Девојки, јас годива се запиваш во гимназиските паралелки во Георги. Али цело време се мислам, па кажете ми какви се децата таму. Не сакам да сум со некој снобови, шмизли или пак со некој тешки сељачишта, па какво е друштвото таму ?
Друштвото е супер. Реално, има богаташи и татини принцези, ама каде нема? Според мене е сосема ок, нема многу "дигнати", а и сељаци нема. Што се однесува до екскурзиите, во прва година бевме во Охрид, во втора се оди во Белград, трета Будимпешта а четврта година Прага. Колку што знам јас. Ако згрешив, нека ме исправи некој.
Посебни екскурзии се. Во трета е Будимпешта, во четврта порано беше Прага и Виена, сега по ново е Прага и Дрезден.
Здраво мене ме интересира дали може да се префрлам во георги сега учам во борис и сакам да се префрлам од 3та година сега сум 2ра. Дали е можно префрлање и дали се полгага и ако да кои предмети?
^ За префрлање можеш да се префрлиш, затоа што знам дека се префрлија многу деца..а за ова полагањево мислам дека не треба да полагаш (не сум сигурна,треба да си се распрашаш).
оваа година и ја треба да се запишувам средно и имам план да идам у георги скоро дознав дека имало некои многу зезнати наставници по германски па само онака сакав да ве прашам дали е тоа така или.....?
Па не би рекла дека се МНОГУ зезнати. Таа мене што ми предава е многу фина и сè ни попушта, иако тоа е лошо доколку некој сака да научи германски. Потоа има една професорка која е строга, си бара ред и дисциплина на час, бара знаење, ама не е некое злопамтило. И има уште две професорки, од која едната е нова и не знам да ти кажам каква е, мислам дека се збореше како не знаела нешто многу германски, а последната не ја познавам, ама од тоа што имам слушано е прилично океј.
Нема врска тоа, нека не те лажат. Германски ми се сменија 3 професорки и сите беа супер. Не бараат премногу ги бараат оние стандардните работи. Јас кога можам да имам 5 , без никакво познавање на германскиот, можеш да замислиш тебе како ќе ти биде ако си учела германски до 8.. Така да не ни се замарај околку тоа, толку многу.
Еве вака да ти разјаснам во врска со професорките по германски. Едната си бара ама многу е добра, другата е малце построга ама ако си учиш ќе немаш проблем. Таа третатае многу опуштена, добра и им допушта се, па и се качуваат на глава, и сите ја жалат. Таа четвртата од што ми кажувале е исто така добра така да ќе си немаш проблем која и да ти се падне. Друго што прочитав е дека не се одело на екскурзии - ова воопшто си нема врска. Прва година сум, а веќе утре одиме на трета екскурзија годинава, додека другите училишта беа само на една (некои на еднодневна, а некој на дводневна во Охрид) за разлика од нас кои бевме на почеток на година во Охрид на дводневна, после зимата имаше зимување во Банско, за Велигден бевме во Италија и утре одиме на еднодневна во некој манастир во Крива Паланка.
Годинава завршувам прва година гимназија во Георги и можам да кажам за школото дека е супер. Професорите ми се погодија. Најмногу од се ми се свиѓа тоа што има добра комуникација меѓу професорите и учениците. Има професори кои на час изгледаат строги но кон тие ученици кои се одлични по нивниот предмет знаат да бидат навистина добри. Најважно од се за да стекнете добро мислење кај нив е уште од почеток да си фатите континуитет на учење. Кога некој професор ќе ве запознае дека стварно ученикот го сака предметот, може да му даде и втора шанса ако после тој ученик попушти со предметот. Што се однесува до екскурзиите досега имаше две редовни (со класните професори) и две вондредни ( со одредени професори само). Така да кој мисли во Георги да иде само нека си почне навреме да учи особено по предметот што го сака, нема да се кае
^ Јазично-уметнички,општествено-хуманистички,природно-математички и мислам дека има економско-правен.
Не знам од каде ја извади економско-правнава насока, ама добро. Инаку во Георги ги има истите насоки како и во другите средни училишта, само некогаш не сите се оформуваат. Ги има јазично-уметничка насока, природно-математичка насока и општествено-хуманистичка насока.
И јас се запишав во Георги во германската паралелка бидејќи ми оди германскиот и приемниот си го положив одлично и кога бев да си ги видам резултатите видов дека немаше многу со врски.Според листата на бодовите видов дека немаше многу со врски примени.А за германската паралелка оваа година имаше многу пријавени,односно имаше 80,а примаат 34 ученици,ама 40 не ги ни примиле во средното зашто евентуално немале успех.А на некои дури не им ни зеле документи.А што се однесува до екскурзиите,секое средно има екскурзии во странство.