сале физичко.. упс се извинувам СаЛе, обожува кукЛи кои што ќе прават партаЛи на пЛажа, се разбира ако редовно му вежбаат хуху Трајче логика е срцка, а ристо - ицко етика е сонце. Ама етика во 3та и нешо фиилозофија се занесува ептен. Го фаќаат будалите, па истура нервоза со силно мавање дневник по катедра или со тоа кутијата за моливи.. Убаво си поминав, иако едвај чекав да излезам од школото сега ми фали.
Јас оваа година ке бидам прва па 90 посто идам у Георги.ем ми е едно од поблиските школи у близина што ми се, ем е јака гимназија колку што ми кажувале и неморам да се скапам од учење за 5ка .И вака и така таму најдобро ке се снајдам ,а за оцени не ми е и некој проблем
Георги е супер Дури сега е 500 пати полесно како што слушнав. Јас завршив таму Анита германски ми беше класна, супер поминав во тие 4 години, ми недостигаат ептен